
Англија Премиер Лига Прогнози
Manchester Utd
–
Newcastle
Manchester United се наоѓа на 7-то место на табелата со 26 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари имаат 7 победи, пет ремија и пет порази, со гол-разлика 31:28, што јасно укажува на нестабилна форма и недостиг на конзистентност. Офанзивно знаат да бидат опасни и продуктивни, но дефанзивата често остава простор и дозволува лесни голови. Bruno Fernandes е главен креатор и лидер во средниот ред, додека Mbemo е најефикасен стрелец, а Casemiro носи искуство и има постигнато 4 гола досега. На домашен терен играат солидно, но не доминантно: по 8 одиграни меча имаат 4 победи и по две ремија и порази. Стилот се темели на посед и индивидуален квалитет, со обиди за брзи напади, но без целосна контрола на ритамот.
Newcastle се наоѓа на 11-то место со 23 освоени бодови по 17 одиграни натпревари, со учинок од 6 победи, пет ремија и 6 порази и гол-разлика 23:22. Формата е променлива, со значително послаби настапи на гостински терен, каде по 8 одиграни меча имаат остварено една победа, трипати имаат ремизирано и 4 пати се поразени. Офанзивно тимот создава многу шанси, но дефанзивно знае да попушти под притисок. Bruno Guimaraes е клучен за контролата на средината и има постигнато 5 гола досега, додека Woltemade, Gordon и Barnes се најсилните офанзивни закани. Стилот на игра се базира на висок пресинг, физички дуели и брзи транзиции, со отворен пристап кон натпреварите. Играат ефикасни натпревари и на 9 од последните 10 одиграни меча имало најмалку три гола.
Nottingham
–
Manchester City
Nottingham се наоѓа на 17-то место со 18 освоени бодови, веднаш над зоната на испаѓање. По 16 одиграни натпревари имаат пет победи, три ремија и 8 порази, со гол-разлика 17:25, што укажува на борба за опстанок и нестабилна форма. Иако резултатски се неконзистентни, во последниот период покажуваат знаци на подобрување, особено на домашен терен. Офанзивно тимот не создава голем број шанси, но знае да биде ефикасен кога ќе добие простор, додека дефанзивата често попушта под континуиран притисок. Gibbs-White е главен креатор и најважен играч во средниот ред, Hudson-Odoi и Sangare носат брзина и баланс во средниот ред. На домашен терен имаат три победи, едно реми и 4 порази со гол-разлика 11:13, што покажува дека се поопасни пред својата публика. Стилот е претпазлив, со фокус на компактна одбрана и обиди за брзи контри.
Manchester City се наоѓа на 2-ро место со 37 освоени бодови и е во директна трка за титулата, со оглед на тоа дека имаат само два бода помалку од првиот на табелата, Arsenal. По 17 кола имаат 12 победи, едно реми и 4 порази, со импресивна гол-разлика 41:16 и одлична форма. Офанзивно се убедливо најквалитетниот тим во лигата, со постојан притисок и голем број создадени шанси, додека дефанзивата е стабилна и дисциплинирана. Haaland е прв стрелец во лигата и досега има постигнато 19 гола, Foden нуди креативност и движење меѓу линиите, а Reijnders носи контрола и темпо од средината. На гостински терен имаат 4 победи, едно реми и три порази со гол-разлика 16:10, што покажува дека знаат да доминираат и на гостински терен. Стилот е базиран на целосна контрола преку посед, висок пресинг и тактичка супериорност.
Arsenal
–
Brighton
Arsenal се наоѓа на првото место со 39 освоени бодови и е во одлична позиција да дојде до титулата оваа сезона. По 17 одиграни натпревари имаат 12 победи, три ремија и два порази, со гол-разлика 31:10, што ја потврдува нивната стабилност и контрола на играта. Формата е одлична, со серија победи и сигурни настапи. Офанзивно тимот е ефикасен и разновиден, додека дефанзивата е најцврста во лигата и ретко дозволува шанси. Saka и Trossard носат креативност и продор, Gyokeres е константна закана во завршницата, а Eze придонесува со интелигентно движење меѓу линиите. На домашен терен Arsenal има 7 победи и реми по 8 натпревари со гол-разлика 20:3, што јасно покажува доминација. Стилот се базира на висок пресинг, контрола преку посед и дисциплинирана тактичка поставеност.
