
Англија Премиер Лига Прогнози
Bournemouth
–
Everton
Bournemouth, на 11-то место со 19 бодови, влегува во дуелот во променлива форма и без победа последните 4 меча, од кои три порази. На домашен терен тимот е многу поконкурентен, имаат 4 победи, 2 ремија и ниту еден пораз, со гол-разлика 10:4, што ја покажува цврстата дефанзива и умешноста да се контролира ритамот дома. Во последните рунди нападот функционира солидно преку Semenyo, Kroupi и Tavernier, но проблем е тоа што Bournemouth пречесто влегува во мечеви со тесна разлика и лесно паѓа под притисок против офанзивни тимови. Сепак, фактот дека на домашен терен имаат серија без пораз носи одредена сигурност и самодоверба пред овој натпревар. За овој натпревар покрај повредените отсутни ќе бидат Brooks, Cook и Senesi поради акумулирани картони.
Everton, на 14-то место со 18 бодови, има скромна сезона со многу падови, но тимот останува борбен и непредвидлив. На гостински терен имаат 2 победи, 1 реми и 3 порази, со гол-разлика 6:8, што ги опишува како екипа која знае да создаде шанси, но и често попушта дефанзивно. Ndiaye и Dewsbury-Hall се клучните играчи во офанзивата, додека Gueye дава баланс во средината. Формата на последните гостувања е променлива, со два порази и две победи, што ја нагласува нестабилноста, но и потенцијалот да изненадат во вистински момент. На овој натпревар ќе биде отсутен Gueye кој е суспендиран поради црвен картон, покрај повредените играчи.
Fulham
–
Manchester City
Fulham е на 15-то место со 17 бодови и влегува во овој тежок дуел со релативно солидна форма на домашен терен, каде што имаат 4 победи, 1 реми и 1 пораз, со гол-разлика 9:3. Екипата игра далеку посигурно дома отколку на гости, со добро позиционирање во одбраната и побрзи транзиции напред. Во последните мечеви дома остварија важни победи против Wolves и Sunderland, покажувајќи дека знаат да бидат дисциплинирани и ефективни кога ја контролираат средината. Wilson, Jimenez и Iwobi се главните носители во нападот, иако реализаторската моќ варира. Fulham генерално игра тврд, внимателен фудбал и ќе се обиде да го успори темпото за да избегне отворен дуел со многу ризик.
Manchester City е на 2-ро место со 25 бодови и влегува во мечот во променлива форма на гостински терен, каде што имаат 2 победи, 1 реми и 3 порази, гол-разлика 8:6. И покрај тоа што имаат неколку киксови на гостински терен, тимот останува еден од најофанзивните во лигата. Haaland продолжува да биде најголемата закана со 14 голови, додека Foden, Doku и Cherki придонесуваат со креативност и брзина. City во последните дуели прикажа нестабилност во одбраната, особено како гостин, што беше видливо во поразите од Newcastle и Aston Villa, а загубија и од Leverkusen во групната фаза од Лигата на шампионите. Сепак, нивниот напад секогаш создава шанси и ретко остануваат без гол.
Newcastle
–
Tottenham
Newcastle е на 13-то место со 18 бодови и влегува во овој дуел по две последувателни победи. На домашен терен имаат 4 победи и 2 порази, со гол-разлика 10:7. Формата дома е солидна со три последувателни победи, што покажува дека тимот знае да игра дисциплинирано и офанзивно кога настапува пред своја публика. И покрај одредени падови во резултатите, Newcastle демонстрира стабилност во креирање шанси, а Woltemade и Bruno Guimaraes се најконстантни во офанзивната фаза. Тимот постигнува голови во континуитет и игра офанзивно, но примањето голови останува слабост, што ги држи на средината од табелата.
Tottenham е на 12-то место со ист број на бодови како и денешниот противник, но формата на гостински терен им е многу подобра од домашната, 4 победи, 1 реми и само еден пораз, со 13 постигнати и 7 примени голови. Ова ги прави Spurs еден од најопасните гостински тимови во лигата. Тимот офанзивно функционира добро дури и во тешки натпревари, благодарение на Richarlison, van de Ven и Kudus кои носат брзина, агресија и конкретност во завршницата. Иако во последните кола имаа пад со повеќе порази, на гостински терен многу ретко разочаруваат. Проблемот е дефанзивната нестабилност, Tottenham прима гол во скоро секој натпревар, дури и кога игра добро.
