Шпанија Лалига Прогнози

02 – 03 декември 2025


Barcelona



Atl. Madrid

Шпанија • La Liga
📅 02.12.2025
🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Barcelona по претходното коло повторно е лидер на табелата, со 34 бодови, еден бод повеќе од Real Madrid. Влегуваат во ова дерби со извонредна домашна форма, 7 победи од 7 натпревари, со импресивна гол-разлика на домашен терен 23:4. Тимот ја подобрува формата како што одминува сезоната, а нападот изгледа моќно благодарение на Lewandowski со 8 гола, Torres со 7, како и Lamine Yamal кој има 5 гола и дури 7 асистенции. На домашен терен доминира во посед, врши висок пресинг и често го решава мечот уште во првото полувреме. Одбраната функционира стабилно, особено дома, каде ретко дозволуваат чисти шанси. Формата од последните кола е позитивна и тимот изгледа комплетно подготвен за овој голем предизвик.
Atl. Madrid е на 4-то место со 31 бод и влегува во мечот со одлична форма, но малку нестабилна на гостински терен. Како гости имаат остварено 2 победи, 3 ремија и 1 пораз, со гол-разлика 7:5. Тимот е многу поофанзивен оваа сезона, предводен од Alvarez со 7 гола, како и Griezmann и Sorloth со по 4 гола. На гости играат цврсто, се потпираат на компактна структура и транзиции, но понекогаш им недостига конкретност во завршницата, што се гледа од високата бројка нерешени резултати. Сепак, нивниот стил им дозволува да останат конкурентни против секој ривал, па и на тешки гостувања како ова.

Barcelona е фаворит поради феноменалната домашна форма и одличната офанзива. Atletico ќе се обиде да го држи мечот тактички затворен, но тешко е да ја спречат офанзивата на домаќинот. Двата тима имаат одлична офанзива, па очекуваме најмалку по еден гол од обете страни. 2:1


Ath Bilbao



Real Madrid

Шпанија • La Liga
📅 03.12.2025
🕐 19:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Ath Bilbao влегува во дуелот од 8-та позиција со 20 бодови, а домашната форма им е прилично стабилна – 4 победи, 1 реми и 2 порази, со гол-разлика 8:6. Тимот делува силно на домашен терен, каде што играат агресивно, со висока енергија и пресинг. Williams и Navarro со по 3 гола се најопасните, додека Guruzeta и Jauregizar додаваат длабочина напред. Проблем останува конзистентноста против врвни ривали, покажаа падови против Barcelona и Newcastle, што укажува дека под тежок притисок лесно ја губат структурата. На домашен терен се покомпактни и знаат да создадат висок интензитет во средината, што е клучно оружје во вакви мечеви.
Real Madrid е на 2-то место со 32 бодови, паднаа на 2-та позиција поради тоа што ремизираа во последните три кола. Влегува во овој натпревар со импресивна гостинска форма, односно 4 победи, 3 ремија и само еден пораз, со гол-разлика 15:10. Нападот е исклучително продуктивен, предводен од фантастичниот Mbappe со 14 постигнати гола, а Vinicius Junior, Guler и Bellingham значително ја зголемуваат креативноста и завршницата. Тимот игра динамично и многу опасно во транзиција. Одбраната знае да влезе во кратки нестабилни фази, но генерално делуваат поквалитетно од Bilbao. Најголема предност им е индивидуалниот квалитет и способноста да решат меч во еден момент, дури и кога не доминираат.

Bilbao е силен дома, но Real Madrid има премногу индивидуален квалитет и подобра стабилност во клучни моменти. Очекуван е динамичен меч со шанси на двете страни. 1:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)