Бундеслига прогнози

28 – 30 Ноември 2025


Mainz



B. Monchengladbach

Германија • Bundesliga
📅 05.12
🕐 20:30
💡 Тип:
X2 (Нерешено или победа на B. Monchengladbach)

Mainz е на 18то последно место со 6 бодови и се соочува со тешка сезона, формата на домашен терен е многу слаба со две ремија и четири порази, што дополнително ја нагласува нивната офанзивна немоќ. Тимот се мачи со организирање на нападите и зависи од индивидуални моменти на Amiri, Sieb и Sano, кои постигнаа ограничен број голови. Последните резултати, вклучувајќи ги поразите од Freiburg и Eintracht Frankfurt, ја покажуваат нестабилноста во одбраната. Недостатокот на сигурност во транзицијата и ниската реализација создаваат дополнителен притисок врз тимот. Исто така, минатата недела беа поразени од Univ. Craiova во групната фаза од Конференциската лига.

B. Monchengladbach е на 12то место со 13 бодови и нивната форма е значително подобра од онаа на Mainz, особено на гостински терен каде имаат две победи и едно реми во пет натпревари. Тимот покажува солидна офанзивна ефикасност со постигнати 9 гола на гости, а Tabakovic е најопасниот играч со седум гола сезонава. Победите над Heidenheim и FC Koln ја покажуваат нивната способност да ја преземат иницијативата во клучни моменти, во последното коло од Бундеслигата ремизираа со RB Leipzig на домашен терен во натпревар без голови. Средниот ред функционира подобро во споредба со Mainz, а Machino и Diks даваат дополнителна ширина и вертикалност.

Gladbach влегува во дуелот со повисок интензитет и подобра офанзивна структура, додека Mainz се мачи со реализација и дефанзивна стабилност.1:3


Augsburg



Bayer Leverkusen

Германија • Bundesliga
📅 06.12
🕐 15:30
💡 Тип:
2 (Победа на Leverkusen)

Augsburg е на 14то место со 10 бодови и играат променливо сезонава, а формата на домашен терен покажува две победи и четири порази со гол-разлика 7:15, што ја истакнува нестабилноста во одбраната. Иако Rieder и Komur придонесуваат со креативност и делумна офанзивна ефикасност, тимот често има проблеми со задржување на посед и контролирање на ритамот против поквалитетни ривали. Последните порази од Hoffenheim и Stuttgart го покажуваат недостатокот на компактност, особено во моментите кога треба да реагираат по примени голови. Augsburg не успева да создаде континуирано офанзивно темпо, а транзицијата од одбрана во напад останува нивна најслаба точка. На последните 6 одиграни меча пет пати се поразени.

Bayer Leverkusen е на 4то место со 23 бодови и игра стабилна сезона со силна офанзивна продуктивност, а на гостински терен имаат три победи, едно реми и само еден пораз, што ја нагласува нивната добра игра. Schick, Grimaldo и Poku се во одличен напаѓачки ритам, постигнаа значителен број голови и создаваат постојан притисок врз противничките линии. Победите против Wolfsburg и Heidenheim, како и победата над Manchester City во Лигата на шампиони, ја демонстрираат нивната способност да одржат стабилност и во моменти на висок интензитет. И покрај поразот од Dortmund, Leverkusen останува тим со многу поцврста структура, подобар баланс и поквалитетна дефанзивна организација од Augsburg.

Leverkusen влегува како убедлив фаворит поради поквалитетната игра, посилната офанзива и поголемата стабилност, додека Augsburg покажува премногу дефанзивни слабости за да се спротивстави. 0:2


FC Koln



St. Pauli

Германија • Bundesliga
📅 06.12
🕐 15:30
💡 Тип:
1 (Победа на FC Koln)

FC Koln е на 10то место со 15 бодови и нивната сезона е полна со промени во играта, но формата на домашен терен е релативно солидна со две победи, реми и два порази, со офанзивна гол-разлика 13:9. Ефикасноста на El Mala и Kaminski, секој со по пет гола, дава стабилна офанзивна основа, а тимот често влегува агресивно на домашен терен и создава доволно шанси. Сепак, поразите од Eintracht и Monchengladbach открија ранливост во дефанзивните ротации, особено при брзи контра-напади. И покрај тоа, Koln успева да одржи притисок и да ја контролира средината против тимови со понизок интензитет, што ги прави поконкурентни кога играат пред своја публика.

