
Шпанија Лалига Прогнози
Real Sociedad – Sevilla
Real Sociedad во слаба форма ја започна сезоната, се наоѓаат на 18-тото место со скромни 6 бода. Претходното коло ремизираа со Celta Vigo на гостински терен, создаваат шанси, но реализацијата им е слаба страна. Структурно, Sociedad останува добро организиран, но имаат одредени дефанзивни проблеми и досега имаат примено 13 гола. Имаат постигнато 8 гола досега, а најрасположени во нападот се Oyarzabal со два постигнати гола, а Barrenetxea има еден постигнат гол и 3 асистенции, што го прави многу корисен на теренот. Тимот го води Sergio Francisco, кој ќе мора да поработи да создаде баланс помеѓу редовите во тимот.
Sevilla влегува со позитивен импулс, се наоѓаат на 9-тата позиција со 13 освоени бода досега. Врзаа две последователни победи, меѓу кои и победата над Barcelona од 4:1. Минатото коло беа поразени од Mallorca на домашен терен со 1:3, каде одбраната комплетно потфрли. Тимот на Matias Almeyda игра со висок интензитет, особено во првите 15 минути. После 9 одиграни меча имаат остварено 4 победи, едно реми и 4 порази. Играат ефикасни натпревари и имаат постигнато 26, а имаат примено 14 гола. Како гостински тим имаат победено последните 3 меча.
Girona – R. Oviedo
Girona е под притисок да излезе од кризата и да го поправи скорот. Се наоѓаат на дното на табелата со само 6 освоени бода и ист број на бодови како и денешниот противник. Имаат слаба реализација и имаат постигнато само 6 гола досега. Исто така, ја имаат најслабата одбрана во лигата со 19 примени гола. После 9 одиграни меча имаат остварено само една победа, 3 ремија и 5 порази. Тимот го води Michel, а во нападот најрасположен е Vanat со два постигнати гола.
R. Oviedo, со Luis Carrion, кој ќе се обиде да ја сопре лошата форма на тимот. Се наоѓаат на предпоследната позиција со ист број на бодови како и денешниот противник. Имаат најслаб напад во лигата и досега имаат постигнато само 4 гола сезонава. После 9 одиграни меча имаат остварено само две победи и 7 пати се поразени. Дефанзивата не функционира, примаат лесни голови и имаат примено 16 гола сезонава.
Espanyol – Elche
Espanyol има потреба од победа за да се задржи во топ 6 тима во лигата. Тимот е под водство на Manolo Gonzalez, а во нападот располага со Pere Milla, кој има постигнато 4 гола досега, а Puado и Garcia имаат постигнато по два гола. Немаа победа 4 натпревари, од кои два порази и два ремија; минатото коло успеаја да дојдат до победа над R. Oviedo на гостински терен. На домашен терен, после 5 одиграни меча, имаат остварено 3 победи, а последните два меча — реми и пораз.
Elche, како новопромовиран тим, е пријатно изненадување. Под водство на Eder Sarabia, играта е рационална, низок до среден блок, внимателно темпо. После 9 одиграни меча имаат остварено 3 победи, 5 ремија и само еднаш се поразени. Имаат постигнато 11, а имаат примено 9 гола. Минатото коло ремизираа со Ath Bilbao на домашен терен без голови — уште еден факт дека се способни да исцрпат ривалот. На гостински терен се во релативно слаба форма и после 4 одиграни меча имаат три ремија и еден пораз.
Ath Bilbao – Getafe
Ath Bilbao игра цврсто на домашен терен, но екипата на Ernesto Valverde повремено има проблеми со реализација. Не можат да бидат задоволни од текот на сезоната; се наоѓаат на 8-то место со 4 победи, две ремија и 3 порази. Минатото коло ремизираа со Elche на гостински терен во натпревар без голови. Нападот се потпира на Nico и Inaki Williams, а ги надополнува Sannadi. Во средата, во групната фаза од Лигата на шампионите, го совладаа Qarabag со 3:1.