Arsenal
–
Brentford
Arsenal е лидер на табелата со 30 бодови и влегува во дуелот со огромна самодоверба, особено поради перфектната форма на домашен терен, пет победи и едно реми, гол-разлика 16:2. Тимот игра доминантно, агресивно и стабилно во сите фази од играта, а во последните натпревари одиграа одлично и под притисок, со важни резултати против Chelsea и Tottenham, а и Bayern во групната фаза од Лигата на шампионите. Gyokeres, Eze и Trossard се во одличен ритам, со комбиниран учинок од 11 гола, додека Saka игра клучна креативна улога. Arsenal изгледа многу организирано, со контрола на топката, висок пресинг и минимални пропусти во дефанзивата.
Brentford е 10-ти со 19 бодови, но формата на гостински терен е сериозна слабост, само една победа и пет порази, со гол-разлика 6:12 и четири порази на гостински терен во последните пет меча. Иако Thiago I. е исклучително продуктивен со 11 гола, остатокот од тимот тешко следи офанзивно и не создава шанси за гол, особено против силни ривали. Brentford знае да биде опасен во транзиција, што го покажа во победите над Newcastle и Burnley, но дефанзивната нестабилност и проблемите со ротации им создаваат големи потешкотии на високо интензивни натпревари.
Brighton
–
Aston Villa
Brighton, 5-то место со 22 бодови, влегува во оваа средба со добра форма и серија од четири натпревари без пораз, од кои три победи. На домашен терен се особено убедливи, четири победи и два ремија, со гол-разлика 12:6, што говори за стабилност и офанзивна ефикасност. Тимот под водство на Hurzeler изгледа компактно, гради игра од задните редови и создава многу шанси преку Mitoma, March, а Welbeck е во одлична голгетерска форма со 7 погодоци. Во последните мечеви Brighton демонстрира балансирана игра, одличен пресинг и умее да го контролира темпото, што ги прави опасни за секој противник што им гостува.
Aston Villa, 4-то место со 24 бодови, влегува со позитивна серија од пет мечеви без пораз, вклучувајќи и два натпревари од Европа лигата. Формата на гостински терен не е идеална, две победи, две ремија и два порази, со гол-разлика 5:6. Иако тимот е тактички добро поставен од Emery, често знае да падне во ритам кога игра на гости. Buendia, Rogers и Malen се главните двигатели во нападот, сите со по три постигнати гола, додека дефанзивната линија е стабилна, но понекогаш има проблеми со брзите трансформации. Aston Villa игра со висок интензитет, но недостига подобра реализација на гостински терен.
Burnley
–
Crystal Palace
Burnley, 19-то место со 10 бодови, влегува во овој дуел под притисок поради лошата форма и серијата негативни резултати. На домашен терен имаат 2 победи, 1 реми и 3 порази, со гол-разлика 5:6, што покажува дека тешко постигнуваат, а лесно примаат голови. Последните два меча на домашен терен го отсликуваат истиот проблем, недоволно креативност и пад во концентрација во клучни моменти. Anthony и Flemming со по 4 постигнати гола досега се главната закана, но тимот генерално се мачи да создаде доволно шанси. Дефанзивната линија често потфрла, додека средниот ред нема доволно контрола за да се наметне против поквалитетни екипи.
Crystal Palace, 9-то место со 20 бодови, влегува во овој натпревар со далеку подобра форма, особено на гостински терен каде имаат 3 победи, 1 реми и 2 порази, со гол-разлика 8:4. Имаат три меча без пораз, а минатото коло беа совладани од Manchester Utd на домашен терен со 1:2. Mateta е одличен во нападот со 7 постигнати гола досега, додека Sarr и Munoz го дополнуваат офанзивниот елан со брзина и агресија. Во последните неколку натпревари демонстрираат зрел организациски пристап, компактна формација и одлична работа во транзиции.
Wolves
–
Nottingham
Wolves, на последно 20-то место со само 2 освоени бода досега, влегува во овој дуел во очајна форма и серија од шест порази во низа. На домашен терен формата е исто така слаба, без победа, односно 1 реми и 5 порази, со само 6 постигнати и 16 примени гола. Екипата има сериозни проблеми со офанзивата, бидејќи ниту еден играч не се истакнува со значајна голгетерска бројка. Дефанзивно, Wolves често паѓа под притисок и тешко се брани против брзи тимови. Последните дуели со Aston Villa, Crystal Palace и Chelsea само ја потврдија нестабилноста, а менталната состојба на тимот очигледно е нарушена поради долгата негативна серија.
