Англија Премиер Лига Прогнози

24-27 октомври 2025

Leeds – West Ham

Англија • Premier League 📅 24.10 🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Leeds)

Leeds се наоѓа на 16-тата позиција со освоени 8 бода, три повеќе од тимовите во зоната на испаѓање. По 8 одиграни натпревари имаат 2 победи, 2 ремија и 4 порази. Тимот е без победа во последните два меча, а во минатото коло беше поразен од Burnley со 2:0 на домашен терен. Leeds има постигнато само 7, а примено 13 голови, што го истакнува проблемот со ефикасноста и дефанзивната стабилност. Тренер е Daniel Farke, кој се обидува да ја врати самодовербата и конзистентноста во играта. Најефикасен е Okafor со 2 гола, а Nmecha и Calvert-Lewin имаат по еден погодок. Во средниот ред Longstaff и Stach исто така имаат по еден постигнат гол. Како домаќин, Leeds има победа, две ремија и пораз, со гол-разлика 4:4.

West Ham се наоѓа на предпоследната, 19-та позиција со освоени 4 бода по 8 одиграни натпревари. Тимот има една победа, едно реми и дури 6 порази. Без победа е веќе пет кола, од кои четири завршија со пораз. Во минатото коло беа совладани од Brentford со 0:2 на гостински терен. West Ham има постигнато 6, а примено дури 18 голови, што ја прави одбраната најслаба во лигата. Тренер е Nuno Espirito Santo, кој се обидува да ја стабилизира формата на тимот. Во нападот Jarrod Bowen е најистакнат со 3 постигнати гола, додека во средниот ред Lucas има 2 гола, а Diouf се истакнува со 3 асистенции. На гостински терен West Ham има една победа и три порази, со гол-разлика 4:6.

🔎 Очекувања: Вест Хем најверојатно ќе ја чека шансата од прекин или индивидуален момент. Ако Лидс дојде до водство, може да го затвори мечот без големи ризици. 2:1

Chelsea – Sunderland

Англија • Premier League 📅 25.10 🕐 16:00
💡 Тип:
1 (Победа на Chelsea)

Chelsea се наоѓа на 5-тата позиција со освоени 14 бода и главна цел да се вратат меѓу најдобрите четири екипи во лигата. По 8 одиграни натпревари имаат 4 победи, 2 ремија и 2 порази. Тимот е во одлична форма со две последователни победи, а во минатото коло убедливо го совлада Nottingham со 0:3 на гостински терен. Chelsea има постигнато 16, а примено 8 голови. Тренер е Enzo Maresca, кој внесува офанзивна дисциплина и сигурност во одбраната. Во нападот најефикасни се Joao Pedro и Pedro Neto со по 2 гола, а Estevao има еден погодок. Средниот ред е мошне продуктивен и Caicedo и Fernandez имаат по 3 постигнати гола. На домашен терен Chelsea има 2 победи, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 5:4. Во Лигата на шампионите го совлада Ajax со 5:1.

Sunderland се наоѓа на 7-ма позиција со освоени 14 бода, исто колку и денешниот противник. По 8 одиграни натпревари имаат 4 победи, 2 ремија и 2 порази. Тимот е во добра форма со само еден пораз во последните пет меча. Во минатото коло Sunderland славеше против Wolves со 2:0 на домашен терен. Тимот има постигнато 9, а примено 6 голови, што покажува цврста дефанзива и ефикасен напад. Тренер е Regis Le Bris, кој ја предводи екипата со модерен и офанзивен пристап. Најефикасен во нападот е Isidor со 3 постигнати гола, додека Mayenda има еден погодок. Во средниот ред Enzo Le Fee се издвојува со 2 гола и клучна улога во креативноста на тимот. Sunderland изгледа стабилно и има јасна цел — место меѓу најдобрите шест.

🔎 Очекувања: Челси ќе ја контролира играта на мечот, а Сандерленд ќе се потпира на транзиција и изненадување преку контра, но разликата во индивидуален квалитет е очигледна. 2:0

Newcastle – Fulham

Англија • Premier League 📅 25.10 🕐 16:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Newcastle се наоѓа на 14-тата позиција со освоени 9 бода по 8 одиграни натпревари. Тимот има 2 победи, 3 ремија и 3 порази. Во минатото коло беше совладан од Brighton со 2:1 на гостински терен. Newcastle има постигнато 7 и примено исто толку голови, што покажува изедначен баланс меѓу нападот и одбраната. Тренер е Eddie Howe, кој се обидува да ја врати конзистентноста во резултатите. Најефикасен во нападот е Woltemade со 4 постигнати гола, додека Osula има еден погодок. Во средниот ред Dan Burn, Livramento и Trippier се клучни во креирањето на играта и поддршката на офанзивата. Како домаќини, Newcastle имаат 2 победи и 2 порази. Во Лигата на шампионите, во средата, тимот забележа импресивна победа над Benfica со 3:0.

