Лига на шампиони прогнози

26 ноември 2025

FC Copenhagen Kairat Almaty

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 18:45
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на FC Copenhagen & 2 или повеќе голови)Квота: 1.50

FC Copenhagen влегува во овој дуел во променлива форма, но сè уште остава впечаток дека тимот може да биде опасен кога игра дома. Во последните натпревари комбинираат победи и порази, вклучувајќи го и високиот пораз од Tottenham минатото коло од ова натпреварување, но и важна победа над Brondby во лигата која носи самодоверба. Не се на посакуваното ниво на ова натпреварување, но гол-разликата 4:6 покажува дека создаваат шанси и играат напаѓачки. Dadason, Larsson и Robert имаат по еден гол сезонава, што носи разновидност во нападот. Главниот проблем останува дефанзивната нестабилност, но дома FC Copenhagen генерално успева да го контролира темпото и да ја задржи иницијативата.

Kairat Almaty пристигнува исто ткака во слаба форма на ова натпреварување и два порази на гости, оносно едно реми после 4ри одиграни меча со два постигнати, а 11ет примени гола што ја покажува ранливоста во одбраната. Иако во домашното првенство повремено играат посигурно, на европските делуваат неподготвени во транзиција и организација. Поразот од Inter со 2:1 покажува дека можат да останат конкурентни во делови од мечот, но им недостасува конзистентност. Arad и Edmilson Santos имаат потенцијал за создавање опасни моменти, но тимот ретко успева да го контролира ритамот на гостувања. Раните дефанзивни пропусти постојано ги ставаат во лоша позиција.

FC Copenhagen има јасна предност поради подобрата игра дома и поголемата офанзивна закана, додека Kairat Almaty тешко се стабилизира на гостински терен. Домаќинот најверојатно ќе диктира темпо и ќе создаде повеќе шанси. 3:1

Pafos Monaco

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 18:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)Квота: 1.70

Pafos влегува во овој натпревар во солидна форма, особено на домашен терен. Тимот има три победи и едно реми во последните 4ри натпревари, со победа против Aris во лигата и Villarreal на ова натпреварување што силно ја зголемува самодовербата. Одбраната делува добро организирана, примајќи само еден гол во последните три меча, а офанзивно Luckassen и Orsic се клучни кога треба конкретност. Pafos покажува стабилност во темпо, контрола на средината и дисциплина во транзиција, што им овозможува да играат цврсто против тактички покомплексни екипи. Нивната гол-разлика 2:5 во Европа можеби изгледа ограничена, но во последните натпревари ја подобруваат својата форма.

Monaco пристигнува во Кипар со многу послаба форма и сериозни падови во последните кола. Тимот загуби на трите последни натпревари во лигата, вклучувајќи високи порази од Rennes и Lens, што ја открива кревката одбрана и недостигот на конзистентност. Иако Balogun, Dier, Fati и Teze постигнаа по еден гол сезонава на ова натпреварување, Monaco тешко создава стабилен офанзивен ритам, а уште потешко одржува резултат кога ќе прими ран гол. На гости имаат 2:4 гол-разлика и една победа, но играта им е далеку од сигурна, особено против дисциплинирани екипи кои знаат да ја намалат нивната брза игра. Monaco сè уште има индивидуален квалитет, но тимската хемија и дефанзивната структура се во пад.

Pafos делува покомплетен и постабилен во моментот, додека Monaco игра променливо и остава големи празнини во одбраната. Очекуваме најмалку по еден гол од двата тима. 1:1

Arsenal Bayern Munich

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)Квота: 1.80

Arsenal влегува во овој натпревар во извонредна форма, со серија убедливи победи и силна офанзивна форма. Тимот последно го демолираше Tottenham со 4:1 во последното коло од премиер лигата, а рутински ги доби сите 4ри одиграни меча на ова натпреварување, покажувајќи стабилност и напредок во темпото на игра. На домашен терен имаат 6:0 гол-разлика, што ја покажува нивната доминација. Martinelli, Gyokeres, Merino и Saka се во топ форма, а особено впечатлив е Martinelli со 3 гола и 1 асистенција. Arsenal функционира компактно, со агресивен пресинг, брз проток на топката што им овозможува да креираат многу шанси. Дефанзивно изгледаат стабилно, и досега немаат примено гол на ова натпреварување.

Bayern Munich пристигнува подеднакво силен, со четири победи на 4ри одиграни меча и спектакуларна гол-разлика 14:3. Тимот постигна шест гола против Freiburg во последното коло од бундеслигата, што укажува на исклучителна офанзивна моќ. Kane е во фантастична форма со 5 гола, а силна поддршка добива од Diaz, Jackson и Olise, кои заедно ја зголемуваат непредвидливоста напред. Bayern на гостувања исто така е доминантен со 7:2 гол-разлика, но нивната игра понекогаш остава празнини во транзицијата, особено против брзи тимови како Arsenal. Исклучително се ефикасни во последната третина од натпреварот.