Brighton се наоѓа на 9-то место со 24 освоени бодови по 17 кола и досега има остварено 6 победи, 6 ремија и пет порази и гол-разлика 25:23. Формата е променлива, со добри настапи на домашен терен, но со проблеми на гостувањата. Офанзивно тимот знае да биде креативен и опасен, но недостасува конзистентност во реализацијата, додека дефанзивата често дозволува простор против поквалитетни противници. Welbeck е најдобар стрелец досега, но е надвор од теренот поради повреда, Van Hecke придонесува од прекини, а De Cuyper носи енергија по левата страна. На гости имаат две победи, две ремија и 4 порази со гол-разлика 9:12, што укажува на пад во стабилноста надвор од својот стадион. Стилот на игра е базиран на посед, техничка игра и градење напади од задната линија.
Brentford
–
Bournemouth
Brentford се наоѓа на 12-то место со 23 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари имаат 7 победи, две ремија и 8 порази, со гол-разлика 24:25, што покажува резултатска нестабилност, но и способност да бидат конкурентни. Формата е променлива, со важни победи дома, но и порази против посилни противници. Офанзивно тимот игра директно и знае да биде опасен, додека дефанзивата не секогаш е конзистентна и често прима голови. Thiago е најистакнат стрелец и главна офанзивна сила со 11 постигнати голови досега, Ouattara носи брзина и продор, а Schade дава енергија во средниот ред. На домашен терен имаат пет победи, две ремија и само еден пораз по 8 меча, со гол-разлика 16:9, што ја нагласува нивната цврстина пред својата публика. Стилот се темели на физичка игра, брзи напади и користење на прекини.
Bournemouth се наоѓа на 15-то место со 22 освоени бодови по 17 одиграни натпревари, со учинок од пет победи, 7 ремија и пет порази и гол-разлика 26:29. Формата е нестабилна, веќе 8 натпревари се без победа, а ремизираа во последните три кола. Офанзивно имаат солиден потенцијал и знаат да постигнуваат голови, но дефанзивно дозволуваат премногу простор, особено на гостински терен. Semenyo е најопасен во нападот, Kroupi додава брзина во офанзивата, а Tavernier придонесува со креативност од втор план. На гости имаат една победа, три ремија и 4 порази по 8 натпревари, со гол-разлика 15:23, што укажува на сериозни дефанзивни проблеми. Стилот на игра е отворен и офанзивен, со обиди за брзи транзиции, но често без доволна рамнотежа.
Burnley
–
Everton
Burnley се наоѓа на 19-тото, предпоследно место со 11 освоени бодови и е во сериозна борба за опстанок. По 17 одиграни натпревари имаат три победи, две ремија и 12 порази, со гол-разлика 19:34, што јасно ги отсликува нивните проблеми низ целата сезона. Формата е многу слаба, со серија негативни резултати и малку позитивни моменти, односно немаат победа веќе 8 меча, од кои 7 порази. Офанзивно тешко создаваат шанси и ретко се ефикасни, додека дефанзивата е една од најранливите во лигата и често попушта под континуиран притисок. Flemming е најистакнат стрелец, а Uguchukwu има улога во средниот ред, но без доволно влијание. На домашен терен имаат две победи, едно реми и пет порази со гол-разлика 7:10, што покажува дека ни на домашен терен немаат сериозна предност. Стилот е претежно дефанзивен, со длабок блок и обиди за директни напади, но без јасна организација.
Everton се наоѓа на 10-то место со 24 освоени бодови по 17 одиграни кола, со учинок од 7 победи, три ремија и 7 порази и гол-разлика 18:20. Формата е променлива, но тимот покажува стабилност против послаби противници. Офанзивно не се меѓу најпродуктивните, но знаат да одиграат добро офанзивно против послаби противници, додека дефанзивата е компактна и организирана. Dewsbury-Hall и Ndiaye се клучни во транзицијата и креацијата, а Grealish придонесува со движење и асистенции. На гостински терен Everton има три победи, едно реми и 4 порази со гол-разлика 7:10, што покажува дека умеат да извлечат резултат и на гостински терен. Стилот на игра е дисциплиниран, со фокус на контрола на средниот ред и користење на грешките на противникот.
