
Бундеслига прогнози
Mainz
–
Hoffenheim
Mainz се наоѓаат на 14-то место со 12 бодови и влегуваат во овој дуел во многу нестабилна форма, со 4 порази на последните пет меча во лигата, а единствената победа овој период е онаа против Fiorentina во Лигата на конференции. Во Бундеслигата тимот е во очигледен пад, со сериозни проблеми во дефанзива, а дома не успеваат да изградат конзистентност. На свој терен загубија од Stuttgart, Dortmund, Leverkusen и Dortmund. Тимот игра премногу променливо, често без идеја и со ниска ефикасност, најдобри стрелци им се Amiri со 3 гола и Sieb со 2, што е премалку за тим што треба да гради резултати дома. Падот во форма е јасен, а самодовербата е на ниско ниво после серија од слаби резултати.
Hoffenheim со подобрување на формата, на 5-то место со 18 бодови, и влегуваат во овој натпревар во фантастична серија од 4 последователни победи и со многу поголема офанзивна моќ. Остварија победи над Leipzig, Wolfsburg и Heidenheim. На гостински терен Hoffenheim е особено опасен, победите над Union Berlin и Leverkusen ја покажуваат зрелоста и самодовербата на тимот, односно после пет одиграни меча на гостински терен имаат 4 победи и едно реми. Asllani со 5 гола, Lemperle и Promel со по 4 постигнати гола даваат ширина и разновидност во нападот, а Kramaric и Burger дополнително придонесуваат. Тимот е брз, директен и игра многу поефикасно од Mainz, посебно во транзиција и во завршница, што е главната слабост на домаќините.
Augsburg
–
Hamburger SV
Augsburg влегуваат во овој дуел од 15-то место со 7 бодови, во сериозна криза и со форма која ослабува од коло во коло. Тимот има четири порази во последните пет меча и изгледа особено ранливо дома, каде паднаа против Dortmund, Bochum и RB Leipzig. Нападот е најголемата слабост, ефикасноста е ниска, со 14 постигнати голови досега, а имаат примено 24. Rieder и Komur повремено носат искри во офанзива, но тоа не е доволно за тим кој нема вистински реализатор. Средниот ред со Matsima, Fellhauer и Jakic се бори, но без јасна структура во играта Augsburg тешко стигнува до шанси и често губи контрола над мечот.
Hamburger SV доаѓа од 13-то место со 9 бодови, но со многу посолидна игра и поголема стабилност во однос на домаќинот. Тимот има конкурентни изданија на гости, ремија кај Union Berlin и Gladbach, плус важна победа над Heidenheim и во Купот. Иако имаат проблеми со врвните екипи, против ривали од долниот дел на табелата играат организирано и со јасна идеја. Philippe е најголемата закана со 3 гола, Dompe и Lokonga додаваат темпо и динамика, а Konigsdorffer носи директност во завршницата. Одбраната е поконцентрирана и далеку помалку хаотична од таа на Augsburg.
Bayern Munich
–
Freiburg
Bayern Munich е лидер на табелата со 28 бодови, играат во извонредна форма, после 10 одиграни натпревари во лигата имаат остварено 9 победи и еднаш ремизирале. Доминираат на домашен терен со серија убедливи триумфи против Leverkusen, Dortmund и Bremen. Нападот функционира беспрекорно, предводен од Harry Kane кој има 13 гола и е во феноменална серија, а поддршка добива од Diaz, кој има постигнато 6 гола, Gnabry и Olise кои креираат постојан притисок по крилата. Bayern на свој терен игра со висок интензитет, агресивен пресинг, што ривалите ретко успеваат да го издржат. Одбраната исто така изгледа стабилна и може да се каже дека речиси не прима голови, со оглед на тоа дека оваа сезона имаат примено само 6 гола.
Freiburg доаѓа во сосема поинаква ситуација, тимот е средина на табелата на 10-то место со 13 бодови, а нивната форма на гости е нестабилна. Имаат победа во Ница во рамките на Европа Лигата и важни три поени против Dusseldorf, но генерално на гостински терен често се мачат, особено против посилни тимови. Нападот им зависи од креативноста на Grifo, кој има постигнато 3 гола, и динамиката на Eggestein и Matanovic, но недостасува постојаност и завршница. Против дефанзивно силни противници Freiburg има проблем со создавање чисти шанси, а и одбраната знае да попушти под континуиран притисок, што е огромен ризик токму против Bayern.
