💡 Тип:
1 (Победа на Aston Villa) — Квота: 1.80
Aston Villa моментално се наоѓа на третата позиција на табелата со освоени 39 бодови и по поразот од Arsenal во минатото коло заостанува 6 бода зад лидерот. По одиграни 19 натпревари, тимот има скор од 12 победи, 3 ремија и 4 порази, со гол-разлика 30:23, што јасно укажува на силен офанзивен потенцијал и висок интензитет во играта. Формата на Villa е на високо ниво, со серија позитивни резултати во последните кола, иако повремено имаат потешкотии против најквалитетните противници. Офанзивно играат брзо и директно, со многу движење и ефикасен завршен удар, додека одбраната е стабилна, но знае да остави простор при висока линија. Watkins е главна закана во нападот, со Rogers и Buendia како важна креативна поддршка. На домашен терен имаат 7 победи на 9 натпревари со гол-разлика 15:7. На овој натпревар, покрај повредените, ќе настапат и без Guessand поради AFCON.
Nottingham Forest моментално се наоѓа на 17. позиција на табелата со освоени 18 бодови по 19 одиграни натпревари и се наоѓа веднаш над зоната за испаѓање. Тимот досега има забележано пет победи, три ремија и дури 11 порази, со гол-разлика 18:30, што јасно укажува на сериозни проблеми во дефанзивата и недостаток на резултатска константност. Формата е загрижувачка, со низа негативни резултати во последните кола и очигледен пад на самодовербата кај играчите. Во нападот Forest најчесто се потпира на индивидуални решенија и брзи транзиции, но создава мал број јасни гол-шанси, додека одбраната често попушта под континуиран притисок од противниците. Gibbs-White и Hudson-Odoi се главни креативци, но нивното влијание е ограничено. На гостински терен имаат само две победи на девет натпревари со гол-разлика 6:13. Дополнителен проблем за денешниот дуел е отсуството на Sangare и Willy Boly поради настап на AFCON, покрај веќе повредените фудбалери.
Aston Villa ќе ја контролира играта преку посед и притисок, додека Nottingham ќе се брани длабоко и ќе чека контри. Разликата во форма, квалитет и предноста на домашен терен е на страната на Aston Villa.
💡 Тип:
1 (Победа на Scunthorpe) — Квота: 1.67
По одиграни 24 кола во тековната сезона, екипата на Scunthorpe со освоени 49 бодови се наоѓа на 6. место на табелата и останува сериозен кандидат во борбата за врвот. Претстојниот натпревар претставува одлична можност за тимот да ја подобри својата позиција и да се доближи до првите три екипи, кои обезбедуваат директен пласман во Англиската Лига Два следната сезона. Досега Scunthorpe има остварено 14 победи, 7 нерешени натпревари и само 3 порази, со гол-разлика од 41 постигнат и 25 примен гол, што говори за балансирана и стабилна игра. Формата на тимот е во постојан подем, со четири последователни победи на последните четири натпревари. Особено импресивни се настапите на домашен терен, каде на последните 10 натпревари имаат забележано 9 победи и едно реми, што ги прави сериозен фаворит на свој терен.
Sutton исто така имаат одиграно 24 рунди од оваа сезона и моментално се наоѓаат на 21-то место во опасната зона со 23 бодови. На досегашните дуели тие забележаа 5 победи, на 8 натпревари одиграа нерешено и на 11 загубија, при што постигнаа 34 голови, а одбраната потфрли на доста натпревари сезонава, каде примија вкупно 44 голови. Секој освоен бод е значаен за нив во борбата за опстанок во лигата, со оглед на тоа што повеќе екипи имаат приближен број на бодови. Иако во месец ноември покажаа исклучително добра игра, каде на 7-те натпревари што ги одиграа забележаа 6 победи и едно реми, во следните натпревари забележаа пад во формата во месец декември, каде на 5-те натпревари што ги одиграа забележаа 4 порази и на еден натпревар одиграа нерешено. Во првиот натпревар што го одиграа како домаќини против тимот на Scunthorpe, тие забележаа пораз со резултат 2:3.
Scunthorpe има јасна предност во форма, квалитет и домашен учинок, додека Sutton ќе се брани и ќе бара шанса од прекин и брзи транзиции. Очекуваме меч во кој домаќинот ќе дојде до победа.
