Конференциска лига прогнози
Breidablik
–
Shamrock Rovers
Breidablik моментално е во променлива форма, со резултати кои покажуваат дека тимот има проблем со конзистентност. Се наоѓаат на 32-то место со само два освоени бода досега. На ова натпреварување сè уште немаат победа, два ремија и два порази, со гол-разлика 2:7, што покажува дека напаѓачкиот дел е ограничен, а дефанзивно се премногу ранливи. На домашен терен традиционално играат поофанзивно, но резултатите не го потврдуваат тоа, примаат лесни голови, често паѓаат во вториот дел од натпреварот и имаат потешкотии против физички посилни и организирани екипи. Единствени светли точки се Ingvarsson и Kristinson, кои успеале да запишат по еден гол, но генерално тимот има проблем со креативност и ефикасност.
Shamrock Rovers се на предпоследната 35-та позиција со само еден освоен бод досега, иако во слаба европска форма, изгледаат нешто поорганизирани и во подобар ритам во последните неколку натпревари. Имаат гол-разлика 3:9, што ја покажува нивната дефанзивна нестабилност, но барем напаѓачкиот дел има повеќе конкретност со тоа што создаваат повеќе шанси. Burke, Malley и Mandroiu се стрелци во групната фаза. Во домашното првенство имаат континуитет и подобра резултатска линија, што им дава психолошка предност. На гостински терен исто така имаат проблеми, но играат поагресивно од Breidablik.
Samsunspor
–
AEK Athens
Samsunspor моментално е во силна натпреварувачка форма и со 10 бодови се наоѓаат на врвот на табелата во групната фаза. Тимот игра организирано, со балансиран пристап и исклучително високо ниво на дисциплина во дефанзива, само 2 примени гола во 4 натпревари, што е најдобар дефанзивен учинок во групата. На домашен терен се силни и стабилни, гол-разлика 6:0, две убедливи победи и без примени голови. Нападот добро функционира, предводен од Marius, кој е во исклучителна форма, поддржан од Holse и Musaba, кои додаваат брзина и креативност. Формата е константна, со минимални падови и со продолжена серија на позитивни резултати.
AEK Athens, од друга страна, е солидна екипа, но нешто полабилна и нестабилна на европските настапи. Со само 7 бодови и гол-разлика 9:4, тимот покажува дека знае да постигнува голови, но често дозволува противникот да го контролира темпото. На гостински терен играат променливо, една победа и еден пораз, со тенденција да примаат голови во клучни моменти. Носители на офанзивата се Kutesa, Koita и Jovic, но тимот често се мачи со реализација под притисок и губи интензитет во второ полувреме. Иако формата во лигата е стабилна, во Европа покажуваат премногу осцилации.
Aberdeen
–
Strasbourg
Aberdeen е на 33-тото место со само два освоени бода досега, и влегува во овој натпревар со слаба форма и многу ограничен учинок во европската кампања. Со само 1 бод и гол-разлика 3:10, тимот јасно се мачи да најде стабилност во двата правци. Иако резултатите во домашното првенство се подобрени, по неколку солидни настапи и победа против Dundee, на ова натпреварување Aberdeen изгледа безидејно во клучни моменти. Нападот создава мал број шанси, а најголем проблем е нестабилната дефанзива, која лесно дозволува простори. Devlin, Karlsson и Nisbet се единствените стрелци досега, што доволно говори за ограничената офанзивна продукција. Домашниот терен носи мала предност, но не доволна за сериозен пресврт.
Strasbourg е на втората позиција со 10 бодови, со ист број на бодови како и првиот Samsunspor и игра далеку поконзистентно оваа сезона. Тимот има 10 бодови во групата, со одлична гол-разлика 7:4 и силни партии на гостински терен, две победи од два натпревари. Формата во Лига 1 е променлива, но на ова натпреварување делуваат организирано и тактички зрело. Strasbourg има брза транзиција и квалитетни индивидуалци како Godo, Enciso и El Mourabet, кои креираат континуирана опасност. Тимот знае да игра компактно, да чека моменти и да ја казнува секоја грешка на противникот. Во споредба со Aberdeen, Французите изгледаат поквалитетно, поагресивно и со поголема завршница во последната третина.
Lech Poznan
–
Mainz
Lech Poznan е на 16-тото место, со 6 освоени бода досега. Влегува во овој натпревар со стабилна форма и солидни резултати во последните натпревари. На ова натпреварување, после четири одиграни меча, има остварено две победи и двапати е поразен. Тимот игра цврсто на домашен терен и од два меча има две победи, со гол-разлика 6:1, што јасно покажува колку силно функционираат пред својата публика. Играта им е организирана, со брзи транзиции и силни крилни напади. Palma, Ishak и Ismaheel се носители на офанзивата и заедно имаат постигнато значаен дел од головите. Во домашната лига исто така се во подем, со неколку позитивни резултати по ред. Тимот дефанзивно делува стабилно, а во нападот создаваат доста шанси, што им дава сериозна предност пред овој дуел.
Mainz доаѓа со многу послаба моментална форма, порази во повеќето од последните натпревари, а одбраната изгледа нервозно и нестабилно. Се наоѓаат на 5-тата позиција со 9 бодови, односно после четири меча имаат остварено две победи и две ремија. На гостински терен имаат победа и пораз, а тимот има само еден постигнат и еден примен гол во два меча на гостински терен, што укажува дека тешко создаваат прилики и уште потешко реализираат. Иако поседуваат индивидуален квалитет преку играчи како Lee Jae-Sung и Amiri, целокупната игра е премногу променлива и без јасен ритам. Последните резултати во Бундеслигата дополнително го покажуваат падот во формата, порази и многу примени голови.
SK Rapid
–
Omonia
SK Rapid е на последното 36-то место и моментално ја има една од најслабите форми во натпреварувањето, со резултати што укажуваат на сериозна неконзистентност и тактички проблеми. После четири одиграни меча имаат четири порази и загрижувачка гол-разлика 2:12. Нападот е неефикасен, создава малку конкретни акции, а дефанзивата е најкритична, примаат голови лесно и често губат организација уште во првиот дел. На домашен терен немаат вистинска предност, со три последователни порази, од кои два меча од лигата, и со слаба организација во средината на теренот. Единствените позитивни моменти се индивидуалните голгетерски обиди на Antiste и Radulovic, но тие се премалку за да ја поправат целокупната слика.
Omonia се наоѓа во многу подобра состојба од својот ривал и со пет освоени бодови е на 21-то место. Екипата има балансирана гол-разлика 4:3 и покажува поорганизирана игра од SK Rapid. Во домашното првенство се во солиден ритам, што им дава дополнителна самодоверба. На гостински натпревари Omonia игра компактно, дефанзивно стабилно и чека моменти за брза транзиција. Клучни имиња во офанзивата се Neofytou, Masouras и Semedo, кои носат повеќе динамика и конкретност од противничките офанзивни линии. Екипата ретко паѓа под притисок и знае да го контролира темпото против послаби дефанзиви. После четири одиграни меча на ова натпреварување имаат еден пораз, две ремија и една победа.










