
Англија Премиер Лига Прогнози
Brighton –
Leeds
Brighton се наоѓа на 13тата позиција со освоени 12 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Fabian Hurzeler има три победи, три ремија и три порази, а по четири меча без пораз, минатото коло загуби од Manchester United со 4:2 на гостински терен. Екипата има постигнато 14 и примено 15 голови, што ја прави една од поофанзивните, но и поранливи екипи во лигата. Во нападот најистакнат е Welbeck со пет постигнати гола, додека Mitoma, Minteh и Kostoulas имаат по еден. Средниот ред придонесува стабилно, со по еден погодок на De Cuyper и van Hecke. На домашен терен Brighton одигра четири натпревари, оствари две победи и две ремија, постигнувајќи седум и примајќи осум голови. Тимот покажува динамичен напад, но мора да ја зацврсти одбраната ако сака да се искачи кон горниот дел од табелата.
Leeds се наоѓа на 15тата позиција со освоени 11 бода по девет одиграни натпревари, само три бода над зоната на испаѓање. Тимот на Daniel Farke има три победи, две ремија и четири порази. По три натпревари без триумф, минатото коло конечно се врати на победите со 2:1 против West Ham на домашен терен. Екипата има постигнато девет и примила 14 голови, што укажува на скромна реализација и одредени слабости во одбраната. Најефикасен во нападот е Okafor со два погодоци, додека Nmecha и Calvert-Lewin имаат по еден. Средниот ред е активен во завршницата, Longstaff, Aaronson и Stach имаат по еден гол и се важни за креирањето на шансите. На гостински терен Leeds одигра четири натпревари со биланс од една победа и три порази, постигнувајќи три и примајќи девет голови. Тимот мора да ја подобри дисциплината во дефанзивата ако сака да обезбеди мирна сезона.
Burnley –
Arsenal
Burnley се наоѓа на 16тото место со освоени 10 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Scott Parker има три победи, едно реми и пет порази, но во последните две кола бележи подем со две последователни победи. Минатото коло славеше на гостински терен против Wolves со 2:3, што ја зголеми самодовербата на тимот. Burnley има постигнато 12, а примено 17 голови, нападот е ефикасен, но одбраната останува проблематична. Најефикасен играч е Anthony со четири погодоци, додека Foster има два, а Tchaouna еден постигнат гол. На гостински терен, екипата одигра четири натпревари, забележувајќи две победи, едно реми и еден пораз, со биланс од пет постигнати и само два примени гола. Формата во последните недели покажува дека Burnley може да се стабилизира и постепено да се оддалечи од опасната зона.
Arsenal продолжува со доминантни настапи и се наоѓа на првото место со освоени 22 бода по девет одиграни натпревари, четири повеќе од второпласираниот Bournemouth. Тимот на Mikel Arteta бележи извонредна форма со седум последователни победи во сите натпреварувања. Минатото коло славеше минимално со 1:0 против Crystal Palace на домашен терен. Екипата има постигнато 16 и примено само 3 голови, што ја прави најцврстата дефанзива во лигата. Во нападот, Gyokeres е најефикасен со три голови, додека Saka има два, а Trossard и Martinelli по еден. Средниот ред е исто така продуктивен, Zubimendi има два погодоци, а Eze, Rice и Merino по еден. На гостински терен Arsenal одигра четири натпревари, со биланс од три победи и едно реми, постигнувајќи четири и примајќи два гола. Тимот изгледа стабилно, балансирано и со ова темпо е главен фаворит за титулата.
Crystal Palace –
Brentford
Crystal Palace се наоѓа на 10тото место со освоени 13 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Oliver Glasner има солиден почеток на сезоната со биланс од три победи, четири ремија и два порази, но минатото коло беше минимално поразен од лидерот Arsenal со 1:0 на гостински терен. Екипата има постигнато 12 и примено 9 голови, што ја прави една од поконзистентните дефанзивни линии во средината на табелата. Во нападот, Mateta е прв стрелец со пет погодоци, Sarr има три, а Nketiah е додадена закана со еден постигнат гол. Средниот ред предводен од Kamada и Wharton придонесува со креативност и динамика во офанзивниот дел на играта. На домашен терен Palace одигра четири натпревари и остана непоразен, со една победа и три ремија, постигнувајќи шест и примајќи пет голови. Тимот покажува стабилност и потенцијал за напредок во горниот дел на табелата.
