
Тикет на денот
Suduva – Dainava Alytus
Suduva по 32 одиграни кола се наоѓа на 4-тото место со вкупно 52 бодови, откако забележаа по 13 победи и ремија и претрпеа 6 порази. Тимот постигна 42 голови, а прими 31, покажувајќи стабилна игра во текот на сезоната. Овој натпревар е од големо значење за нив, бидејќи со победа би останале во трката за третата позиција која обезбедува место во европските натпреварувања, конкретно во квалификациите за Конференциската лига следната сезона.
Dainava Alytus се наоѓа на последното, 10-то место во литванската A Lyga со само 17 бодови по 32 одиграни натпревари, и нивните шанси за опстанок се многу мали. Тимот сезонава забележа само 3 победи, 8 ремија и 23 порази, постигнувајќи 25 голови — најмалку од сите екипи во лигата, додека примија 65. Во текот на оваа година одиграа три натпревари против денешниот ривал, од кои два ги загубија, а само на еден успеаја да ремизираат.
Al Najma – Al Ahli SC
Al Najma се наоѓа на последното место по 5 одиграни натпревари, откако загубија на сите без да освојат ниту еден бод, исто како и екипата на Al Okhdood. Во овие натпревари постигнаа само 4 голови, а примија 13, што ја истакнува нивната слаба дефанзивна игра. Против денешниот ривал, Al Najma има одиграно 6 натпревари во својата историја и загубила на сите, што дополнително го прави овој дуел голем предизвик за нив.
Al Ahli SC одигра 5 натпревари сезонава и моментално се наоѓа на 8-мото место со 9 бодови. Тие забележаа 2 победи и 3 ремија, останувајќи непоразени досега. Во тие натпревари постигнаа 7 голови, а примија само 4, покажувајќи стабилна дефанзива. Покрај настапите во лигата, Al Ahli SC успешно се натпреварува и во азиската AFC Champions League, каде на 3 одиграни натпревари има 2 победи и едно реми.
AS Roma – Plzen
AS Roma ја започна својата европска сезона со победа на гостувањето кај Nice, но потоа беше непријатно изненадена на „Олимпико“, губејќи од Lille со 0:1, што ги остави на 15-тата позиција во групата. И покрај тој пораз, тимот на Roma игра солидно во италијанската Серија А, каде моментално се наоѓа на 4-тото место. Во последното коло загубија од Интер, но и понатаму остануваат меѓу главните кандидати за место во Лигата на шампионите.
Plzen ја започна сезоната во Европа со реми 1:1 против Ференцварош на гостински терен, а потоа забележа уверлива победа од 3:0 против Малмо пред својата публика. Со освоени 4 бодови по две кола, тие моментално се на 8-мата позиција, која носи директен пласман во осминафиналето. Сепак, пред нив следуваат уште шест тешки рунди од групната фаза, каде секој бод ќе биде клучен.










