Дневни Фудбалски Анализи

02 декември 2025

Montana

Lok. Sofia

Бугарија: efbet League
📅 02.12.2025
🕐 14:30
💡 Тип:
2 (Победа на Lok. Sofia) Квота: 2.15
Montana е на 14-то место со 14 бодови и игра во многу слаба форма, веќе 9 меча без победа, односно 6 порази и 3 реми. На домашен терен имаат 2 победи, 3 ремија и 3 порази со гол-разлика 8:12, што покажува нестабилност и недоволна офанзивна продуктивност. Тимот често има проблеми со организацијата на играта и лесно ги губи дуелите во средината на теренот. Dimitrov и Ejike со по 5 постигнати гола се единствените посериозни закани во нападот, но отсуството на креативност е голем проблем. Одбраната знае да попушти под притисок, а формата дома е во пад и покрај ретките позитивни моменти.

Lok. Sofia е на 10-то место со 20 бодови и игра во променлива форма. Во гостински натпревари имаат солидни 3 победи, 3 ремија и 2 порази со гол-разлика 8:7, што ги прави екипа која знае да се постави компактно и да чека шанси на контранапад. Delev со 3 гола и 5 асистенции е најважниот играч во офанзивата, додека Aralica со 3 гола дава поддршка. Формата на гости е променлива, но тимот генерално игра дисциплинирано и знае да извлече бод дури и против потешки противници. Во одбраната имаат стабилност, а транзицијата им е подобра од онаа на Montana.

Lok. Sofia има поквалитетна игра, подобра организација и поефикасна транзиција. Montana е во пад на формата и има големи дефанзивни пропусти.

Hapoel Jerusalem

Maccabi Bnei Raina

Израел: Ligat ha’Al
📅 02.12.2025
🕐 18:45
💡 Тип:
1 (Победа на Hapoel Jerusalem) Квота: 2.15
Hapoel Jerusalem е на 13-то место со 7 бодови и има многу слаб старт на сезоната, но последниот триумф над Kiryat Shmona со 1:2 носи малку позитивен импулс. Формата дома е лоша и на домашен терен каде сè уште се без победа, со 2 ремија и 3 порази, со гол-разлика 3:9, што покажува проблеми и во нападот и во одбраната. Тимот е премногу дефанзивно нестабилен и често попушта во второто полувреме. Badash со 3 гола и Madmon со 2 и 3 асистенции се најпродуктивни, но тимот има огромни проблеми со креацијата и брзиот транзициски пресинг. Играта е бавна, а одбраната неретко се руши под мал притисок.

Maccabi Bnei Raina е на последното место со само еден бод и е во сериозна криза. Тимот е исклучително слаб на гости со 5 порази од 5 натпревари, со гол-разлика 2:12, што ги прави најслаб гостински состав во лигата. Немаат квалитет за посед на топката и често се бранат, но не успешно. Sefer со три и Ze Turbo со два постигнати гола се единствените закани, но тимот создава многу малку шанси. Во последните дуели примаат во серија по два или повеќе гола, а одбраната е нефункционална. Формата е негативна, духот во тимот изгледа паднат, а гостинските изданија делуваат хаотично.

Иако и двата тима се во долниот дел од табелата, Hapoel Jerusalem има поголем квалитет и барем минимална стабилност. Bnei Raina игра катастрофално на гости и прима многу лесни голови. Домаќинот е благ фаворит, со реални шанси да го искористи хаосот кај гостите.

Bristol Rovers

Cambridge Utd

Англија: EFL Trophy
📅 02.12.2025
🕐 20:00
💡 Тип:
2 (Победа на Cambridge Utd) Квота: 2.25
Bristol Rovers влегува во мечот во очајна форма, со четири порази во последните пет дуели, односно 4 последувателни порази во лигата и со слаб напаѓачки учинок. На домашен терен е исто така во пад на формата во последниот период, односно 4 последувателни порази, што укажува на големи проблеми во реализацијата и дефанзивна нестабилност. Cavenag со 4 гола и Harrison со 3 постигнати гола придонесуваат во офанзивата, но тимот често е под притисок и тешко создава шанси. Ритамот на игра е бавен, средината лесно се пробива, а примаат голови речиси во секој меч. По серијата на порази последниот месец, тимот делува несигурно.

Cambridge Utd е во далеку подобра форма од домаќинот, без пораз во последните 6 натпревари на сите натпреварувања и две значајни победи во последните две кола. На гостински терен играат подобро и поконкурентно од Bristol Rovers. Тимот е поорганизиран тактички и знае да ја контролира играта во средината. Cambridge делува дисциплинирано, со подобар интензитет на игра и посигурна дефанзива. Формата им е стабилна во последниот период и имаат реална шанса да доминираат во овој дуел.

Cambridge Utd е во подобра форма, игра поорганизирано и има појасна офанзивна структура. Bristol Rovers е во пад, со многу дефанзивни пропусти и слаба реализација.

U. De Chile

Coquimbo

Чиле: Liga de Primera
📅 02.12.2025
🕐 22:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) Квота: 1.92
U. de Chile оваа сезона игра силно и стабилно, се наоѓа на 4-то место со 51 бод и со доминантен домашен учинок, со 12 победи на 14 одиграни меча, гол-разлика 39:13. На свој терен е еден од најмоќните тимови во лигата, со интензивен пресинг и висока продуктивност во напад. Во последните пет натпревари на домашен терен имаат четири победи, што ја истакнува конзистентноста. Di Yorio со 11 постигнати гола, Contreras и Fernandez носат голема опасност во завршницата, а тимот создава многу шанси преку брзи транзиции. Иако понекогаш прима лесни голови, нападот ретко потфрла. U. de Chile ќе бара контрола на темпото уште од самиот старт.

Coquimbo е лидер во лигата и во одлична форма, со неверојатна гостинска статистика со 11 победи на 14 одиграни меча и гол-разлика 22:7. Тимот има шест последувателни победи на гостински терен, игра цврсто и компактно. Waterman со 10 гола, Johansen и Salinas се носители на нападот, тимот гради шанси преку директни напади и многу брзи излети од задниот ред. Одбраната функционира стабилно, примајќи малку голови, а физичката подготвеност и дисциплината се најсилните адути. Coquimbo на гости игра без притисок, стрпливо чека грешка, а потоа удира со ефикасен контранапад. Тимот доаѓа со максимална самодоверба, а веќе имаат обезбедено титула.

Дуел на два тима со врвна форма и одлични напаѓачки линии. U. de Chile дома е исклучително моќна, но Coquimbo веќе обезбеди титула и игра во исклучително добра форма. Очекуван е динамичен меч со многу шанси и голем интензитет од двете страни.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)