
Бундеслига прогнози
Werder Bremen –
Wolfsburg
Werder Bremen моментално се наоѓа на деветтото место во табелата со 12 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Horst Steffen бележи рамнотежа од три победи, три ремија и три порази, со гол-разлика 13:17. Најефикасни во нападот се Mbangula, Grull и Njinmah, секој со по два гола, додека Schmidt има еден. Во средниот ред Schmid постигна два, а Stage три гола. Како домаќини одиграа четири меча, со биланс од две победи, едно реми и еден пораз, постигнувајќи пет и примајќи шест гола, резултати што ја одразуваат стабилната, но променлива форма на тимот.
Wolfsburg се наоѓа на 12-то место во табелата со 12 бода по девет одиграни натпревари. Под водство на Paul Simonis, тимот има две победи, две ремија и пет порази. По триумфот над Hamburger SV, минатото коло беа поразени од Hoffenheim со 2:3 на гостински терен. Вкупно постигнаа 11, а примија 16 гола. Најефикасен во нападот е Amoura со четири погодоци, следен од Daghim со два, додека Skov Olsen и Zehnter имаат по еден. Во средниот ред по еден гол имаат Arnold, Svanberg и Majer. Како гости одиграа четири меча, со биланс од две победи и два порази, постигнувајќи и примајќи по пет гола, биланс што ја покажува нивната променлива форма.
Werder е стабилен дома, но со слаба дефанзива. Wolfsburg променлив, опасен во транзиција. На седум од последните осум меѓусебни дуели имало најмалку три гола, и овојпат се очекува отворен меч. 2:2
Bayer Leverkusen –
Heidenheim
Bayer Leverkusen се наоѓа на петтото место во табелата со 17 бода, само еден помалку од Stuttgart. По девет одиграни натпревари имаат пет победи, две ремија и два порази. Тимот на Kasper Hjulmand беше без пораз шест меча во низа, со четири последователни победи, пред минатото коло да загуби од Bayern Munich со 3:0. Досега имаат постигнато 18, а примено 14 гола. Најефикасни се Poku и Schick со по три гола, а Kofane има два. Во средниот ред Tillman има два гола, додека Hofmann и Andrich се клучна поддршка во нападот. Како домаќини, Леверкузен има три победи, едно реми и еден пораз на пет меча, со гол-разлика 9:4. Минатото коло, во групната фаза од Лигата на шампионите, ја совладаа Benfica со 0:1 на гостински терен.
Heidenheim се наоѓа на последното, 18-то место на табелата со само пет бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Frank Schmidt има една победа, две ремија и шест порази. Минатото коло одиграа 1:1 со Eintracht на домашен терен и веќе четири меча се без победа. Досега постигнаа осум, а примија 17 гола. Во нападот најистакнат е Schimmer со два гола, додека Kaufmann, Zivzivadze и Conteh имаат по еден. Средниот ред го предводат Kerber, Schoppner и Dorsch, кои придонесуваат за креативноста на играта. Како гости одиграа четири натпревари и сите ги загубија, постигнувајќи само два и примајќи осум гола.
Leverkusen доминира дома и има четири меѓусебни победи по ред. Heidenheim слаб на гости и без победа четири меча. Очекуван е нов триумф на домаќинот со најмалку два гола. 3:1
Hamburger SV –
Dortmund
Hamburger SV се наоѓа на 13-то место во табелата со осум бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Merlin Polzin има две победи, две ремија и пет порази. Минатото коло беше совладан од FC Koln со 4:1 на гостински терен, што е нивни трет последователен пораз. Вкупно постигнаа осум, а примија 15 гола. Најефикасен во нападот е Philippe со три погодоци, додека Dompe има два. Во средниот ред Lokonga има два постигнати гола, а Remberg и Vieira се задолжени за креативноста. Како домаќини одиграа четири меча со биланс од две победи и два порази, постигнувајќи шест и примајќи четири гола.
Borussia Dortmund се наоѓа на третото место во табелата со 20 бода, само два помалку од RB Leipzig. По девет одиграни натпревари имаат шест победи, две ремија и еден пораз. Тимот на Niko Kovač во последното коло го совлада Augsburg со 0:1 на гостински терен. Досега имаат постигнато 15, а примено само шест гола. Најефикасен стрелец е Guirassy со пет погодоци, додека Adeyemi и Beier имаат по два. Во средниот ред Brandt се истакнува со два гола и две асистенции, а Nmecha и Svensson имаат по еден гол. На гости одиграа пет меча со три победи, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 9:5.
