Бундеслига прогнози

19 – 21 Декември 2025


Dortmund



B. Monchengladbach

Германија • Bundesliga
📅 19.12
🕐 20:30
💡 Тип:
1 (Победа на Dortmund)

Borussia Dortmund е на 3-то место, со 29 освоени бодови досега, со ист број бодови како и 2-от RB Leipzig. Тимот има стабилна сезона со изразен офанзивен пристап и висок интензитет, но повремено остава простор во дефанзивната транзиција. Имаат 24 постигнати и 12 примени голови, што укажува на квалитетен напад и солидна, но не секогаш константна одбрана. Guirassy и Adeyemi се главни офанзивни адути со брзина и директност, додека Brandt носи креативност и контрола во средниот ред. Формата е променлива, без пораз во последните 5 меча во лигата, од кои две победи, но генерално тимот изгледа конкурентно. На домашен терен имаат одиграно 6 натпревари и не се поразени, односно 4 победи и две ремија, со гол-разлика 11:4, што покажува сигурност и доминација пред својата публика.

B. Monchengladbach е на 11-то место, со 16 освоени бодови досега. Немаат пораз 5 последователни меча, а минатото коло беа поразени од Wolfsburg на домашен терен. Тимот има нестабилна сезона со чести осцилации во резултатите и проблеми во дефанзивната организација. Имаат 18 постигнати и 24 примени голови, што ја потенцира ранливоста во одбраната. Tabakovic е клучниот голгетер, додека Machino и Diks придонесуваат во транзиција, но без доволен континуитет. Силна страна е брзата игра при контри, а слабост позиционата одбрана под притисок. На гостински терен имаат 6 одиграни меча со 3 победи, едно реми и два порази и гол-разлика 10:5, што покажува дека можат да бидат опасни, но тешко одржуваат стабилност против тимови од врвот.

Dortmund има јасна предност поради формата, квалитетот и силниот домашен учинок. B. Monchengladbach може да се закани преку контри, но доколку домаќинот наметне темпо и рана контрола, разликата во класа треба да биде пресудна. 3:1


Augsburg



Werder Bremen

Германија • Bundesliga
📅 20.12
🕐 15:30
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Augsburg е на 15-то место, со 13 освоени бодови досега, веднаш над зоната на испаѓање. Тимот има тешка и нестабилна сезона, со изразени проблеми во конзистентноста и контролата на натпреварите. Augsburg има постигнато 17 и примено 28 голови, што јасно укажува на дефанзивни слабости и чест пад на концентрацијата, особено против тимови што играат со висок интензитет. Rieder и Giannoulis се најконкретни во офанзива, додека Komur и Kade даваат поддршка, но без континуитет. Играта најчесто се базира на директни напади и дуели, без долги фази на посед. Формата е променлива, со ретки позитивни серии. На домашен терен имаат 7 одиграни натпревари со 3 победи и 4 порази, и гол-разлика 9:15, што покажува дека ни дома не успеваат да изградат стабилност.

Werder Bremen е на 12-то место, со 16 освоени бодови досега. Тимот исто така минува низ неконзистентна сезона; немаат победa веќе 4 меча во лигата, од кои три порази, но во одредени периоди покажува солидна организација и дисциплина. Werder Bremen има 18 постигнати и 28 примени голови, што укажува на ранлива дефанзива, особено под притисок. Stage е главна закана од средниот ред, додека Mbangula и Njinmah носат брзина и директност во транзиција. Силна страна е агресивниот пристап во средината на теренот, но слабост останува дефанзивната линија при брзи напади. На гостински терен имаат 7 одиграни меча со една победа, две ремија и 4 порази и гол-разлика 10:16, што покажува проблеми со стабилноста надвор од својот стадион.

Натпреварот најавува израмнета борба помеѓу два тима со слична форма и дефанзивни проблеми. Augsburg ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен, додека Werder Bremen ќе бара шанса преку транзиција, што може да донесе отворен и неизвесен меч. 2:2


FC Koln



Union Berlin

Германија • Bundesliga
📅 20.12
🕐 15:30
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

FC Koln е на 10-то место, со 16 освоени бодови досега. Тимот игра сезона со многу осцилации и недоволна резултатска стабилност. Немаат победа веќе 5 меча, од кои три порази, и имаат постигнато 22 и примено 23 голови, што укажува на отворен стил и чести дефанзивни пропусти, особено при брзи напади. El Mala е најконкретниот офанзивец со добра завршница, додека Kaminski и Bulter носат енергија и агресија од втор план. Waldeschmidt има улога во поврзувањето на линиите, но тимот често губи контрола во средината. Формата е нестабилна и на секој од последните 8 одиграни меча примиле најмалку еден гол. На домашен терен имаат одиграно 6 натпревари со две победи, две ремија и два порази и гол-разлика 14:10, што покажува солидна, но не и доминантна игра.

