Англија Премиер Лига Прогнози

10 – 12 февруари 2026


Chelsea



Leeds

Англија • Premier League
📅 10.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
1 (Победа на Chelsea)
Chelsea се наоѓа на 5-тата позиција со 43 освоени бодови и е во стабилна борба за пласман во ЛШ зоната. По 25 одиграни натпревари имаат 12 победи, 7 ремија и 6 порази, со гол-разлика 45:28, што укажува на солиден баланс меѓу напад и одбрана и добра моментална форма. Офанзивно се разновидни, со брзи транзиции и игра по крилата, додека дефанзивно делуваат поцврсто на домашен терен. Palmer, Joao Pedro и Enzo Fernandez се клучни фигури во креирањето и реализацијата. Дома имаат 6 победи, три ремија и три порази. Стилот е доминантен, со висок посед и контрола на ритамот.
Leeds е на 16-тата позиција со 29 бодови и се наоѓа над зоната на испаѓање. По 25 натпревари запишаа 7 победи, 8 ремија и 10 порази, со гол-разлика 34:43, што укажува на нестабилна дефанзива и чести осцилации во формата. Офанзивно знаат да бидат опасни преку директна игра и контранапади, но реализацијата варира, додека одбраната често попушта под притисок. Calvert-Lewin е главна закана, со Nmecha и Aaronson како поддршка. На гости имаат една победа, 4 ремија и 7 порази. Стилот е енергичен, но реактивен и без долга контрола.
Chelsea ќе настојува да наметне посед и темпо од самиот старт, додека Leeds ќе се повлече и ќе бара шанси од транзиција и прекин. Разликата во квалитет и домашниот фактор одат во корист на домаќинот. Точен Резултат: 2:0


Everton



Bournemouth

Англија • Premier League
📅 10.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)
Everton се наоѓа на 8-мата позиција со 37 освоени бодови и игра солидна сезона без директен притисок од дното. По 25 натпревари имаат 10 победи, 7 ремија и 8 порази, со гол-разлика 28:28, што покажува балансиран, но не и премногу ефикасен тим. Формата е умерено стабилна, со мал број порази во последните кола. Офанзивно не форсираат висок ритам, но знаат да казнат грешки, додека дефанзивно се организирани и компактни. Dewsbury-Hall и Barry се клучни во средината, со Ndiaye како поддршка напред. Дома имаат 4 победи, 4 ремија и 4 порази. Стилот е прагматичен, со фокус на контрола и дуели.
Bournemouth е на 11-тата позиција со 34 бодови и игра променливо, но формата во последниот период им е со нагорна линија. По 25 одиграни меча имаат 8 победи, 10 ремија и 7 порази, со гол-разлика 41:44, што укажува на поофанзивен пристап, но и ранливост во одбраната. Формата е променлива, со победи против силни ривали, но и падови. Офанзивно се потпираат на брза транзиција и креација од средината, додека дефанзивно често оставаат простор. Kroupi е главна закана, со Tavernier и Evanilson како поддршка. На гости имаат две победи, пет ремија и пет порази. Стилот е отворен и динамичен.
Everton ќе се обиде да го успори темпото и да ја искористи домашната стабилност, додека Bournemouth ќе бара игра на повеќе голови и простор преку транзиција. Очекуваме израмнет и тактички меч со фази на отворена игра. Точен Резултат: 1:1


Tottenham



Newcastle

Англија • Premier League
📅 10.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Tottenham се наоѓа на 15-тата позиција со 29 освоени бодови и минува низ нестабилна сезона со пад на резултатите. По 25 одиграни натпревари имаат 7 победи, 8 ремија и 10 порази, со гол-разлика 35:35, што покажува проблем со конзистентност и реализација. Формата е слаба, со мал број победи во последните кола. Офанзивно знаат да создадат шанси, но често не ги користат, додека дефанзивно примаат лесни голови. Richarlison е главна закана, со Romero и Van de Ven како столбови во задната линија. Дома имаат две победи, 4 ремија и 6 порази. Стилот е отворен, но без контрола.
Newcastle е на 12-тата позиција со 33 бодови и исто така има сезона под очекувањата, а во последните три кола имаат три порази. По 25 меча имаат 9 победи, 6 ремија и 10 порази, со гол-разлика 35:36 и слаба форма во последниот период. Офанзивно се потпираат на индивидуален квалитет и прекини, но недостасува флуидност, додека одбраната често е изложена. Bruno Guimarães е клучен во средината, со Woltemade и Barnes како опции напред. На гости имаат две победи, 4 ремија и 6 порази. Стилот е директен и реактивен.
Tottenham ќе се обиде да ја искористи домашната иницијатива, но Newcastle има капацитет да одговори преку транзиција и дуели. Очекуван е отворен меч со шанси на двете страни, но без целосна доминација. Точен Резултат: 1:1


