Анализи и Тикет 17 03

АНАЛИЗИ

Switzerland: Super League
17.03.2026 19:00
St. Gallen vs Lugano
1 (St. Gallen to Win) / 1.91

St. Gallen е на второто место со 54 бодови и веќе обезбеди пласман во плеј офф натпреварите од шампионшип групата. Тие имаат шанса да го намалат заостанувањето од лидерот Thun, кој води со 17 бодови повеќе. Досега, тимот забележа 16 победи, 6 нерешени и 7 порази. Во нападот се ефикасни со 58 постигнати голови на 29 натпревари, додека во одбраната примија 35 голови. Најголем придонес имаа Alessandro Vogt со 14 голови и три асистенции и Carlo Boukhalfa со 11 голови и три асистенции. На домашен терен, St. Gallen се во одлична форма, победувајќи на 4 од последните 5 натпревари на својот стадион. Со стабилниот напад и цврстата одбрана, тимот има реални шанси да ја задржи висината позиција и да го намали бодовното заостанување до крајот на сезоната.

Lugano со 49 бодови се на третата позиција, веднаш зад денешниот ривал, и веќе обезбедија пласман во Championship Group. Во досегашниот дел од сезоната, тимот забележа 14 победи, 7 реми и 8 порази. Во нападот се организирани и ефективни, постигнувајќи 46 голови на 29 натпревари, додека во одбраната имаше одредени проблеми со 36 примени голови. Најдобриот стрелец на тимот, Kevin Behrens, кој има 11 постигнати голови, ќе го пропушти натпреварот поради повреда, што може да влијае на офанзивата. На гостински терен, Lugano имаше импресивна серија без пораз на осум натпревари, се до последниот меч кога беа поразени од Grasshoppers. Тимот ќе треба да се справи со предизвиците на теренот за да задржи стабилна форма и позиции во групата.

Иако овој натпревар нема големо значење за двата тима, со оглед на тоа што обезбедија пласман во плеј-оф фазата, очекуваме St. Gallen да ја продолжат добрата игра на свој терен и да остварат уште една победа против денешниот ривал.

Italy: Serie B
17.03.2026 20:00
Catanzaro vs Modena
GG (BTTS-Yes) / 1.80

Catanzaro со 53 бодови се на петтата позиција, што ги води кон плеј офф натпреварите за пласман во Италијанската Серија А следната сезона. До сега тимот оствари 14 победи, 10 нерешени натпревари и 6 порази. Во нападот се високо ефикасни со 48 голови на 30 натпревари, додека во одбраната примија 35 голови, при што имаше одредени пропусти. На домашен терен играат во одлична форма, без пораз на последните 11 натпревари, со 8 победи и 3 реми пред својата публика. Оваа серија го прави Catanzaro еден од најтешките тимови за победа на домашен терен и ја зголемува нивната шанса за успешен пласман во плеј офф фазата.

Modena со 47 бодови се на шестата позиција, веднаш зад денешниот противник, и се наоѓаат во зона која води во плеј офф натпреварите за пласман во Серија А. Тимот оствари 13 победи, 8 нерешени и 9 порази во досегашниот дел од сезоната. Во нападот играа солидно со 40 постигнати голови на 30 натпревари, додека одбраната е една од најдобрите во лигата, со само 24 примени голови. На последните гостувања, откако претходно остварија неколку позитивни резултати, тие загубија на последниот натпревар против Entella. Со стабилната одбрана и добро организираниот напад, Modena имаат шанси да ја задржат позицијата и да се борат за пласман во плеј офф фазата.

Како и на нивните претходни натпревари, така и на овој очекуваме офанзивен пристап од страна на двата тима, па според нашата проценка и двата тима ќе постигнат најмалку по еден гол во текот на натпреварот.