Dortmund
–
Stuttgart
Dortmund влегува во дербито од 3-то место со 21 бод, стабилни во горниот дел од табелата, но со форма која почна да паѓа по тешкиот пораз од Manchester City и ремито со Hamburg. Дома се многу посилни, четири победи и едно реми во последните пет мечеви, со компактна игра и минимални победи како 1:0 против Koln, 1:0 против Wolfsburg и 3:0 над Union Berlin. Во нападот тимот се потпира на Guirassy, кој со 5 гола го носи најголемиот дел од товарот, а зад него Brandt и Adeyemi со по 2 гола даваат ширина, но офанзивната продукција е далеку под нивните стандарди. Имаат одличен напад, но понекогаш се чини дека тимот зависи од индивидуални моменти, иако на домашен терен имаат стабилен ритам и редовно контролираат темпо.
Stuttgart на мечот пристигнува од 4-то место, исто така со 21 бод. Тимот има четири победи и пораз во последните пет натпревари и изгледа офанзивно поразновиден, со игра која лесно создава шанси. Во последното коло триумфираа над Augsburg, а во Европа Лигата го совладаа Feyenoord, а дури и во поразите, како против Leipzig, остануваат конкурентни. Во нападот блеска триото Demirovic, Tomas и Undav, сите со по 3 гола, што го прави тимот прилично непредвидлив. Mittelstadt и El Khannouss од втор план додаваат вредност и создаваат дополнителна опасност. На гости сепак формата е променлива, убедливи победи, но и киксови како поразите од Basel и Fenerbahce во Европа Лигата, што покажува дека тимот знае да варира во зависност од ритамот на противникот.
Heidenheim
–
B. Mönchengladbach
Heidenheim влегува како последнопласиран тим во Бундеслигата, 18-то место со само 5 бодови, во длабока криза и со најлоша гол-разлика во лигата од 8:23. Формата е очајна, само два бода во последните пет кола и катастрофални порази како 0:6 од Leverkusen и 1:3 од Hoffenheim. Дома покажуваат минимална цврстина, но и таму имаат големи проблеми во дефанзивата, каде лесно примаат голови и често колабираат во вториот дел. Нападот е ограничен, со Schimmer и Conteh како единствени кои допринеле минимално, а тимот генерално тешко создава шанси и делува без идеи кога треба да организира напад против посилен ривал.
Mönchengladbach е 12-ти со 9 бодови, но во многу подобар моментум од домаќинот, победувајќи во последните два натпревари. На гости се во променлива форма, но убедливата победа 0:4 над St. Pauli и квалитетните партии против Leverkusen и Stuttgart покажуваат дека тимот има стабилност и офанзивен потенцијал. Tabakovic е во одлична форма со 6 гола и е главна закана, а Engelhardt, Machino и Honorat даваат ширина во нападот со динамика и брзина што Heidenheim тешко ќе ја брани. Gladbach игра поорганизирано, со подобар баланс меѓу линии, а последните резултати покажуваат растечка самодоверба, особено во транзиција.
Wolfsburg
–
Bayer Leverkusen
Wolfsburg е 14-ти со 8 бода и гол-разлика 12:18, после 10 одиграни меча оваа сезона оствариле две победи, две ремија и дури шест пати се поразени. На домашен терен ситуацијата не е подобра, три порази по ред, сите со сериозни дефанзивни пропусти, а нападот често изгледа статичен и без конкретна завршница. Amoura го води нападот со 4 гола, но останатите, Svanberg и Daghim со по 2 постигнати гола досега, немаат континуитет. Тимот премногу лесно прима гол, посебно по брзи акции, а падот во самодоверба е очигледен. Wolfsburg има проблем да задржи резултат и кога игра солидно, па негативната форма дополнително го влече тимот надолу.
Leverkusen влегува во мечот како 5-ти со 20 бода и гол-разлика 24:14, во многу подобра ситуација и со значително поголема офанзивна моќ. Тимот доминираше против Heidenheim со 6:0 и имаше сигурен триумф кај Benfica во ЛШ. Дури ни поразот од Bayern не го наруши импактот на нивната форма. Schick е најдобар во нападот со 5 погодоци, Grimaldo има 4 и огромно влијание од левата страна, додека Poku и Tapsoba даваат дополнителна длабочина во завршница. На гостувања Leverkusen игра одличен, директен и константен фудбал, со одличен пресинг и брзи решенија во нападот. Разликата во темпо, квалитет и стабилност е очигледно на нивна страна.