West Ham



Manchester Utd

Англија • Premier League
📅 10.02.2026
🕐 21:15
💡 Тип:
2 (Победа на Manchester Utd)
West Ham се наоѓа на 18-тата позиција со 23 освоени бодови и е во сериозна борба за опстанок. По 25 одиграни натпревари имаат 6 победи, пет ремија и 14 порази, со гол-разлика 31:48, што јасно укажува на сериозни дефанзивни проблеми и нестабилна форма. Иако во последните кола имаат по некоја важна победа, конзистентноста изостанува. Офанзивно зависат од индивидуален квалитет и прекини, додека одбраната често попушта под притисок. Bowen е главна закана, со Paquetá и Wilson како поддршка. Дома имаат три победи, едно реми и 8 порази. Стилот е реактивен и физички, без контрола на посед.
Manchester United се наоѓа на 4-тата позиција со 44 бодови и води борба за сигурен пласман во ЛШ. По 25 натпревари имаат 12 победи, 8 ремија и пет порази, со гол-разлика 46:36 и одлична форма во последниот период. Офанзивно играат брзо и директно, со силна транзиција, додека дефанзивно се поцврсти отколку во првиот дел од сезоната. Bruno Fernandes е моторот на тимот, со Mbeumo кој има постигнато 9 гола досега, како и Cunha како значајна офанзивна опција. На гости имаат 4 победи, пет ремија и три порази. Стилот е интензивен и резултатски ориентиран.
West Ham ќе се обиде преку борбеност и прекини да остане во натпреварот, но Manchester Utd има јасна предност во квалитет и форма и ќе бара контрола преку средината на теренот. Точен Резултат: 1:2


Aston Villa



Brighton

Англија • Premier League
📅 11.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
1 (Победа на Aston Villa)
Aston Villa се наоѓа на 3-тата позиција со 47 бодови и игра сезона на високо ниво со јасни амбиции за ЛШ. По 25 одиграни натпревари имаат 14 победи, пет ремија и 6 порази, со гол-разлика 36:27 и генерално стабилна форма, иако со по некој кикс во лигата. Офанзивно се организирани и трпеливи, со добра реализација од позиционен напад, додека дефанзивно се компактни и дисциплинирани. Watkins и Rogers се клучни во нападот, со Buendia како креативна поддршка. На домашен терен имаат 8 победи, едно реми и три порази. Стилот е контролиран, со висок посед и постепено градење напади.
Brighton се наоѓа на 14-тата позиција со 31 бод и има сезона со изразени осцилации. По 25 натпревари запишаа 7 победи, 10 ремија и 8 порази, со гол-разлика 34:33 и форма што варира од коло до коло. Имаат пад на формата и немаат победа веќе пет меча. Офанзивно делуваат со брза циркулација на топката и игра по земја, но често им недостасува завршница, додека дефанзивно знаат да остават простор меѓу линиите. Welbeck е главна закана, со Ayari и Van Hecke како важни фигури. На гости имаат 2 победи, 4 ремија и 6 порази. Стилот е отворен и технички, но ризичен против поквалитетни ривали.
Aston Villa ќе се обиде да ја контролира играта преку посед и темпо, додека Brighton ќе бара флуидност и излез преку брзи додавања. Квалитетот и домашниот учинок се на страна на Aston Villa. Точен Резултат: 2:1


