
Лига Европа прогнози
Nottingham – FC Porto
Nottingham не го започна ова натпреварување најдобро, односно не успеа да победи во првите две кола. Во првото коло ремизираа со Betis на гостински терен со 2:2, а во второто коло беа поразени од Midtjylland на домашен терен со 2:3. Иако нападот функционира, со Ndoye, Wood и Igor Jesus кои се постојана закана пред голот, проблемите во одбраната ја рушат стабилноста на тимот. Средниот ред со Gibbs-White и Douglas се труди да ја контролира играта. Форест игра со висок интензитет, но без тактичка зрелост, што се виде во претходниот натпревар од ова натпреварување. Во Премиер лигата се во слаба форма, на 18-тата позиција со само 5 освоени бода после 8 одиграни меча.
Од другата страна, FC Porto ја започна кампањата совршено и остварија две победи на два одиграни меча, а на овие два натпревари постигнаа 3, а примија еден гол. Во првото коло го совладаа Salzburg, а потоа и Crvena zvezda. Тимот изгледа балансирано, играат дисциплинирано во одбраната со брзи транзиции во нападот. Gomes William со два постигнати гола е во фантастична форма, а ветеранот Pepe со искуството ја стабилизира играта. Тренерот Francesco Farioli го поставува тимот во компактна структура, со акцент на пресинг во средината. Во најдобрата португалска лига се на првото место со 3 бода повеќе од Sporting CP.
Lille – PAOK
Lille е еден од најстабилните тимови во тековната групна фаза, со две победи досега. Во првото коло го совладаа норвешкиот Brann со 2:1 на домашен терен, а во второто коло ја надиграа AS Roma и остварија победа од 0:1 на гостински терен. Францускиот претставник демонстрира одлична организација и разновидност во нападот. Giroud, Haraldsson и Igamane се носители на нападот, а средниот ред со Andre и Bentaleb носи стабилност. Победата на гостувањето во претходниот натпревар ја зголеми самодовербата на тимот, кој се одликува со силна физичка игра и компактност во дефанзивниот дел. Во лигата играат во променлива форма и се наоѓаат на 6-тата позиција и играат ефикасни натпревари.
PAOK влезе со големи очекувања во ова натпреварување, но поразот од Celta Vigo со 3:1 во претходното коло покажа дека одбраната има сериозни слабости. Во првото коло ремизираа со Maccabi Tel Aviv на домашен терен во натпревар без голови. Нападот е зависен од Giakoumakis, а крилата честопати остануваат изолирани. Средниот ред е технички добар, но нема доволно квалитет за да одговори на францускиот притисок. Тимот го води Романецот Razvan Lucescu, кој одлично го води тимот во домашното првенство, но ќе мора да направи дополнителни подобрувања доколку сака да освои нешто повеќе на ова натпреварување.
AS Roma – Plzen
По неочекуваниот пораз од Lille во претходното коло, AS Roma ќе бара искупување на „Олимпико“. Италијанскиот тим има 3 освоени бода досега, и тоа во првото коло, откако оствари победа над Nice на гостински терен со 1:2. Дефанзивецот Gianluca Mancini постигна гол, додека Ferguson и Soule даваат придонес во офанзивата. Рома често и средниот ред го вклучува во нападот, но тоа остава празнини во одбраната. Недостасува конзистентност и во реализацијата — создаваат многу шанси, но ефикасноста е слаба. Тимот го води Gian Piero Gasperini, а во лигата се на 4-тото место, имаат 3 последователни победи, а викендов беа поразени од Inter.
Plzen влегува во овој натпревар непоразен и има агресивен стил на игра во транзиција. Во првото коло ремизираа со Ferencvaros на гостински терен со резултат 1:1, а во второто коло остварија убедлива победа против Malmo FF на домашен терен со 3:0. Durosinmi е најрасположен во нападот со два постигнати гола, а Vydra има еден постигнат гол. Тимот го води Martin Hysky, фокусирајќи се на контранапади преку брзите крила. Плзен е опасен на прекини и може да создаде проблеми преку високите напаѓачи.
Go Ahead Eagles – Aston Villa
Холандскиот G.A. Eagles пријатно изненади со победата над Panathinaikos минатото коло на гостински терен со 1:2. Тимот е борбен, дисциплиниран и секогаш оди на гол повеќе. Во првото коло беа совладани од FCSB на домашен терен. Edvardsen и Smit ја водат офанзивата, а на домашен терен тимот секогаш игра со висок пресинг и има голема поддршка од публиката. Сепак, лесно губат концентрација во одбраната и често оставаат многу простор зад линијата на топката. Самото учество на ова натпреварување е голем успех за нив, а играњето на два фронта придонесува за пад на формата во лигата.
Од другата страна, Aston Villa изгледа како најкомплетниот тим во групата, со максимални 6 бода и без примен гол досега. Во првото коло ја совладаа Bologna со 1:0, а во второто коло го надиграа Feyenoord на гостински терен со 0:2. John McGinn е во топ форма со два постигнати гола досега, а Watkins и Guessand создаваат сигурност во нападот. Unai Emery го има тимот тактички совршено подготвен — знаат кога да притиснат и кога да го забават ритамот. Во Премиер лигата се на 11-тата позиција, но немаат пораз веќе 5 меча, од кои 3 последователни победи.
Feyenoord – Panathinaikos
Feyenoord е во криза, ова натпреварување го започна со два пораза и нема постигнато гол досега. Тимот делува статично во нападот, а шансите што ги создава не се опасни. Средниот ред нема врска меѓу креативност и реализација, а нападот зависи од индивидуални акции. Беа поразени од Braga и од Aston Villa. Притисокот од домашната публика може да биде пресуден за да ја подобрат играта. Тимот го води Robin van Persie, кој одлично го води тимот во лигата, која е на првото место и без пораз после 9 одиграни меча, од кои 8 победи.
Panathinaikos, пак, игра одлично офанзивно. Во првото коло го совладаа Young Boys на гостински терен со 1:4, а во второто коло беа шокирани со поразот од G.A. Eagles на домашен терен со 1:2. Swiderski има два постигнати гола досега во групната фаза, а Kyriakopoulos и Palmer-Brown по еден. Тимот е најсилен во транзиција и брзо се претвора од одбрана во напад. Предводени се од Christos Kontis, кој треба да ја зацврсти одбраната. Во лигата играат во променлива форма и се наоѓаат на 7-мата позиција и немаат пораз веќе 4 меча.