Union Berlin е на 8-мо место, со 18 освоени бодови досега. Тимот има резултатска нестабилност, но во одредени периоди покажува цврстина и тактичка дисциплина. Union Berlin има 19 постигнати и 23 примени голови, што укажува на ограничена офанзива и ранливост кога мора да игра поотворено. Arslan и Burke се главни закани по крилните позиции, додека Dehki и Khedira носат баланс и креативност во средниот ред. Силна страна е компактната формација, а слабост создавањето шанси против добро поставена одбрана. На гостински терен имаат 6 одиграни меча со две победи и 4 порази и гол-разлика 6:12, што покажува проблеми со стабилноста на гостински терен. Врзаа три последователни порази, но минатото коло успеаа да го совладаат RB Leipzig.

FC Koln ќе се обиде да ја искористи домашната поддршка и поотворениот пристап, додека Union Berlin ќе игра поорганизирано и ќе чека шанса од контра. Гостинот игра ефикасни натпревари, па ќе очекуваме најмалку три гола на овој натпревар. 1:2


Hamburger SV



Eintracht Frankfurt

Германија • Bundesliga
📅 20.12
🕐 15:30
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Hamburger SV е на 14-то место, со 15 освоени бодови досега. Тимот има променлива сезона со проблеми во континуитетот, иако повремено знае да одигра дисциплинирано, особено на домашен терен. Имаат постигнато 15 и примено 24 голови, што укажува на ограничена офанзива и дефанзивни слабости кога се под постојан притисок. Philippe е најконкретен во нападот, додека Lokonga и Dompe носат динамика и продорност по крилата. Vuskovic има важна улога во средниот ред, но тимот често паѓа во завршниците. Играта се базира на директни напади и физички дуели. На домашен терен имаат 7 одиграни натпревари со 4 победи, едно реми и два порази и гол-разлика 12:8, што покажува дека дома изгледаат поцврсто и поорганизирано.

Eintracht Frankfurt е на 7-мо место, со 24 освоени бодови досега и сѐ уште се бори да обезбеди место помеѓу најдобрите 6 во лигата. Тимот игра солидна сезона со јасен тактички идентитет, но формата е нестабилна поради густ распоред и европски обврски. Eintracht Frankfurt има постигнато 29 и примено исто толку голови, што укажува на офанзивен пристап, но и сериозни дефанзивни осцилации. Burkardt е главна голгетерска закана, со поддршка од Uzun и Doan, кои носат креативност и брзина. Bahoya додава енергија во транзиција. Силна страна е напаѓачката разновидност, додека слабост останува одбраната при брзи напади. На гостински терен имаат 7 одиграни меча со три победи, две ремија и два порази и гол-разлика 17:20, што покажува дека често играат отворени натпревари на гостински терен.

Eintracht има предност во квалитет и офанзивен потенцијал, но Hamburger SV може да биде конкурентен дома преку дисциплина и физичка игра. Натпреварот најавува отворен тек со шанси на двете страни, каде деталите ќе бидат клучни. 1:2


Stuttgart



Hoffenheim

Германија • Bundesliga
📅 20.12
🕐 15:30
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Stuttgart е на 6-то место, со 25 освоени бодови досега и само еден бод помалку од денешниот противник. Тимот има многу добра сезона со изразен офанзивен идентитет и висок интензитет во играта. Stuttgart има постигнато 25 и примено 22 голови, што укажува на напаѓачки ориентиран тим, но и одредени дефанзивни ризици кога линиите се високо поставени. Undav е прв стрелец и клучна фигура во завршницата, додека Guirassy и Demirovic носат дополнителна поддршка и вршат притисок врз противничката одбрана. Тимот игра со брз проток на топка и агресивен пресинг. Формата е позитивна со неколку победи во последните кола. На домашен терен имаат одиграно 6 натпревари со 5 победи и 1 пораз, гол-разлика 9:8, што покажува ефикасност и самодоверба пред својата публика.

