💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) — Квота: 1.78
Aris оваа сезона прикажува навистина високо ниво на игра, како во првенствените натпревари, така и во купот, што ги прави еден од најконзистентните тимови во Кипар. Во лигата моментално се наоѓаат на 3. позиција со 37 освоени бодови, исто колку и второпласираниот Pafos, додека зад лидерот Omonia заостануваат пет бодови. На досегашните натпревари забележаа 11 победи, 4 ремија и само 3 порази, што е одличен биланс. Дополнително, во куп-натпреварувањето остварија победа од 2-1 против Omonia 29th May во шеснаесетфиналето. Против денешниот ривал AEL Limassol имаат извонредна традиција, со пет победи по ред на последните меѓусебни дуели. Во нападот најмногу се истакнаа Jaden Montnor со 6 голови и Andronikos Kakoullis со 5 погодоци. На домашен терен Aris е особено силен, со 9 победи на последните 10 натпревари пред својата публика, што дополнително ја зголемува нивната самодоверба.
AEL Limassol избори пласман во 1/16 финалето на Купот на Кипар откако во претходната рунда оствари победа по продолженија на тешкото гостување кај Ethnikos Latsion. Во кипарската Прва лига моментално се наоѓаат на 7. позиција со освоени 27 бодови. По 18 одиграни натпревари, тимот забележа 8 победи, 3 нерешени средби и 7 порази, што покажува прилично променлива сезона. Формата им варира и во последните пет натпревари имаат две победи, два порази и едно реми. Офанзивно AEL делува организирано, со 22 постигнати голови, но во одбраната имаат одредени слабости, што го потврдуваат и 24-те примени голови. Најзаслужни играчи во нападот се Luther Singh со 5 голови и Бразилецот Leo Natel со 4 погодоци. Особено охрабрувачка е нивната форма на гостински терен, каде на последните пет натпревари надвор од дома остварија четири победи и едно реми, што им дава дополнителна самодоверба пред наредните предизвици.
И двете екипи играат солидно во нападот, а со одбраната имаат проблем и двата тима. Очекуваме офанзивен пристап на игра од двете екипи и сметаме дека на овој натпревар ќе се постигнат три или повеќе голови.
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) — Квота: 1.77
Al Ettifaq моментално се наоѓа на 7. позиција на табелата со освоени 25 бодови и по досегашниот тек на сезоната нивните шанси за многу висок пласман се мали. Сепак, тимот изгледа прилично сигурен кога станува збор за опстанок во лигата. По 15 одиграни натпревари, Al Ettifaq забележа 7 победи, 4 нерешени средби и 4 порази, што укажува на солидна, но просечна сезона. И во нападот и во одбраната прикажуваат рамномерни перформанси, со по 25 постигнати и примени голови. Најголем придонес за тимот има искусниот Georginio Wijnaldum, кој пристигна како големо засилување и досега постигна 9 голови, надополнети со 3 асистенции. На домашен терен Al Ettifaq игра офанзивно и отворено, што се гледа и од 10-те постигнати голови на последните пет натпревари пред својата публика. Сепак, дефанзивата не делува стабилно, бидејќи во истиот период примија 8 голови, што остава простор за подобрување во продолжението на сезоната.
Neom SC со освоени 20 бодови моментално се наоѓа на 10. позиција на табелата, но нивните шанси за повисок пласман значително се намалија поради сериозниот пад во формата во последниот период. На последните пет натпревари во лигата забележаа дури четири порази, што негативно се одрази врз нивниот пласман и самодоверба. Во досегашните 15 одиграни натпревари сезонава, Neom SC оствари 6 победи, 2 нерешени средби и 7 порази. Иако офанзивно создаваат солиден број шанси по натпревар, проблемот е слабата реализација, бидејќи постигнаа само 21 гол. Дополнително, одбраната не влева сигурност, со 25 примени голови, што често ги чини бодови. Најголем придонес во тимот имаат Alexandre Lacazette и Said Benrahma, кои постигнаа по 5 голови и учествуваа со вкупно 6 асистенции. Сепак, доколку Neom SC не ја подобри ефикасноста и дефанзивната стабилност, тешко ќе се вратат во борбата за врвот во продолжението на сезоната.
Иако ова е нивни прв меѓусебен дуел од лигашките натпревари, очекуваме и двете екипи да пристапат офанзивно, со оглед на тоа што и двете екипи негуваат таков стил на игра, па нашите очекувања се дека на овој натпревар ќе бидат постигнати три или повеќе голови.
