
Дневни Фудбалски Анализи
Bristol City
–
Middlesbrough
Middlesbrough доаѓа во одличен момент и со јасна офанзивна структура која функционира и на гостински терен. Се наоѓаат на 2-то место со 42 бода и тимот има постигнато 33 гола досега и покажува стабилност во креирањето шанси, без разлика на противникот. Напаѓачката линија е предводена од Whittaker, кој е постојана закана за противниците со 8 постигнати гола досега, додека Hackney и Conway обезбедуваат динамика, темпо и поддршка од втор план. Ретко играат дефанзивно и играат со висок пресинг во одредени фази од мечот. Таквиот пристап често резултира со отворени мечеви, особено против тимови кои не се дефанзивно дисциплинирани. Имаат 4 последователни победи, а на секој од последните 5 одиграни натпревари имало најмалку три гола.
Paralimni
–
Chloraka
Chloraka влегува во овој натпревар со значително поголема стабилност. Се наоѓаат на 8-то место со 16 бодови, позиционирани во средината на табелата. Нападот функционира солидно, со 16 постигнати голови, а стилот на игра е прилагоден за искористување на слабости какви што ги има денешниот противник. Chatzivasiliadis е клучна фигура во завршницата, со добра реализација, односно 4 постигнати гола досега, додека Romo и Athanasiou носат динамика и директност во нападот. Знаат да играат трпеливо и постепено да го зголемуваат притисокот, што често резултира со голови во второто полувреме. На гостински терен тимот има солиден биланс од две победи, две ремија и три порази и очекуваме да ја оправдаат фаворитската улога.
Oss
–
De Graafschap
De Graafschap влегува во овој натпревар како еден од најстабилните тимови во лигата и кандидат за промоција. Досега имаат обезбедено 34 бода и се наоѓаат на третото место на табелата; тимот покажува јасна тактичка дисциплина, баланс меѓу напад и одбрана и способност да контролира темпо. Нападот е ефикасен и разновиден, со Boersma и Nmeijer како клучни офанзивни фигури, поддржани од организирана средина и сигурна дефанзива. Особено импресивен е гостинскиот учинок, каде по 10 одиграни меча имаат остварено 5 победи, две ремија и трипати се поразени. Формата е конзистентна, со серија победи кои ја зголемуваат самодовербата и ја нагласуваат разликата во квалитет во однос на денешниот противник.
Beveren
–
Beerschot VA
Beerschot VA, иако е исто така високо позициониран, односно се наоѓаат на третото место со 33 освоени бода, има пад на формата и има низа од три порази, односно 4 вклучувајќи и еден натпревар од купот. На гостински терен имаат одиграно 8 меча, од кои 6 победи, едно реми и еден пораз. Тимот има офанзивен потенцијал, но прави грешки во одбраната, особено кога е под константен притисок. Во последните натпревари се забележува пад во дефанзивната организација и проблеми со контрола на ритамот, што против екипа како Beveren може да биде клучно. Иако Vula и van La Parra знаат да бидат опасни, тешко одржуваат стабилност во текот на сите 90 минути, особено кога противникот наметнува темпо.










