АНАЛИЗИ
Saudi Arabia: Division 1
22.01.2026 13:40
Al Raed vs Al Adalah
Btts-YES / 1.73
Al Raed со освоени 23 бодови моментално се наоѓа на 9. позиција на табелата и полека ги губи шансите за пласман во плеј-оф зоната која води во повисок ранг следната сезона. По 17 одиграни натпревари, тимот оствари 6 победи, 5 нерешени средби и 6 порази, што покажува нестабилност во резултатите. Офанзивно, Al Raed прикажува солидна и ефикасна игра, со 28 постигнати голови, но дефанзивните проблеми често ги чинат бодови, бидејќи примија 26 голови. Најистакнат играч е Zinho Gano, кој постигна 9 голови и додаде една асистенција, додека искусниот Walead Al Shanqiti со 6 голови и една асистенција исто така има значаен придонес. На домашен терен, Al Raed настапува променливо, со добра реализација во нападот, но со сериозни пропусти во одбраната, што резултира со голем број примени голови. Доколку сакаат да останат во трката за плеј-оф, ќе мора значително да ја зацврстат дефанзивата и да ја подобрат конзистентноста во следниот период.
Al Adalah моментално се наоѓа на 15. позиција на табелата со освоени 14 бодови, а нивниот главен приоритет сезонава е обезбедување опстанок во лигата. Во моментов имаат релативна сигурност, со предност од 7 бодови над опасната зона, но просторот за опуштање е мал. По 17 одиграни натпревари, тимот оствари само 3 победи, забележа 5 нерешени средби и доживеа 9 порази, што јасно укажува на тешка и нестабилна сезона. Во нападот постигнаа 21 гол, што е солиден учинок, но дефанзивните проблеми се очигледни, бидејќи примија дури 33 голови. Најистакнат поединец во тимот е Rashed Al Salem, кој постигна 6 голови и додаде 2 асистенции, носејќи најголема офанзивна закана. На гостински терен Al Adalah има слаби резултати, со три порази на последните шест натпревари, две ремија и само една победа, што дополнително ја отежнува нивната борба за стабилност и сигурен опстанок до крајот на сезоната.
И двата тима имаат проблеми во одбранаат додека во нападот играат солидно, па како и на нивниор претходен натпревар сезонава кој заврши 4-4 очекуваме двата тима да играат доста офанзивно и да постигнат најмалку по гол на овој натпревар.
Saudi Arabia: Saudi Professional League
22.01.2026 16:15
Al Taawon vs Al Hazem
1 (Al Taawon to Win) / 1.61
Al Taawon со освоени 34 бодови моментално се наоѓа на 4. позиција на табелата и овој натпревар претставува одлична можност да се израмнат по бодови со третопласираниот Al Ahli SC и сериозно да се вклучат во борбата за висок пласман оваа сезона. По 15 одиграни натпревари, тимот има импресивен учинок од 11 победи, едно реми и само 3 порази. Офанзивно Al Taawon игра исклучително ефикасно, со 33 постигнати голови, додека одбраната е стабилна и има примено само 17 голови, со минимални пропусти. Најголем придонес има искусниот колумбиски интернационалец Roger Beyker Martinez Tobinson, кој досега постигна 12 голови и запиша 2 асистенции. На домашен терен, по тешкиот пораз од Al Nassr во првото коло, Al Taawon значително ја подобри формата и во следните шест натпревари оствари 5 победи и едно реми. Дополнителен мотив е и позитивната традиција, бидејќи Al Taawon славеше на последните три меѓусебни дуели против денешниот противник.
Al Hazem моментално се наоѓа на 11. позиција со освоени 16 бодови, а главен приоритет за тимот оваа сезона е обезбедување опстанок во Saudi Professional League. Во овој момент можат да бидат релативно спокојни, бидејќи имаат шест бодови предност во однос на екипите од опасната зона. По 15 одиграни натпревари, Al Hazem забележа 4 победи, 4 нерешени средби и 7 порази, што укажува на променлива форма. Нападот е една од најслабите точки, со само 15 постигнати голови, додека одбраната делува неорганизирано и досега прими 27 голови. Најистакнат поединец е Amir Sayoud, кој со 3 голови и 2 асистенции има најголем придонес во офанзива. Интересно е што Al Hazem прикажува подобри игри на гостински терен отколку дома, со само еден пораз на последните пет гостувања, две победи и две ремија. Оваа стабилност надвор од дома може да биде клучна во борбата за сигурен опстанок до крајот на сезоната.