Hoffenheim е на 5-то место, со 26 освоени бодови досега. Тимот игра солидна и конкурентна сезона со добра офанзивна поставеност, но со повремени осцилации во одбраната. Hoffenheim има 29 постигнати и 20 примени голови, што ја нагласува нивната офанзивна моќ. Asllani и Promel се важни во организацијата и завршницата, додека Lemperele и Burger носат длабочина и динамика. Силна страна е варијабилниот напад и транзицијата, а слабост оставањето простор зад последната линија. По 14 одиграни меча имаат остварено победи. На гостински терен имаат 7 одиграни меча со 4 победи, две ремија и само еден пораз и гол-разлика 14:9, што покажува стабилност и резултатска зрелост на гостински терен.

Натпреварот најавува отворена и динамична игра меѓу два офанзивно ориентирани тима. Stuttgart ќе се потпре на силниот домашен настап и темпото, додека Hoffenheim има квалитет да одговори преку транзиција и разновиден напад, што најавува голови и неизвесност. 2:2


Wolfsburg



Freiburg

Германија • Bundesliga
📅 20.12
🕐 15:30
💡 Тип:
1X (Wolfsburg да не загуби)

Wolfsburg е на 13-то место, со 15 освоени бодови досега. Тимот има големи проблеми со стабилноста, но понекогаш успева да ги искористи шансите кога има контрола. Во последниот период играат во подобра форма и имаат три натпревари без пораз, од кои две победи. Имаат постигнато 20 и примено 24 голови, што покажува дека имаат напаѓачки потенцијал, но и пропусти во одбраната кои често ги чинат пропуштени бодови. Amoura и Wimmer се главните играчи во нападот, додека Majer додава креативност. На домашен терен имаат 7 одиграни натпревари со една победа, две ремија и 4 порази, што покажува дека не успеваат да изградат вистинска стабилност и контрола на натпреварите.

Freiburg е на 9-то место, со 17 освоени бодови досега. Тимот игра солидна сезона, но во последните натпревари не успева да се наметне, особено кога игра на гостински терен. Freiburg има постигнато 21 и примено 23 голови, што укажува на добар баланс помеѓу напад и одбрана. Grifo и Manzambi се главни играчи во нападот и играат важна улога во создавањето шанси и завршувањето. Клучниот проблем е нивната нестабилност на гостински терен. На гостински терен имаат 7 одиграни меча и оствариле само една победа, двапати ремизирале и 4 пати се поразени, и имаат гол-разлика 7:14, што покажува дека тимот има проблеми во одржувањето на темпото и контролата.

Очекуваме Wolfsburg да ја искористи слабата форма на Freiburg на гостински терен, но Freiburg ќе се обиде да го задржи својот балансиран пристап и ќе побара можност преку контра-напади. Сепак, предност за победа му даваме на домашниот тим. 1:1


RB Leipzig



Bayer Leverkusen

Германија • Bundesliga
📅 20.12
🕐 18:30
💡 Тип:
4+ (4 или повеќе голови)

RB Leipzig е на второто место, со 29 освоени бодови досега, со ист број бодови како и третиот Dortmund. Тимот игра солидна сезона со одлична офанзивна продукција и стабилност во одбраната. RB Leipzig има постигнато 29 и примено 16 голови, што ја покажува нивната моќ во нападот, но и добра организација во одбраната. Baumgartner и Diamande се клучни играчи во нападот, додека Romulo Cardoso игра важна улога во асистенцијата и контролата на топката. Тимот доминира на домашен терен и ја искористува својата брзина и физичка агресивност. На домашен терен имаат одиграно 6 натпревари и победиле на секој од овие натпревари и имаат импресивна гол-разлика од 18:3, што го прави најдобриот тим на домашен терен во лигата.

Bayer Leverkusen е на 4-то место, со 26 освоени бодови досега, три бода помалку од денешниот противник. Тимот игра солидно оваа сезона со одличен напад, но понекогаш има проблеми со стабилноста во одбраната. Bayer Leverkusen има постигнато 30 и примено 19 голови, што ја нагласува нивната напаѓачка способност. Schick и Grimaldo се најопасни во нападот, додека Poku додава сила и физичка присутност во средината. Меѓутоа, нивната игра на гостински терен не е толку стабилна. На гостински терен имаат 7 одиграни меча со три победи, едно реми и два порази и гол-разлика 12:13, што покажува нестабилност во некои натпревари.

