💡 Тип:
1X (Verona да не загуби)
Verona се наоѓа на 20-тата, последна позиција со 14 бодови и има многу тешка сезона. По 23 одиграни натпревари запишаа две победи, 8 ремија и 13 порази, со гол-разлика 18:41, што јасно укажува на сериозни дефанзивни проблеми и слаб резултатски континуитет. Формата е негативна, со повеќе порази во последните кола и малку позитивни сигнали. Офанзивно тешко создаваат шанси и често зависат од индивидуални решенија, додека дефанзивата лесно попушта под притисок. Клучни играчи се Orban, Serdar и Belghali, но поддршката е ограничена. На домашен терен имаат една победа, три ремија и 7 порази. Стилот е претпазлив и дефанзивен.
Pisa се наоѓа на 19-тата, предпоследна позиција со 14 освоени бодови и исто така води борба за опстанок. По 23 одиграни натпревари имаат една победа, 11 ремија и 11 порази, со гол-разлика 19:40, што покажува слични структурни проблеми како и противникот. Формата е слаба, со чести порази и тешкотии на гостински терен. Офанзивата е ограничена, но знаат да бидат опасни преку прекини и брзи напади, додека дефанзивата често губи концентрација. Клучни играчи се Moreo и Tramoni како носители на офанзивата. На гостински терен сè уште се без победа со 7 ремија и 4 порази во 11 меча. Стилот е директен и физички, без долги поседи.
Двете екипи имаат сличен, претпазлив стил и ќе влезат со цел да спречат пораз. Се очекува затворен меч со малку шанси и борба на средина на теренот, каде домашниот фактор може да биде клучен. Точен резултат: 1:1
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Genoa се наоѓа на 14-та позиција со 23 освоени бодови и има сезона со изразени осцилации. По 23 одиграни натпревари запишаа пет победи, 8 ремија и 10 порази, со гол-разлика 27:34, што покажува проблеми во дефанзивната стабилност. Формата е променлива, со неколку солидни резултати дома, но без серија што носи сигурност. Офанзивно знаат да бидат опасни преку брзи транзиции, додека дефанзивата често попушта под континуиран притисок. Клучни играчи се Colombo, Malinovskyi и Ostigard. На домашен терен имаат три победи, 4 ремија и пет порази. Стилот е борбен, со среден блок и фокус на дуели.
Napoli е на 3-та позиција со 46 бодови и останува во трката за врвот. По 23 натпревари имаат 14 победи, 4 ремија и 5 порази, со гол-разлика 33:21, што укажува на квалитетен баланс меѓу напад и одбрана. Формата е променлива поради густ распоред и учеството во Лигата на шампионите, но квалитетот е очигледен. Офанзивата е техничка и брза, со многу движење меѓу линии, додека дефанзивата е организирана, иако знае да остави простор во транзиција. Клучни играчи се Hojlund, McTominay и Anguissa. На гостински терен имаат 6 победи, едно реми и пет порази. Стилот е доминантен со висок посед.
Napoli ќе ја има контролата на поседот, додека Genoa ќе се брани компактно и ќе чека шанси од контра. Квалитетот и длабочината се на страна на гостите, но домаќинот може да возврати со гол. Точен резултат: 1:2
Fiorentina се наоѓа на 18-та позиција со 17 освоени бодови и има сезона исполнета со притисок и резултатска нестабилност. По 23 одиграни натпревари имаат три победи, 8 ремија и 12 порази, со гол-разлика 25:36, што укажува на слаб дефанзивен баланс. Формата е променлива, со ретки позитивни резултати и падови во клучни моменти. Офанзивно создаваат шанси, но реализацијата често изостанува, додека дефанзивата знае да попушти под ритам. Клучни играчи се Mandragora, Kean и Gudmundsson. Дома имаат две победи, три ремија и 6 порази. Стилот е посед-базиран, но без доволна острина.
Torino се наоѓа на 14-та позиција со 26 бодови и има посолидна позиција во однос на противникот. По 23 натпревари запишаа 7 победи, пет ремија и 11 порази, со гол-разлика 22:40, што покажува проблеми во одбраната. Формата е нестабилна, особено на гостински терен. Офанзивата е директна и физичка, но без континуитет, додека дефанзивата често губи концентрација под притисок. Клучни играчи се Vlasic, Simeone и Adams. На гости имаат три победи и пет порази во 11 меча. Стилот е прагматичен и ориентиран кон дуели. Имаа 4 последователни порази, но минатото коло успеаа да дојдат до победа.
