Лига Европа прогнози

27 ноември 2025

AS Roma

Midtjylland

Европа • Europa League
📅 27.11
🕐 18:45
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)Квота: 1.65

AS Roma влегува во овој дуел со серија стабилни настапи и силно изразена офанзивна структура, иако нивната форма дома во Европа лигата е разочарувачка и не го одразува квалитетот што го покажуваат во домашното првенство. Тимот под водство на Pellegrini, Dybala и Mancini игра со висок интензитет, создавајќи голем број шанси преку комбинирана игра во средината и брзи влезови по крилата. Победите над Udinese и Cremonese, и победата над Rangers во последното коло од ова напреварување ја одржуваат моралната стабилност, а дефанзивниот сегмент, иако солиден, понекогаш попушта во транзиција. Сепак, Roma има напаѓачки арсенал кој можe да го реши натпреварот во краток период.

Midtjylland е еден од најконзистентните тимови во својата група, со максимални 12 бодови и игра што постојано се темели на динамика, дисциплина и брза вертикална транзиција. Gluda Dju., Diao и Erlic се двигатели на тимот, придонесувајќи со голови и поседувајќи способност да создадат опасност од секоја шанса. Победите над Celtic и Nottingham ја покажуваат тактичката подготвеност на овој состав. Иако понекогаш имаат проблем со завршните додавања, нивната компактност и брзината во напад ги прават конкурентни против секој ривал.

Овој дуел ветува тактичка битка, Roma со посед и контрола, Midtjylland со брза транзиција. Очекувавнимателен пристап од двете страни но офанзивниот пристап на гостинот ни дава за право да очекуваме најамлку ри гола втекот на мечот. 2:1

Feyenoord

Celtic

Европа • Europa League
📅 27.11
🕐 18:45
💡 Тип:
X2 (Celtic да не изгуби)Квота: 2.10

Feyenoord влегува во натпреварот со пад на формата и серија порази кои ја намалуваат самодовербата на тимот. Четирите порази во последните пет натпревари откриваат нестабилност во одбраната, но и проблеми со завршницата во нападот. Екипата често дозволува притисок, лесно прима голови и тешко креира постојан офанзивен ритам. Единствената победа во овој период над FC Volendam не е доволна да го промени впечатокот. И покрај индивидуалниот квалитет на играчи како Larin и Read, колективната игра не функционира на ниво што би донело сигурни бодови. Притисокот е голем затоа што играат на домашен терен, а резултатите не оставаат простор за нов кикс.

Celtic влегува во натпреварот со значително подобра форма. Тимот покажува стабилност во домашниот шампионат, со победи над St. Mirren и Kilmarnock кои ја потврдуваат нивната офанзивна сила и организираност. Играчите како Nygren, Hatate и Iheanacho се во добра форма и ја носат потребната креативност и завршница. Иако Celtic има одредени проблеми на ова натпреварување, како поразите од Midtjylland и од Braga, сепак делува тактички подобро, побалансирано и поцврсто во сите линии. Брзата транзиција, дисциплината во одбрана и подобрата форма се јасни предности пред овој натпревар.

Feyenoord е во пад на формата и со многу слабости, додека Celtic игра поконкурентно, постабилно и попрецизно во завршницата. Гостите се поблиску до позитивен исход. 2:2

Plzen

Freiburg

Европа • Europa League
📅 27.11
🕐 18:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)Квота: 1.75

Plzen игра со променлива форма во последниот период, но сепак покажа дека на домашен терен знае да биде цврст и непријатен ривал. Во последното коло од лигата ремизираа со Jablonec, а на ова натпреварување ремизираа без голови со Fenerbahce, што покажува дека знае да се брани, но и дека понекогаш му недостасува креативност во нападот. Беа поразени од Slavia Prague со 3:5, што ја открива ранливоста во дефанзивата при брзи транзициски ситуации. Нападот предводен од Durosinmi и поддржан од Vydra може да создаде шанси, но неретко зависи од индивидуални решенија. Тимот покажува волја и борбеност, но недостасува стабилност во дефанзивата. Сепак, домашниот терен и публиката често му носат енергија и подобра реализација.

Freiburg доаѓа во солидна форма ако не го земеме во предвид тешкиот пораз од Bayern Munich во последнот коло од Бундеслигата, што повеќе изгледа како изолиран случај против доминантен ривал. Победите над St. Pauli и Nice ја вратија самодовербата, а ремито со Union Berlin покажува дека тимот знае да остане стабилен и кога не игра на посакуваното ниво. Напаѓачката линија со Grifo, Suzuki и Adamu е продуктивна, особено во ситуации кога Freiburg може брзо да ја пренесе топката кон последната третина. На гостински терен на ова натпреварување има победа и реми, што говори дека знае да се адаптира и да одигра добро под притисок. Играат дисциплиниран фудбал со силен интензитет и добри преоди меѓу линиите, што може да биде клучно против нестабилната одбрана на Plzen.