Brentford се наоѓа на 11тата позиција со освоени 13 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Keith Andrews бележи четири победи, едно реми и четири порази, но е во подем по двете последователни победи, најпрво против West Ham, а потоа и импресивна победа над Liverpool со 3:2 на домашен терен. Brentford има постигнато 14 и примено исто толку голови, што укажува на офанзивен стил на игра, но и одредена нестабилност во одбраната. Најефикасен е Igor Thiago со шест погодоци, а Ouattara има два. Средниот ред исто така е активен во завршницата, Schade и Jensen имаат по два постигнати гола, додека Carvalho и Damsgaard имаат по еден. Како гостински тим, Brentford одигра четири натпревари и сè уште нема победа, со биланс од едно реми и три порази. Тимот има потенцијал за повисок пласман доколку ја подобри играта надвор од својот терен.
Fulham –
Wolves
Fulham се наоѓа на 17тата позиција со освоени 8 бода по девет одиграни натпревари, само чекор над зоната на испаѓање. Тимот на Marco Silva е во слаба форма, со биланс од две победи, две ремија и пет порази, при што загуби на последните четири натпревари. Минатото коло беа совладани од Newcastle со 2:1 на гостински терен. Екипата има постигнато 9 и примено 14 голови, што укажува на потешкотии во нападот и нестабилна одбрана. Во офанзивниот дел Jimenez и Rodrigo се најистакнати со по еден постигнат гол, додека средниот ред носи рамномерна распределба на погодоци, Lukic, Iwobi, Sessegnon, Smith и Wilson сите имаат по еден гол. На домашен терен Fulham одигра четири натпревари со биланс од две победи, едно реми и еден пораз, постигнувајќи пет и примајќи три голови. Тимот мора да ја врати самодовербата и офанзивната ефикасност за да избегне борба за опстанок.
Wolves се на последното, 20то место со само 2 освоени бода по 9 натпревари и остануваат без победа оваа сезона. Тимот на Vitor Pereira има два ремија и седум порази, а минатото коло загуби од Burnley со 2:3 на домашен терен. Екипата има постигнато 7 и примено 19 голови, што укажува на сериозни проблеми во одбраната и неефикасен напад. Најефикасни се Hwang и Larsen со по еден погодок, додека тројца дефанзивци се запишале меѓу стрелците, што покажува недостиг на вистински голгетери. Средниот ред е предводен од Munetsi, кој има еден постигнат гол и клучна улога во создавање шанси. На гостински терен Wolves одигра четири натпревари со три порази и реми, постигнувајќи 4 и примајќи 11 голови. Тимот мора итно да ја зацврсти одбраната и да ја зголеми ефикасноста во нападот за да се извлече од дното.
Nottingham –
Manchester Utd
Nottingham се наоѓа на 18тото место со само 5 освоени бода по 9 одиграни натпревари и моментно се во зоната на испаѓање. Тимот на Sean Dyche има една победа, две ремија и шест порази, без триумф уште од првото коло. Минатото коло беа поразени од Bournemouth со 2:0, продолжувајќи ја негативната серија. Екипата има постигнато само 5 и примено 17 голови, што укажува на сериозни проблеми во нападот и одбраната. Во офанзивата најистакнат е Chris Wood со два погодоци, додека Ndoye и Hudson-Odoi имаат по еден. Средниот ред, предводен од Anderson и Gibbs-White, се обидува да донесе креативност, но без доволна завршница. На домашен терен Nottingham одигра четири натпревари, со една победа и три порази, постигнувајќи три и примајќи осум голови. Тимот итно мора да ја стабилизира играта за да излезе од опасната зона.
Manchester United е на 6тата позиција со 16 освоени бода по 9 одиграни натпревари и останува во борбата за горниот дел од табелата. Тимот на Ruben Amorim има пет победи, едно реми и три порази, а минатото коло славеше убедливо против Brighton со 4:2 на домашен терен. Екипата има постигнато 15 и примено 14 голови, што покажува дека и покрај ефикасниот напад, одбраната сè уште бара стабилност. Во нападот се истакнува Mbeumo со четири погодоци, додека Sesko има два, а Cunha еден постигнат гол. Средниот ред, предводен од Bruno Fernandes и Casemiro, е клучен во создавањето шанси, со по два постигнати гола, додека Mount има еден. На гостински терен United одигра четири натпревари, со една победа, едно реми и два порази, постигнувајќи четири и примајќи осум голови. Тимот мора да ја подобри дефанзивната игра за да остане конкурентен во трката за топ 4.