Двете екипи имаат проблеми со конзистентност и ќе играат внимателно. Fiorentina ќе има повеќе посед, а Torino ќе бара шанси од транзиција. Натпреварот делува изедначен со мал број голови. Точен резултат: 1:1
💡 Тип:
1 (Победа на Bologna)
Bologna се наоѓа на 10-тата позиција со 30 освоени бодови и има солидна, но нестабилна сезона. По 23 одиграни натпревари запишаа 8 победи, 6 ремија и 9 порази, со гол-разлика 32:30, што укажува на релативно балансиран учинок. Формата е негативна во последните кола, со неколку порази по ред и пад во самодовербата. Офанзивно знаат да бидат креативни, особено преку крилните позиции, но реализацијата варира. Дефанзивата е борбена, но прави грешки под притисок. Клучни играчи се Orsolini, Castro и Odgaard. На домашен терен имаат 4 победи, две ремија и пет порази. Стилот е интензивен, со висок ритам и директен пристап.
Parma се наоѓа на 12-тата позиција со 23 бодови и води борба за стабилизација во средината на табелата, со оглед на тоа што се со 6 бода над зоната на испаѓање. По 23 натпревари имаат пет победи, 8 ремија и 10 порази, со гол-разлика 15:30, што покажува сериозни офанзивни ограничувања. Формата е променлива, со мешани резултати и мал напредок во одбраната. Офанзивата е слаба и ретко создава отворени шанси, додека дефанзивата е компактна, но подложна на притисок. Клучни играчи се Pellegrino и Bernabe. На гостински терен имаат три победи, 4 ремија и 4 порази. Стилот е претпазлив, со низок блок.
Bologna ќе го диктира темпото и ќе притиска високо, додека Parma ќе се брани длабоко и ќе бара шанси од прекини. Домашниот фактор и офанзивниот потенцијал се на страна на Bologna. Точен резултат: 2:0
💡 Тип:
2 (Победа на Udinese)
Lecce се наоѓа на 17-та позиција со 18 освоени бодови и е длабоко вклучен во борбата за опстанок. По 23 одиграни натпревари имаат 4 победи, 6 ремија и 13 порази, со гол-разлика 13:30, што укажува на сериозни офанзивни проблеми. Формата е негативна, со серија слаби резултати и мал број постигнати голови. Офанзивно тешко создаваат шанси од отворена игра и најчесто зависат од прекини, додека дефанзивата е под постојан притисок и често попушта во второ полувреме. Клучни играчи се Banda, Berisha и Coulibaly, но поддршката е ограничена. На домашен терен имаат две победи, 4 ремија и 6 порази. Стилот е дефанзивен, со низок блок и фокус на затворање простор.
Udinese се наоѓа на 9-тата позиција со 32 бодови и има стабилна сезона над очекувањата. По 23 натпревари запишаа 9 победи, пет ремија и 9 порази, со гол-разлика 26:34, што покажува солидна конкурентност, иако дефанзивата не е секогаш сигурна. Формата е добра, со неколку победи во последните кола и позитивен моментум. Офанзивата е директна и ефикасна, особено преку транзиции и физички дуели, додека дефанзивата знае да трпи под константен притисок. Клучни играчи се Davis, Zaniolo и Ekkelenkamp. На гостински терен имаат пет победи, едно реми и пет порази. Стилот е физички и прагматичен.
Lecce ќе се брани длабоко и ќе се обиде да го забави ритамот, додека Udinese ќе притиска и ќе бара простор преку транзиција. Квалитетот и формата се на страна на гостите. Точен резултат: 0:1
💡 Тип:
2 (Победа на Inter)
Sassuolo се наоѓа на 11-та позиција со 29 освоени бодови и има сезона со јасни осцилации. По 23 одиграни натпревари запишаа 8 победи, пет ремија и 10 порази, со гол-разлика 27:29, што укажува на релативно избалансиран, но нестабилен учинок. Формата е променлива, со добри настапи дома и падови против посилни противници. Офанзивно се опасни преку крилата и брзи транзиции, но често зависат од индивидуален квалитет. Дефанзивата знае да биде ранлива под висок притисок. Клучни играчи се Berardi, Pinamonti и Kone. На домашен терен имаат 4 победи, две ремија и пет порази. Стилот е офанзивен, со обид за висок ритам и директна игра.
Inter е лидер на табелата со 55 бодови и игра доминантна сезона; имаат пет бода повеќе од вториот AC Milan. По 23 натпревари имаат 18 победи, едно реми и 4 порази, со гол-разлика 52:19. Формата е одлична, со серија победи и висок степен на самодоверба. Офанзивата е разновидна и ефикасна, со многу движење и длабочина, додека дефанзивата е цврста и добро организирана. Клучни играчи се Lautaro Martinez, Calhanoglu и Thuram. На гостински терен имаат 9 победи и два порази. Стилот е контролирачки, со висок посед и силен пресинг.