Crystal Palace



Burnley

Англија • Premier League
📅 11.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
1 (Победа на Crystal Palace)
Crystal Palace се наоѓа на 13-тата позиција со 32 освоени бодови и има сезона со многу осцилации, без целосна сигурност во резултатите. По 25 одиграни натпревари запишаа 8 победи, 8 ремија и 9 порази, со гол-разлика 26:29, што укажува на лимитиран офанзивен капацитет и солидна, но не и стабилна одбрана. Формата е променлива, со неколку тесни победи и порази. Офанзивно се потпираат на индивидуални решенија и прекини, додека дефанзивно знаат да бидат компактни. Mateta е главна закана, со Sarr и Muñoz како поддршка. На домашен терен имаат две победи, 6 ремија и 4 порази. Стилот е прагматичен и реактивен.
Burnley се наоѓа на 19-тата позиција со 15 бодови и е во сериозна криза во борбата за опстанок и, со оглед на формата, многу е веројатно дека од следната сезона ќе игра во понизок ранг. По 25 натпревари имаат три победи, 6 ремија и 16 порази, со гол-разлика 25:49, што јасно ги отсликува слабостите во дефанзивната структура и недоволната ефикасност. Формата е слаба, со ретки позитивни резултати. Офанзивно зависат од индивидуални акции, додека одбраната често попушта под притисок. Anthony, Flemming и Foster се меѓу поретките закани напред. На гости имаат една победа, две ремија и 9 порази. Стилот е дефанзивен, но без стабилност.
Crystal Palace ќе се обиде да ја искористи домашната компактност и слабостите на гостинската одбрана, додека Burnley ќе бара преживување преку низок блок. Квалитетот и формата одат во корист на домаќинот. Точен Резултат: 1:0


Manchester City



Fulham

Англија • Premier League
📅 11.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
Тип: 1 & 3+ (Победа на Man City to Win & 3 или повеќе гола)
Manchester City се наоѓа на 2-тата позиција со 50 освоени бодови и е во трка за титулата, во одлична форма и има стабилна сезона. По 25 одиграни натпревари имаат 15 победи, пет ремија и пет порази, со гол-разлика 51:24 и одлична форма во последните кола. Офанзивно се доминантни со висок посед, брза циркулација и константен притисок, додека дефанзивно ретко дозволуваат чисти шанси. Haaland е главна завршница со 21 постигнат гол, со Semenyo и Foden како поддршка. Дома имаат 9 победи, две ремија и еден пораз. Стилот е контролиран, интензивен и тактички супериорен.
Fulham е на 10-тата позиција со 34 бодови и игра солидна, но нестабилна сезона. По 25 меча имаат 10 победи, 4 ремија и 11 порази, со гол-разлика 35:37 и променлива форма. Офанзивно се опасни во транзиција и преку индивидуален квалитет, но против силни тимови како што е денешниот противник тешко создаваат шанси, додека дефанзивно оставаат простор меѓу линиите. Wilson и Jiménez се клучни напред, со Chukwueze како поддршка од втор план. На гости имаат три победи, две ремија и 7 порази. Стилот е реактивен и директен.
Manchester City ќе преземе целосна контрола преку посед и висок притисок, додека Fulham ќе се брани длабоко и ќе чека ретки транзиции. Квалитетот, формата и домашниот фактор силно одат во корист на City. Точен Резултат: 3:0