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) — Квота: 1.90
Ayr моментално се наоѓа на 4. позиција на табелата со вкупно 28 освоени бодови по 20 одиграни натпревари. Тимот има скор од 6 победи, дури 10 ремија и 4 порази, со гол-разлика 26:23, што ја отсликува нивната стабилна, но не и целосно доминантна сезона. Формата на Ayr е променлива, со наизменични добри и послаби настапи. Во последните кола забележаа важни победи против Peterhead со 2:1 и убедлив триумф над Turriff United од 3:0, но истовремено претрпеа и тежок пораз од St Johnstone со 2:4, како и неколку ремија кои ги спречија да се искачат повисоко на табелата. Тимот често делува цврсто и организирано, но знае да испушти водство во клучни моменти. Во последните меѓусебни дуели, Ayr има мала предност, а натпреварите најчесто се тесни и со мал број голови, што укажува на израмнети средби со благ наклон кон домаќинот.
Од друга страна, Queen’s Park моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата со освоени 18 бодови по 19 одиграни натпревари. Тимот има учинок од само 3 победи, дури 9 ремија и 7 порази, со негативна гол-разлика 20:29, што јасно укажува на сериозни проблеми во дефанзивната линија. Формата на Queen’s Park е под очекувањата, со неколку порази во последните кола и редок освој на целиот бодовен плен. Оваа резултатска нестабилност директно се одразува и на нивната позиција на табелата. Особено загрижувачки се настапите на гостински терен, каде тимот тешко доаѓа до позитивен резултат и често губи или ремизира. Одбраната често попушта под притисок, а недостатокот на континуитет во играта ги спречува да изградат стабилна форма. Сè на сè, Queen’s Park влегува во следните натпревари со очигледни слабости, особено во дефанзивниот сегмент и во натпреварите надвор од домашниот терен.
Според моменталната позиција, формата и статистиката, Ayr влегува како фаворит, особено поради домашниот терен и подобрата офанзивна и дефанзивна рамнотежа. Queen’s Park ќе се обиде да извлече позитивен резултат, но ќе мора значително да ја подобри својата игра во одбраната за да остане конкурентен.
💡 Тип:
1 (Hapoel Petah Tikva to Win) — Квота: 1.70
Hapoel Petah Tikva со 20 бодови моментално се наоѓа на 8-мата позиција на табелата откако одиграа 16 натпревари сезонава. Тие забележаа 4 победи, на 8 натпревари одиграа нерешено и 4 натпревари ги загубија, при што постигнаа вкупно 25 голови, а примија 26, што покажува на нивната променлива форма сезонава. Откако на последните два натпревари забележаа победи, тие се најдоа на само 3 бода заостанување од местото кое води во плеј-оф, па овој натпревар е одлична можност да дојдат до три бодови, со оглед на тоа што за противник го имаат најслабиот тим во лигата за оваа сезона. Иако поголемиот дел од тимот е составен од домашни играчи, во нападот посебно се истакнува нигерискиот интернационалец James Adeniyi, кој на последниот натпревар се истакна со гол и асистенција во победата против Netanya.
Maccabi Bnei Raina со само 7 бодови се на последното, 14-то место на табелата по 16 одиграни натпревари сезонава. Тие забележаа само две победи досега, на еден натпревар ремизираа и на 13 натпревари беа поразени сезонава. Двете победи ги остварија претходниот месец декември, што дава мала надеж за подобрување на формата, но со оглед на фактот што загубија 13 натпревари на самиот почеток, опстанокот во лигата ќе биде тежок за нив. Во нападот беа еден од двата најлоши тима со постигнати 14 голови на 16 натпревари, додека одбраната е далеку најлоша во лигата со 40 примени голови. И нивните меѓусебни дуели во претходните сезони се на страна на домаќинот на овој дуел, каде на нивните последни 9 средби екипата на Maccabi Bnei Raina загубила 6 пати, на два натпревари ремизирала и само еднаш била подобра од тимот на Hapoel Petah Tikva.
Сите параметри покажуваат дека екипата на Hapoel Petah Tikva е голем фаворит на овој дуел, па очекуваме да ја искористат предноста од домашен терен и слабата форма на противникот и да победат на овој натпревар.