Fulham се наоѓа на 15-тата позиција со освоени 8 бода, еден помалку од денешниот противник. По 8 одиграни натпревари имаат 2 победи, 2 ремија и 4 порази. Тимот е во слаба форма со три последователни порази, а во минатото коло беше минимално совладан од Arsenal со 0:1. Fulham има постигнато 8, а примено 12 голови. Тренер е Marco Silva, кој се обидува да ја врати ефикасноста на тимот и стабилноста во одбраната. Во нападот Jimenez и Rodrigo имаат по еден постигнат гол, додека во средниот ред Iwobi, Sessegnon, Smith и Wilson исто така имаат по еден погодок. На гостински терен Fulham одигра 4 меча, без победа — со едно реми и три порази — со гол-разлика 3:9.

🔎 Очекувања: Newcastle ќе го форсира брзото темпо на игра и ќе притиска да дојде до рано водство, додека Фулам ќе се повлече и ќе чека контра. Обата тима имаат одличен напад; очекуваме динамичен натпревар во кој ќе има најмалку 3 гола. 2:1

Manchester Utd – Brighton

Англија • Premier League
💡 Тип:
ГГ(Двата тима да постигнат гол)

Manchester United се наоѓа на 9-тата позиција со освоени 13 бода по 8 одиграни натпревари. Тимот има 4 победи, едно реми и 3 порази. Во минатото коло обезбедија значајни три бода со победата над Liverpool со 1:2 на гостински терен. Manchester United има постигнато 11, а примено 12 голови, што укажува на потреба од поголема дефанзивна стабилност. Тренер е Ruben Amorim, кој настојува да воспостави конзистентност во играта. Најефикасни во нападот се Mbeumo и Sesko со по два гола, додека во средниот ред Bruno Fernandes има исто така два, а Casemiro и Mount по еден погодок. На домашен терен United одигра четири меча, при што забележа три победи и едно реми.

Brighton се наоѓа на 10-тата позиција со освоени 12 бода, еден помалку од денешниот противник. По 8 одиграни натпревари имаат 3 победи, 3 ремија и 2 порази. Тимот е без пораз во последните четири кола и во одлична форма. Во минатото коло Brighton го совлада Newcastle со 2:1 на домашен терен. Тимот има постигнато 12, а примено 11 голови, што покажува офанзивен стил на игра со нешто послаба дефанзива. Тренер е Fabian Hurzeler, кој успешно ја комбинира младоста и темпото во играта. Најефикасен е Welbeck со 4 гола, а Mitoma, Minteh и Kostoulas имаат по еден погодок. Во средниот ред Ayari и Milner исто така имаат по еден постигнат гол. На гостински терен Brighton има една победа, едно реми и два порази, со гол-разлика 4:8.

🔎 Очекувања: Обата тима се во одлична форма и имаат одличен напад; три бода се неопходни за обата тима за да се приближат кон горниот дел на табелата. Очекуваме најмалку по еден гол од обете страни. 2:1

Brentford – Liverpool

Англија • Premier League
💡 Тип:
2 (Победа на Liverpool)

Brentford се наоѓа на 13-тата позиција со освоени 10 бода по 8 одиграни натпревари. Тимот има 3 победи, едно реми и 4 порази. Во минатото коло Brentford запиша значајна победа против West Ham со 0:2 на гостински терен, со што ја прекина лошата серија. Тимот има постигнато 11, а примено 12 голови, што укажува на израмнет однос меѓу нападот и одбраната. Тренер е Keith Andrews, кој се потпира на динамична и напаѓачка игра. Најефикасен во нападот е Igor Thiago со 5 постигнати гола, додека Ouattara има еден погодок. Во средниот ред Carvalho, Damsgaard и Schade имаат по еден постигнат гол и придонесуваат за креативноста во играта. Како домаќини, Brentford имаат 2 победи, едно реми и еден пораз во 4 одиграни меча.

Liverpool се наоѓа на 3-тата позиција со 15 освоени бода, четири помалку од лидерот Arsenal. По 8 одиграни меча тимот има 5 победи и 3 порази, сите три во последните кола. Во минатото коло загубија од Manchester Utd, што ја влоши нивната форма. Под водство на Arne Slot, Liverpool постигна 14, а прими 11 голови. Во нападот најефикасни се Ekitike и Gakpo со по три погодоци, Chiesa и Salah имаат по два, а Ngumoha еден гол. Средниот ред, предводен од Gravenberch, Szoboszlai и Wirtz, ја носи креативноста во тимот. Како гости имаат 2 победи и 2 порази, со гол-разлика 6:6. Во Лигата на шампионите, во средата, го декласираа Eintracht Frankfurt со 1:5 на гостински терен.