Sassuolo ќе се обиде да напаѓа и да го држи ритамот, но Inter има квалитет и структура да ја контролира играта и да казни грешки. Разликата во форма и класа е очигледна. Точен резултат: 1:3
💡 Тип:
1 (Победа на Juventus)
Juventus се наоѓа на 4-та позиција со 45 освоени бодови и има стабилна сезона со јасна резултатска насока. По 23 одиграни натпревари запишаа 13 победи, 6 ремија и 4 порази, со гол-разлика 39:18, што ја истакнува силната дефанзивна структура. Формата е добра, со важни победи во домашното првенство и солидни европски настапи. Офанзивно играат рационално и ефикасно, без преголем ризик, додека дефанзивата е меѓу најцврстите во лигата. Клучни играчи се Yildiz, David и Bremer. На домашен терен имаат 7 победи и 4 ремија, без пораз. Стилот е контролирачки и дисциплиниран.
Lazio се наоѓа на 8-та позиција со 32 бодови и има сезона со осцилации и недоследна форма. По 23 натпревари имаат 8 победи, 8 ремија и 7 порази, со гол-разлика 24:21, што укажува на умерен баланс. Формата е променлива, особено на гостувања каде често губат иницијатива. Офанзивата знае да биде технички квалитетна, но без континуитет, додека дефанзивата е солидна, но ранлива под притисок. Клучни играчи се Cancellieri, Cataldi и Zaccagni. На гостински терен имаат три победи, 4 ремија и 4 порази. Стилот е базиран на посед и трпелива градба.
Juventus ќе го диктира темпото со цврста структура, додека Lazio ќе се обиде да контролира преку посед без многу ризик. Домашната стабилност и дефанзивната сигурност се на страна на домаќинот. Точен резултат: 1:0
💡 Тип:
1 (Победа на Atalanta)
Atalanta се наоѓа на 7-та позиција со 36 освоени бодови и има солидна сезона со јасна европска амбиција. По 23 одиграни натпревари запишаа 9 победи, 9 ремија и пет порази, со гол-разлика 30:20, што укажува на добар баланс и стабилност. Формата е променлива, со неколку ремија и важни победи дома. Офанзивно се силни преку динамични напади и влезови од втор план, додека дефанзивата е компактна и организирана. Клучни играчи се Scamacca, Krstovic и De Ketelaere. На домашен терен имаат 6 победи, 4 ремија и два порази. Стилот е интензивен, со висок пресинг и брзи ротации.
Cremonese се наоѓа на 15-та позиција со 23 бодови и води борба за опстанок. По 23 натпревари имаат пет победи, 8 ремија и 10 порази, со гол-разлика 20:31. Формата е слаба, немаат победа веќе 9 меча (од кои 6 порази). Офанзивата зависи од индивидуални решенија и прекини, додека дефанзивата често попушта под континуиран притисок. Клучни играчи се Bonazzoli, Vardy и Thorsby. На гостински терен имаат три победи, три ремија и 6 порази. Стилот е дефанзивен и реактивен.
Atalanta ќе ја контролира играта со висок ритам и постојан притисок, додека Cremonese ќе се брани длабоко и ќе чека грешка. Разликата во квалитет и домашниот фактор се јасни. Точен резултат: 2:0
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)
AS Roma се наоѓа на 5-та позиција со 43 освоени бодови и игра сезона со јасна амбиција за место помеѓу најдобрите 4 во лигата. По 23 одиграни натпревари имаат 14 победи, едно реми и 8 порази, со гол-разлика 27:14, што ја потврдува силната дефанзивна стабилност. Формата е добра, со важни победи дома и контролиран пристап во поголем дел од мечевите. Офанзивно не форсираат висок ризик, но се ефикасни преку позициони напади и прекини, додека одбраната е компактна и дисциплинирана. Клучни играчи се Soule, Ferguson и Dovbyk. На домашен терен имаат 7 победи, едно реми и три порази. Стилот е тактички зрел, со контрола на темпото.
Cagliari се наоѓа на 12-та позиција со 28 бодови и има солидна, но нестабилна сезона; во последниот период ја подигнаа формата со три последователни победи. По 23 натпревари запишаа 7 победи, 7 ремија и 9 порази, со гол-разлика 28:31. Офанзивата е директна и зависна од индивидуален квалитет, додека дефанзивата знае да биде ранлива под подолг притисок. Клучни играчи се Kilicsoy, Esposito и Borrelli. На гостински терен имаат три победи, 4 ремија и пет порази. Стилот е физички и реактивен.
Roma ќе ја контролира играта со трпелив посед, додека Cagliari ќе се брани и ќе бара контра и прекини. Квалитетот, искуството и домашниот фактор се на страна на домаќинот, па очекуваме меч со мал број голови. Точен резултат: 1:0