Hamburger во серија од три порази и со нестабилна одбрана. Dortmund во подем и ефикасен на гости, со пет победи на последните пет меѓусебни дуели. Очекуваме натпревар во кој гостите ќе дојдат до победа. 1:2
Hoffenheim –
RB Leipzig
Hoffenheim се наоѓа на шестото место во табелата со 16 бода и се бори да остане во чекор со водечките тимови во лигата. По девет одиграни натпревари има пет победи, едно реми и три порази. Минатото коло го совладаа Wolfsburg на гостински терен со 2:3, што им беше трета последователна победа. Тимот на Christian Ilzer досега постигна 18, а прими 15 гола. Најефикасен е Asllani со пет гола, додека Kramaric и Lemperle имаат по три. Во средниот ред Prömel постигна три гола и запиша една асистенција, Burger има два, а Toure е автор на еден. Како домаќини имаат една победа и три порази, со гол-разлика 5:9.
RB Leipzig е на второто место со 22 бода, пет помалку од лидерот Bayern Munich. Тимот на Ole Werner има седум победи, едно реми и еден пораз. Без пораз се веќе седум натпревари, а во последното коло го совладаа Stuttgart со 3:1 на домашен терен. Досега постигнаа 19, а примија само 10 гола. Во нападот блеска Romulo со четири гола и четири асистенции, додека Bakayoko и Diomande имаат по два, а Nusa е стрелец на еден. Во средината Baumgartner се истакнува со пет гола, а Ouedraogo има два. Како гости, Лајпциг има три победи, реми и пораз, со биланс 9:7.
Hoffenheim е во одлична форма со три победи по ред, но нестабилен дома. Leipzig силен колектив со седум меча без пораз и опасен напад. На последните четири меѓусебни дуели имало голови од двете страни, и истото го очекуваме и денес. 1:2
Union Berlin –
Bayern Munich
Union Berlin се наоѓа на 10-то место во табелата со 11 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Steffen Baumgart има три победи, две ремија и четири порази. Минатото коло ремизираа со Freiburg на домашен терен во натпревар без голови. Досега имаат постигнато 11, а примено 15 гола. Најефикасен стрелец е Ansah со четири гола и една асистенција, а Oliver Burke има три погодоци. Клучен креатор е Ilic, кој досега има пет асистенции, додека во средниот ред Khedira постигна еден гол. Како домаќини одиграа пет меча со биланс од две победи, две ремија и еден пораз, постигнувајќи седум и примајќи шест гола.
Bayern Munich доминира во лигата и убедливо го држи првото место со 27 бода, пет повеќе од RB Leipzig. Тимот на Vincent Kompany има перфектен биланс од девет победи по девет одиграни натпревари. Минатото коло ја совладаа Bayer Leverkusen со 3:0 на домашен терен. Досега постигнаа 33, а примија само 10 гола. Во нападот блеска Harry Kane со 12 погодоци, следен од Luis Díaz со пет и Gnabry со четири. Во средината се истакнува Michael Olise со четири гола, додека Kimmich, Laimer и Pavlović имаат по еден. На гости имаат максимални четири победи, постигнувајќи 13 и примајќи само три гола. Во вторникот, во рамките на Лигата на шампионите, освоија важни три бода совладувајќи го PSG на гостински терен со 1:2.
Union е стабилен дома, но без гол на последниот меч. Bayern доминира со девет победи од девет меча и 33 постигнати гола. Разликата во класа е очигледна, па се очекува уште една убедлива победа за гостите. 0:3
B. Mönchengladbach –
FC Köln
Borussia Mönchengladbach се наоѓа во слаба форма и моментално е на 16-то место со само шест освоени бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Gerardo Seoane има една победа, три ремија и пет порази. Минатото коло ја остварија првата победа сезонава, совладувајќи го St. Pauli со убедливи 0:4 на гостински терен. Досега постигнаа 10, а примија 18 гола. Најефикасен е Haris Tabaković со пет голови, додека Ranos и Machino имаат по еден. Во средниот ред по еден гол имаат Engelhardt, Fraulo и Castrop. Како домаќини одиграа пет меча, забележувајќи три порази и две ремија, постигнувајќи четири и примајќи 13 гола.
FC Köln се наоѓа на 7-то место во табелата со 14 бода по девет натпревари. Тимот на Lukas Kwasniok има четири победи, две ремија и три порази. По поразот од Dortmund, минатото коло славеа убедливо против Hamburger SV со 4:1 на домашен терен. Вкупно постигнаа 16, а примија 12 гола. Во нападот Bülter и Thielmann имаат по два гола, додека Waldschmidt и Ache се стрелци на по еден. Средниот ред е мошне ефикасен, Kamiński и El Mala имаат по четири гола, а Kainz и Johannesson се движечка сила на креативната игра. Како гости одиграа пет меча, со две победи, едно реми и два порази, постигнувајќи шест и примајќи седум гола.