Nottingham



Wolves

Англија • Premier League
📅 11.02.2026
🕐 20:30
💡 Тип:
1 (Победа на Nottingham)
Nottingham се наоѓа на 17-тата позиција со 26 бодови и е веднаш над зоната на испаѓање. По 25 одиграни натпревари имаат 7 победи, пет ремија и 13 порази, со гол-разлика 25:38 и променлива форма со неколку важни резултати дома. Офанзивно се потпираат на транзиција и индивидуален квалитет, но реализацијата знае да варира, додека дефанзивно често имаат проблеми под континуиран притисок. Gibbs-White е клучен во нападот, со Hudson-Odoi и Sangaré како поддршка. На домашен терен имаат три победи, три ремија и 6 порази. Стилот е енергичен и директен, со фокус на брзи напади.
Wolves се наоѓа на 20-тата позиција со само 8 бодови и е во сериозна криза со минимални шанси за опстанок, но со оглед на формата во која играат, малку е веројатно да се изборат да останат меѓу најдобрите. По 25 натпревари имаат една победа, пет ремија и 19 порази, со гол-разлика 16:48 и многу слаба форма. Офанзивно создаваат малку и ретко се опасни, додека дефанзивата е меѓу најслабите во лигата. Hwang, Krejčí и Mané се ретки светли точки, но без континуитет. На гости се без победа, со три ремија и 9 порази. Стилот е дефанзивен и реактивен, без јасна офанзивна идеја.
Nottingham ќе се обиде да ја искористи домашната иницијатива и слабата гостинска форма, додека Wolves ќе се бранат длабоко и ќе чекаат грешка. Мотивацијата е силно на страна на домаќинот. Точен Резултат: 2:0


Sunderland



Liverpool

Англија • Premier League
📅 11.02.2026
🕐 21:15
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Sunderland се наоѓа на 9-тата позиција со 36 бодови и игра солидна сезона со амбиции за место на европските натпреварувања. По 25 одиграни натпревари имаат 9 победи, 9 ремија и 7 порази, со гол-разлика 27:29 и релативно стабилна форма, особено на домашен терен. Офанзивно не се премногу ефикасни, но играат дисциплинирано и знаат да го контролираат ритамот, додека дефанзивно се организирани и тешко примаат голови дома. Brobbey е главна напаѓачка опција, со Isidor и Le Fée како поддршка од втор план. Дома имаат 7 победи, 5 ремија и ниту еден пораз. Стилот е балансиран, со фокус на структура и тимска игра.
Liverpool се наоѓа на 6-тата позиција со 39 бодови и е во трка за европските места, но со одредени осцилации во формата. По 25 натпревари имаат 11 победи, 6 ремија и 8 порази, со гол-разлика 40:35, што покажува силен напад, но и дефанзивни слабости. Формата е променлива, со убедливи победи, но и неочекувани порази. Офанзивно се опасни преку висок пресинг и брзи акции, со Ekitiké, Gakpo и Salah како главни закани, додека одбраната знае да остави простор при транзиција. На гости имаат 4 победи, три ремија и пет порази. Стилот е интензивен и офанзивно ориентиран.
Sunderland ќе се обиде да ја искористи домашната стабилност и да го забави темпото, додека Liverpool ќе бара доминација преку пресинг и квалитет во нападот. Очекуван е тактички меч, а со оглед на тоа дека обата тима имаат одличен напад, очекуваме најмалку по еден гол од обете страни. Точен Резултат: 2:2


Brentford



Arsenal

Англија • Premier League
📅 12.02.2026
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Arsenal)
Brentford се наоѓа на 7-мата позиција со 39 бодови и има сезона над очекувањата. По 25 одиграни натпревари имаат 12 победи, три ремија и 10 порази, со гол-разлика 39:34 и солидна моментална форма, особено на домашен терен. Офанзивно се директни и опасни од прекини и транзиција, додека дефанзивно знаат да бидат компактни, иако понекогаш дозволуваат простор. Thiago е главна закана, со Schade и Ouattara како поддршка. Дома имаат 7 победи, три ремија и два порази. Стилот е физички, интензивен и резултатски ориентиран.
Arsenal е лидер на табелата со 56 бодови и игра многу конзистентна сезона во трка за титулата и има јасна цел – да ја освои титулата по 22 години. По 25 натпревари имаат 17 победи, пет ремија и три порази, со гол-разлика 49:17 и одлична форма во последните кола. Офанзивно се разновидни, со брза циркулација и квалитет меѓу линиите, додека дефанзивно се најстабилни во лигата. Gyökeres е прва офанзивна опција, со Trossard и Zubimendi како клучни фигури во средината. На гости имаат 7 победи, три ремија и два порази. Стилот е доминантен, контролиран и тактички зрел.
Brentford ќе се обиде преку физичка игра и прекини да го наруши ритамот, но Arsenal има квалитет и структура за контрола на мечот и резултатот. Точен Резултат: 1:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)