St. Pauli е на 17то место со 7 бодови и игра сезоната со сериозни падови, а формата на гостински терен е слаба со само една победа и пет порази, придружена со гол-разлика 4:10 што ја нагласува пропустливоста во одбраната. Тимот има потешкотии да одржи компактност во средниот ред и често губи дуели. Иако Hountondji и Sinani даваат офанзивни моменти, тоа ретко е доволно да се компензираат дефанзивните пропусти. Имаат низа од 4ри последователни порази и тоа од Bayern, Freiburg и Union. На гости, St. Pauli делува премногу лесно пробивливо и неретко губи ритам уште во првото полувреме.

Koln има поорганизиран напад и посигурна домашна игра, додека St. Pauli се мачи во речиси сите фази на гостинските натпревари. Формата е на страна на домаќинот и му даваме предност за победа на овој натпревар. 2:1


Heidenheim



Freiburg

Германија • Bundesliga
📅 06.12
🕐 15:30
💡 Тип:
2 (Победа на Freiburg)

Heidenheim е на 16то место со 8 бодови, формата е слаба, како на гостински, така и на домашен терен каде имаат една победа, две ремија и три порази, придружени со гол-разлика 6:12 што ја открива ранливоста во дефанзивните линии. Иако тимот повремено покажува борбен дух, како во ремито со Eintracht Frankfurt, недостасува креативност во нападот и континуитет во градбата на шанси. Schimmer е најистакнат стрелец со три гола, но нема доволно поддршка од останатите офанзивни играчи. Последните порази од Leverkusen и Heidenheim укажуваат на проблеми со притисокот во средината и слабата транзиција, каде Heidenheim често губи топка во опасни зони. Минатото коло дојдоа до победа над Union Berlin после 8 меча без победа.

Freiburg е на 8то место со 16 бодови и игра многу поконзистентен фудбал, иако формата на гостински терен е умерена со една победа, две ремија и три порази, со гол-разлика 6:12. Тимот сепак има значително посилен напаѓачки потенцијал со Grifo како лидер со четири гола, додека Kubler, Manzambi и Suzuki додаваат вредни офанзивни моменти. Победата над St. Pauli и ремито со Union Berlin покажуваат дека знаат да играат организирано и дисциплинирано во тешки услови. Иако имаат порази против посилни тимови, Freiburg генерално изгледа поуверено во контролата на темпото. Нивната структура е поцврста, а средниот ред подобро ја контролира играта. Имаат само еден пораз на последните 7 одиграни меча на сите натпреварувања.

Freiburg влегува во натпреварот со повисок квалитет, подобра организација и поопасен напад, додека Heidenheim продолжува да се мачи со интензитет и креативност. 0:1


Stuttgart



Bayern Munich

Германија • Bundesliga
📅 06.12
🕐 15:30
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Stuttgart е на 6то место со 22 бодови и игра сезона со силна динамика, а формата на домашен терен е извонредна, пет победи од пет натпревари со гол-разлика 9:3, што ја истакнува стабилноста и високото темпо што го поставуваат дома. Undav блеска со седум гола, додека Demirovic, Tomas и El Khannouss даваат длабочина и разновидност во офанзивата. Тимот често презема иницијатива и создава многу шанси преку вертикална игра и брзи транзиции. Победите над Augsburg, G.A. Eagles и Feyenoord го покажуваат нивниот квалитет, иако поразот од Hamburger SV ја откри повремена ранливост при дефанзивни ротации. Сепак, Stuttgart дома делува силно оваа сезона и игра со високо ниво на самодоверба.