Ова е дуел на два одлични тима, но динамиката и брзината на Bayern може да создаде проблеми на домаќинот. Очекуван е меч со висок интензитет и повеќе шанси од двете страни. 2:2

Atl. Madrid Inter

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)Квота: 1.70

Atl. Madrid влегува во натпреварот со одлична серија победи и стабилни резултати во сите натпреварувања. Тимот има пет победи по ред, постигнувајќи 11 гола и примајќи само 3, што покажува баланс меѓу дефанзивната компактност и офанзивната ефикасност. На домашен терен се посебно силни, со гол-разлика 8:2 на ова натпреварување. Llorente, Alvarez, Griezmann и Raspadori имаат постигнато голови досега, што покажува широк напад со повеќе извори на закана. Атлетико игра дисциплинирано, агресивно во средината и ретко дозволува противникот да има контрола. Формата во Ла Лига и ЛШ укажува дека тимот е во најдобриот ритам од стартот на сезоната.

Inter исто така пристигнува во силна форма, иако со мал пад во последниот меч против Milan во Серија А. Тимот има четири победи од пет дуели и извонредна гол-разлика на ова натпреварување од 11:1, што е доказ за нивната доминација во групната фаза. На гости се максимални со 6:0, што ја покажува нивната зрелост и организација на гостински терен. Martinez, Thuram, Dumfries и Calhanoglu ја носат офанзивата, а Martinez е особено опасен со 4 постигнати гола. Играат со голема дисциплина, брза транзиција и ефективни вертикални напади. Единствен проблем е повременото губење концентрација, но генерално тимот изгледа моќно и комплетно.

Ова е дуел на две екипи во одлична форма, но Атлетико дома е традиционално цврст, додека Интер е подобар во транзиција и контранапади. 2:1

Eintracht Frankfurt Atalanta

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Eintracht)Квота: 2.60

Eintracht Frankfurt влегува во овој дуел со подобрена динамика и резултатска стабилност. Тимот во последните натпревари покажува цврста организација. Победија последните две кола во Бундеслигата и тоа над Koln и Mainz. Во ЛШ ремито 0:0 со Napoli покажува дека можат да играат зрела и дисциплинирана дефанзива против квалитетени противници. Гол-разликата 6:6 на домашен терен укажува на тим кој создава, но и прима, што ја прави нивната игра отворена и понекогаш ризична. Burkardt, Knauff, Kristensen и Uzun се офанзивните носители со конкретни придонеси, а Frankfurt генерално успева да задржи високо темпо дома.

Atalanta доаѓа со спротивна динамика и значително полош моментум. Тимот има три порази во последните четири средби, со загрижувачки порази од Napoli, Sassuolo и Udinese, што ја открива нестабилноста во одбраната. Единствено позитивно е победата над Marseille во ЛШ, но во домашното првенство очигледно имаат проблем со конзистентност и завршница. На гости имаат гол-разлика 1:4, што ја покажува ранливоста нна гостински терен. Samardzic и Pasalic се моментално единствените играчи со конкретни бројки, но тимскиот ефект е далеку од нивото на кое Atalanta е навикната.

Eintracht Frankfurt е во подобра форма и дома игра со поголема стабилност, додека Atalanta покажува значителни слабости во повеќе сегменти од играта. 3:1

Liverpool PSV

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)Квота: 1.30

Liverpool влегува во натпреварот со значителен пад на формата, со два последувателни порази во Премиер лигата. Тимот загуби од Nottingham и Manchester City без постигнат гол, што ја открива моменталната криза во офанзивната завршница. Единствен позитивен момент е победата против Real Madrid на ова натпреварување со 1:0, што покажува дека тимот сè уште има квалитет да се мобилизира во клучни европски дуели. На домашен терен статистиката е солидна со две победи и гол-разлика 4:2, но играта е нестабилна, со падови во интензитет и премногу лесно загубени дуели во среден ред. Van Dijk, Szoboszlai, Gakpo и Salah се оние што ја носат офанзивата.

PSV пристигнува со многу подобар моментум, со четири победи и едно реми во последните пет натпревари. Тимот има силен напаѓачки импулс, постигнувајќи 5 гола против AZ Alkmaar и 5 против Sittard, а во Европа ремизираа со Olympiacos на гостински терен. На гостувања во ЛШ имаат 2:2 гол-разлика и два нерешени резултати, што покажува дека знаат да играат стабилно надвор од Eindhoven. PSV игра динамичен фудбал со агресивни крилни продори и брзи транзиции, што може сериозно да ѝ создаде проблем на нестабилната одбрана на Liverpool. Тимот е во нагорен тренд и има многу поконзистентна завршница од противникот.