RB Leipzig е фаворит во овој натпревар, бидејќи играат на домашен терен со висок интензитет, додека Bayer Leverkusen ќе се обиде да одговори со брзи контра-напади. На секој од последните 4 меѓусебни натпревари имало најмалку 4 гола, па очекуваме исто сценарио и на овој натпревар. 3:2


Mainz



St. Pauli

Германија • Bundesliga
📅 21.12
🕐 15:30
💡 Тип:
X (Нерешено)

Mainz е на 18-то, последно место, со само 7 освоени бодови досега. Тимот има многу тешка сезона и е закован на дното на табелата, со сериозни проблеми во двата правци. Имаат постигнато 13 и примено 26 голови, што јасно ја отсликува слабата офанзивна ефикасност и честите дефанзивни пропусти. Amiri е најкреативниот играч во средниот ред и главен носител на играта, додека Lee Jae-Sung и Sieb се обидуваат да дадат импулс во нападот, но без доволен континуитет. Тимот најчесто игра претпазливо, со фокус на дефанзивата, но често прима голови поради индивидуални грешки. Формата е лоша и немаат победа веќе 7 меча, вклучувајќи и два натпревари од конференциската лига. На домашен терен има 7 одиграни натпревари без победа, односно две ремија и 5 порази и гол-разлика 5:11, што покажува дека ни дома не успеваат да воспостават контрола.

St. Pauli е на 16-то место, со 11 освоени бодови досега, во зоната на испаѓање, и 4 бода повеќе од денешниот противник. Имаат нестабилна сезона со чести резултатски падови. St. Pauli има постигнато 13 и примено 26 голови, идентичен биланс како домаќинот, што укажува на ограничена офанзива и ранлива одбрана. Hountondji е најопасната офанзивна опција со конкретен учинок, додека Sinani и Kaars носат движење и притисок во последната третина. Силна страна е борбеноста и агресивниот пристап, но слабост е недостигот од квалитет во завршницата. На гостински терен имаат 7 одиграни меча со една победа, едно реми и пет порази и гол-разлика 5:11, што покажува сериозни проблеми надвор од својот стадион.

Дуелот најавува директна борба за опстанок меѓу два тима со речиси идентични слабости. Mainz ќе се обиде да ја искористи домашната предност, додека St. Pauli ќе игра трпеливо и ќе бара шанса преку борбеност и транзиција, што може да донесе затворен и неизвесен меч. 1:1


Heidenheim



Bayern Munich

Германија • Bundesliga
📅 21.12
🕐 17:30
💡 Тип:
2 & T2 2+ (Победа на Bayern & 2 или повеќе голови)

Heidenheim е на 17-то, предпоследно место, со 11 освоени бодови досега. Тимот игра слаба сезона и се наоѓа во зоната за испаѓање, со сериозни проблеми во дефанзивната организација и континуитетот во играта. Heidenheim има постигнато 13 и примено 30 голови, што јасно ја отсликува ранливоста во одбраната и тешкотијата да се одговори на посилен притисок. Schimmer е најконкретен во нападот, додека Conteh и Föhrenbach се обидуваат да донесат енергија по страните, но без доволна поддршка. Играта најчесто е директна и борбена, со фокус на дуели и прекини. Формата е нестабилна со чести порази, иако во последниот период покажуваат подобра офанзива. На домашен терен имаат 7 одиграни натпревари со две победи, две ремија и три порази и гол-разлика 8:13, што покажува дека ни дома не успеваат да бидат доволно сигурни.

Bayern Munich е на првото место, со 38 освоени бодови досега и веќе 9 бода повеќе од RB Leipzig и Dortmund. Тимот доминира во лигата со исклучителна офанзивна моќ и високо ниво на константност. Имаат постигнато 51 и примено само 11 голови, што го прави најсилниот напад и една од најцврстите одбрани во Бундеслигата. Kane е апсолутен лидер и најдобар стрелец, со огромно влијание во завршницата, додека Diaz и Olise носат брзина, креативност и асистенции од втор план. Тимот игра со висок посед, агресивен пресинг и голем интензитет. На гостински терен имаат 6 одиграни меча со пет победи и едно реми, и гол-разлика 20:5, што покажува целосна контрола и зрелост и надвор од својот стадион. Оваа сезона сѐ уште не се поразени и по 14 одиграни меча 12 пати победиле и двапати ремизирале.

Разликата во квалитет, форма и самодоверба е огромна. Heidenheim ќе се обиде да се брани длабоко и да ја забави играта, но тешко дека ќе одолее на континуираниот притисок и индивидуалниот квалитет на Bayern Munich. 0:3

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)