Getafe имаше одличен старт на сезоната, но не продолжи со тоа темпо. Немаат победа веќе 5 меча, од кои 3 порази и две ремија, а последните две кола се поразени. Постигнуваат, но и примаат голови, па досега имаат постигнато 9, а имаат примено 12 гола. Тимот го води Bordalas, а во нападот располага со Adrian Liso, кој има постигнато 3 гола досега, а Mayoral има постигнато два гола досега. Како гостински тим имаат одиграно 5 натпревари и имаат 3 порази на последните 3 меча на гостински терен.
Valencia – Villarreal
Valencia во променлива форма, на 14-тата позиција со 9 освоени бода досега. После 9 одиграни меча имаат остварено две победи, 3 ремија и 4 порази. Играат ефикасни натпревари и имаат постигнато 10, а имаат примено 14 гола. Имаат пад на формата и немаат победа последните 4 меча, од кои два порази и два ремија. Се потпираат на индивидуалностите на Rioja, кој досега има 3 асистенции, а Duro и Danjuma, кои имаат постигнато по 3 гола досега. Дефанзивно имаат пропусти, но на секој меч имаат различен перформанс. На домашен терен имаат одиграно 4 меча и имаат две победи, едно реми и еден пораз.
Villarreal, под водство на Marcelino, е јасно структуриран колектив; се наоѓаат на 3-тата позиција со 17 освоени бода досега. После 9 одиграни меча имаат остварено пет победи, две ремија и два порази. Имаат одличен напад и имаат постигнато 16, а имаат примено 10 гола, што значи дека имаат одлична реализација. Нападот функционира одлично и Buchanan има постигнато 4 гола, а Gueye, Moleiro, Mikautadze и Pepe имаат постигнато по два. Во вторникот беа поразени од Manchester City со 0:2 во групната фаза од Лигата на шампионите.
Mallorca – Levante
Mallorca во слаба форма, на 16-тата позиција со 8 бода. Знаат да бидат опасни во прекин и транзиција, но тешко креираат позиционен напад. После 9 одиграни меча имаат остварено само две победи, две ремија и 5 порази. Минатото коло одиграа одлично и ја поразија Sevilla на гостински терен со 1:3. Оваа победа е одлична за самодовербата. Тимот го води Jagoba Arrasate, а во нападот се потпира на Joseph, кој има постигнато два, и Vedat Muriqi, кој има постигнато два гола. Како домашен тим имаат одиграно 4 меча — еднаш се поразени, со две ремија и еден пораз.
Levante, под водство на Julian Calero, игра непредвидливо. Играат ефикасни натпревари и имаат постигнато 10, а имаат примено 14 гола. После 9 одиграни меча сезонава имаат остварено две победи, исто толку пати ремизирале и 5 пати се поразени. Физички се одлично подготвени, но во дефанзивна организација знаат да потфрлат. Минатото коло доживеаја пораз на домашен терен од Rayo Vallecano со 0:3. Во нападот се потпираат на Romero и Etta, кои имаат постигнато по 4 гола досега.
Real Madrid – Barcelona
Real Madrid е на првото место на табелата со 24 бода, два бода помалку од денешниот противник. Под водство на Xabi Alonso и со Mbappe во одлична форма тимот може да се рече и дека не греши. Имаат одлична офанзива со Vinicius, Guler и Rodrygo. Во средниот ред се Valverde, Mastantuono и Diaz. После 9 одиграни меча имаат остварено 8 победи и еднаш се поразени, а имаат постигнато 120, а примено 9 гола. Како домашен тим имаат одиграно 4 меча и остварено 4 победи. Во средата го пречекаа Juventus во групната фаза од Лигата на шампионите и остварија победа на домашен терен.
