💡 Тип:
1 (Победа на Al-Faisaly Amman) — Квота: 1.95
Al-Faisaly Amman моментално се наоѓа на првата позиција на табелата со 28 освоени бодови, што е резултат на исклучително стабилните настапи во досегашниот дел од сезоната. Во 11 одиграни натпревари, тимот оствари 9 победи, еднаш одигра нерешено и еднаш беше поразен, што ја потврдува нивната доминација во лигата. Офанзивно Al-Faisaly создава голем број шанси и покажува висока ефикасност, со вкупно 28 постигнати голови. Сепак, одбраната има одредени пропусти кои ќе треба да се коригираат, бидејќи досега примија 12 погодоци. Најистакнати поединци се Ahmed Ersan со 10 гола и Sisa со 5 погодоци, кои се клучни носители на играта во нападот. На домашен терен Al-Faisaly е максимално успешен, со 5 победи од 5 натпревари, што дополнително ја нагласува нивната сила пред својата публика. Интересен е и меѓусебниот биланс со денешниот ривал – во последните пет дуели двата тима имаат по две победи, а една средба завршила нерешено.
Al Ramtha се наоѓа на третата позиција со 27 освоени бодови, само еден бод помалку од денешниот противник, што јасно ја покажува нивната конкурентност оваа сезона. Во досегашните 11 кола, тимот оствари 8 победи и 3 ремија и останува единствениот тим без пораз. Главен адут е цврстата и дисциплинирана одбрана, која досега прими само 4 голови – најдобар дефанзивен учинок во лигата. Иако офанзивно не создаваат премногу шанси, ефикасноста им е солидна, со 16 постигнати голови. Најистакнат напаѓач е Moamen Al Saket со 6 голови. Посебно внимание привлекува и младиот голман Abdullah Al Shaqran, кој покрај сигурните интервенции успеа да постигне и два гола – редок, но значаен придонес за одличните резултати на тимот.
Се очекува израмнет натпревар со голема борба на средината. Сметаме дека Al-Faisaly Amman ќе ја искористи предноста на домашен терен и со победа ќе остане на лидерската позиција.
💡 Тип:
1 (Победа на Al Nasr) — Квота: 1.62
Al Nasr со 19 освоени бодови се наоѓа на шестата позиција на табелата и јасно е дека нивната примарна цел сезонава е да останат во средината од поредокот. Тимот има солидна предност од 10 бодови над опасната зона, но во исто време заостанува 10 бодови зад третото место кое носи пласман во Азиската Лига на шампиони 2. Во досегашниот тек од сезоната, Al Nasr оствари 5 победи, 4 пати одигра нерешено и забележа 4 порази. Офанзивно создаваат голем број шанси, но реализацијата не е на највисоко ниво – на 13 натпревари постигнаа 17 голови. Одбраната е поголем проблем, со 16 примени погодоци, што директно влијаеше на резултатите. Најистакнати поединци се Abdoulaye Toure со 3 гола и искусниот српски интернационалец Luka Milivojević со 2 погодоци.
Bani Yas е на последното место со само 8 освоени бодови и доколку не дојде до значително подобрување, нивниот опстанок ќе биде сè потежок. Во досегашниот дел од сезоната имаат 2 победи, 2 ремија и дури 9 порази, што ја отсликува слабата форма. Нападот функционира тешко, со недоволна поврзаност со средниот ред, па тимот постигна само 10 голови на 13 натпревари. Дополнителен проблем е и одбраната, која има премногу пропусти и прими 25 погодоци. И покрај слабите резултати, се издвојуваат Youssoufou Niakate (3 гола и 1 асистенција), како и Leonel Wamba и Godwin Saviour со по 3 погодоци. Сепак, за подобри резултати ќе биде потребен поголем тимски ангажман и подобра организација.
Al Nasr е во далеку подобра форма и како на претходните три натпревари против овој ривал, така и сега очекуваме победа на домашната екипа.
💡 Тип:
X (Нерешено) — Квота: 3.25
Benfica B со 26 освоени бодови е на 9-тата позиција на табелата и со оглед на тоа што нема право на настап во најсилната португалска лига, нивната примарна цел е сигурен опстанок во Liga Portugal 2. Во моментов имаат предност од 5 бодови над опасната зона, што им носи дополнителен мир. На досегашните 19 натпревари остварија 6 победи, 8 ремија и 5 порази. Офанзивно се солидни и реализираат добар дел од шансите, со 26 постигнати голови, но дефанзивата останува сегмент за подобрување со 24 примени погодоци. Младиот белгиски фудбалер Jelani Trevisan е најистакнат поединец со 5 голови и една асистенција. Тимот е во одлична форма, без пораз на последните 12 натпревари во сите натпреварувања, а на домашен терен имаат 3 победи на последните 4 лигашки дуели.
Lusitania FC има само еден бод помалку и се наоѓа на 10-тото место, во средината на табелата, каде главен приоритет им е опстанок. На 19 натпревари имаат 6 победи, 7 ремија и 6 порази – променлива, но стабилна форма. Офанзивно се во рамките на просекот со 27 постигнати голови, но дефанзивата има слабости, особено на неколку клучни мечеви, па примија 31 гол. Во нападот најмногу се истакна João Vasco (5 гола и 1 асистенција), како и Dylan Collard (4 гола и 1 асистенција). Охрабрувачка е и формата на гостински терен – на последните четири гостувања имаат три победи и едно реми.
Како и во првиот меѓусебен дуел сезонава, очекуваме претпазлива и тактичка игра од двете страни. Нерешениот исход делува како најреално сценарио, бидејќи и еден бод би бил прифатлив и за двата тима.
💡 Тип:
ГГ(Двата тима да постигнат гол) — Квота: 1.90
Aguilas ја започнаа новата сезона со два одиграни натпревари и забележаа мешани резултати. Во првото коло одиграа 1-1 на гостувањето кај Santa Fe, а во второто, пред својата публика, беа поразени од Dep. Pasto со 1-2. И покрај тоа што сè уште немаат победа, Aguilas оставија солиден впечаток во нападот – постигнаа гол на двата натпревари и покажаа добра организација во офанзива. Сепак, дефанзивните проблеми се очигледни, бидејќи примија три гола на само два дуели. Охрабрување е и фактот што минатата сезона дома беа меѓу најнезгодните противници во лигата, а со оглед дека ростерот е речиси идентичен, се очекуваат слични настапи и оваа година. Дополнителна самодоверба им дава и традицијата, бидејќи Aguilas немаат пораз на последните 10 меѓусебни натпревари против Dep. Cali (5 победи и 5 ремија).
Dep. Cali исто така одиграа два натпревари со различен исход. На гостувањето кај Jaguares de Córdoba загубија 1-0, но во вториот меч на домашен терен одиграа одлично и го победија Ind. Medellín со 3-1. Тоа ја потврдува нивната способност да креираат и реализираат шанси кога играат со висок интензитет. Ако го задржат истиот пристап, можат да очекуваат позитивни резултати во продолжението од сезоната. И дуелите со Aguilas често се резултатски интересни – на пет од последните шест меѓусебни натпревари двата тима постигнале гол.
На стартот од сезоната и двата тима покажаа солидна ефикасност во нападот, но и пропусти во одбраната. Поради тоа, очекуваме и двата тима да постигнат гол на овој натпревар.