Bayern Munich е на првото место со 34 бодови и доминира во лигата со неверојатна офанзивна статистика, а на гостински терен има четири победи и едно реми со импресивна гол-разлика 15:5. Тимот функционира беспрекорно со Kane како клучна фигура со 14 гола, поддржан од Diaz, Olise и Gnabry кои создаваат константен притисок врз секоја одбрана. Победите над Freiburg, Union Berlin и St. Pauli ја покажуваат нивната одлична форма, а единствениот гостински кикс оваа сезона е поразот од Arsenal во Лигата на шампионите. Bayern успева да го контролира ритамот со доминација во средниот ред и брза циркулација на топката, а високата прецизност во завршницата ги прави одлични во напад.

Иако Stuttgart има перфектна домашна серија, квалитетот, ротацијата и офанзивната продуктивност на Bayern се на значително повисоко ниво. Очекуван е натпревар со висок интензитет, но гостите ја носат реалната предност поради индивидуалната класа и колективната стабилност. 1:3


Wolfsburg



Union Berlin

Германија • Bundesliga
📅 06.12
🕐 15:30
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Wolfsburg е на 15то место со 8 бодови и минува низ слаба сезона, а формата на домашен терен е разочарувачка без победи, односно две ремија и четири порази, при што гол-разликата 7:14 потврдува нестабилна дефанзива и недоволна офанзивна ефикасност дома. Иако Amoura е најефикасниот со четири гола, дел од неговите настапи не се доволно поддржани од средниот ред, кој често губи дуели и не успева да креира доволно шанси. Последните порази од Leverkusen и Hoffenheim открија големи празнини меѓу линиите, а ремито со Frankfurt беше ретка светла точка, иако и таму одбраната покажа слабости. Недостасува конзистентност, агресија и организација во преодната фаза. Имаат една победа на последните 13 одиграни меча, односно 9 порази.

Union Berlin е на 11то место со 15 бодови и има далеку поконкурентна сезона, но формата на гостински терен останува нестабилна со две победи и три порази, придружена со гол-разлика 5:9 што ја открива нивната склоност кон дефанзивни грешки на гости. Тимот сепак има појасно дефинирана офанзивна структура, со Ansah и Doekhi со по четири голови, а Burke и Khedira даваат длабочина во нападот. Победата против St. Pauli покажува дека Union знае да казнува тимови со слаба одбрана, додека поразот од Heidenheim ја нагласува борбата со контрола на средниот ред во тешки натпревари. На гости играат со променлив ритам, но генерално делуваат поорганизирано од Wolfsburg.

Union Berlin има поцврста структура, подобра реализација и поголема стабилност, додека Wolfsburg дома е во сериозна криза на резултати и игра. Предноста оди на страната на гостите поради нивната поголема ефикасност, ќе очекуваме најмалку три гола во текот на мечот. 1:3


RB Leipzig



Eintracht Frankfurt

Германија • Bundesliga
📅 06.12
🕐 18:30
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

RB Leipzig е на 2ро место со 26 бодови и ја игра една од најстабилните сезони, а формата на домашен терен е совршена со пет победи од пет натпревари и гол-разлика 12:3, што ја нагласува високата ефикасност и силната дефанзивна организација дома. Тимот функционира одлично преку брзи акции, прецизен пресинг и креативност во играта. Baumgartner со пет гола и Romulo Cardoso со четири се клучните во завршницата, додека Diomande и Ouedraogo ја одржуваат динамиката во средниот ред. Победите над Werder, Stuttgart и Cottbus, како и контролираниот меч против Hoffenheim, покажуваат зрелост и доминација. Leipzig дома игра со огромна самодоверба и ретко дозволува противник да ја диктира играта.