England: League Two
17.03.2026 20:45
Chesterfield vs Oldham
GG (BTTS-Yes) / 1.73

Chesterfield со 59 бодови се на седмата позиција, која води до плеј офф натпревари за пласман во повисок ранг следната сезона. До сега тимот оствари 15 победи, 14 нерешени натпревари и 8 порази. Во нападот се високо ефикасни со 60 постигнати голови на 37 натпревари, што ги прави еден од најопасните тимови во лигата, додека во одбраната имаат проблеми со 49 примени голови. На домашен терен покажаа солидни резултати, забележувајќи две победи, две реми и еден пораз во последните неколку натпревари. Со силниот напад и потребни подобрувања во одбраната, Chesterfield имаат реални шанси да го задржат пласманот и да се борат за плеј офф фазата.

Oldham со 52 бодови се на 13-тата позиција, но со оглед што имаат одиграно два натпревари помалку од тимовите пред нив, имаат реални шанси да го подобрат пласманот. До сега остварија 13 победи, 13 нерешени натпревари и 9 порази. Во напад се солидни со 40 постигнати голови на 35 натпревари, додека одбраната е стабилна со 31 примен гол. Формата на тимот е значително подобрена во последните натпревари, каде што се без пораз на седум последователни меча, со 5 победи и 2 реми. Со конзистентноста во одбраната и стабилниот напад, Oldham имаат добри шанси да се искачат на повисоки позиции во табелата.

Очекуваме отворена и офанзивна игра од страна на двата тима, бидејќи бодовите се потребни и за двете екипи. Според тоа, нашата прогноза е дека на овој натпревар и двата тима ќе постигнат најмалку по еден гол.

England: League One
17.03.2026 20:45
Plymouth vs Stevenage
3+ (Over 2.5) / 2.25

Plymouth се на 10-тото место со 53 бодови, и со оглед на подобрената форма на последните натпревари, имаат реални шанси да се искачат на позиција која води во плеј офф за повисок ранг следната сезона. Тимот до сега оствари 16 победи, 5 нерешени и 16 порази. Во напад се ефикасни со 56 постигнати голови на 37 натпревари, додека одбраната имаше проблеми, примајќи 53 голови. На домашен терен играа стабилно и резултатски ефективно, постигнувајќи 8 голови на последните три натпревари пред своите фанови. Со добрата офанзива и стабилниот домашен учинок, Plymouth имаат шанси да го задржат напредокот и да се борат за место во плеј офф фазата.

Stevenage се на петтата позиција со 57 бодови и нивната цел е да го задржат местото кое води во плеј офф за пласман во повисок ранг следната сезона. До сега тимот оствари 16 победи, 9 нерешени натпревари и 11 порази. Во нападот беа просечни со 40 постигнати голови на 36 натпревари, додека одбраната имаше пропусти со 37 примени голови. По серијата од шест порази на гостински терен, тимот на последното гостување забележа позитивен резултат, победувајќи против Burton. Со оваа победа Stevenage го вратија самодовербата и се во позиција да се борат за плеј офф фазата до крајот на сезоната.

Бодовите од овој натпревар се важни за обата тима за да обезбедат пласман во плеј-оф фазата и борба за повисок ранг. Очекуваме офанзивна игра од страна на двата тима, со најмалку три постигнати голови на овој натпревар.

БАНКЕР

Italy: Serie B
17.03.2026 19:00
Palermo vs Juve Stabia
1 (Palermo to Win) / 1.55

Palermo FC со 57 бодови се наоѓа на 4-тата позиција и нивната главна цел оваа сезона е пласман во Serie A за следната година. Во досегашниот дел од првенството имаат 16 победи, 9 ремија и 5 порази. Нападот е исклучително ефикасен со 49 постигнати голови на 30 натпревари, додека одбраната е една од најцврстите во лигата со само 25 примени голови. Главна ѕвезда во тимот е Joel Pohjanpalo, кој со 20 голови и 5 асистенции е лидер на екипата и моментално најдобар стрелец во лигата. На домашен терен тимот игра во одлична форма, со девет последователни победи.

Juve Stabia со 41 бод се наоѓа на 7-мата позиција на табелата и има добра можност оваа сезона преку плејоф натпреварите да се бори за пласман во Serie A. Во досегашниот дел од првенството запишаа 9 победи, 14 ремија и 7 порази, што покажува дека често освојуваат бодови, но и дека имаат многу нерешени резултати. Во нападот беа просечни со 33 постигнати голови на 30 натпревари, додека одбраната имаше проблеми на дел од мечевите и прими 35 голови. Најдобар стрелец во тимот е Leonardo Candellone со 7 голови, но поради повреда нема да настапи на овој натпревар. На гостински терен играат променливо, со само една победа на последните пет гостувања.