Nottingham, 16-то место со 12 бодови, игра непредвидливо, но сè уште е далеку поконкурентен од домаќинот. На гостински терен имаат една победа, 2 ремија и 3 порази, што не е идеално, но тимот барем покажува борбеност и подобра организација од Wolves. Gibbs-White е најистакнат поединец со 3 гола, а тимот знае да казни грешки во транзиција, што е токму најголемата слабост на домаќинот. Во последното коло беа поразени, а претходно имаа две последувателни победи, а во Европа лигата успеа да прикаже карактер со победа над Malmo.
Leeds
–
Chelsea
Leeds, 18-то место со 11 бодови, влегува во дуелот во криза и слаба форма, особено по четири последувателни порази. На домашен терен имаат 2 победи, 2 ремија и 2 порази, со гол-разлика 7:7, што покажува дека знаат да бидат конкурентни дома, но често им недостига концентрација во завршницата. Nmecha со 4 гола е најконстантен, додека Calvert-Lewin и Okafor даваат одредена длабочина во нападот. Тимот прима премногу лесни голови, односно оваа сезона имаат примено 25 гола. Контролата на средината е нестабилна, а дефанзивната линија често паѓа под притисок против технички посилни ривали.
Chelsea е на 3-то место со 24 бодови и влегува во овој меч со стабилна форма. На гостински терен имаат импресивни 4 победи, 1 реми и само еден пораз, со гол-разлика 14:5, што ги прави еден од најдобрите гостински тимови во лигата. Тимот е офанзивно одличен, со Joao Pedro, Neto и Fernandez, сите со по 4 постигнати гола, додека Caicedo додава агресија и креативност. Chelsea умее да доминира во посед и да создава многу шанси, а во одбраната делуваат цврсто.
Liverpool
–
Sunderland
Liverpool, на 8-мо место со 21 бод, влегува во дуелот со нестабилна, но офанзивно добра форма. На домашен терен имаат 4 победи и 2 порази, со гол-разлика 10:8, што покажува дека иако напаѓачки функционираат добро, дефанзивно имаат премногу пропусти. Gakpo со 4 гола и 3 асистенции, како и Salah со 4 гола, се двајца кои прават разлика со брзина и завршница. Liverpool знае да притисне рано, но често има падови во концентрацијата, што се виде во поразите од Manchester City и Nottingham. Сепак, победата над Real Madrid и PSV во групната фаза од Лигата на шампионите и последниот триумф над West Ham ја враќаат самодовербата. Тимот секогаш е фаворит на домашен терен, особено против ривали кои имаат проблеми со игра под притисок.
Sunderland, на 6-то место со 22 бодови, патува со солидна форма, но со променливи резултати на гостински терен, 2 победи, 1 реми и 3 порази, гол-разлика 3:6. Тимот игра организирано, но офанзивниот потенцијал на гостински терен е ограничен. Isidor и Le Fee се најистакнати играчи, првиот со 4 гола, вториот со 2 гола и 2 асистенции, но Sunderland честопати се мачи со создавање шанси против поагресивни противници. Победата над Bournemouth и ремито со Arsenal даваат надеж, но поразот од Fulham покажа дека тимот тешко се снаоѓа кога ривалот контролира посед. На овој терен ќе мораат да играат компактно доколку сакаат да дојдат до бод.
Manchester Utd
–
West Ham
Manchester United, на 7-мо место со 21 бод, влегува во овој дуел со солидна форма, иако сè уште покажуваат одредени осцилации. На домашен терен имаат 4 победи и 2 порази, со гол-разлика 11:7. Имаа три меча без победа, а минатото коло успеаа да го совладаат Crystal Palace на гостински терен. Тимот создава многу шанси преку Fernandes и Casemiro, додека Mbeumo е најкорисен во нападот со 5 постигнати гола. United има сила во транзиција, но понекогаш му дозволува празен простор на противникот, што резултира со непотребни примени голови. Сепак, моменталната домашна форма е нивниот најголем адут пред овој меч.
West Ham, на 17-то место со 11 бодови, влегува под притисок бидејќи формата не им е на потребното ниво, а одбраната често попушта. На гостински терен имаат само една победа, две ремија и три порази, со гол-разлика 7:10, форма која јасно укажува на нестабилност. Wilson и Bowen со по неколку постигнати голови носат најмногу закана, додека Paqueta и Soucek придонесуваат со полуофанзивна поддршка. Главниот проблем е бавната дефанзивна ротација, што против технички силен тим како United може да биде критично. Тимот знае да игра борбено, но ретко успева да ја контролира играта на тешки гостувања.