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) — Квота: 1.83
Leiria со освоени 24 бодови моментално се наоѓа на 9. позиција, откако на досегашните натпревари прикажаа променлива форма, со моменти на пад што доведоа до лоши резултати. По 17 одиграни натпревари сезонава, тимот забележа 6 победи, 6 нерешени средби и 5 порази, што укажува на недоволна конзистентност. Во нападот Leiria делува солидно со 21 постигнат гол, но проблемите се особено видливи во одбраната, особено при прекини, со 21 примен гол досега. Најзаслужен играч за резултатите е шпанскиот интернационалец Juan Munoz, кој постигна 6 голови и имаше 4 асистенции за неговите соиграчи. На домашен терен тимот игра офанзивно и покажа резултати во создавање шанси, постигнувајќи 7 голови на последните четири натпревари. Сепак, одбраната останува ранлива, бидејќи во истиот период примија 9 голови, што ја ограничува нивната стабилност и шансите за повисок пласман.
Vizela со освоени 27 бодови моментално се наоѓа на 4. место, но со оглед на тоа што имаат одиграно еден натпревар помалку од третопласираната екипа на Sporting CP B, овој дуел претставува одлична можност за тимот да ја преземе третата позиција која води до плеј-оф натпревари за пласман во најсилната лига во Португалија. По 17 одиграни натпревари, Vizela забележа 7 победи, 6 ремија и 4 порази, со гол-разлика 22:15, што покажува добра организација и во нападот и во одбраната. Најзаслужен играч досега е Heinz Morschel, кој постигна 6 голови и има 2 асистенции, давајќи значителен придонес за тимот. Формата на гостувања им е променлива, бидејќи на последните пет натпревари надвор од дома остварија по две победи, два порази и едно реми. Сепак, Vizela покажува стабилност и континуитет во домашните натпревари, што го прави овој дуел важен за нивната амбиција за пласман во плеј-оф и потенцијална промоција во највисокиот ранг.
За тимот на Vizela овој натпревар е доста значаен за да ја подобрат својата позиција на табелата и да останат во конкуренција за пласман во првата португалска лига. Leiria игра доста офанзивно и ефикасно дома, па очекуваме на овој натпревар и двата тима да постигнат гол.
💡 Тип:
1 (Победа на FC Halifax) — Квота: 1.83
FC Halifax со освоени 41 бод моментално се наоѓа на 9. место, со реални шанси, доколку ја подобрат формата во вториот дел од сезоната, да се најдат на едно од местата кои водат до плеј-оф за пласман во Англиската Лига Два следната сезона. По 27 одиграни натпревари, тимот забележа 12 победи, 5 нерешени средби и 10 порази. Во нападот прикажаа одлична реализација со 41 постигнат гол, додека во одбраната имаат проблеми, примајќи 37 голови на досегашните натпревари. Најголем придонес во тимот имаат Josh Hmami и Will Harris, со по 9 голови, а исто така учествуваа и со 7 асистенции за головите на своите соиграчи. Особено силни се на домашен терен, каде имаат одлична серија на позитивни резултати, како во лигата така и во купот, со 6 победи на последните 7 натпревари пред својата публика. Ова ја потврдува нивната способност да доминираат дома и да се борат за висок пласман.
Morecambe се на претпоследното, 23-то место и моментално се во опасната зона со само 21 бод, што ја прави борбата за опстанок многу тешка доколку не ја подобриат значително играта. По 26 одиграни натпревари сезонава, тимот оствари 5 победи, 6 нерешени средби и 15 порази, што ја покажува нивната нестабилност и проблеми во постигнувањето континуитет. Во нападот забележаа 33 гола, но најголем проблем е одбраната, која досега прими дури 57 голови и тоа беше главната причина за лошиот пласман. Најзаслужни играчи за офанзивата се Jack Nolan со 5 голови и 4 асистенции и Admiral Muskwe со 5 голови и 2 асистенции, кои се најконзистентни во тимот. Гостувањата се особено проблематични, со четири порази на последните пет натпревари надвор од дома, што дополнително ја отежнува ситуацијата за Morecambe во битката за опстанок.
FC Halifax на првиот натпревар против денешниот ривал остварија победа на гостински терен и со оглед на тоа што трите бодови се приоритет за нив на овој натпревар, за да се приклучат на тимовите кои се борат за место во плеј-оф фазата, сметаме дека домашниот тим ќе победи на овој натпревар.