💡 Тип:
1 (Победа на Ath Bilbao)
Ath Bilbao се наоѓа на 9-тата позиција со 31 бод и има сезона со доста осцилации. По 24 одиграни натпревари имаат 9 победи, 4 ремија и 11 порази со гол-разлика 27:34 и форма што не нуди континуитет. Офанзивно знаат да создадат шанси преку брза игра по крилата, но дефанзивно често оставаат простор. Navarro, Williams и Guruzeta се главни напаѓачки адути. На домашен терен имаат 6 победи, две ремија и 4 порази. Стилот е директен и интензивен.
Elche се наоѓа на 16-тата позиција со 25 бодови и има сериозни проблеми во резултатите. Имаат пад на формата и немаат победа веќе 7 меча во лигата, од кои 4 порази. По 24 натпревари имаат пет победи, 10 ремија и 9 порази со гол-разлика 31:35 и многу слаб континуитет. Офанзивно тешко создаваат јасни шанси, додека дефанзивно се ранливи под притисок. Mir, Rodriguez и Silva се меѓу поактивните во нападот. На гостински терен сѐ уште се без победа, со 4 ремија и 7 порази. Стилот е претпазлив и реактивен.
Ath Bilbao ќе ја преземе иницијативата и ќе притисне од самиот старт, додека Elche ќе се обиде да се брани компактно. Разликата во квалитет и домашниот фактор му даваат предност на Ath Bilbao. Точен Резултат: 2:0
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Real Sociedad & 2 или повеќе голови)
Real Sociedad се наоѓа на 8-мата позиција со 31 бод и има солидна сезона со стабилна форма. По 24 одиграни натпревари имаат 8 победи, 7 ремија и 9 порази со гол-разлика 34:35 и три победи во последните пет кола. Немаа пораз 11 меча на сите натпреварувања, а минатото коло беа поразени од Real Madrid. Офанзивно се креативни и разновидни, додека дефанзивно делуваат организирано на свој терен. Oyarzabal, Guedes и Méndez се главни носители во нападот. На домашен терен имаат 6 победи, две ремија и 4 порази. Стилот е технички со контрола на посед.
Oviedo се наоѓа на 20-тата, последна позиција со 16 бодови и има тешка сезона со слаб континуитет. По 23 натпревари имаат само три победи, 7 ремија и 13 порази со гол-разлика 13:36 и серија порази во последниот период. Офанзивно се ограничени и ретко создаваат чисти шанси, додека дефанзивно често попуштаат под притисок. Chaira, Viñas и Reina се меѓу поактивните имиња во офанзивата. На гостински терен имаат една победа, две ремија и 8 порази. Стилот е реактивен и претпазлив.
Real Sociedad ќе ја преземе иницијативата и ќе диктира темпо преку посед, додека Oviedo ќе се брани длабоко и ќе бара контри. Разликата во квалитет и домашниот фактор даваат јасна предност за Real Sociedad. Точен Резултат: 3:1
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)
Betis се наоѓа на 5-тата позиција со 41 бод и игра стабилна сезона во горниот дел од табелата, и се обидува да оствари место во Лигата на шампионите следната сезона. По 24 натпревари имаат 11 победи, 8 ремија и пет порази со гол-разлика 39:29, а остварија три победи во последните три кола. Офанзивно се разновидни и ефикасни, додека дефанзивно делуваат компактно дома. Cucho Hernandez, Antony и Fornals се клучни во нападот. На домашен терен имаат 7 победи од 11 меча. Стилот е технички, со ширина и контрола на посед.
Rayo Vallecano се наоѓа на 17-тата позиција со 25 бодови и е веднаш над зоната на испаѓање, со само еден бод повеќе од Mallorca. По 23 одиграни натпревари имаат 6 победи, 7 ремија и 10 порази со гол-разлика 21:30 и серија од неколку порази, но минатото коло успеаја да дојдат до три бода совладувајќи го Atl. Madrid. Офанзивно имаат ограничена продуктивност, а дефанзивно примаат многу голови, особено на гости. De Frutos, Garcia и Palazón се најистакнати во нападот. На гостински терен имаат три победи и 8 порази од 12 меча. Стилот е борбен, но често реактивен.
Betis ќе ја контролира играта преку посед и офанзивен притисок, додека Rayo ќе се обиде преку транзиција да изненади. Квалитетот и формата се на страната на домаќинот, но голови не би требало да изостанат на овој натпревар. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Osasuna се наоѓа на 10-тата позиција со 30 освоени бодови. По 24 одиграни натпревари имаат 8 победи, 6 ремија и 10 порази со гол-разлика 28:28 и променлива форма во последните кола. Немаат пораз веќе пет меча, од кои три победи. Офанзивно се потпираат на физичка игра и прекини, додека дефанзивно често имаат проблеми со поквалитетни напади. Budimir е главна закана, со Muñoz и Garcia како поддршка. На домашен терен имаат солиден учинок со борбен пристап: 6 победи, три ремија и два порази на 11 меча. Стилот е директен и агресивен.
