
Дневни Фудбалски Анализи
Hradec Kralove
–
Slovacko
Hradec Kralove моментално се наоѓа на деветтата позиција со освоени 20 бода и покажува солидна форма во последниот период. Тимот нема пораз на последните четири натпревари, при што забележа две победи и две ремија. По 14 одиграни средби сезонава, имаат скор од пет победи, пет ремија и четири порази, што им обезбедува стабилна средина на табелата. Екипата има рамнотежа меѓу нападот и одбраната, со 20 постигнати и исто толку примени голови. На домашен терен се особено сигурни и имаат само еден пораз на последните пет натпревари, што им дава дополнителна самодоверба. Главната цел е пласман меѓу најдобрите шест во лигата.
Slovacko има слаб старт на сезоната и моментално се наоѓа на последната позиција на табелата со само осум освоени бода. По 14 одиграни натпревари, екипата има забележано само една победа, пет ремија и дури осум порази. Проблемот е очигледен во реализацијата — со само шест постигнати погодоци и 17 примени, Slovacko има една од најслабите офанзиви во лигата. Тимот нема победа веќе осум кола, а е во серија од три последователни порази, вклучувајќи и еден натпревар од Купот. На гостински терен одиграле седум меча, при што имаат четири ремија и три порази, што покажува дека тешко доаѓаат до позитивен резултат.
Austria Vienna
–
Grazer AK
Austria Vienna се наоѓа во променлива форма со три порази и две победи на последните пет одиграни натпревари. Тимот моментално е на седмата позиција со 16 освоени бода, исто колку и LASK и Hartberg, кои се во шампионската група. По 12 одиграни меча имаат скор од пет победи, едно реми и шест порази. Играат ефикасни натпревари со 16 постигнати и 20 примени голови, што укажува на добар напад, но и нестабилна одбрана. На домашен терен имаат одиграно шест натпревари, при што забележале две победи и четири порази, што покажува дека не се сигурни пред својата публика.
Grazer AK се наоѓа на последната, 12-та позиција и минатото коло ја забележа првата победа сезонава. По 12 одиграни натпревари, тимот има една победа, шест ремија и пет порази, со вкупно девет освоени бода. Екипата има слаба реализација со само девет постигнати гола и најлоша одбрана во лигата со 21 примен погодок. На гостински терен одиграле пет натпревари, од кои два завршиле без победник и три со пораз, а во тие мечеви постигнале само еден гол, додека примиле дури десет. Grazer има сериозни проблеми во организацијата на играта и дефанзивниот дел.
Kasimpasa
–
Goztepe
Kasimpasa нема најдобар старт на сезоната и моментално се наоѓа на 14-тото место со освоени 10 бода. По 11 одиграни натпревари, тимот има остварено само две победи, четири ремија и пет порази. Формата е во пад, со само една победа на последните осум натпревари, а во последните пет меча, вклучувајќи и еден натпревар од Купот, не успеаја да триумфираат. Како домашен тим одиграле пет средби, при што имаат три ремија и два порази. Во нападот се умерено ефикасни со 11 постигнати гола, но проблемите во дефанзивата се видливи, бидејќи имаат примено 15 погодоци.
Goztepe ја започна сезоната одлично и се наоѓа на петтата позиција со освоени 19 бода, но во последните три меча доживеа два пораза — единствените оваа сезона. Тимот има амбиции за место меѓу најдобрите четири и не смее да дозволи нови киксови. По 11 одиграни натпревари имаат пет победи, четири ремија и два порази. Ја поседуваат најдобрата одбрана во лигата со само шест примени гола, а имаат постигнато 13. На гостински терен играат во послаба форма, без победа на последните четири меча, со биланс од две ремија и два порази.
Sport Recife
–
Atletico-MG
Sport Recife игра во исклучително слаба форма оваа сезона и се наоѓа на последното место на табелата со само 17 освоени бода. Тимот е во сериозна криза и многу е веројатно дека ќе се соочи со испаѓање. По 31 одигран натпревар има забележано само две победи, единаесет ремија и осумнаесет порази. Напаѓачката линија е неефикасна со само 22 постигнати гола, додека одбраната е меѓу најслабите со дури 51 примен погодок. Recife се наоѓа во низа од четири последователни порази и нема победа веќе девет меча, што дополнително ја нарушува атмосферата во тимот.
Atletico-MG се наоѓа на 11-тата позиција со освоени 40 бода и главна цел им е да обезбедат место во групната фаза на Copa Sudamericana. Тимот по 31 одигран натпревар има скор од десет победи, десет ремија и единаесет порази. Имаат постигнато 30 и примено 32 гола, што укажува на умерено балансирана игра. Во последниот период се во подобра форма и немаат пораз на последните пет натпревари, вклучувајќи два во рамките на Copa Sudamericana. Сепак, како гостински тим имаат потешкотии — на 16 одиграни меча запишале само две победи, што е сегмент кој мора да го подобрат.










