💡 Тип:
1 (Победа на Aston Villa)
Aston Villa се наоѓа на 3-тото место со 50 бодови по 26 одиграни натпревари и со само три бода помалку од вториот Manchester City. Имаат 15 победи, пет ремија и 6 порази со гол-разлика 37:27 и стабилна форма во борба за врвот. Офанзивно се ефикасни со добра реализација, додека дефанзивно се цврсти на домашен терен. Watkins, Rogers и Buendia се главни офанзивни адути. На домашен терен имаат 9 победи, едно реми и три порази. Стилот е напаѓачки со висок интензитет и брзи крила.
Leeds е на 15-тата позиција со 30 бодови по 26 кола и се обидува да направи поголема дистанца од зоната на испаѓање. Забележале 7 победи, 9 ремија и 10 порази со гол-разлика 36:45 и нестабилна форма. Напаѓачки знаат да бидат опасни преку Calvert-Lewin, Nmecha и Aaronson, но одбраната често прима голови, особено на гостински терен. На гостински терен имаат една победа, пет ремија и 7 порази. Стилот е директен со обид за брзи напади и пресинг во средина.
Aston Villa ќе доминира со посед и ќе создава притисок од старт, додека Leeds ќе бара шанса преку транзиција. Домашниот квалитет и формата одат во корист на Aston Villa. Точен Резултат: 2:0
💡 Тип:
1 (Победа на Brentford)
Brentford се наоѓа на 7-мото место со 40 бодови по 26 одиграни натпревари. Имаат 12 победи, 4 ремија и 10 порази со гол-разлика 40:35 и солидна позиција во горниот дел од табелата. Формата е променлива, но дома се стабилни. Офанзивно се ефикасни, додека дефанзивно знаат да примат гол под притисок. Thiago, Schade и Ouattara се главни офанзивни адути. На домашен терен имаат 7 победи, 4 ремија и два порази. Стилот е директен со брзи напади.
Brighton е на 14-тата позиција со 31 бод по 26 одиграни натпревари. Забележале 7 победи, 10 ремија и 9 порази со гол-разлика 34:34 и нестабилна форма со повеќе порази во серија, односно немаат победа веќе пет натпревари во лигата, од кои три порази. Напаѓачки имаат квалитет преку Welbeck, Ayari и van Hecke, но одбраната често греши, особено на гости. На гостински терен имаат две победи, 4 ремија и 7 порази. Стилот е технички со обид за посед, но остава простор назад.
Brentford ќе притиска преку крилата и ќе игра со интензитет, додека Brighton ќе се обиде да ја смири играта со посед. Домашниот фактор и формата се на страната на домаќинот. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
1 (Победа на Chelsea)
Chelsea се наоѓа на 5-тото место со 44 бодови по 26 одиграни натпревари. Имаат 12 победи, 8 ремија и 6 порази со гол-разлика 47:30 и стабилна форма во борба за европските натпреварувања. Немаат пораз веќе 5 меча во лигата, од кои 4 победи. Офанзивно се ефикасни со креативност во средината, а дефанзивно се подобри на домашен терен. Joao Pedro, Fernandez и Palmer се клучни офанзивци. На домашен терен имаат 6 победи, 4 ремија и три порази. Стилот е динамичен со висок пресинг и брза транзиција.
Burnley е на 19-тата, предпоследна позиција со 18 бодови по 26 кола. Забележале само 4 победи, 6 ремија и 16 порази со гол-разлика 28:51 и слаба форма. Немаат победа 16 меча, а минатото коло успеаа да го совладаат Crystal Palace. Напаѓачки се потпираат на Anthony, Flemming и Foster, но одбраната е една од најслабите во лигата. На гостински терен имаат две победи, две ремија и 9 порази. Стилот е борбен, но често остава простор против поквалитетни тимови.
Chelsea ќе го контролира поседот и ќе врши константен притисок, додека Burnley ќе се брани длабоко и ќе бара контра. Разликата во квалитет и домашниот фактор се на страната на Chelsea. Точен Резултат: 3:0
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
West Ham се наоѓа на 18-тата позиција со 24 бодови по 26 одиграни натпревари. Имаат 6 победи, 6 ремија и 14 порази со гол-разлика 32:49 и променлива форма. Сепак, имаат подобрување на формата во последниот период и имаат само еден пораз во последните пет меча, од кои три победи. Офанзивно имаат индивидуален квалитет преку Bowen, Wilson и Paqueta, но дефанзивно примаат многу голови. На домашен терен имаат три победи, две ремија и 8 порази. Стилот е директен со фокус на транзиција и прекини.