FC Köln
–
Eintracht Frankfurt
FC Koln влегуваат во овој натпревар од 9-тата позиција со 14 бодови, а нивната форма е променлива, со само две победи во последните пет кола. Иако резултатски имаат падови, тимот на домашен терен изгледа далеку поконкурентно, победите над Freiburg, Hamburger SV и ремито со Augsburg покажуваат дека Koln сепак има солидна игра дома. El Mala и Kaminski, кои имаат по 4 гола оваа сезона, се најважните носители на нападот, додека Bulter и Thielmann исто така даваат поддршка со по два гола. Генерално, Koln игра директно, со интензивни напади преку крилните позиции, но нивниот најголем проблем е нестабилната одбрана, примиле 15 гола во 10 кола, што често ги остава без бодови во мечеви кои можеле да ги контролираат.
Eintracht Frankfurt се наоѓаат на 7-то место со 17 бодови и пристигнуваат со значително подобра резултатска динамика во споредба со Koln. Тимот игра цврсто во дефанзива и многу дисциплинирано во средниот ред, а нивните најдобри напаѓачи Burkardt со 6 гола и Uzun со 5 ги прават едни од најопасните офанзивни дуети во лигата. На гостински терен Frankfurt има мешани резултати, голема победа над Monchengladbach, но и убедлив пораз од Atletico Madrid во Лигата на шампионите, што покажува дека се непредвидливи како гости. Сепак, квалитетот на Doan и Bahoya во креација, како и сигурната игра на Knauff и Koch, ги прави многу компактни. Тие знаат да ја контролираат играта, да ги казнат грешките во транзиција и да играат тактички зрело против послаби одбрани.
RB Leipzig
–
Werder Bremen
RB Leipzig е на 2-та позиција во Бундеслигата со 22 бодови, што е доказ за нивната конзистентност и офанзивна моќ. Тимот игра динамичен фудбал со голем интензитет и чести влезови во противничкиот шеснаесетник. На домашен терен се особено убедливи, победите над Stuttgart, Hamburg и Koln го потврдуваат тоа. Leipzig се меѓу најофанзивните екипи со 20 постигнати гола, а Baumgartner и Romulo Cardoso се најзаслужни, со 5 и 4 погодоци. Стабилноста во средината и агресивниот пресинг им дозволуваат да го контролираат темпото. Иако последниот пораз од Hoffenheim беше чекор назад, Leipzig изгледа подготвено да се врати на победнички пат против ривал со нестабилна форма.
Werder Bremen, пак, моментално се на 8-то место со 15 бодови и нивната сезона досега е комбинација на солидни настапи и непредвидливи падови. Тимот знае да биде конкурентен, особено дома, но на гостувања резултатите се далеку послаби, убедливите порази од Bayern и Eintracht Frankfurt ја откриваат слабата дефанзивна поставеност кога играат на гостински терен. Иако имаат позитивна серија со скор од пет мечеви без пораз, тие главно дојдоа на домашен терен. Stage, Schmid и Mbungula се најистакнати напаѓачки фигури. Проблемот во транзиција и честите пропусти во одбраната можат да бидат сериозен хендикеп против Leipzig.
St. Pauli
–
Union Berlin
St. Pauli влегуваат во овој натпревар во слаба форма, со само 7 бодови и сместени во зоната за испаѓање. Формата им е лоша со 7 последователни порази, после 10 одиграни меча имаат постигнато 9, а имаат примено 20 гола. Тимот има сериозни проблеми во нападот, само неколку играчи како Hountondji и Sinani носат минимална офанзивна закана, додека остатокот од тимот делува ограничено и без вистинска креативност. Но најголемата слабост е дефанзивата, со чести индивидуални грешки и слаби реакции при контранапади.
Union Berlin, напротив, делува стабилно и поконкурентно оваа сезона. Иако се само на 11-то место со 12 бодови, тимот игра солидно во голем дел од натпреварите. Во последните 4 кола загубија само еднаш, а успеаја да издржат реми со Bayern и Freiburg. Најсилниот дел од тимот е нивната офанзива со Ansah и Doekhi, кои имаат по 4 постигнати гола, и Burke со 3 гола. На гостувања Union не е совршен, но покажува добар интензитет, победи против Frankfurt и добро одиграа против Leverkusen, иако го загубија мечот. Тимот има подобар среден ред од St. Pauli, подобар баланс и многу поостра транзиција.