🔎 Очекувања: После три последователни порази, време е Liverpool да го прекине овој низ. Ќе влезат мотивирани за победа, после одличната игра во Лигата на шампионите. 0:2

Arsenal – Crystal Palace

Англија • Premier League
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Arsenal ја презеде првата позиција на табелата со 19 освоени бода по 8 одиграни меча. Тимот на Mikel Arteta бележи извонредна форма со шест последователни победи во сите натпреварувања. Во последното коло славеа минимално со 0:1 против Fulham на гостински терен. Арсенал има постигнато 15, а примено само 3 гола — најдобра одбрана во лигата. Најефикасен е Gyokeres со 3 погодоци, Saka има два, а Trossard и Martinelli по еден. Средниот ред, предводен од Zubimendi, кој има два гола, како и Rice и Merino со по еден, обезбедува стабилност и креативност. На домашен терен имаат три победи и едно реми. Во вторникот, во Лигата на шампионите, Арсенал го декласира Atl. Madrid со убедливи 4:0.

Crystal Palace е на 8-мата позиција со 13 освоени бода и амбиција да се пробие меѓу најдобрите шест тима во Премиер лигата. Под водство на Oliver Glasner, тимот по осум одиграни меча има 3 победи, 4 ремија и само еден пораз. Во минатото коло одиграа возбудливо реми 3:3 против Bournemouth на домашен терен. Palace има постигнато 12, а примено 8 голови. Најефикасен е Mateta со 5 погодоци, додека Sarr има 3, а Nketiah еден. Kamada и Wharton ја носат креативноста на средината. Како гости, „орлите“ имаат 2 победи, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 6:3. Во четвртокот, во групната фаза од Конференциската лига, беа поразени од AEK Larnaca со минимални 0:1.

🔎 Очекувања: Обата тима играат на два фронта, играат офанзивен фудбал и очекуваме да гледаме динамичен натпревар во кој ќе има најмалку 3 гола. 2:1

Aston Villa – Manchester City

Англија • Premier League
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Aston Villa се наоѓа на 11-тата позиција со 12 освоени бода по осум одиграни натпревари. Под водство на Unai Emery, тимот игра во добра форма и нема пораз веќе пет кола. Во последното коло славеа со 1:2 против Tottenham на гостински терен. Villa има постигнато и примено по 8 голови, покажувајќи стабилност во одбраната и ефикасност во нападот. Најефикасни се Malen и Saka со по два гола, а Ollie Watkins има еден погодок. Во средниот ред Buendia има два гола, додека Rogers забележа еден погодок и две асистенции. На домашен терен Aston Villa има две победи, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 5:5. Во четвртокот, во групната фаза од Лига Европа, беа надиграни од G.A. Eagles и загубија со 2:1.

Manchester City е на 2-рото место со 16 освоени бода, три помалку од лидерот Arsenal. Тимот на Pep Guardiola по осум одиграни меча има 5 победи, едно реми и два порази, но е во серија од пет натпревари без пораз. Во последното коло славеа со 2:0 против Everton. City има постигнато 17, а примено само 6 голови. Erling Haaland продолжува да блеска со 11 погодоци, додека Doku, Marmoush и Savinho активно го поддржуваат во нападот. Средниот ред со Nunes и Reijnders носи динамика и креативност. Како гости, City има две победи, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 7:3. Во четвртокот, во Лигата на шампионите, го совладаа Villarreal на гостински терен со сигурни 0:2.

🔎 Очекувања: Обата тима играат на два фронта, играат офанзивен фудбал и очекуваме да гледаме динамичен натпревар во кој ќе има најмалку по еден гол од обете страни. 1:2

Bournemouth – Nottingham

Англија • Premier League 📅 26.10 🕐 15:00
💡 Тип:
1 (Победа на Bournemouth)

Bournemouth се искачи на 4-тата позиција со 15 освоени бода, исто колку и Liverpool. Тимот на Andoni Iraola игра во одлична форма и нема пораз веќе шест кола во Премиер лигата. По осум одиграни меча имаат 4 победи, 3 ремија и само еден пораз. Во минатото коло одиграа спектакуларно реми 3:3 против Crystal Palace на гостински терен. Bournemouth постигна 14, а прими 11 голови. Најефикасен е Semenyo со 6 погодоци, Kroupi има 3, а Evanilson и Kluivert по еден. Средниот ред со Christie, Scott и Tavernier придонесува и офанзивно, со по еден постигнат гол. На домашен терен тимот е стабилен – има 3 победи и едно реми, со гол-разлика 6:2, што го прави еден од најсилните домаќини во лигата.