Real Madrid е лидер на табелата со 60 бодови, и само два бода повеќе од вториот Barcelona. По 24 одиграни натпревари имаат 19 победи, три ремија и само два порази, со гол-разлика 53:19. Формата е одлична со неколку врзани победи. Офанзивно се моќни и разновидни, а дефанзивно стабилни и организирани. Mbappé, Vinícius Júnior и Bellingham се клучни во нападот. На гостински терен имаат 8 победи, три ремија и еден пораз на 12 меча. Стилот е доминантен, со контрола на темпо и брзи транзиции.
Osasuna ќе се брани компактно и ќе чека шанса од прекин, додека Real Madrid ќе ја контролира играта и ќе создава притисок. Очекуваме Osasuna да го искористи распоредот на гостите, кои играат двомеч со Benfica во Лигата на шампионите, и да дојде до бод на овој меч. Точен Резултат: 1:1
💡 Тип:
1 (Победа на Atl. Madrid)
Atl. Madrid се наоѓа на 4-тата позиција со 45 бодови по 24 одиграни натпревари. Имаат благ пад на формата и немаат победа во последните три кола, од кои два порази. По 24 одиграни натпревари имаат 13 победи, 6 ремија и пет порази, со гол-разлика 38:21. Формата варира, но на домашен терен знаат да бидат цврсти. Офанзивно се потпираат на транзиции и индивидуален квалитет, додека дефанзивно не се толку стабилни како претходните сезони. Álvarez, Sørloth и Griezmann се главни закани. На домашен терен имаат 10 победи во 12 меча. Стилот е тактички дисциплиниран со брзи контри.
Espanyol е на 6-тата позиција со 35 бодови и се обидуваат да останат во игра за место на некое од европските натпреварувања. По 24 одиграни натпревари имаат остварено 10 победи, пет ремија и 9 порази, со гол-разлика 29:33. Формата е нестабилна и немаат победа веќе 7 меча, од кои пет порази. Офанзивно знаат да создадат шанси, но дефанзивно примаат лесни голови. Milla, Fernández Jaén и Romero се клучни во нападот. На гостински терен имаат 4 победи од 11 меча. Стилот е отворен и ризичен, со фокус на брзи напади по крилата.
Atl. Madrid ќе се обиде да ја контролира средината и да притиска од старт, додека Espanyol ќе чека простор за контра. Домаќинот има предност поради искуство и индивидуален квалитет. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)
Getafe се наоѓа на 11-тата позиција со 29 бодови по 24 одиграни натпревари. Имаат остварено 8 победи, пет ремија и 11 порази, со гол-разлика 20:28. Формата е нестабилна, со осцилации во резултатите, но во последниот период има подобрување: немаат пораз веќе 4 меча, од кои две победи. Офанзивно не се премногу ефикасни, но знаат да бидат опасни од прекини, додека дефанзивно примаат повеќе голови од очекуваното. Arambarri, Mayoral и Liso се клучни во нападот. На домашен терен имаат солиден учинок од 4 победи, три ремија и пет порази. Стилот е физички и борбен.
Sevilla е на 13-тата позиција со 26 бодови по 24 одиграни натпревари. Имаат остварено 7 победи, пет ремија и 12 порази, со гол-разлика 31:39. Формата е слаба: без победа се веќе три меча, од кои еден пораз и две ремија. Офанзивно создаваат шанси, но реализацијата варира, додека дефанзивно често оставаат простор. Adams, Vargas и Romero се најопасни во завршницата. На гостински терен имаат ограничен ефект и по 11 одиграни натпревари имаат остварено три победи, две ремија и 6 порази. Стилот е офанзивен, но ризичен.
Getafe ќе се обиде да ја наметне физичката игра и темпото, додека Sevilla ќе бара простор преку посед и креација. Очекуван е израмнет меч со мал број голови. Точен Резултат: 1:1
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Barcelona & 2 или повеќе голови)
Barcelona се наоѓа на 2-рото место со 58 бодови, само два бода помалку од лидерот Real Madrid. По 24 одиграни натпревари имаат 19 победи, едно реми и 4 порази, со гол-разлика 64:25. Формата е солидна и покрај неколку киксови, особено минатото коло кога беа совладани од Girona. Офанзивно се исклучително продуктивни со многу креација и ширина, додека дефанзивно понекогаш оставаат простор. Torres, Yamal, Lewandowski и Raphinha се главни адути. Дома имаат 11 победи од 11 меча. Стилот е напаѓачки и со висок посед.
