Дневни Фудбалски Анализи
Hertha Berlin
–
Magdeburg
Magdeburg на 18тото место, со 10 освоени бодови досега, се соочува со огромни проблеми сезонава, со само 13 постигнати и дури 24 примени голови. Формата е нестабилна, одбраната често паѓа под притисок, а гостинските перформанси се особено слаби. Нападот зависи од индивидуални моменти на Breunig, Ghreib и Holmstrom, но тимот ретко создава доволно шанси. На последните 4ри натпревари три пати се поразени. На гостински терен Magdeburg има само една победа од 7 натпревари, слаб учинок од 4:11 гол-разлика и серија порази што го намалува самодовербата. Проблемите во транзицијата и компактноста се главни слабости.
Nurnberg
–
Greuther Furth
Greuther Furth на 17тото предпоследно место, со 13 освоени бодови досега, се мачи во континуитет, со вкупна гол-разлика 20:37 што ја открива слабата дефанзива и непостојаната игра. На последните 6 одиграни меча во лигата имаат пет порази. Тимот често губи контрола во средината и дозволува премногу шанси, но офанзивно Futkeu и Klaus носат закана кога тимот ќе фати ритам. На гостински терен, ситуацијата е уште потешка, само 6 освоени бодови, со 13 постигнати и дури 21 примени голови. Формата на гостински терен е една од најголемите слабости, а серијата порази го намалува моралот.
Fluminense
–
Bahia
Bahia на 6тото место, со 60 бодови има солидна сезона со 50 постигнати и 44 примени гола, но формата на гости е сериозна слабост. Имаат само еден бод помалку од денешниот противник и три меча без пораз, од кои два порази. Тимот често се бори со дефанзивната транзиција и прима лесни голови, што ја руши стабилноста на тимот. Сепак, во нападот располага со силни поединци како Willian Jose, Juba и Nestor, кои можат да казнат секоја грешка. Како гостински тим во слаба форма имаат само 3 победи од 18 натпревари, со слаба гол-разлика со 17ет постигнати и 30ет примени. Иако Bahia може да биде незгоден противник, гостувањата им се најголем проблем и често падот во интензитет станува пресуден.
Sport Recife
–
Gremio
Gremio на 11тото место, со 46 бодови досега, има далеку поквалитетна сезона од противникот, иако резултатски се нестабилни. Постигнаа 43, а примија 50ет гола, имаат офанзива со потенцијал, но одбрана што често попушта. Клучни играчи се Carlos Vinicius со 10ет постигнати гола, Braithwaite и Andre Henrique, кои додаваат брзина и директност. Во последните кола тимот се мачи со континуитет, но сепак остава впечаток на организирана екипа која создава многу шанси. На гостински терен имаат три победи, 5 ремија и 10 порази, со гол-разлика 19:33. Иако гостинската форма е лоша, Gremio сепак изгледа покомплетно и физички посилно од Recife, со подобра игра во последната третина.