Al Taawon располага со многу поквалитетни играчи во својот состав за разлика од денешниот ривал, и со оглед на тоа што ираат на високо ниво сезонава особено на домашен терен, сметаме дека и на овој натпревар ќе го истакнат својот квалитет и ќе ги освојат трите посакувани бодови од овој натпревар.
Europe: Europa League
22.01.2026 18:45
Young Boys vs Lyon
2 (Lyon to Win) / 1.73
Young Boys се наоѓаат на 21. позиција со освоени 9 бодови, и нивниот пласман во понатамошната фаза на Europa League не е гарантиран, па за тоа им е потребен позитивен резултат во преостанатите две рунди од лига-фазата. Во ова натпреварување, по шест одиграни натпревари, тимот оствари 3 победи и 3 порази, додека во швајцарското домашно првенство, по неколкуте слаби резултати, паднаа на 6. место. Таму забележаа 8 победи, 5 нерешени дуели и 7 порази, со 39 постигнати и 41 примен гол, што укажува на одбранбени слабости. Во Europa League, на шест натпревари постигнаа само 8 голови, додека примија 12, што дополнително го истакнува проблемот со одбраната. Најзначајни фудбалери сезонава се Chris Bedia со 12 голови и 3 асистенции и Christian Fassnacht со 11 голови, кои се и најдобри стрелци во тимот. Нивната форма и ефективност ќе бидат клучни за успехот на Young Boys до крајот на сезоната.
Lyon моментално се наоѓа на првото место во групата на Europa League со 15 бодови, исто колку што имаат и Midtjylland и Aston Villa, но со подобра гол-разлика тие се лидери. По шест одиграни натпревари во лига-фазата, тимот забележа 5 победи и еден пораз, доживеан на гостувањето кај Betis. Во нападот Lyon делува организирано и ефикасно, постигнувајќи 13 голови и реализирајќи поголем дел од создадените шанси, додека одбраната е цврста и прими само 3 голови, што ја истакнува нивната тактичка дисциплина. Corentin Tolisso се истакна како најдобар стрелец во лига-фазата со 4 голови и 1 асистенција, додека во француското првенство најмногу се истакна Pavel Sulc со 9 голови. Најновото засилување, бразилецот Родриго, кој дојде од Реал Мадрид, нема да може да настапува на овој натпревар, што значи дека Lyon ќе мора да се потпре на постојните играчи за да ја задржи лидерската позиција и да продолжи со успешната серија.
Lyon покажа сериозен пристап на претходните натпревари од Europa League, и ова гостување иако нема да биде лесно за нив се чини дека тие се големи фаворити со оглед на фактот што Young Boys се наоѓа во многу лоша форма. Очекуваме гостите да победат на овој натпревар и да ја задржат прваат позиција на табелата.
Europe: Europa League
22.01.2026 21:00
AS Roma vs Stuttgart
X (Draw) / 3.75
AS Roma моментално се наоѓа на 10. позиција со освоени 12 бодови и сè уште е во трката за пласман во следната фаза на натпреварувањето. По шест одиграни натпревари, тимот забележа 4 победи и 2 порази, со гол-разлика 10:5, што покажува солидна ефикасност во нападот, но и одредени осцилации во резултатите. Формата на Roma е променлива, со важни победи, но и неколку падови против посилни ривали. Во офанзива, тимот игра организирано и трпеливо, со контрола преку средниот ред, додека дефанзивата е компактна, но понекогаш попушта под брзи транзиции. Ferguson и Soule се најконкретни во нападот, додека Pellegrini е клучен креатор и ја диктира играта од средниот ред. На домашен терен во Европа, Roma има една победа и два порази, со гол-разлика 3:4, што укажува дека не ја користи целосно предноста на домашниот терен. Стилот на игра е тактички дисциплиниран и резултатски ориентиран, со фокус на контрола и ефикасност.