Tottenham –
Chelsea
Tottenham се наоѓа на 3тото место со освоени 17 бода по девет одиграни натпревари и има ист број на поени како Sunderland. Тимот на Thomas Frank прикажува стабилна форма со пет победи, две ремија и два порази. По неуспехот против Aston Villa, минатото коло оствари убедлива победа од 0:3 против Everton на гостински терен. „Спарси“ имаат постигнато 17 и примено само 7 голови, што ги вбројува меѓу најдобрите дефанзивни линии во лигата. Во нападот предничи Richarlison со три погодоци, додека Johnson има два, а Mathys Tel еден гол. Средниот ред е особено продуктивен, Palhinha и Sarr имаат по два постигнати гола, додека Kudus, Bergvall и Bentancur имаат по еден. На домашен терен, Tottenham одигра четири натпревари, со биланс од една победа, едно реми и два порази, постигнувајќи пет и примајќи четири голови. Тимот изгледа балансирано и решително во трката за врвот.
Chelsea се наоѓа на 9тото место со освоени 14 бода по девет одиграни натпревари и се обидува да воспостави конзистентност во резултатите. Тимот на Enzo Maresca има четири победи, две ремија и три порази, а по двата последователни триумфа минатото коло беше поразен од Sunderland со 1:2 на домашен терен. Екипата има постигнато 17 и примено 11 голови, што укажува на солидна офанзива, но и повремени пропусти во дефанзивата. Во нападот се истакнуваат Joao Pedro и Pedro Neto со по два гола, додека младите Estevao и Garnacho имаат по еден погодок. Средниот ред е продуктивен и креативен, Caicedo и Fernandez имаат по три постигнати гола и играат клучна улога во контролата на играта. На гостински терен Chelsea одигра четири натпревари, забележувајќи две победи, едно реми и еден пораз, со 11 постигнати и пет примени голови. Тимот покажува напредок, но му недостига стабилност за повисок пласман.
Liverpool –
Aston Villa
Liverpool се наоѓа на 7мото место со освоени 15 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Arne Slot започна силно со пет победи, но потоа западна во криза, губејќи ги последните четири натпревари. Минатото коло беше поразен од Brentford со 3:2 на гостински терен, што ја продлабочи негативната серија. Екипата има постигнато 16 и примено 14 голови, што покажува дека нападот останува ефикасен, но одбраната е ранлива. Во офанзивниот дел Ekitike, Salah и Gakpo се најефикасни со по три погодоци, Chiesa има два, а младиот Ngumoha еден постигнат гол. Средниот ред, предводен од Gravenberch, Mac Allister, Szoboszlai и Wirtz, носи креативност, но тимот мора да најде подобар баланс меѓу линиите. На домашен терен Liverpool одигра четири натпревари со биланс од три победи и еден пораз, постигнувајќи осум и примајќи пет голови. Тимот има потенцијал, но му е потребна стабилност за враќање во борбата за врвот.
Aston Villa се наоѓа на 8мото место со освоени 15 бода по девет одиграни натпревари и продолжува со стабилни настапи во лигата. Тимот на Unai Emery има четири победи, три ремија и два порази, но е без пораз веќе шест кола, што ја покажува конзистентноста во формата. Минатото коло оствари голема победа над Manchester City со 1:0 на домашен терен, резултат кој ја потврди силата на тимот против водечките клубови. Екипата има постигнато 9 и примено 8 голови, со добро организирана одбрана и рационален напад. Во офанзивниот дел Malen е најефикасен со два постигнати гола, а Ollie Watkins има еден погодок. Средниот ред е активен и продуктивен, Buendia има два гола, а McGinn и Rogers по еден, придонесувајќи и во креативноста и во завршницата. На гостински терен Villa одигра четири натпревари со биланс од една победа, две ремија и еден пораз, постигнувајќи и примајќи по три гола. Тимот изгледа компактен и стабилен, со потенцијал за пласман во горниот дел на табелата.
West Ham –
Newcastle
West Ham се наоѓа во голема криза и моментно е 19-ти на табелата со само 4 освоени бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Nuno Espirito Santo има една победа, едно реми и дури седум порази, без триумф веќе шест кола, од кои пет завршиле со пораз. Минатото коло беше поразен од Leeds со 2:1 на гостински терен, што дополнително ја продлабочи негативната серија. Екипата има постигнато само 7 и примено дури 20 голови, што ја прави една од најслабите дефанзиви во лигата. Во нападот се истакнува Jarrod Bowen со три гола, додека Wilson има еден погодок. Средниот ред придонесува преку Lucas со два постигнати гола и Fernandes со еден, а Diouf е клучен креатор со три асистенции. На домашен терен, West Ham одигра четири натпревари и ги загуби сите, постигнувајќи само два и примајќи дванаесет гола. Тимот мора итно да ја подобри одбраната и да ја врати самодовербата ако сака да се извлече од зоната на испаѓање.
