Тикет на денот

10 декември 2025


Ravenna



Renate

Италија: Coppa Italia Serie C
📅 10.12.2025
🕐 18:00
💡 Тип:
1 (Победа на Ravenna) — Квота: 1.60
Ravenna е на лидерската позиција во Групата Б, со 41 освоен бод досега. После 17 одиграни меча, само два пати се поразени, 11 пати победиле. Тимот ја гради сезоната врз силна офанзива и цврста дефанзивна структура, постигнујќи 31 гол и примајќи 16, што укажува на стабилност и контрола. Spini, Tenkorang и Luciani се главните носители на напаѓачката сила, создавајќи разновидни решенија во последната третина. Формата на Ravenna е исклучително добра, со серија позитивни резултати, односно 9ет меча без пораз на сите натпреварувања, од кои 7ум победи. На домашен терен тимот покажува зрелост и висок интензитет, со ефикасност во клучните моменти, а само еднаш се поразени откако е започната натпреварувачката сезона.

Renate е дел од Групата А, каде се наоѓа на 10тото место, со 21 освоен бод досега. Тимот има променлива сезона, постигнувајќи 15 гола и примајќи 18, што ја отсликува нестабилната дефанзивна поставеност. Karlsson, Anelli и Delcarro се најистакнатите поединци, но нивниот учинок не е доволен за да донесе конзистентност. Формата е променлива, со неколку позитивни моменти, но и чест пад на интензитетот во завршницата. На гостински терен Renate покажува солидна борбеност, но ограничена ефикасност, со резултати што укажуваат на недостиг на контрола против тактички дисциплинирани домаќини. Нивната игра често зависи од индивидуални решенија.

Ravenna влегува како јасен фаворит благодарение на стабилната форма, подобрата ефикасност и силната игра дома, додека Renate останува непредвидлив и често недоволно организиран. Очекуваме домаќинот да го гледаме во полуфиналето од купот.


Dortmund



Bodo/Glimt

Европа: Champions League
📅 10.12.2025
🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Dortmund) — Квота: 1.30
Dortmund на 6тото место, со 10 освоени бодови досега. Тимот игра офанзивно и стабилно, со 17ет постигнати, а 11ет примени гола, што говори за силен напад предводен од Guirassy и Nmecha, но и умерено пропустлива одбрана. Формата на домашен терен е одлична, две победи, на два одиграни меча и 8ум постигнати и само еден примен гол, односно две убедливи победи. Dortmund доминира со висок пресинг, брзи транзиции, што го прави исклучително опасен на домашен терен. Нивната тековна форма е позитивна, со неколку силни настапи во Бундеслигата и на ова натпреварување.

Bodo/Glimt на 32то место, со само два освоени бодови. Норвежаните имаат вкупна гол-разлика 7:11, што покажува добар напад, но многу ранлива одбрана. На гостински терен се особено слаби, само три постигнати и пет примени гола и се уште без победа. И покрај добрата форма во лигата, на ова натпреварување играат значително полошо. Главни носители на играта се Fet и Hauge, но тимот има проблем со задржување на интензитетот и често паѓа во вториот дел. Недостасува стабилност во фаза на дефанзива, што против тим како Dortmund е сериозен недостаток.

Ова изгледа како натпревар во кој Dortmund комплетно ќе го диктира темпото, додека Bodo/Glimt тешко ќе се спротивстави на гостински терен. Очекуваме целосна доминација и дополнителни три бода за домашниот тим.


Club Brugge KV



Arsenal

Европа: Champions League
📅 10.12.2025
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Arsenal) — Квота: 1.30
Club Brugge KV на 26тото место, со 4 освоени бодови досега. Тимот игра променливо и иако офанзивно има моменти на ефикасност, севкупно сезоната им носи 8 постигнати и 13 примени голови, што ја открива ранливоста во дефанзивата. Клучните играчи како Forbs и Tresoldi придонесуваат стабилно, но недостатокот на конзистентност често ги чини бодови. На домашен терен формата е солидна, со 7:4 гол-разлика и четири бода од две средби, каде тимот изгледа поорганизиран и поагресивен во транзиција. Играат директен фудбал, но имаат проблеми против физички подготвени ривали кои вршат висок пресинг.

Arsenal на лидерската позиција, со максимални 15 освоени бодови. Тимот е во одлична форма оваа сезона, како на ова натпреварување, така и во Премиер Лигата. Имаат моќна офанзива, 14 постигнати и само 1 примен гол, што сведочи за речиси совршен баланс. Квалитетот на Martinelli, Saka и Gyökeres дава константна закана по противничките одбрани, додека контролата на средината е нивна најсилна страна. На гостински терен се максимални, со две победи и гол-разлика 5:0, демонстрирајќи зрелост и сигурност во играта. Екипата е дисциплинирана тактички, со голем интензитет и брзи вертикални напади кои ретко им дозволуваат на противниците да се стабилизираат.

Arsenal делува значително поквалитетно и поконзистентно од домаќинот, кој тешко држи чекор со врвни тимови. Очекуваме контрола на гостинска екипа и да продолжат во победничка форма.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)