
Бундеслига прогнози
Werder Bremen – Union Berlin
Werder Bremen се наоѓа на 12-тото место со 8 бода; по 7 одиграни меча имаат 2 победи, 2 реми и 3 порази. Тие имаат постигнато 11 и примено 16 гола, што укажува на потреба од подобрување во одбраната. Тимот го води Horst Steffen, а најефикасни во нападот се Mbangula и Njinmah со по 2 гола, додека Grull и Schmidt имаат по еден постигнат гол. Во средниот ред, Schmid и Stage имаат по 2 гола, обезбедувајќи поддршка и контрола на играта. Како домашен тим, Werder Bremen има одиграно 3 меча, со една победа, едно реми и еден пораз, прикажувајќи нестабилна форма на свој терен.
Union Berlin се наоѓа на 9-тото место со 10 бода; по 7 одиграни меча имаат 3 победи, едно реми и 3 порази. Тие имаат постигнато 11 и примено 14 гола, што покажува дека тимот има избалансирана, но понекогаш ранлива одбрана. Тимот го води Steffen Baumgart, а најефикасни во нападот се Ansah со 4 гола и една асистенција, како и Oliver Burke со 3 гола, додека Ilic значително придонесува со 5 асистенции досега. Во средниот ред настапуваат Khedira и Haberer, обезбедувајќи контрола на играта и поддршка на нападот. Како гостински тим, Union Berlin има одиграно 3 меча, со една победа и два порази, прикажувајќи дека сè уште се бараат стабилност и конзистентност надвор од домашниот терен.
Augsburg – RB Leipzig
Augsburg се наоѓа на 13-тото место со 7 бода; по 7 одиграни меча имаат 2 победи, едно реми и 4 порази. Тие имаат постигнато 12 и примено 14 гола, што укажува на потреба од подобрување во одбраната. Тимот го води Sandro Wagner, а најефикасни во нападот се Rieder со 2 гола и 2 асистенции, додека Essende и Tietz имаат по еден постигнат гол. Во средниот ред, Komur има постигнато 2 гола, а покрај него се Jakic и Fellhauer, обезбедувајќи поддршка на офанзивата и контрола на играта. Како домашен тим, Augsburg има одиграно 3 меча, со една победа и два порази, што покажува дека тимот сè уште се бори да најде стабилност на свој терен.
RB Leipzig се наоѓа на второто место со 16 бода; по 7 одиграни меча имаат 5 победи, едно реми и еден пораз. Тие имаат постигнато 10 и примено 9 гола, што покажува дека тимот игра доста избалансирано, но има простор за подобрување во одбраната. Тимот го води тренерот Ole Werner, а најефикасни во нападот се Romulo со 2 гола и 3 асистенции, како и Bakayoko, кој има постигнато исто толку голови. Во средниот ред се истакнува Baumgartner со 4 постигнати гола, додека покрај него настапуваат Baku и Ouedraogo, обезбедувајќи контрола и поддршка на нападот. Како гостински тим, RB Leipzig има одиграно 4 меча, со две победи, едно реми и еден пораз, што го покажува нивниот потенцијал и отпорност надвор од домашниот терен.
B. Monchengladbach – Bayern Munich
B. Monchengladbach се наоѓа во слаба форма и моментално зазема 18-тото место со само 3 освоени бода. По 7 одиграни меча, тимот сè уште нема победа — со 3 реми и 4 порази — при што постигнал 6 и примил 15 гола, што укажува на сериозни проблеми во одбраната. Тимот го води Seoane Gerardo, а најефикасни во нападот се Haris Tabakovic со 3 гола и Ranos со 1 гол, додека во средниот ред Engelhardt и Castrop имаат по 1 постигнат гол, обезбедувајќи умерена поддршка во офанзивата. Како домашен тим, Monchengladbach одигра 4 меча, од кои два завршија со пораз и два со реми, што ја покажува нивната несигурност и слабост на свој терен.
Bayern Munich е лидер на табелата со 21 бод; по 7 одиграни меча има забележано максимални 7 победи, со постигнати 24 и примени само 4 гола, што ја нагласува нивната доминација и солидна одбрана. Тимот го води Vincent Kompany, а најефикасни во нападот се Harry Kane со 12 гола, Luis Diaz со 5, Olise со 4 и Gnabry со 3 гола. Во средниот ред настапуваат Tah, Upamecano и Boey, кои обезбедуваат контрола на играта и поддршка на нападот. Во групната фаза на Лигата на шампиони, тимот има 3 победи на 3 меча, а последно го совлада Club Brugge KV со 4:0. Како гостински тим, Bayern Munich има одиграно 3 меча, постигнувајќи 10 и примајќи 3 гола, што ја потврдува нивната способност да играат силно и надвор од својот терен.