Liverpool
–
Wolves
Liverpool се наоѓа на 5-то место со 29 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари имаат 9 победи, две ремија и 6 порази, со гол-разлика 28:25, што укажува на офанзивна моќ, но и одредени дефанзивни осцилации. Формата е солидна, со важни победи во последниот период и континуитет во резултатите. Офанзивно тимот создава многу и игра со висок интензитет, додека дефанзивата знае да биде ранлива при транзиции. Salah е главна закана и лидер во нападот, Gakpo нуди флексибилност и завршница, а Gravenberch придонесува со динамика. На домашен терен имаат пет победи, едно реми и два порази по 8 одиграни натпревари со гол-разлика 13:9, што покажува стабилност и способност да наметнат темпо пред својата публика. Стилот е агресивен, со висок пресинг, брзи напади и интензивна игра по крилата.
Wolves се наоѓа на 20-то, последно место со само два освоени бодови по 17 одиграни кола. Сè уште немаат победа, двапати имаат ремизирано и 15 пати се поразени, со гол-разлика 9:37. Формата е исклучително слаба, со низа порази и сериозни проблеми на сите нивоа. Офанзивно тешко создаваат шанси и имаат голем проблем со реализацијата, додека дефанзивата е најслаба во лигата и често попушта под притисок. Munetsi и Arokodare се клучни во офанзивата, а Krejci има ограничено влијание, но квалитетот не е доволен. На гостински терен имаат едно реми и 7 порази со гол-разлика 2:14, што дополнително ја нагласува нивната ранливост надвор од домашниот стадион. Стилот е претежно дефанзивен и реактивен, но без јасна организација и контрола.
West Ham
–
Fulham
West Ham United се наоѓа на 18-то место со 13 освоени бодови и е под силен притисок бидејќи се наоѓа во зоната на испаѓање. По 17 одиграни натпревари имаат само три победи, 4 ремија и 10 порази, со гол-разлика 19:35, што укажува на сериозни дефанзивни проблеми и лоша резултатска форма. Немаат победа веќе 6 меча, од кои три ремија и три порази. Офанзивно знаат да бидат опасни во одредени фази, но недостасува континуитет и реализација, додека одбраната често попушта под притисок. Bowen е најважна офанзивна опција и лидер во нападот, Wilson придонесува со движење и голови, а Lucas Paqueta носи креативност од средниот ред. На домашен терен имаат две победи и 6 порази по 8 натпревари со гол-разлика 10:20, што покажува дека домашниот терен не им носи стабилност. Стилот е реактивен, со повлекување и обиди за контри, но често без јасна структура.
Fulham се наоѓа на 13-то место со 23 освоени бодови по 17 одиграни натпревари, со учинок од 7 победи, две ремија и 8 порази и гол-разлика 24:26. Формата е променлива, но во последниот период покажуваат подобра организација и резултатска стабилност. Офанзивно тимот знае да создава и да биде ефикасен, особено преку брзи транзиции, додека дефанзивата, иако не е цврста, функционира подобро од онаа на противникот. Wilson е клучен во креирањето, Smith Rowe носи свежина и продор, а Chukwueze и Jimenez додаваат директност во офанзивата. На гостински терен имаат две победи, едно реми и пет порази со гол-разлика 9:16, што покажува одредени слабости, но и способност да изненадат. Стилот е балансиран, со фокус на брза циркулација и користење на простор.
Chelsea
–
Aston Villa
Chelsea се наоѓа на 4-тото место со 29 освоени бодови и е во директна борба за позициите што водат во Лигата на шампиони. По 17 одиграни натпревари имаат 8 победи, пет ремија и 4 порази, со гол-разлика 29:17, што укажува на солидна рамнотежа меѓу нападот и одбраната. Формата е добра, со неколку сигурни настапи во последниот период, особено на домашен терен. Офанзивно тимот игра флуидно и со многу движење, додека дефанзивата е организирана, но знае да има падови против поквалитетни противници. Joao Pedro и Neto носат директност и креативност во нападот, додека Enzo Fernandez е клучен за контролата и темпото во средниот ред. На „Stamford Bridge“ Chelsea има 4 победи, две ремија и два порази, со гол-разлика 12:7, што покажува стабилност, но не и апсолутна доминација. Стилот се базира на посед, брза циркулација и напади преку крилата.
