💡 Тип:
2 (Победа на Hoffenheim) — Квота: 2.15
Werder Bremen моментално се наоѓа на 15-тата позиција на табелата со освоени 18 бодови по 18 одиграни натпревари и сè уште не може да се смета за целосно безбеден во борбата за опстанок. Во досегашниот тек од сезоната имаат остварено 4 победи, 6 нерешени резултати и 8 порази, со гол-разлика 21:35, што јасно укажува на изразени слабости во дефанзивата. Формата на тимот е променлива, а често губат бодови и на натпревари каде што создаваат солидни шанси за погодок. Во офанзива најмногу се потпираат на индивидуалниот квалитет на крилните играчи и на прекините, иако реализацијата знае да варира. Во одбраната често оставаат премногу простор меѓу линиите и имаат проблеми против технички посилни противници. На домашен терен Werder Bremen игра поангажирано и со повеќе енергија, но сè уште недостасува подобра контрола на ритамот и поголем баланс во играта.
Hoffenheim моментално се наоѓа на третата позиција на табелата со освоени 36 бодови и игра една од најдобрите сезони во лигата. По 18 одиграни натпревари, тимот има забележано 11 победи, 3 нерешени резултати и 4 порази, со импресивна гол-разлика од 38:22. Формата е на многу високо ниво, потврдена со серија позитивни резултати и очигледна самодоверба во играта. Во офанзивниот дел Hoffenheim е исклучително опасен, со повеќе фудбалери кои редовно се запишуваат меѓу стрелците или асистентите, што ја прави нивната игра тешко предвидлива за противниците. Тимот создава голем број шанси преку брза циркулација на топката, агресивен пресинг и директни, вертикални напади. Дефанзивно, екипата покажува добра организација, дисциплина и навремени реакции во клучните моменти. На гостински терен Hoffenheim настапува зрело и тактички стабилно, со јасна стратегија и контрола на натпреварот. Стилот на игра е модерен, динамичен и офанзивно ориентиран, со висок интензитет и одличен тимски баланс.
Hoffenheim својата сериозност за висок пласман оваа сезона ја покажа и на претходниот натпревар, а со оглед на тоа што играат во исклучително добра форма, сметаме дека на овој дуел ќе ја имаат иницијативата во поголемиот дел од натпреварот и ќе освојат нови три бодови за да се зацврстат на позицијата која им носи пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
💡 Тип:
1 (Победа на Cardiff) — Квота: 1.62
Cardiff моментално се наоѓа на првата позиција на табелата со освоени 56 бодови и важи за најсериозен кандидат за директен пласман во Англискиот Чемпионшип следната сезона. Во досегашниот дел од шампионатот, екипата оствари 17 победи, додека на 5 натпревари одигра нерешено и беше поразена. Тимот прикажува одлични настапи во нападот, каде на 27 одиграни натпревари постигна 46 голови, додека дефанзивно делува стабилно и прими само 27 погодоци. Формата на Cardiff е на исклучително високо ниво, со низа од 7 натпревари без пораз, од кои 4 ги доби и 3 завршија нерешено. Данскиот интернационалец Yousef Salech е најзаслужен поединец со 12 постигнати голови и 4 асистенции, додека значаен придонес има и Chris Willock со 4 голови и исто толку асистенции. На домашен терен Cardiff настапува доминантно, со 8 победи во последните 9 натпревари и само едно реми пред својата публика.
Barnsley се наоѓа на 15-тата позиција со 33 освоени бодови, но имаат одиграно три натпревари помалку од своите конкуренти, што им дава шанса значително да ја подобрат позицијата доколку остварат позитивен резултат. Во досегашните 23 натпревари, тимот забележа 9 победи, 6 нерешени резултати и 8 порази. Во нападот не беа целосно константни и пропуштија доста шанси, сепак успеаја да постигнат 37 голови, додека во одбраната имаа доста пропусти и примија 36 погодоци. Најзаслужен поединец е Davis Keillor-Dunn со 11 постигнати голови и една асистенција, додека младиот Reyes Cleary со 5 голови и 7 асистенции исто така се истакна како значаен придонес за тимот. На гостински терен Barnsley доживеа пад во формата, па во последните четири дуели забележа два порази и две ремија, што укажува на потреба од подобрување на резултатите надвор од својот терен.
Cardiff, за да ја задржи лидерската позиција, треба да продолжи со добрата форма, особено на свој терен. Тие, со својата претпазлива игра и трпливоста во создавањето на шанси, треба да ја имаат иницијативата и во овој дуел и со уште една победа пред своите фанови да се зацврстат на првото место во England League One.
