Дневни Фудбалски Анализи

11 ноември 2025

Gillingham

Wycombe

Англија • EFL Trophy 📅 11.11 🕐 20:00
💡 Тип:
2 (Победа на Wycombe) Квота: 1.93

Gillingham во групната фаза од EFL Trophy има остварено победа и реми по два одиграни натпревари, што ги остава во добра позиција за пласман понатаму. Во League Two, тимот се наоѓа на 6-тата позиција, но формата им е во пад. Во последните осум натпревари во сите натпреварувања имаат само една победа, со дури шест порази и две ремија. Иако имаат солидна одбрана со 14 примени гола, нападот не е доволно ефикасен со 20 постигнати. На домашен терен Gillingham нема победа на последните три средби — има два пораза и едно реми, што укажува на потреба од брза реакција за враќање во победничка форма.

Wycombe, исто како и нивниот денешен противник, има по една победа и еден пораз во досегашните два меча од EFL Trophy. Во League One се наоѓаат на 6-тата позиција и играат во променлива форма, но во последниот период значително ја подобрија својата игра. Тимот е без пораз на последните осум натпревари во сите натпреварувања, при што оствари пет победи и три ремија. Wycombe има солидна реализација и успеа да постигне најмалку еден гол на секој од последните 12 натпревари, што ја покажува нивната стабилност во офанзивата. Тимот игра сè подобро како што изминува сезоната.

Wycombe покажува значителен напредок во формата во последниот период и доаѓа од посилна лига, што им дава предност во квалитет и искуство. Gillingham е во пад на резултатите и се мачи да најде ритам. Очекуваме победа за Wycombe.

Newport

Exeter

Англија • EFL Trophy 📅 11.11 🕐 20:00
💡 Тип:
2 (Победа на Exeter) Квота: 1.95

Newport по два одиграни натпревари во групната фаза од EFL Trophy има остварено победа и реми. Во League Two тимот се наоѓа на последната позиција со само 11 освоени бода по 15 одиграни меча. Формата им е слаба — имаат само една победа на последните четири натпревари, со два порази и едно реми. Во лигата постигнале 16, а примиле 27 голови, што покажува сериозни проблеми во одбраната. На домашен терен формата е уште послаба, со само една победа на последните 16 натпревари во сите натпреварувања, од кои 12 порази и 3 ремија. Тимот мора брзо да ја поправи формата за да избегне длабока криза.

Exeter, исто како и нивниот денешен противник, има по една победа и еден пораз во досегашните два натпревари од EFL Trophy. Тимот настапува во League One и се наоѓа на 19-тата позиција, играјќи во променлива форма. Сепак, во последниот период Exeter значително ја подобри играта — има само еден пораз на последните седум натпревари во сите натпреварувања. Воедно, се без пораз на последните четири средби, каде забележаа три победи и едно реми. По 15 одиграни кола во лигата, тимот има постигнато 15 и примено 15 голови, што укажува на израмнет однос меѓу нападот и одбраната и потенцијал за стабилна игра во следните кола.

Newport е во слаба форма оваа сезона, додека гостинот доаѓа од посилна лига и е во подобра форма во последниот период. Со оглед на разликата во квалитет, предност за победа му даваме на гостинскиот тим.

Alfreton

Spennymoor

Англија • National League North 📅 11.11 🕐 20:45
💡 Тип:
2 (Победа на Spennymoor) Квота: 2.02

Alfreton има слаб почеток на сезоната и моментално се наоѓа на 23-тото, предпоследно место со само 14 освоени бода. По 16 одиграни натпревари, тимот забележа 3 победи, 5 ремија и 8 порази. Главен проблем им е реализацијата — постигнале само 11 голови, додека примиле дури 30, што ги прави најслабата одбрана во лигата. Во последните 7 натпревари имаат само една победа, со 4 порази и 2 ремија. На домашен терен одиграле 8 натпревари, при што оствариле 2 победи, 2 ремија и 4 порази. Тимот мора да ја подобри дефанзивата и нападот ако сака да избегне борба за опстанок.

Spennymoor се наоѓа на 6-тата позиција со 27 бода и има реални шанси да се бори за уште повисоко место на табелата. Тимот е во променлива форма — во последните пет натпревари има 2 победи, 2 порази и едно реми. По 15 одиграни средби, билансот им е солиден со 8 победи, 3 ремија и 4 порази. Добри се во нападот со 25 постигнати и 24 примени голови, што покажува дека имаат офанзивен, но понекогаш ризичен стил на игра. Како гостински тим Spennymoor одигра 7 натпревари и оствари 3 победи, 2 ремија и 2 порази, што укажува на добра стабилност и способност да освојуваат бодови и надвор од својот терен.

Spennymoor го има совладано Alfreton на трите последни меѓусебни натпревари. Домашниот тим се мачи да најде конзистентност, додека гостите играат стабилно и ефикасно. Со оглед на традицијата и моменталната форма, очекуваме нов триумф за Spennymoor.

Worthing

AFC Totton

Англија • National League South 📅 11.11 🕐 20:45
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) Квота: 1.63

Worthing не ја започна сезоната најдобро, но моментално се на 8-та позиција со 27 бода, со еден или два натпревари помалку од останатите тимови во лигата. Во последниот период тимот игра одлично, забележувајќи пет последователни победи, при што на секој од овие натпревари постигнал најмалку два гола. Worthing настапува ефикасно — со 29 постигнати и 16 примени голови по 15 одиграни меча оваа сезона, што дава просек од околу три гола по натпревар. Дополнително, на последните шест натпревари секогаш има најмалку три гола, што укажува на атрактивен и офанзивен стил на игра.

AFC Totton се на 5-тата позиција со 28 освоени бода, еден повеќе од денешниот противник. По 15 одиграни меча оваа сезона, тимот има остварено 9 победи, едно реми и 5 порази. Во последните четири лигашки натпревари забележале две победи и две ремија, додека оваа сезона постигнале 23 и примиле 18 голови. Како гостински тим се во променлива форма и немаат победа на последните три гостувања, со два пораза и едно реми. Од последните четири одиграни меча, три завршиле со најмалку три гола, што покажува дека AFC Totton игра офанзивно и ефикасно.

И двата тима имаат одличен напад, но предност за победа му даваме на домаќинот поради домашната предност и формата. Бидејќи и двата тима играат офанзивно, очекуваме натпревар со многу шанси и најмалку три гола.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)