Aston Villa се наоѓа на 3-то место со 36 освоени бодови и е еден од најконзистентните тимови во лигата оваа сезона. По 17 кола имаат 11 победи, три ремија и три порази, со гол-разлика 27:18 и одлична форма. Имаат 10 последователни победи, а три од тие натпревари се од групната фаза на Европа лигата. Офанзивно се многу ефикасни и ја казнуваат секоја грешка, додека дефанзивно делуваат компактно и дисциплинирано. Rogers е најопасен во нападот со 7 постигнати гола досега, Buendia носи креативност меѓу линиите, а Watkins придонесува со движење и притисок врз противничката одбрана. На гостински терен имаат 4 победи, две ремија и два порази по 8 натпревари, со гол-разлика 11:11, што покажува дека знаат да играат зрело и надвор од домашниот стадион. Стилот е балансиран, со брзи транзиции, висок интензитет и јасна тактичка структура.
Sunderland
–
Leeds
Sunderland се наоѓа на 6-то место со 27 освоени бодови и е во борба за позициите кои носат на европските натпреварувања. По 17 одиграни натпревари имаат 7 победи, 6 ремија и 4 порази, со гол-разлика 19:17, што покажува стабилност и добра рамнотежа. Формата е позитивна, особено на домашен терен каде ретко губат бодови и сè уште не се поразени, односно имаат пет победи и три ремија. Офанзивно тимот не е екстремно продуктивен, но е ефикасен, додека дефанзивата е добро организирана и тешко прима голови. Wilson е главна офанзивна закана, Le Fee носи креативност во средниот ред, а Brobbey додава енергија и движење. На домашен терен имаат гол-разлика 15:7, што ја нагласува силата на тимот пред својата публика. Стилот е дисциплиниран, со висок работен интензитет и контрола на ритамот.
Leeds се наоѓа на 16-то место со 19 освоени бодови и се наоѓа блиску до зоната за испаѓање. По 17 кола имаат пет победи, 4 ремија и 8 порази, со гол-разлика 24:31, што укажува на сериозни дефанзивни слабости. Формата е лоша, особено на гостински терен каде тешко освојуваат бодови. Офанзивно знаат да бидат директни и опасни, но недостасува континуитет, додека одбраната често се распаѓа под притисок. Calvert-Lewin е најдобар стрелец, а Okafor додава брзина и продор, но без доволна поддршка. На гости имаат само една победа, едно реми и 6 порази со гол-разлика 7:19. Стилот е отворен и ризичен, со многу транзиции, но слаба дефанзивна структура.
Crystal Palace
–
Tottenham
Crystal Palace се наоѓа на 8-то место со 26 освоени бодови по 17 одиграни натпревари. Имаат 7 победи, пет ремија и пет порази, со гол-разлика 21:19, што укажува на солидна и конкурентна сезона. Формата е променлива, но со позитивни резултати во клучни моменти. Офанзивно тимот е дисциплиниран и ефикасен, без преголем ризик, додека дефанзивата е компактна и добро организирана. Mateta е главна офанзивна закана со 7 постигнати гола досега, Sarr има три постигнати гола, а Wharton носи креативност и решенија во завршната третина. На домашен терен имаат 4 победи, две ремија и два порази со гол-разлика 9:10, што покажува умерена стабилност. Стилот е балансиран, со фокус на тактичка дисциплина и контролирани транзиции.
Tottenham се наоѓа на 14-то место со 22 освоени бодови по 17 одиграни кола, со учинок од 6 победи, 4 ремија и 7 порази и гол-разлика 26:23. Формата е нестабилна, со силни настапи, но и со неочекувани падови. Офанзивно тимот е директен и опасен, но дефанзивно остава многу простор. Richarlison е главна офанзивна опција и досега има постигнато 7 гола и има остварено две асистенции, Kudus носи креативност и асистенции, а Van de Ven има важна улога во градењето од позадина. На гостински терен имаат 4 победи, две ремија и два порази, со гол-разлика 15:12, што укажува дека се подобри во отворени мечеви на гостински терен. Стилот е офанзивен и динамичен, со висок пресинг и брзи напади, но и со ризици во одбраната.