💡 Тип:
1 (Победа на Bromley) — Квота: 1.66
Bromley моментално се наоѓа на првата позиција на табелата со освоени 55 бодови и има солидна предност во однос на своите конкуренти. Доколку продолжат со одличната форма што ја прикажуваат, сосема оправдано може да се сметаат за еден од главните кандидати за пласман во Англиската Лига Еден следната сезона. Во досегашниот дел од шампионатот, Bromley одигра 27 натпревари, на кои оствари 16 победи, 7 пати одигра нерешено и претрпе само 4 порази. Нападот функционира на исклучително високо ниво, со реализирани 46 голови, што е резултат на одлична искористеност на создадените шанси. Иако одбраната имаше одредени пропусти на почетокот, на последните натпревари тимот прикажува значително подобрена дефанзивна стабилност. Најистакнат поединец е искусниот Michael Cheek, кој со 14 голови и 3 асистенции е најдобар стрелец во лигата, додека значаен придонес има и Nicke Kabamba со 9 постигнати погодоци. Bromley е во извонредна форма, со 6 последователни победи на домашен терен и низа од 9 натпревари без пораз, во кои забележа 8 победи и едно реми.
Crewe моментално се наоѓа на 11-тата позиција на табелата со освоени 39 бодови и има мали шанси, со оглед на силната конкуренција, да избори место кое води кон плеј-оф натпреварите за пласман во повисок ранг следната сезона. Во досегашниот тек од шампионатот, екипата одигра 27 натпревари, на кои оствари 11 победи, 6 нерешени резултати и претрпе 10 порази. Нападот функционира релативно ефикасно, со 42 постигнати голови, што укажува на солиден офанзивен потенцијал. Сепак, одбраната е непостојана и често прави грешки, па досега Crewe прими 35 погодоци. Голем хендикеп за тимот е отсуството на најдобриот стрелец Emre Tezgel, кој со 8 голови и една асистенција е надвор од терените веќе шест натпревари поради повреда. Во негово отсуство, најголема закана во нападот ќе биде Josh March, кој досега постигна 7 голови и забележа 5 асистенции, па од него ќе се очекува да ја преземе главната офанзивна улога.
Bromley се наоѓа во исклучително добра форма, за разлика од Crewe, кој игра доста лошо на гости со 4 порази на последните 5 натпревари. Домашниот тим, како и на првиот дуел сезонава против денешниот ривал, треба да воспостави контрола, особено на средината од теренот, и со константна иницијатива да оствари уште една победа за да се зацврсти на лидерското место во England League Two.
💡 Тип:
3+ (Над 2.5 гола) — Квота: 1.88
Doncaster моментално се наоѓа на 22. позиција на табелата со освоени 27 бодови и е дел од опасната зона, што сериозно го доведува во прашање нивниот опстанок во Англиската Лига Еден. Доколку не успеат да ја подобрат формата на следните натпревари, тимот ќе се соочи со големи проблеми во борбата за опстанок. Во досегашните 26 натпревари, Doncaster оствари 7 победи, 6 пати одигра нерешено и претрпе 13 порази. Најголем проблем за екипата е организацијата во нападот, бидејќи иако создаваат солиден број шанси, реализацијата е недоволна, што резултира со само 28 постигнати голови. Дополнителен хендикеп претставува слабата одбрана, која со 44 примени погодоци важи за една од најлошите во лигата. Сепак, во тимот се издвојуваат поединци како Owen John Edward Bailey со 8 голови и 2 асистенции, како и Luke Molyneux со 4 погодоци и 6 асистенции. Охрабрувачки е фактот што на последните три натпревари Doncaster покажа подобра ефикасност, постигнувајќи 5 голови и освојувајќи една победа и две ремија, што може да биде добар сигнал за продолжението на сезоната.
Leyton Orient со освоени 32 бодови моментално се наоѓа на 16-тото место на табелата, а нивната главна цел оваа сезона е обезбедување опстанок во лигата, со оглед на тоа што имаат само три бода предност над опасната зона. Тимот досега одигра 27 натпревари, еден повеќе од денешниот ривал, на кои забележа 9 победи, 5 нерешени резултати и 13 порази. Во офанзивниот дел играат релативно рационално и успеваат да искористат добар дел од создадените шанси, па така досега постигнаа 40 голови. Сепак, најголем проблем за Leyton Orient оваа сезона претставува одбраната, која е една од најслабите во лигата со дури 45 примени погодоци. Најсветла точка во тимот е младиот Dominic Ballard, кој со 15 постигнати голови и две асистенции е најдобар стрелец во лигата. Дополнителна загриженост претставува слабата форма на гостински терен, каде Leyton Orient има низа од пет последователни порази, од кои четири во лигата и еден во ФА Купот, што сериозно влијае на нивната борба за опстанок.
Бодовите од овој натпревар потребни се и за двата тима за да ја подобрат својата позиција во борбата за опстанок. Со оглед на тоа што и двата тима имаат проблеми со одбраната, а нападот функционира солидно, очекувањата се дека на овој натпревар ќе бидат постигнати три или повеќе голови.