Eintracht Frankfurt – St. Pauli
Eintracht Frankfurt е на 7-мо место со 10 бода и се бори за место меѓу најдобрите 6 во лигата. По 7 одиграни меча има 3 победи, едно реми и 3 порази. Тимот има постигнато 19, а примено 18 гола, со просек од 5,28 голови по натпревар. Тренер е Dino Toppmoller. Најефикасни во нападот се Burkardt со 4 гола, Knauff со 2, а Chaibi има 1 гол и 4 асистенции. Во средниот ред Uzun Can се истакнува со 5 голови и 3 асистенции, Stage има 2 гола, а Doan и Bahoya по еден. Како домашен тим имаат одиграно 3 меча — една победа и два порази. Во групната фаза од Лигата на шампионите беа целосно надиграни од Liverpool и загубија со 1:5 на домашен терен.
St. Pauli се наоѓа на 14-тото место со 7 бода, два повеќе од Mainz, кој е во зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари имаат 2 победи, едно реми и 4 порази. Тимот постигнал 8, а примил 14 голови. Тренер е Alexander Blessin, кој се обидува да ја стабилизира формата на тимот. Најефикасен во нападот е Hountondji со 3 гола, а Sinani има 2. Во средниот ред Smith и Dzwigala досега имаат по еден погодок. Како домашен тим St. Pauli одигра 3 натпревари — со една победа и два порази. Тимот покажува борбеност, но ќе мора да ја подобри реализацијата и одбраната за да избегне пад кон долниот дел на табелата.
Hamburger SV – Wolfsburg
Hamburger SV се наоѓа на 11-то место со освоени 8 бода. По 7 одиграни натпревари имаат 2 победи, 2 ремија и 3 порази. Тимот има постигнато 7, а примено 9 голови. Тренер е Merlin Polzin, кој се обидува да донесе стабилност и конзистентност во играта. Најефикасен во нападот е Philippe со 3 постигнати гола, а Dompe има еден. Во средниот ред Lokonga се издвојува со 2 гола, додека Remberg и Vieira придонесуваат со креативна игра и офанзивни идеи. На домашен терен, Hamburger SV има одиграно 3 натпревари — од кои две победи и еден пораз. Во последното коло беа совладани од RB Leipzig со 2:1 на гостински терен.
Wolfsburg се наоѓа на 15-тото место со 5 бода, веднаш над зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари има една победа, две ремија и четири порази. Тимот се наоѓа во серија од четири последователни порази, а во последното коло беше убедливо совладан од Stuttgart со 0:3 на домашен терен. Wolfsburg досега има постигнато 8, а примено 13 голови. Тренер е Paul Simonis, кој се обидува да ја врати самодовербата на екипата. Најефикасен е Amoura со 2 гола, а Daghim, Skov Olsen и Zehnter имаат по еден погодок. Во средниот ред Arnold и Majer исто така имаат по еден гол. Како гостински тим одиграле 3 меча, од кои една победа и два порази.
Hoffenheim – Heidenheim
Hoffenheim се наоѓа на 8-мо место со 10 бода и се бори да остане во чекор со најдобрите шест тима во лигата. По 7 одиграни натпревари имаат 3 победи, едно реми и 3 порази. Во минатото коло Hoffenheim славеше убедливо над St. Pauli на гостински терен со 0:3. Тимот има постигнато и примено по 12 гола, што укажува на офанзивен, но ризичен стил на игра. Тренер е Ilzer Christian, а најистакнат стрелец е Asllani со 4 постигнати гола. Kramaric и Lemperle имаат по еден погодок, додека во средниот ред Promel придонесува со 2 гола и една асистенција, а Toure се издвојува по креативноста. Како домаќин, Hoffenheim одигра 3 меча — сите со порази — постигнувајќи само 2, а примајќи 8 гола.
Heidenheim се наоѓа на предпоследното, 17-то место со освоени 4 бода. По 7 одиграни натпревари има една победа, едно реми и 5 порази. Во минатото коло одиграа 2:2 против Werder Bremen на домашен терен, освојувајќи вреден бод. Тимот има постигнато 6, а примено 13 гола. Тренер е Frank Schmidt, кој се обидува да ја стабилизира екипата и да ја подобри дефанзивата. Во нападот Schimmer, Kaufmann и Conteh имаат постигнато по еден гол, додека во средниот ред Kerber, Schoppner и Gimber придонесуваат со борбеност и креативност. Како гостински тим, Heidenheim одигра 3 натпревари и беше поразен на сите — постигнувајќи само еден, а примајќи 5 гола.