Newcastle е на 12-тата позиција со 12 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на Eddie Howe има три победи, три ремија и три порази, а минатото коло ја прекина нестабилната серија со победа од 2:1 над Fulham на домашен терен. Екипата има постигнато 9 и примено 8 гола, со солидна одбрана, но ограничена ефикасност во нападот. Најистакнат е Woltemade со четири погодоци, додека Osula има еден. Средниот ред е предводен од Bruno Guimaraes со три гола, кој е клучен креатор на играта, а Murphy има еден погодок. Младите Miley и Tonali внесуваат свежина и креативност во тимот. Newcastle на гостински терен одигра четири натпревари без победа, со три ремија и еден пораз, постигнувајќи само еден и примајќи два гола. Тимот мора да ја подобри реализацијата за да се искачи кон горниот дел од табелата.
Manchester City –
Bournemouth
Manchester City се наоѓа на 5-тото место со 16 бода по девет одиграни натпревари, имајќи идентичен скор со Manchester United. Тимот на Pep Guardiola бележи пет победи, едно реми и три порази. Иако беше без пораз пет кола, минатото коло загуби минимално од Aston Villa со 1:0. Екипата има постигнато 17 и примено 7 голови, со еден од најдобрите напади и стабилна одбрана во лигата. Erling Haaland е апсолутен лидер со 11 погодоци, а поддршка му даваат Doku, Marmoush и Savinho. Средниот ред, предводен од Cherki, Foden, Nunes и Reijnders, придонесува со по еден гол и значителна креативност во нападот. На домашен терен, City одигра четири натпревари и забележа три победи и еден пораз, постигнувајќи 10 и примајќи 3 гола. Тимот останува еден од фаворитите за врвот, но мора да ја врати конзистентноста по последниот пад во форма.
Bournemouth е на 2-то место со 18 бода по девет одиграни натпревари, четири помалку од лидерот Arsenal. Тимот на Andoni Iraola прикажува одлична форма со пет победи, три ремија и само еден пораз, без пораз веќе седум кола. Минатото коло Bournemouth славеше со 2:0 против Nottingham на домашен терен. Екипата има постигнато 16 и примено 11 голови, со балансирана игра во двата правци. Semenyo е во одлична форма со шест постигнати гола, Kroupi има четири, додека Evanilson и Kluivert се запишале по еднаш во листата на стрелците. Средниот ред е активен, со Tavernier кој има два гола, а Christie и Scott по еден. На гостински терен Bournemouth одигра четири натпревари, со биланс од една победа, две ремија и еден пораз, постигнувајќи осум и примајќи девет голови. Тимот изгледа зрело, со офанзивен стил кој му овозможува стабилно присуство на врвот на табелата.
Sunderland –
Everton
Sunderland се наоѓа на 4-тото место со 17 освоени бода, колку и третопласираниот Tottenham. По девет одиграни натпревари, тимот на Regis Le Bris има пет победи, две ремија и два порази. По краток пад во форма со два порази, минатото коло Sunderland се врати на победничките патеки совладувајќи го Chelsea со 1:2 на гостински терен. Екипата има постигнато 11 и примено само 7 голови, со стабилна одбрана и дисциплиниран пристап. Во нападот, Isidor е најефикасен со четири погодоци, додека Mayenda и Talbi имаат по еден. Средниот ред е продуктивен, каде Enzo Le Fee има два гола, а искусниот Granit Xhaka со три асистенции е мотор на тимот. На домашен терен Sunderland одигра четири меча, со три победи и едно реми, постигнувајќи осум и примајќи само два гола. Тимот делува компактен и амбициозен, со јасна цел да се вклучи во борбата за врвот.
Everton се наоѓа на 14-тото место со освоени 11 бода по девет одиграни натпревари. Тимот на David Moyes има три победи, две ремија и четири порази, при што се наоѓа во променлива форма со два последователни порази, од Manchester City и Tottenham, последниот на домашен терен со 0:3. Екипата има постигнато 9 и примено 12 голови, што укажува на солидна, но нестабилна игра во двата правци. Во нападот Ndiaye е најистакнат со три погодоци, а Beto има еден. Средниот ред е активен, со по еден гол од Dewsbury-Hall, Garner, Grealish и Gueye, кои даваат офанзивна поддршка од втората линија. Како гостински тим, Everton одигра четири натпревари, со биланс од една победа и три ремија, постигнувајќи четири и примајќи седум голови. Тимот има потенцијал, но мора да ја стабилизира формата ако сака да се оддалечи од долниот дел на табелата.