Stuttgart моментално се наоѓа на 9. позиција со освоени 12 бодови, со идентичен учинок како и другите екипи во групата. По шест натпревари, тимот забележа 4 победи и 2 порази, со гол-разлика 12:5, што укажува на силна офанзивна ефикасност и способност за постигнување голови во клучни моменти. Формата на тимот е многу добра, со неколку убедливи победи и јасен нападечки ритам, што ја истакнува нивната доминантна игра. Офанзивно, Stuttgart игра брзо и директно, со висок притисок и вертикални напади, додека дефанзивата е добро организирана, иако понекогаш остава простор зад последната линија. Главни закани во нападот се El Khannouss и Leweling, додека Bouanani обезбедува креативна поддршка од средниот ред. На гостински терен во Европа, тимот забележа една победа и два порази, со гол-разлика 4:3, што покажува дека Stuttgart е конкурентен и надвор од дома. Стилот на игра е интензивен, офанзивен и динамичен, со јасна ориентација кон постигнување резултат.
Roma ќе се обиде да ја контролира играта и да ја забави динамиката, додека Stuttgart ќе наметне висок ритам и директни напади. Се очекува израмнет и тактички и изедначен натпревар и нерешен исход е она што се очекува од овој натпревар.
БАНКЕР
Saudi Arabia: Division 1
22.01.2026 15:10
Al-Ula vs Al Wehda
1 (Al-Ula to Win) / 1.46
Al-Ula со освоени 31 бод моментално се наоѓа на 6. позиција на табелата, место кое води во плеј-оф фазата за пласман во повисок ранг следната сезона. По 17 одиграни натпревари, тимот оствари 8 победи, 7 нерешени средби и само 2 порази, што ја покажува нивната стабилност и константност. Овој натпревар претставува одлична можност дополнително да ја подобрат својата позиција и да се приближат кон врвот. Офанзивно, Al-Ula игра многу солидно, успешно реализирајќи голем дел од создадените шанси, па досега постигнаа 35 голови. Одбраната има одредени пропусти, но со 16 примени голови сепак делува релативно сигурно. Најистакнат поединец е искусниот грчки интернационалец Efthymios Koulouris со 13 голови и 2 асистенции, додека значаен придонес има и аргентинецот Cristian Guanca со 7 голови и 4 асистенции. На домашен терен Al-Ula е непоразен по 8 натпревари, со 4 победи и 4 ремија, што им дава дополнителна самодоверба.
Al Wehda со освоени 19 бодови моментално се наоѓа на 13. позиција на табелата, сместена во средината, без реални амбиции за пласман во плеј-оф зоната, но и без сериозна закана за опстанокот во лигата оваа сезона. По 17 одиграни натпревари, тимот оствари 5 победи, 4 нерешени средби и 8 порази, што ја отсликува нивната променлива форма. Во нападот прикажаа солидни партии, постигнувајќи 24 голови, но дефанзивно имаат сериозни проблеми, бидејќи примија 30 голови, што често ги чинеше подобри резултати. Главна светла точка во тимот е искусниот сенегалски интернационалец Ablaye Mbengue, кој со 6 голови и 2 асистенции има најголем индивидуален придонес. На гостински терен Al Wehda одигра 8 натпревари, на кои забележа 3 победи, 1 реми и 4 порази, што укажува на умерена стабилност, но и потреба од подобрување, особено во одбраната, доколку сакаат поконстантни настапи до крајот на сезоната.
Al-Ula играат добро на домашен терен и овој натпревар за нив е добра можност да ја зацврстат својата позиција која ги води во плеј офф натпреварите. Како и на нивниот претходен натпревар каде забелаѓаа висока победа од 0-5 така и на овој, очекуваме иницијатива од Al-Ula и да ги освојат посакуваните три бодови.