Eintracht Frankfurt е на 7то место со 21 бод и има солидна, но нестабилна сезона, а на гостински терен има три победи, две ремија и само еден пораз со гол-разлика 17:14 што ја истакнува моќната офанзива, но и ранливост во задната линија. Burkardt со осум гола и Uzun со пет гола и четири асистенции се главната закана, а Doan и Bahoya даваат дополнителна брзина и креативност. Frankfurt на гостувања умее да игра храбро, што се гледа во победите против Mainz и Monchengladbach, но исто така знае да се соочи со проблеми кога ќе прими рано гол. Тимот создава многу шанси, но честопати остава премногу простор во транзиција, што е опасно против брзи екипи како Leipzig.

Leipzig има посилна дефанзива, подобар баланс и далеку поконзистентна домашна форма, додека Frankfurt е опасен, но нестабилен. Очекуваме динамичен натпревар во кој ќе има најмалку три гола. 2:1


Hamburger SV



Werder Bremen

Германија • Bundesliga
📅 07.12
🕐 15:30
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Hamburger SV влегува во ова коло како 13-то пласиран тим со 12 бода, при што формата дома им е релативно солидна, 3 победи, едно реми и 2 порази, гол-разлика 9:6. На последниот домашен меч славеа со 2:1 против Stuttgart, што ја крена самодовербата на тимот по претходните два порази. HSV игра офанзивно како дома, често форсира висок пресинг, но прима гол речиси на секој натпревар, што ја покажува нестабилноста во дефанзивата. Philippe, Dompe и Lokonga се играчи кои носат креација, но тимот и понатаму зависи од брзите транзиции. Контролата на мечеви им е проблем, но дома се многу поофанзивни и поконкретни.

Werder Bremen стои нешто подобро на табелата, држејќи го 9тото место со 16 бода и солидна гостинска форма од една победа, 2 ремија и 3 порази, при гол-разлика 8:13. Тимот знае да создава шанси на гостувања, но има сериозни падови во концентрација во одбраната, што често доведува до примени голови во серија. Stage, Mbengue и Schmid даваат најголем дел од офанзивниот придонес. Иако резултатски не се импресивни на гостински терен, Werder игра храбро, со брзи напади и често профитира од грешки на противникот. Одбраната, пак, им е најслабиот сегмент и често попушта под висок притисок.

Двата тима се непредвидливи, но нивните стилови гарантираат офанзивен дуел. HSV дома е постабилен, но Werder има квалитет да постигне гол. 2:1


Dortmund



Hoffenheim

Германија • Bundesliga
📅 07.12
🕐 17:30
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Dortmund е на 3то место со 25 бодови и дома игра стабилно, со пет натпревари без пораз и гол-разлика 9:4. Формата на домашен терен е константна, со три победи и две ремија, а тимот покажува добар интензитет во средината и брза транзиција кон напад. Во последните кола важат за креативен тим, било преку индивидуални акции или организирани напади преку крилата. Guirassy и Adeyemi се во солидна голгетерска форма и носат сериозна закана, додека Brandt придонесува со креативност. Одбраната сепак знае да остави простор, но е доволно стабилна дома за да го контролира темпото.

Hoffenheim е на 5то место со 23 бодови и има извонредна гостинска форма, каде освои 14 поени од можни 18 и постигна дури 14 голови на шест гостувања. Тимот игра агресивно, со брза игра во последната третина и силни индивидуалци кои лесно создаваат шанси. Победите против Augsburg, RB Leipzig и Wolfsburg ја покажуваат нивната офанзивна ефикасност, а и против посилните тимови знаат да бидат конкурентни. Иако примаат голови, Hoffenheim на гостински терен постојано наметнува темпо и ја држи играта далеку од својот гол. Конзистентноста на напаѓачката линија е една од нивните најјаки страни оваа сезона.

Очекуван е динамичен натпревар со контра-напади и отворена игра од двете страни. Dortmund има мала предност поради домашниот терен, но Hoffenheim е еден од најопасните гости во лигата, што ветува неизвесен дуел со повеќе голови. 2:1

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)