Dortmund – FC Köln
Dortmund се наоѓа на 4-то место со 14 бода, исто колку и Leverkusen, и останува во трката за врвот на табелата. По 7 одиграни натпревари има 4 победи, 2 ремија и еден пораз. Во последните две кола ремизираа со RB Leipzig, а потоа беа поразени од Bayern Munich со 2:1 на гостински терен. Тимот има постигнато 13, а примено 6 голови, што ја одразува стабилната одбрана и ефикасен напад. Тренер е Niko Kovac, а најистакнати во нападот се Guirassy со 4 гола, Adeyemi со 2 и Beier со 1. Во средниот ред Brandt придонесува со 2 гола и 2 асистенции, а Nmecha има еден погодок. На домашен терен Dortmund има две победи и едно реми. Во групната фаза од Лигата на шампионите го совладаа FC Copenhagen со 2:4 на гостински терен.
FC Köln се наоѓа на 6-то место со освоени 11 бода и останува блиску до врвот на табелата. По 7 одиграни натпревари има три победи, две ремија и два порази. Во минатото коло одигра 1:1 против Augsburg на домашен терен. Тимот има постигнато 12, а примено 10 голови. Тренер е Lukas Kwasniok, кој успешно го води тимот кон стабилни настапи. Во нападот Bulter е најефикасен со 3 постигнати гола, Thielmann има 2, додека Waldschmidt и Ache придонесуваат со асистенции. Средниот ред го предводат Kaminski и El Mala, кои имаат по 3 гола и значаен удел во креативната игра. Како гостински тим, FC Köln одигра 4 натпревари — од кои 2 победи, едно реми и еден пораз.
Bayer Leverkusen – Freiburg
Bayer Leverkusen се наоѓа на 5-то место со 14 бода, исто колку и Dortmund. По 7 одиграни натпревари има 4 победи, 2 ремија и еден пораз. Тимот е без пораз во последните 6 натпревари во лигата, од кои три се последователни победи. Во минатото коло Leverkusen славеше над Mainz со 3:4. Екипата има постигнато 16, а примено 11 голови. Тренер е Kasper Hjulmand, кој ја води екипата со офанзивен пристап. Во нападот Schick е најефикасен со 3 гола, додека Poku и Kofane имаат по два. Во средниот ред Tillman има 2 постигнати гола, а Hofmann и Andrich придонесуваат со офанзивна поддршка. Како домаќини, Leverkusen одигра 4 меча — две победи, едно реми и пораз. Во Лигата на шампионите беа убедливо поразени од PSG со 2:7 на домашен терен.
Freiburg се наоѓа на 8-мо место со освоени 5 бода. По 7 одиграни натпревари има две победи, три ремија и два порази. Тимот е во серија од три последователни ремија, а во последното коло одигра 2:2 против Eintracht на домашен терен. Freiburg има постигнато и примено по 11 голови. Тренер е Julian Schuster, кој се обидува да ја врати стабилноста во тимот. Во нападот Matanovic и Scherhant имаат по два гола, додека Adamu придонесува со еден погодок и две асистенции. Средниот ред го предводи Vincenzo Grifo со 3 гола, а Eggestein има еден погодок и важна улога во креирањето на играта. Како гостински тим, Freiburg има една победа, едно реми и еден пораз. Во Лигата на Европа, во четвртокот го пречека Utrecht.
Stuttgart – Mainz
Stuttgart има одличен старт на сезоната и се наоѓа на 3-то место со 15 бода, само еден помалку од RB Leipzig. По 7 одиграни натпревари има 5 победи и 2 ремија, без ниту еден пораз. Тимот е во извонредна форма со четири последователни победи, а во минатото коло го совлада Wolfsburg со 0:3 на гостински терен. Stuttgart има постигнато 11, а примено само 6 голови. Тренер е Sebastian Hoeness, кој гради стабилна и ефикасна екипа. Во нападот Demirovic е најефикасен со 3 гола, а Tiago Tomas има 2. Во средниот ред El Khannouss постигна 2 гола, додека Andres и Stiller имаат по еден. На домашен терен Stuttgart е максимален со 3 победи и гол-разлика 4:0. Во четвртокот, во групната фаза од Лигата на Европа, му гостуваа на Fenerbahce.
Mainz се наоѓа на 16-то место со 4 бода и моментално е во зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари има една победа, едно реми и пет порази. Тимот е во слаба форма со три последователни порази, а во минатото коло беше совладан од Leverkusen со 3:4 на домашен терен. Mainz има постигнато 8, а примено 14 голови. Тренер е Bo Henriksen, кој се обидува да ја врати ефикасноста и самодовербата на екипата. Во нападот Sieb има постигнато два гола, додека во средниот ред се истакнува Amiri со 3 голови. Дополнително, четворица играчи имаат по еден погодок, што покажува колективен пристап во нападот. Како гостински тим, Mainz има одиграно 3 натпревари — од кои една победа, едно реми и еден пораз. Во групната фаза од Лигата на Европа, во четвртокот го пречекаа Zrinjski.










