
Дневни Фудбалски Анализи
Kleczew
–
LKS Lodz II
LKS Lodz II е на 17тото, предпоследно место со 12 бода. Играат во слаба форма, особено на гостински терен, каде сè уште се без победа после 8 настапи, односно две реми и 6 порази. На овие 8 натпревари постигнале само 5, а примиле 15 голови. Тимот има сериозни дефанзивни пропусти, а во последните кола падот во структурата е видлив — лесно губат дуели, а средината нема контрола на темпото. Во офанзива зависат од индивидуални моменти, но ретко создаваат константен притисок. Квалитетот е ограничен, а пропустите се видливи во сите линии. Дуелите против технички подобри тимови им создаваат сериозни проблеми.
Juve Stabia
–
Bari
Bari е на 17тото место со 13 бодови и минува низ тежок период, а проблемите најмногу се забележуваат на гостински терен, каде што имаат само 2 освоени бода од 7 натпревари и гол-разлика 5:18. Севкупно, после 13 одиграни меча имаат остварено само три победи. Тимот се соочува со сериозни слабости во одбраната, падови во концентрација и недоволна организација при притисок. Во напад се потпираат на Moncini, Gytkjaer и Verreth, кои имаат индивидуален квалитет, но недостига континуитет и тактичка поддршка од средниот ред. Гостувањата им носат константни резултатски падови и негативна динамика.
Genk
–
Anderlecht
Anderlecht во Jupiler Pro League се наоѓа на 3то место со 31 бод и влегува со одлична серија од шест последователни победи и многу стабилни настапи. Тимот има цврста тактичка структура, добро организирана одбрана и брз напад кој често казнува грешки. Hazard, Angulo и Bertaccini претставуваат офанзивна закана за противниците со креативност и разновидност, а тимот на гости игра со контрола и транзиции. На гостински терен немаа победа четири меча, по што следеше победа. Минатото коло дојдоа до големи три бода совладувајќи го Royale Union SG на домашен терен. Одбраната реагира одлично под притисок, а ефикасноста во нападот го прави опасен ривал на секој терен.
Universitario de Vinto
–
The Strongest
The Strongest е на второто место со 51 бод, 4 бода помалку од првиот Always Ready. Демонстрира највисоката офанзивна сила во лигата, предводена од Arrascaita, Garcia и Godoy, кои заедно имаат 28 постигнати голови. Иако се на 2то место, нивните гостински настапи се променливи — 7 победи, но и 5 порази во 13 мечеви, што укажува на ранливост кога се под притисок и кога противникот игра компактно. Тимот има високо темпо, агресивни транзиции и силна завршница, но одбраната знае да попушти, особено на гостински терен. Сепак, индивидуалниот квалитет и офанзивниот капацитет им даваат голема предност во речиси секој дуел.