Liverpool има квалитет, но моменталната форма и нестабилноста одат во прилог на PSV, кој игра поофанзивно и порешително. Очекуваме отворен меч со голови. 2:1

Olympiacos Piraeus Real Madrid

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Real Madrid)Квота: 1.50

Olympiacos Piraeus влегува во натпреварот со одлична серија резултати и стабилна форма, особено дома каде што тимот игра сигурно, агресивно и со силен интензитет. Во последните шест натпревари имаат пет победи и едно реми, со доминантни настапи против Atromitos, Kifisia и Volos. Во ЛШ одиграа 1:1 со PSV, каде што покажаа солиден баланс и добра организација. Офанзивно тимот најмногу се потпира на El Kaabi и Martins, кои внесуваат брзина и конкретност, додека одбраната функционира компактно и ретко дозволува противникот да ја преземе контролата.

Real Madrid пристигнува во променлива форма, со две победи, две ремија и еден пораз во последните пет натпревари. Тимот одигра нерешено против Elche и Rayo Vallecano во ЛаЛига, но поразот од Liverpool во ЛШ открива одредена нестабилност во завршницата. Сепак, индивидуалниот квалитет останува огромен, Mbappe е во топ форма со 5 гола, а Bellingham и Camavinga се присутни во креирањето шанси. На гостувања имаат гол-разлика 5:1, што покажува дека знаат да бидат клинички ефикасни. Но, играта во среден ред има моменти на пад во интензитет, особено против добро организирани тимови.

Real Madrid е поквалитетен, но Olympiacos е во подобра моментална форма дома, што може да создаде балансиран и тесен натпревар. Сепак на овој натпревар очекуваме индивидуалниот квалитет да биде пресуден. 1:3

PSG Tottenham

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на PSG)Квота: 1.40

PSG влегува во натпреварот со релативно добра форма, имаат три последувателни победи во лигата и ја имаат лидерската позиција. Победите против Le Havre и Lyon се убедливи и демонстрираат дека PSG има брзина, креативност и разновидност во нападот, потпирајќи се на играчи како Mendes, Kvaratskhelia, Doue и Ramos, кои сите се запишаа во листата на стрелци во ЛШ. Сепак, поразот од Bayern Munich покажа слабости во одбраната и во одредени фази на средниот ред. На домашен терен PSG има скор 5:2 што покажува дека се ефикасни, но и дека лесно примаат гол кога играат со офанзивно ориентирани тимови.

Tottenham пристигнува со значително полоша динамика, со три порази во последните пет натпревари, вклучувајќи го и тежок пораз од Arsenal. Иако во ЛШ забележаа висока победа против FC Copenhagen, во Премиер лигата тимот изгледа нестабилно, со проблеми во дефанзивната транзиција и мал број конкретни шанси. Johnson, van de Ven, Odobert и Palhinha имаат придонес во нападот, но тоа е недоволно за да се компензираат слабостите во задната линија. На гостувања Tottenham има 2:2 гол-разлика и две ремија, што покажува дека знаат да задржат резултат, но и дека ретко доминираат. Моменталната игра им е со многу падови, недоволно пресинг и ранливост при брзи контранапади.

PSG изгледа поконзистентно, особено дома, додека Tottenham доаѓа со слаба дефанзивна стабилност. 2:1

Sporting CP Club Brugge KV

Европа • UEFA Champions League 📅 26.11🕐 21:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)Квота: 1.55

Sporting CP влегува во овој меч со стабилна форма и сериозен напаѓачки импулс, особено на домашен терен каде што во Лигата на шампиони имаат две победи од два натпревари и гол-разлика 6:2. Тимот игра динамичен и агресивен фудбал, комбинирајќи ја техничката креативност на Trincao и Alisson Santos со сигурни завршници и силна контрола во средниот ред. Последните натпревари откриваат тим кој ретко паничи, дури и под притисок, а стабилната одбрана знае да ги минимизира слабостите. Sporting често диктира темпо, има разновидност во напади и покажува зрелост против силни противници.

Club Brugge KV има солидна форма, но нивните резултати на гостински терен се далеку понепредвидливи. Иако покажаа квалитет против Barcelona, истовремено имаат падови како против Anderlecht, што сигнализира нестабилност во дефанзивниот блок. Forbes и Tresoldi се главната опасност напред, но тимот генерално има проблем да одржи интензитет кога се потиснати длабоко. Brugge играат поотворено од очекувано, што понекогаш носи резултат, но често создава празнини зад средниот ред. Нивната тековна форма во групата не е на очекуваното ниво и имаат обезбедено 4ри бода после 4ри одиграни натпревари.

Sporting има подобра форма и предност на домашен терен, додека Brugge има одличен напад но и пропусти во одбраната. Очекуваме ефикасен натпревар и најмалку три гола во текот на мечот. 3:1

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)