Nottingham се наоѓа на 18-тата позиција со само 5 освоени бода и моментално е во зоната на испаѓање. Тимот на Sean Dyche по осум одиграни натпревари има само една победа, две ремија и пет порази. Немаат триумф уште од првото коло, а минатото коло беа убедливо поразени од Chelsea со 0:3. Nottingham постигна само 5 голови, а прими 15, што укажува на сериозни проблеми во одбраната. Најефикасен е Chris Wood со два гола, додека Ndoye има еден погодок. Како гости имаат 2 ремија и 2 порази, со гол-разлика 2:7. Сепак, во четвртокот успеаја да ја подигнат атмосферата во таборот со голема победа во Лига Европа, совладувајќи го FC Porto со 2:0.

🔎 Очекувања: Очекуваме Bournemouth да ја контролира играта, а Nottingham може да одговори само преку брзи контри. Се очекува натпревар во кој домаќинот ќе доминира. 3:1

Wolves – Burnley

Англија • Premier League 📅 26.10 🕐 15:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Wolves се наоѓаат на дното на табелата, на 20-тата позиција, со само 2 освоени бода по осум одиграни натпревари. Тимот на Vitor Pereira има две ремија и шест порази и сè уште ја бара првата победа во сезоната. Иако ремизираа два последователни меча, во минатото коло беа поразени од Sunderland со 2:0. „Волците“ постигнале само 5, а примиле 16 голови, имаат најслаба одбрана во лигата. Најефикасен е Hwang со еден погодок, а тројца дефанзивци исто така се запишале меѓу стрелците со по еден гол. Средниот ред со Lopez и Munetsi се обидува да внесе стабилност, но без поголем ефект. На домашен терен Wolves имаат три порази и едно реми, со гол-разлика 4:11, што ја отсликува нивната борба за опстанок во елитата.

Burnley се наоѓа на 17-тата позиција со 5 освоени бода, веднаш над зоната на испаѓање. По осум одиграни натпревари, тимот на Scott Parker има 2 победи, едно реми и пет порази. По серија од шест меча без триумф, „кларетите“ конечно се вратија на победнички пат, совладувајќи го Leeds со 2:0 во минатото коло. Burnley постигна 9, а прими 15 голови, што покажува дека одбраната останува најслаба точка во тимот. Најефикасен е Anthony со 4 гола, додека Foster и Tchaouna имаат по еден погодок. Како гости, резултатите се разочарувачки — четири порази на четири натпревари со гол-разлика 3:13. И покрај победата, Burnley ќе мора значително да ја подобри дефанзивната игра доколку сака да остане во елитата.

🔎 Очекувања: Wolves ќе се обиде да игра со повеќе посед, но Burnley ќе користи долги топки и удари од втора линија. Гостите имаат подобра ефикасност, а и психолошки се посилни по последниот триумф. Очекуваме најмалку 3 гола во текот на мечот. 2:1

Everton – Tottenham

Англија • Premier League 📅 26.10 🕐 17:30
💡 Тип:
ГГ(Двата тима да постигнат гол)

Everton се наоѓа на 12-тата позиција во Премиер лигата со 11 освоени бода по осум одиграни меча. Тимот на David Moyes има 3 победи, 2 ремија и 3 порази, прикажувајќи променлива форма од почетокот на сезоната. Во минатото коло беа совладани од силниот Manchester City со 2:1, но остануваат во горниот дел на табелата. Everton има постигнато и примено по 9 голови, баланс што укажува на цврста дефанзива и умерено ефикасен напад. Најефикасен е Ndiaye со 3 гола, додека Beto има еден погодок. Средниот ред со Dewsbury-Hall, Garner, Grealish и Gueye обезбедува рамнотежа и офанзивен придонес со по еден гол. На „Goodison Park“ Everton е непоразен — има 2 победи и 2 ремија, со гол-разлика 5:2.

Tottenham се наоѓа на 6-тото место со 14 освоени бода, исто колку и Chelsea и Sunderland. Под водство на Thomas Frank, по осум одиграни меча имаат 4 победи, 2 ремија и 2 порази. Тимот беше без пораз четири кола, но минатото коло загуби од Aston Villa со 1:2. Tottenham има постигнато 14, а примено 7 голови — еден од најдобрите офанзивни и дефанзивни баланси во лигата. Richarlison е најефикасен со 3 погодоци, Johnson има два, а Mathys Tel еден. Тимот је особено убедлив на гостински терен, каде што има 3 победи и едно реми, со гол-разлика 9:3. Во Лигата на шампионите, во вторникот, одиграа цврст меч со Monaco, завршен без голови, со што го продолжија европскиот поход.

🔎 Очекувања: Може да се очекува меч со висок интензитет, многу прекршоци и динамика. Обата тима играат во добра форма, па очекуваме најмалку по еден гол од обете страни. 2:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)