Palermo е во одлична форма особено на домашен терен, и на овој натпревар се очекува исто така да ја има иницијативата во оголемиот дел од натпреварот и очекуваме победа на домаќините на овој натревар.

 

Europe: Champions League
17.03.2026 21:00
Manchester City vs Real Madrid
3+ (Over 2.5) / 1.45

Manchester City ја заврши групната фаза на 8-мата позиција со 16 освоени бодови. По осум одиграни натпревари забележаа пет победи, едно реми и два порази со гол-разлика 15:9, што покажува добар баланс меѓу нападот и одбраната. Тимот се карактеризира со доминација во поседот на топката и постојан притисок врз противникот. Во нападот се истакнуваат Haaland, Cherki и Foden, кои носат креативност, брзина и ефикасност во завршницата. На домашен терен играат дисциплинирано и најчесто го контролираат темпото на натпреварот. Нивниот стил е технички, офанзивен и тактички добро организиран.

Real Madrid CF ја заврши групната фаза на 9-тата позиција со 15 освоени бодови. По осум одиграни натпревари забележаа пет победи и три порази со гол-разлика 21:12, што ја потврдува нивната силна офанзива и голем индивидуален квалитет. Во 1/16-финалето го елиминираа SL Benfica со вкупен резултат 3:1, а на домашен терен против денешниот противник обезбедија предност од три гола. Во нападот се истакнуваат Valverde и Vinícius Júnior, кои со својата брзина и креативност создаваат многу шанси. Дефанзивно понекогаш оставаат простор за противникот, но нивниот стил се базира на офанзивна игра, брзи транзиции и висок технички квалитет.

Очекуваме отворен и динамичен натпревар со повеќе создадени шанси на двете страни, па според нашата проценка на оваа средба ќе бидат постигнати три или повеќе голови.

Europe: Champions League
17.03.2026 21:00
Chelsea vs PSG
GG (BTTS-Yes) / 1.40

Chelsea FC ја заврши групната фаза на 6-тата позиција со 16 освоени бодови. По осум одиграни натпревари забележаа пет победи, едно реми и два порази, со гол-разлика 17:10, што покажува добар баланс меѓу офанзивата и дефанзивата. Во последниот период тимот е во добра форма и оствари неколку значајни победи кои ја зголемија самодовербата во составот. Во нападот се истакнуваат Estêvão, João Pedro и Enzo Fernández, кои со својата креативност и реализација носат голема опасност за противничките одбрани. На домашен терен играат дисциплинирано и често се потпираат на брзи контранапади. Нивниот стил на игра е динамичен, тактички организиран и насочен кон контрола на темпото на натпреварот.

Paris Saint-Germain ја заврши групната фаза на 11-тата позиција со 14 освоени бодови. По осум одиграни натпревари забележаа четири победи, две ремија и два порази со гол-разлика 21:11, што ја потврдува нивната силна офанзива и висока ефикасност. Во 1/16-финалето го елиминираа AS Monaco со вкупен резултат 5:4 по динамичен и неизвесен двомеч. Во првиот натпревар против денешниот противник успеаја да обезбедат предност од три гола, што им дава значителна предност пред реваншот. Во нападот се истакнуваат Vitinha, Kvaratskhelia и Mendes, кои со својата креативност и брзина создаваат голем број шанси. Тимот игра офанзивен фудбал со многу посед на топката и технички прецизна игра.

Со оглед на отворениот резултат од првиот натпревар, и во овој дуел се очекува офанзивен пристап, особено од страна на Chelsea FC. Таквата поставеност ќе му отвори простор на Paris Saint‑Germain преку контранапади да ја бара својата шанса за постигнување гол. Нашето очекување е натпревар со изразена офанзивна игра, па проценката е дека двата тима ќе успеат да постигнат најмалку по еден погодок.