Bournemouth е на 9-тото место со 37 бодови по 26 одиграни меча. Забележале 9 победи, 10 ремија и 7 порази со гол-разлика 43:45 и солидна форма. Немаат пораз веќе 6 меча во лигата, од кои 4 победи. Напаѓачки се ефикасни преку Kroupi, Tavernier и Evanilson, но одбраната знае да остави простор. На гостински терен имаат три победи, пет ремија и пет порази. Стилот е офанзивен со висок интензитет и брзи крила.
West Ham ќе бара иницијатива пред својата публика, додека Bournemouth ќе игра отворено и ќе напаѓа преку транзиција. Очекуваме динамичен меч со голови на двете страни. Точен Резултат: 2:2
💡 Тип:
1 & 3+ (Победа на Man City & 3 или повеќе гола)
Manchester City се наоѓа на 2-рото место со 53 бодови по 26 одиграни натпревари, со само пет бода помалку од првиот Arsenal, но и натпревар помалку. Имаат 16 победи, пет ремија и пет порази со гол-разлика 54:24 и силна форма во борба за титулата. Офанзивно се најефикасни во лигата, додека дефанзивно се стабилни, особено дома. Haaland има 22 постигнати гола и со Semenyo и Foden се клучни во нападот. На домашен терен имаат 10 победи, две ремија и еден пораз. Стилот е доминантен со висок посед и константен притисок.
Newcastle е на 10-тото место со 36 бодови по 26 одиграни натпревари. Забележале 10 победи, 6 ремија и 10 порази со гол-разлика 37:37 и играат во променлива форма. По 4 последователни порази, минатото коло успеаа да го совладаат Tottenham. Напаѓачки имаат квалитет преку Bruno Guimaraes, Woltemade и Barnes, но одбраната знае да колабира против силни тимови. На гостински терен имаат три победи, 4 ремија и 6 порази. Стилот е интензивен со брзи транзиции.
City ќе го контролира темпото и ќе напаѓа од старт, додека Newcastle ќе бара шанса преку контра. Квалитетот и домашната доминација се на страната на домаќинот. Точен Резултат: 3:1
💡 Тип:
1 (Победа на Crystal Palace)
Crystal Palace се наоѓа на 13-тата позиција со 32 бода по 26 одиграни натпревари. Имаат 8 победи, 8 ремија и 10 порази со гол-разлика 28:32 и променлива форма во последниот период. Имаат само една победа во последните 11 меча во лигата. Офанзивно се потпираат на Mateta, Sarr и Munoz, но реализацијата знае да варира, додека дефанзивно примаат голови во клучни моменти. На домашен терен имаат две победи, 6 ремија и пет порази. Стилот е балансиран со обид за посед и игра по крилата.
Wolves се наоѓа на 20-тата, последна позиција со само 10 бодови. По 27 одиграни натпревари имаат само една победа, 7 ремија и 19 порази, со гол-разлика 18:50 и многу слаба форма. Офанзивата е една од најнеефикасните во лигата, а одбраната прима голови во серија. Hwang, Krejci и Mane се меѓу ретките светли точки. На гостински терен сè уште се без победа, со 4 ремија и 9 порази. Стилот е претпазлив, но без стабилност и континуитет.
Crystal Palace ќе има повеќе иницијатива и ќе се обиде да го контролира темпото, додека Wolves ќе се брани и ќе чека грешка. Домашниот фактор и формата се на страната на домаќинот. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе гола)
Nottingham се наоѓа на 17-тата позиција со 27 бодови по 26 одиграни натпревари. Досега имаат остварено 7 победи, 6 ремија и 13 порази со гол-разлика 25:38 и променлива форма. Во последните пет меча имаат една победа и три ремија. Офанзивно се потпираат на Gibbs-White, Hudson-Odoi и Sangare, но реализацијата е неконстантна, а дефанзивно знаат да примат гол на почетокот на натпреварот. Стилот е директен со брзи транзиции и игра по крилата.
Liverpool е на 6-тата позиција со 42 бодови по 26 одиграни натпревари и се обидува да дојде до позиција која води во европските натпреварувања. Досега оствариле 12 победи, 6 ремија и 8 порази со гол-разлика 41:35 и солидна форма со две победи во последните 4 меча. Напаѓачки се опасни преку Ekitike, Gakpo и Salah, додека дефанзивно оставаат простор при висока линија. Стилот е офанзивен со висок пресинг и брз проток на топка.
