💡 Тип:
1 (Победа на Norwich) — Квота: 2.15
Norwich по 25 одиграни натпревари има освоено 24 бодови и се наоѓа на 22. позиција на табелата, сè уште во опасната зона за испаѓање. Тимот досега оствари 6 победи, 6 ремија и дури 13 порази, при што постигна 28, а прими 37 голови, што јасно укажува дека дефанзивата е најголемиот проблем оваа сезона. Сепак, охрабрувачки е фактот што формата на Norwich во последните пет натпревари значително се подобри, со три победи, едно реми и еден пораз. Во офанзивата најмногу се истакна младиот Jovon Makama, кој постигна 9 голови и претставува најголема закана за противниците. Голем придонес има и американскиот репрезентативец Joshua Sargent со 7 голови и 3 асистенции, кој е еден од лидерите на тимот. Дополнителен мотив за домашниот состав е и позитивната традиција против Stoke, бидејќи Norwich славеше на последните четири меѓусебни дуели одиграни на свој терен, што може да биде важен психолошки фактор пред претстојниот натпревар.
Stoke по 25 одиграни натпревари имаат освоено 37 бодови и моментално се наоѓаат на 9. позиција на табелата, со реални шанси да се вклучат во борбата за плеј-оф пласман во Премиер лигата. Тие заостануваат само три бодови зад шестопласираниот Preston, што дополнително ја зголемува важноста на секој нареден натпревар. Досегашниот биланс изнесува 11 победи, 4 ремија и 10 порази, со 30 постигнати и 23 примени голови, што укажува на солидна дефанзивна организација. Сепак, формата на Stoke не е на посакуваното ниво, особено на гостински терен, каде загубија на четири од последните пет натпревари. Единствена победа во тој период ја остварија на последното гостување против Hull со 1:0. Во офанзивата најистакнат е Sorba Thomas како најдобар стрелец, додека значаен придонес имаат и Million Manhoef и Divin Mubama, кои постигнаа по пет голови и запишаа по една асистенција.
Имајќи ја предвид добрата форма на Norwich на последните натпревари, особено на домашен терен, нашите очекувања се дека домаќините ќе победат на овој натпревар и ќе освојат значителни бодови во борбата за опстанок во Англискиот Чампионшип.
💡 Тип:
1 (Победа на Huddersfield) — Квота: 1.66
Huddersfield одиграа 25 натпревари сезонава и моментално со 38 бодови се на 5. место кое води во плеј-оф фазата за пласман во повисок ранг, но конкуренцијата е голема и секој освоен бод е важен за да останат конкурентни. На овие натпревари тие остварија 11 победи, на 5 натпревари ремизираа и 8 натпревари ги загубија. Нападот беше најсилниот адут кај Huddersfield, тие се тимот со најдобар напад на досегашните натпревари во лигата, постигнувајќи 43 голови, додека одбраната не се покажа најдобро, тие примија 32 голови. Формата моментално е доста добра, особено на домашен терен, каде забележаа 4 победи на последните 6 натпревари и на два дуели ремизираа. Играчот од средниот ред Leo Castledine најмногу придонесе за тимот сезонава, тој постигна 10 голови и еднаш асистираше, додека српскиот интернационалец Bojan Radulovic, кој игра во напад, исто така беше доста корисен за тимот со 6 постигнати голови и 5 асистенции.
Exeter оваа сезона имаат одиграно 23 натпревари, два помалку од денешниот противник, и моментално се наоѓаат на 15. позиција на табелата со освоени 29 бодови. Тимот оствари 9 победи, 2 ремија и 12 порази, што укажува на променливи настапи и недоволна конзистентност. Главен проблем за Exeter е офанзивата, бидејќи со само 23 постигнати голови се меѓу најнеефикасните тимови во лигата. Одбраната, пак, е релативно солидна со 21 примен гол, што им овозможува да останат конкурентни во поголем дел од натпреварите. Сепак, формата во последниот период е значително подобрена, со четири победи на последните шест натпревари во Лига Еден, што внесува оптимизам во редовите на тимот. Најистакнати поединци во нападот се Jayden Wareham со 7 голови и една асистенција, како и искусниот Josh Magennis со 4 постигнати голови. Во првиот меѓусебен натпревар против денешниот ривал, Exeter како домаќин загуби минимално со 0:1, што претставува дополнителен мотив за реванш на претстојниот дуел.