Levante е на 19-тата, предпоследна позиција со 18 бодови по 24 натпревари. Имаат остварено пет победи, 6 ремија и 14 порази, со гол-разлика 26:41. Формата е нестабилна со повеќе порази, односно само една победа во последните 6 одиграни меча. Офанзивно знаат да бидат опасни, но дефанзивно често грешат под притисок. Etta Eyong, Romero и Álvarez се најопасни во нападот. На гостински терен имаат слаб учинок со три победи, две ремија и 7 порази. Стилот е реактивен, со обид за брзи контри.
Barcelona ќе доминира со посед и притисок од самиот старт, додека Levante ќе се брани длабоко и ќе чека транзиција. Квалитетот и домашната форма се на страната на Barcelona. Точен Резултат: 3:0
💡 Тип:
1 (Победа на Celta Vigo)
Celta Vigo се наоѓа на 7-мото место со 34 бодови по 24 одиграни натпревари. Имаат 8 победи, 10 ремија и 6 порази со гол-разлика 32:27, што покажува солидна рамнотежа. Формата е променлива со неколку ремија во низа. Офанзивно создаваат доволно шанси, а дефанзивно се стабилни на домашен терен. Iglesias е прв стрелец со 10 постигнати гола досега, поддржан од Swedberg и Jutglà. На домашен терен имаат три победи, пет ремија и 4 порази. Стилот е организиран со контролиран посед.
Mallorca е на 18-тата позиција со 24 бодови по 24 кола и се наоѓа во зоната на испаѓање. Досега оствариле 6 победи, 6 ремија и 12 порази со гол-разлика 29:39 и нестабилна форма со повеќе порази во серија. Напаѓачки можат да бидат опасни преку Muriqi, но дефанзивно примаат многу голови. Costa и Joseph даваат поддршка во офанзива како креативен елемент во тимот. На гостински терен имаат една победа, две ремија и 9 порази. Стилот е реактивен, со длабока поставеност и игра на контри.
Celta ќе има повеќе иницијатива и посед, додека Mallorca ќе се брани и ќе чека прекин или контра. Домашниот фактор и подобрата организација се на страната на Celta. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Villarreal се наоѓа на 3-тото место со 48 бодови по 24 одиграни натпревари. Имаат 15 победи, три ремија и 6 порази, со гол-разлика 45:26. Формата е променлива со неколку порази, но на домашен терен се стабилни. Офанзивно се продуктивни и создаваат многу шанси, додека одбраната генерално е цврста. Moleiro, Mikautadze и Moreno се клучни во нападот. На домашен терен имаат 9 победи, едно реми и два порази. Стилот е напаѓачки со брз проток на топка.
Valencia е на 15-тата позиција со 26 бодови по 24 кола. Забележале 6 победи, 8 ремија и 10 порази, со гол-разлика 25:37 и нестабилна форма. Напаѓачки зависат од Duro, кој има постигнато 7 гола досега, и поддршката од средината преку Danjuma и López, но дефанзивно често примаат голови. Во последните кола имаат мешани резултати. На гостински терен имаат две победи, три ремија и 7 порази. Стилот е претпазлив, со фокус на контри и прекини.
Villarreal ќе го контролира темпото и ќе притиска од старт, додека Valencia ќе се обиде да затвори простор и да закани од транзиција. Домашниот квалитет и офанзивната моќ се на страната на домаќинот, но сепак двата тима имаат дефанзивна нестабилност. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
X2 (Girona да не загуби)
Alaves се наоѓа на 14-тата позиција со 26 бодови по 24 одиграни натпревари. Имаат 7 победи, пет ремија и 12 порази, со гол-разлика 21:30 и променлива форма во последните кола. Офанзивно не се премногу ефикасни, но знаат да искористат шанси на домашен терен, додека дефанзивно примаат голови под притисок. Martinez, Boyé и Vicente се клучни во нападот. На домашен терен имаат пет победи, три ремија и 4 порази. Стилот е борбен, со фокус на компактност и прекини.
Girona е на 12-тото место со 29 бодови по 24 кола, со три бода повеќе од денешниот противник. Забележале 7 победи, 8 ремија и 9 порази, со гол-разлика 24:38 и солидна форма со неколку позитивни резултати. Минатото коло освоија важни три бода совладувајќи го фаворитот Barcelona. Напаѓачки се опасни преку Vanat, Ounahi и Tsygankov, но одбраната често остава простор. На гостински терен имаат три победи, 4 ремија и пет порази. Стилот е офанзивен, со брзи крила и транзиција.
Alaves ќе се обиде да ја контролира средината и да игра цврсто, додека Girona ќе бара динамика и простор по страните. Очекуваме израмнет меч со шанси на двете страни, и гостите да дојдат до бод на овој натпревар. Точен Резултат: 1:1