Nottingham ќе се обиде да биде компактен и да напаѓа преку контра, додека Liverpool ќе го контролира поседот и темпото. Квалитетот и офанзивната моќ се на страната на гостите и очекуваме ефикасен натпревар и најмалку три гола во текот на мечот. Точен Резултат: 1:2
Sunderland се наоѓа на 11-тата позиција со 10 бодови по 26 одиграни натпревари оваа сезона. Досега имаат остварено 9 победи, 9 ремија и 8 порази со гол-разлика 27:30 и нестабилна форма. Во последните пет меча имаат две победи и три порази. Офанзивно се потпираат на Brobbey, Isidor и Le Fee, но реализацијата е слаба, додека дефанзивно примаат лесни голови. Стилот е борбен со обид за директна игра и контри.
Fulham е на 12-тата позиција со 34 бодови по 26 одиграни натпревари досега. Оствариле 10 победи, 4 ремија и 8 порази со гол-разлика 35:40, со пад на формата во последниот период и имаат 4 порази во последните 5 меча во лигата. На гостински терен, по 13 одиграни натпревари, имаат остварено две победи, 4 ремија и 7 порази. Напаѓачки се наслонуваат на Wilson, Jimenez и Chukwueze, но одбраната е ранлива. Стилот е офанзивен со фокус на брзи напади по страните.
Sunderland ќе се обиде да игра цврсто и да чека грешка, додека Fulham ќе има повеќе иницијатива. Очекуваме израмнет меч во кој двата тима ќе поделат бодови. Точен Резултат: 1:1
💡 Тип:
2 (Победа на Arsenal)
Tottenham се наоѓа на 16-тата позиција со 29 бодови по 26 одиграни натпревари. Имаат 7 победи, 8 ремија и 11 порази со гол-разлика 36:37 и нестабилна форма со повеќе порази во низа. Во последните пет меча имаат две ремија и три порази. Офанзивно се потпираат на Richarlison, Romero и van de Ven, но дефанзивно оставаат многу простор. На домашен терен имаат две победи, 4 ремија и 7 порази. Стилот е офанзивен со висок ризик.
Arsenal е лидер на табелата со 58 бодови и само пет бода повеќе од вториот Manchester City, но и натпревар повеќе. По 27 натпревари имаат 17 победи, 7 ремија и три порази, со гол-разлика 52:20 и одлична форма. Офанзивата е моќна и разновидна, додека дефанзивата е убедливо најцврста во лигата. Gyokeres, Trossard, Zubimendi и Rice се клучни носители. На гостински терен имаат 7 победи, пет ремија и два порази. Стилот е доминантен со висок пресинг и контрола на посед.
Tottenham ќе се обиде да ја искористи поддршката на домашната публика, додека Arsenal ќе го контролира поседот и ќе бара простор меѓу линиите. Квалитетот и формата се на страната на гостите. Точен Резултат: 1:3
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе гола)
Everton се наоѓа на 8-та позиција со 37 бодови по 26 одиграни натпревари. Имаат остварено 10 победи, 7 ремија и 9 порази со гол-разлика 29:30 и солидна форма, со еден пораз во последните 6 меча. Офанзивно се потпираат на Dewsbury-Hall, Ndiaye и Barry, кои имаат постигнато по пет гола досега, додека дефанзивно се релативно стабилни на свој терен. На домашен терен имаат 4 победи, 4 ремија и пет порази. Стилот е организиран со дисциплина и транзиција.
Manchester Utd се наоѓа на 4-тата позиција со 45 бодови по 26 одиграни натпревари сезонава. Досега oствариле 12 победи, 9 ремија и пет порази со гол-разлика 47:37. Играат многу подобро од почетокот на сезоната и немаат пораз веќе 9 меча, односно имаат 4 победи на последните пет меча. Напаѓачки се опасни преку Mbeumo, Fernandes и Cunha, но дефанзивно знаат да осцилираат. Стилот е директен со брзи напади и агресивен пресинг.
Everton ќе се обиде да игра компактно и да ја искористи домашната поддршка, додека Manchester Utd ќе бара иницијатива преку посед и притисок. Очекуваме да гледаме ефикасен натпревар во кој ќе има најмалку три гола. Точен Резултат: 1:2