Huddersfield е сериозен кандидат да се врати во Англискиот Чампионшип, но за тоа треба да ја задржи досегашната форма и да освојува значајни бодови, особено против послабопласираните екипи како што е денешниот противник. Нашите очекувања се дека тие ќе ја искористат предноста од домашен терен и ќе слават уште еднаш против екипата на Exeter.
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) — Квота: 1.67
Newport одиграа 24 натпревари сезонава на кои освоија само 17 бодови и моментално се на претпоследното 23. место во опасната зона. Во нападот постигнаа 24 голови, просек еден по натпревар, додека одбраната се покажа доста лошо, тие на досегашните натпревари примија 43 голови и се еден од тимовите со најлоша одбрана во лигата. Формата е исклучително лоша со само една победа на последните 10 натпревари, а исто така и традицијата со денешниот ривал не е на нивна страна, тие имаат 4 порази на последните 5 натпревари кои ги играле против Tranmere. Играчи кои најмногу придонесоа за тимот во досегашниот дел од сезоната се Courtney Baker-Richardson со четири постигнати голови и една асистенција, и велшанецот Kai Whitmore, кој постигна три гола и забележа 4 асистенции. Интересен е фактот да се истакне дека овие два тима играле доста ефикасно во претходните сезони, така што двата тима на последните 8 нивни дуели постигнале најмалку по гол.
Tranmere на 24 натпревари кои ги одиграа оваа сезона остварија по 8 победи, 8 ремија и 8 порази и моментално со 32 бодови се на 17. позиција на табелата. На овие натпревари тие постигнаа 39 голови, а примија 37, што ги прави еден од тимовите со најефикасни дуели, со просек од повеќе од три голови по натпревар. Бележат пад на формата на последните неколку натпревари, а тоа го потврдува и фактот што забележаа три порази на последните 5 натпревари, и тоа два на домашен терен од Barrow со 1:3 и против Crewe беа поразени со резултат 1:4. Играчи кои најмногу придонесоа во досегашните натпревари се Charlie Whitaker, кој постигна 7 голови и два пати асистираше, и напаѓачот Omari Patrick, кој постигна 6 голови и 4 пати беше асистент.
И двата тима имаат проблеми со одбраната, додека нападот им функционира солидно, па очекуваме на овој натпревар и двата тима да постигнат најмалку по еден гол.
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) — Квота: 1.73
Lorient одиграа 16 натпревари на кои освоија 18 бодови и моментално се на 12. позиција на табелата. На овие натпревари тие забележаа 4 победи, на 6 натпревари ремизираа и загубија, при што постигнаа 19, а примија 28 голови. На последните неколку натпревари значително ја подобрија својата форма, тие немаат пораз на 6 натпревари по ред, а забележаа и две победи кои им донесоа значајни бодови во борбата за опстанок. На домашен терен играат доста добро, имаат само еден пораз од Лил на почетокот од сезоната, додека во останатите натпревари одиграни дома остварија 4 победи и три пати ремизираа. Играчи кои најмногу се истакнаа на досегашните натпревари сезонава се Pablo Pagis со 5 постигнати голови и сенегалскиот интернационалец Sambou Soumano, кој постигна 4 голови и имаше две асистенции.
Metz со само 11 бодови по 16 одиграни натпревари се наоѓаат на последната позиција во моментов и доколку сакаат да останат конкурентни за опстанок во најсилното натпреварување во Франција, тие ќе мора нешто да променат во својот тим. На овие натпревари тие забележаа 3 победи, на два натпревари одиграа нерешено и на 11 натпревари загубија. Најголем проблем во тимот на Metz е одбраната, а тоа го потврдува и бројот на примени голови (37), што ги прави екипа со најлоша одбрана во лигата во овој момент, додека од друга страна во нападот успеаја да постигнат 17 голови. Најистакнат играч во тимот е искусниот Gauthier Hein, кој досега постигна 5 голови и имаше две асистенции, но она што ќе недостасува во тимот е Habib Diallo, кој за Сенегал игра во Африканскиот куп на нации и има постигнато 3 голови за екипата на Metz.
Бодовите од овој дуел се значајни и за двата тима за да ја подобрат својата позиција во борбата за опстанок во лигата, па се очекува офанзивен пристап од двата тима и нашата прогноза е дека двата тима ќе постигнат гол на овој дуел.