Gladbach конечно дојде до прва победа, но е во слаба форма на домашен терен. Köln игра офанзивно и редовно постигнува голови. Двата тима играат ефикасни натпревари со просек над три гола по меч — очекуван е отворен дуел. 2:2
Freiburg –
St. Pauli
Freiburg се наоѓа на 11-то место со 10 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Julian Schuster има две победи, четири ремија и три порази. Минатото коло ремизираа со Union Berlin на гостински терен во натпревар без голови. Досега имаат постигнато 11, а примија 13 гола. Во нападот Matanovic и Scherhant се најефикасни со по два погодоци, додека Adamu има еден гол и две асистенции. Во средниот ред се истакнува Vincenzo Grifo со три постигнати гола, а Eggestein придонесува со еден. Како домаќини одиграа четири меча, со биланс од една победа, две ремија и еден пораз, постигнувајќи и примајќи по седум гола.
St. Pauli се наоѓа на 15-то место со седум освоени бода, веднаш над зоната за испаѓање. По девет одиграни натпревари имаат две победи, едно реми и шест порази. Тимот на Alexander Blessin се наоѓа во лоша серија со шест последователни порази, а минатото коло беше убедливо совладан од Borussia Mönchengladbach со 0:4 на домашен терен. Досега постигнаа осум, а примија 18 гола. Најефикасен стрелец е Hountondji со три гола, додека Sinani има два. Во средниот ред Smith и Dzwigala постигнаа по еден гол. Како гости одиграа четири натпревари, забележувајќи една победа и три порази.
Freiburg е солиден дома, но без победа последни три меча во лигата. St. Pauli во очајна форма со шест порази по ред и проблеми во одбраната. Домаќините се фаворити и очекуваме да ја прекинат својата серија без триумф. 2:0
Stuttgart –
Augsburg
Stuttgart има одличен старт на сезоната и моментално се наоѓа на 4-то место со 18 бода, два помалку од Dortmund. Тимот на Sebastian Hoeneß има шест победи и три порази. Пред поразот од RB Leipzig со 3:1 на гостински терен минатото коло, беа во серија од пет последователни победи. Досега постигнаа 14, а примија 10 гола. Во нападот најопасни се Demirović и Tiago Tomás со по три гола, додека Führich и Undav имаат по еден. Средниот ред, предводен од El Khannouss, придонесува со два гола, а Andres и Stiller имаат по еден. На домашен терен имаат перфектен биланс — четири победи и гол-разлика 6:1.
Augsburg се наоѓа на 14-то место во табелата со седум освоени бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Sandro Wagner има две победи, едно реми и шест порази. Минатото коло загубија од Dortmund со 0:1 на домашен терен и веќе три меча се без победа. Досега постигнаа 12, а примија 21 гол. Во нападот Rieder е најистакнат со два гола и две асистенции, додека Essende и Tietz имаат по еден. Во средниот ред Komur постигна два, а Jakic и Fellhauer по еден гол. Како гости одиграа четири натпревари со биланс од една победа, едно реми и два порази, постигнувајќи и примајќи по шест гола.
Stuttgart блеска на домашен терен со четири победи и само еден примен гол. Augsburg во слаба серија и со нестабилна одбрана. Разликата во квалитет и форма е очигледна — се очекува убедлива победа на домаќините. 3:0
Eintracht Frankfurt –
Mainz
Eintracht Frankfurt се наоѓа на 8-то место со 14 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Dino Toppmöller има четири победи, две ремија и три порази. Минатото коло ремизираа со Heidenheim на гостински терен со 1:1. Досега имаат постигнато 29, а примија 19 гола, со просек од над пет гола по натпревар. Најефикасен е Burkardt со шест погодоци, додека Knauff има два, а Chaibi еден гол и пет асистенции. Во средниот ред Can Uzun има пет гола и четири асистенции, а Bahoya и Doan по два. На домашен терен одиграа четири меча со две победи и два порази, постигнувајќи девет и примајќи осум гола. Во вторникот, во рамките на Лигата на шампионите, ремизираа со Napoli во натпревар без голови.
Mainz се наоѓа на 17-то место во табелата со пет освоени бода и моментално е во зоната на испаѓање. Тимот на Bo Henriksen има една победа, две ремија и шест порази. По серија од четири последователни порази, минатото коло ремизираа со Werder Bremen на домашен терен со 1:1. Досега постигнаа 10, а примија 17 гола. Во нападот се истакнува Sieb со два гола, додека во средниот ред најдобар е Amiri со три. Дополнително, четворица играчи имаат по еден погодок, што покажува поширок напаѓачки придонес, а минатото коло стрелец беше и дефанзивецот Widmer. На гостински терен имаат победа, реми и два порази, со гол-разлика 6:8.
Eintracht игра ефикасно дома и има одличен напад со Burkardt и Can Uzun. Mainz во криза и без победа пет меча по ред. Очекуван е натпревар под контрола на домаќините со повеќе голови. 3:1