Europe: Europa League
22.01.2026 18:45
Plzen vs FC Porto
X2 (Draw or FC Porto to Win) / 1.29
Plzen моментално се наоѓа на 14. позиција со освоени 10 бодови и се наоѓа во ситуација каде секој освоен бод има големо значење. По шест одиграни натпревари, тимот забележа две победи и четири нерешени средби, без пораз, со гол-разлика 6:2, што јасно ја истакнува нивната исклучително цврста дефанзива. Формата е стабилна, со серија натпревари без пораз и нагласена тактичка дисциплина во сите линии. Во офанзива, Plzen игра трпеливо и рационално, најчесто преку контролирани напади и користење на прекини, но недостига поголема ефикасност. Одбраната е компактна, добро поставена и тешко пробојна за противниците. Durosinmi и Vydra се најконкретни во нападот, иако тимот повеќе се потпира на колективната игра отколку на индивидуален квалитет. На домашен терен во европските натпреварувања имаат една победа и две ремија, со гол-разлика 3:0, што дополнително ја потврдува нивната сигурност. Стилот на игра е дефанзивен, дисциплиниран и јасно ориентиран кон резултат.
FC Porto моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата со освоени 13 бодови и зад себе има стабилна европска кампања со јасна амбиција за директен пласман во следната фаза. По шест одиграни натпревари, португалскиот гигант оствари четири победи, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 9:5, што укажува на добар баланс меѓу нападот и одбраната. Формата на тимот е одлична, со серија позитивни резултати и високо ниво на самодоверба кај играчите. Офанзивно, Porto игра директно и со висок интензитет, користејќи брзи транзиции и индивидуален квалитет во завршницата. Одбраната делува цврсто и искусно, ретко дозволувајќи сериозни шанси. Samu е главната напаѓачка закана, додека Veiga и William Gomes обезбедуваат значајна поддршка од средниот ред. На гостински терен во Европа имаат една победа, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 2:3, што покажува прагматичен пристап и способност да се адаптираат. Стилот на игра е интензивен, тактички јасен и резултатски ориентиран.
Plzen ќе се обиде да ја задржи компактноста и да го забави темпото, додека Porto ќе ја наметне иницијативата и притисокот. Квалитетот е на страната на гостите, и сметаме дека Порто нема да загуби на овој натпревар.
England: League One
22.01.2026 21:00
Lincoln vs Burton
1 (Lincoln to Win) / 1.58
Lincoln моментално се наоѓа на 2. позиција на табелата со освоени 49 бодови и важи за еден од главните кандидати за пласман во англискиот Чемпионшип следната сезона. Иако конкуренцијата за првите две места е силна, Lincoln со константните настапи покажува сериозни амбиции. По 26 одиграни натпревари, тимот оствари 14 победи, 7 нерешени средби и само 5 порази, што е одличен учинок. Офанзивната ефикасност е нивен најсилен адут, со постигнати 42 голови, додека одбраната делува стабилно и досега прими 28 голови. Посебно се истакнаа Reeco Hackett-Fairchild со 6 голови и 3 асистенции, како и Freddie Draper со 5 погодоци и една асистенција, но и останатите фудбалери одиграа важна улога во клучните моменти. На домашен терен Lincoln е во извонредна форма, со 6 победи и едно реми на последните 7 натпревари, што им дава силна предност во борбата за директен пласман.
Burton моментално се наоѓа на 19. позиција на табелата со освоени 30 бодови и има само еден бод предност во однос на екипите кои се наоѓаат во опасната зона. Сезоната за нив е исполнета со голема неизвесност, а секој следен натпревар има огромно значење. По 25 одиграни натпревари, тимот оствари 8 победи, 6 нерешени средби и 11 порази, што ја отсликува нивната неконзистентност. Во нападот Burton се соочува со сериозни проблеми во реализацијата, бидејќи и покрај создадените шанси постигнаа само 26 голови. Дополнително, и одбраната често потфрла, со 35 примени голови досега. На гостински терен формата е променлива, а на последните две гостувања претрпеа порази од Plymouth и Reading. Дополнително загрижува и лошата традиција, бидејќи Burton загуби на четири од последните пет меѓусебни дуели против денешниот ривал, што ја прави нивната задача уште потешка во борбата за опстанок.
Lincoln игра доста стабилно на домашен терен, а на денешниот дуел тие за противник имаат тим кои има доста проблеми во одбраната, и очекуваме домаќините да ја искористат неконзистентноста во одбраната на гостите и да победат на овој натпревар.