Barcelona, под водство на Hansi Flick, е во подем резултатски и со карактер. Се наоѓаат на 2-та позиција со 22 бода, два бода помалку од денешниот противник. Ја имаат најдобрата офанзива во лигата со 24 постигнати гола, а имаат примено 10 гола досега. Lewandowski и Torres имаат по 4 постигнати гола досега, а Raphinha 3 гола. Слабоста е одбранбената транзиција при загубена топка на средината на теренот. По поразот од Sevilla ја совладаа Girona. Во групната фаза од Лигата на шампионите, во вторникот ја совладаа Olympiacos Piraeus со 6:1.
Osasuna – Celta Vigo
Osasuna е на 13-тата позиција со 10 бода и досега имаат постигнато 7, а имаат примено 9 гола. На домашен терен играат одлично и после 4 одиграни меча како домаќини имаат 3 победи и едно реми. Против Atl. Madrid минатото коло загубија минимално, но покажаа дисциплина и јасна одбранбена шема. Тимот го води Alessio Lisci, а во нападот најрасположени се Budimir, Garcia, Benito и Munoz.
Celta Vigo има седум ремија на девет одиграни меча и имаат два порази и сè уште се без победа оваа сезона. Досега имаат постигнато 8, а имаат примено 11 гола. Играат на два фронта, а во четвртокот во групната фаза од Лигата на Европа го пречекаа Nice. Тимот е под водство на Claudio Giraldez, а во нападот го има расположениот Borja Iglesias, кој има постигнато 4 гола досега. Исто така, во листата на стрелците со по еден гол досега се запишаа Alvarez, Aspas и Duran.
Rayo Vallecano – Alaves
Rayo Vallecano, под водство на Inigo Perez, се наоѓаат на средината на табелата, на 11-тото место со 11 бода, еден бод помалку од денешниот противник. После 9 одиграни меча имаат остварено 3 победи, двапати имаат ремизирано и 4 пати се поразени. Постигнуваат, но и примаат голови и имаат постигнато 11, а имаат примено 10 гола. Проблем е конзистентноста, а во последните две кола остварија две победи против Real Sociedad и Levante. Во нападот најефикасни се de Frutos со 4 постигнати гола, а Garcia има 3 постигнати гола. Во четвртокот им гостуваа на Häcken во групната фаза од Конференциската лига.
Alaves, под водство на Eduardo Coudet, е стабилен и се наоѓа на 10-тата позиција со 12 бода. После 9 одиграни меча имаат 3 победи, а исто толку ремија и порази. Досега имаат постигнато 9, а имаат примено 8 гола. Во напад се потпираат на Vicente, кој има постигнато 3 гола досега, а Martinez има два постигнати гола. Како креатори на играта во средниот ред се потпираат на Guevara, Alena и Blanco.
Betis – Atl. Madrid
Betis, под водство на Manuel Pellegrini, има одличен старт на сезоната и се наоѓаат на 5-тото место со 16 освоени бода досега, со ист број на бодови како и денешниот противник. После 9 одиграни меча само еднаш се поразени, а имаат 4 победи и 4 ремија. Имаат одличен напад со 15 постигнати гола, а имаат примено 10 гола. Немаат пораз последните 7 меча, вклучувајќи ги и натпреварите од групната фаза на Лигата на Европа. Во нападот го имаат расположениот Hernandez Cucho, кој има постигнато 4 гола досега, а покрај него е Ezzalzouli со два постигнати гола. Во четвртокот им гостуваа на Genk во групната фаза од Лигата на Европа.
Atl. Madrid, на 4-тата позиција со ист број на бодови како и денешниот противник, имаат само еден пораз досега, односно 4 победи и 4 ремија после 9 одиграни меча. Diego Simeone има одлични индивидуалци, како Julian Alvarez, кој досега има 6 постигнати гола. Во нападот исто така придонесуваат Sorloth, Giuliano Simeone, Griezmann и Almada. Во групната фаза од Лигата на шампионите доживеаја висок пораз од Arsenal на гостински терен со 4:0.