Натпреварот ветува динамика и многу шанси, Freiburg делува поконкретно и и офанзивно подобро. Очекуваме натпревар во кој ќе видиме најмалку по еден гол од обете страни. 1:2

Crvena zvezda

FCSB

Европа • Europa League
📅 27.11
🕐 21:00
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Crvena zvezda & 2 или повеќе голови)Квота: 1.65

Crvena zvezda во последниот период покажува солидна форма, особено во европските натпревари, каде што успеа да победи против Lille и да остане конкурентна во групата. Иако поразот од Javor последното коло е изненадување, тимот генерално игра стабилно дома и покажува офанзивна моќ преку играчи како Arnautovic и Kostov, кои редовно се закануваат кон противничките голови. Домашниот терен често носи дополнителна енергија и мотивација, а дефанзивната линија делува поконцентрирано пред своја публика. Формата од последните натпревари укажува дека тимот ја пронашол вистинската рамнотежа и има јасна цел, да остане во трка за нокаут фазата.

FCSB влегува во овој дуел со нешто понестабилни резултати, особено на ова натпреварување, каде што поразите од Basel, Bologna и Young Boys ја разнишаа самодовербата на тимот. Иако тие имаат талентирани поединци како Birligea и Miculescu, тимот често има проблем со конзистентност и завршница. Во гостинските натпревари FCSB знае да пропушти резултати поради нестабилна одбрана и падови во концентрацијата. Последните натпревари покажуваат борбеност, но и недостаток на сигурност против поцврсти противници. Во ова гостување мора да променат нешто во играта за да останат конкурентни.

Дуелот носи интересна динамика, Crvena zvezda е посигурна дома, го контролира темпото и имаат одлична офанзивна линија. FCSB може да создаде проблеми, но нивната нестабилност е значаен ризик. 3:1

G.A. Eagles

Stuttgart

Европа • Europa League
📅 27.11
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Stuttgart)Квота: 1.50

G.A. Eagles влегуваат во овој дуел со нестабилна форма и слаби резултати последните кола. Тимот на моменти игра храбро, како против Feyenoord каде што успеа да победи, но на останатите натпревари со слабо темпо и прима лесни голови, и имаат три порази на послените 4ри меча, мегу кои и порзот од Salzburg. Нападот им функционира солидно, со играчи како Smit и Deijl, но дефанзивната линија е најслабата алка, пречесто дозволува простор и пропусти кои ги користат физички посилни противници. На домашен терен тимот знае да покаже енергија, но статистиката вели дека и таму се непостојани. Притисокот е голем бидејќи секој бод им е важен како би оствариле место во следната фаза од ова натпреварување.

Stuttgart доаѓа во значително подобра состојба и со повеќе самодоверба. Тимот игра напаѓачки ориентиран фудбал, брз и директен, а најсилен сегмент им е трансформацијата од одбрана во напад. Реми против Dortmund и победите над Augsburg и Feyenoord на ова натпреварување го нагласуваат нивниот моментален подем. Играчи како El Khannouss, Bouanani и Undav носат конкретност, го забрзуваат протокот на игра и креираат многу шанси. Одбраната понекогаш делува ранливо на гостувања, но генерално се држи цврсто кога треба да го задржи резултатот. На гости досега имаат солидна ефикасност, што им дава дополнителен плус пред меч како овој.

Stuttgart е поквалитетниот тим, во подобра форма и со посмирена игра, додека G.A. Eagles имаат премногу осцилации. Очекуваме гостите да доминираат и да извлечат поволен резултат, веројатно со повеќе голови од обете страни. 1:2

Rangers

Braga

Европа • Europa League
📅 27.11
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Braga)Квота: 2.20

Rangers ја подобрија својата игра во лигата, но формата на ова натпреварување им е слаба и нестабилна. Победите над Livingston и Dundee FC покажуваат дека тимот знае да притисне кога треба, но четирите порази на исто толку одиграни меча на ова натпреварување ја откриваат ранливоста во одбраната, особено под висок интензитет. Gassama и Raskin се меѓу ретките што даваат офанзивен импулс, но создавањето шанси им е проблем во поголемиот дел од натпреварите. Кога Rangers игра дома, знаат да влезат во ритам со поддршката од трибините, но статистички гледано, европските настапи им се далеку послаби од домашното првенство.

Braga доаѓа со далеку подобра форма и самодоверба, особено поради ефикасните настапи во домашните натпреварувања. Победите над Nacional и Moreirense сведочат за тим кој напаѓа со брзина и динамика. Navarro, Zalazar и Horta имаат конзистентен придонес во офанзивата, а транзицијата им е една од најсилните оружја. Иако Braga знае да прими гол, нивната моќ да возвратат уште посилно е она што им носи резултати. Дури и на ова натпреварување имаат солидна издржливост и поголема разновидност во играта во споредба со Rangers. Како гостин, Braga покажува зрелост и стабилност, што ја става екипата во позиција на фаворит во овој дуел.

Дуелот носи контраст меѓу Rangers кои бараат конзистентност и Braga кои доаѓаат во силен напаѓачки ритам. Гостите се поквалитетен тим во моментов, со повеќе опции и подобра форма. 1:3

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)