Дневни Фудбалски Анализи

15 февруари 2026


Cottbus



Mannheim

Германија • 3. Liga
📅 14.02.2026
🕐 13:30
💡 Тип:
1 (Победа на Cottbus) Квота: 1.80
Cottbus со 44 бодови во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата, но претстојниот натпревар за нив претставува одлична можност повторно да се искачат на лидерското место. Тимот прикажува стабилни настапи во текот на сезоната, со 15 победи, пет нерешени резултати и пет порази на досегашните средби. Нивниот стил на игра е изразито офанзивен, што се потврдува со 48 постигнати голови, бројка што ги вбројува меѓу најефикасните екипи во лигата. Иако одбраната знаеше да покаже слабости, со 36 примени голови на 23 натпревари, силниот напад честопати ги покрива тие недостатоци. Erik Engelhardt со 15 погодоци е прв стрелец и главна закана за противниците, додека Tolcay Cigerci со 12 голови и 10 асистенции има клучна улога во креацијата на играта. На домашен терен Cottbus е во одлична форма, со четири победи и едно реми на последните пет натпревари.
Mannheim во моментов се наоѓа на деветтата позиција со 35 освоени бодови и претставува стабилен тим од средината на табелата. Иако немаат реални шанси да се вклучат во трката за пласман во Втората Бундеслига, нивниот опстанок во лигата не е доведен во прашање. На досегашните 23 натпревари забележаа 11 победи, две ремија и 10 порази, што ја отсликува нивната променлива форма. Офанзивно тимот делува солидно и има постигнато 39 голови, но главниот проблем лежи во одбраната, која досега прими 42 погодоци. Felix Lohkemper со девет голови е прв стрелец на екипата, додека Kennedy Okpala со седум погодоци и две асистенции исто така има значаен придонес. На гостински терен Mannheim настапува нестабилно, со четири порази и две победи на последните шест средби, што укажува на потреба од поголема конзистентност.
Како и на првиот натпревар сезонава, се очекува доминацијата, особено на средината од теренот, да ја има Cottbus, и со победа на овој натпревар тие да се вратат на лидерското место во лигата.


Thun



Sion

Швајцарија • Super League
📅 14.02.2026
🕐 14:00
💡 Тип:
1 (Победа на Thun) Квота: 1.82
Thun со 55 освоени бодови се наоѓа на лидерската позиција и има убедлива предност од 12 бодови пред најблиските конкуренти. Тие се најпријатното изненадување сезонава и важат за најсериозен кандидат за шампионската титула. На 24 одиграни натпревари забележаа 18 победи, едно реми и пет порази, што доволно говори за нивната конзистентност. Тимот го поседува најефикасниот напад во лигата со 56 постигнати голови, додека одбраната исто така функционира солидно со 28 примени погодоци. Македонскиот интернационалец Elmin Rastoder со девет голови и четири асистенции е еден од клучните играчи, а ист учинок има и Christopher Ibayi, кој постигна девет голови и додаде три асистенции. Дополнителна самодоверба им дава и фактот што против денешниот противник славеле на последните четири меѓусебни дуели во лигата.
Sion со 37 освоени бодови се наоѓа на петтата позиција, која води во плејоф фазата од сезоната. Тимот досега прикажува стабилни партии и на 24 одиграни натпревари забележа 9 победи, 10 нерешени резултати и 5 порази. Со 38 постигнати голови нападот функционира солидно, додека одбраната е еден од најсилните сегменти во лигата со само 28 примени погодоци. Токму цврстата дефанзива им овозможува да останат конкурентни во борбата за врвот. Најефикасен поединец во составот е Rilind Nivokazi, кој со 8 голови и две асистенции има најголем придонес во офанзивата. На гостински терен Sion игра дисциплинирано и претпазливо, при што голем дел од натпреварите ги завршува без победник, потврдувајќи ја својата тактичка стабилност и организираност.
Иако ова нема да биде лесен натпревар за екипата на Thun, сепак тие ќе се обидат да ја искористат предноста од домашен терен, на кој играат на високо ниво, и со победа на овој натпревар да го продолжат својот поход кон шампионската титула оваа сезона.


Rangers



Hearts

Шкотска • Premiership
📅 14.02.2026
🕐 17:30
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) Квота: 1.80
Rangers се наоѓаат на втората позиција со 52 освоени бодови и се најсериозен конкурент на лидерот Hearts, кој во моментов има пет бодови повеќе. Овој натпревар претставува одлична можност за намалување на разликата и задржување на шансите во трката за титулата. На досегашните средби Rangers запишаа 14 победи, 10 ремија и само 2 порази, што доволно говори за нивната конзистентност. Во офанзива тимот делува организирано и креативно, со дури 43 постигнати голови на 26 натпревари. Одбраната е нивна најсилна алка, со само 19 примени голови, што ги прави една од најцврстите екипи во лигата. Лидер на составот е искусниот James Tavernier со 7 погодоци и три асистенции. На домашен терен Rangers се особено доминантни, со девет победи на последните десет натпревари во сите конкуренции и само едно реми.
Hearts се лидери на табелата со 57 бодови и важат за најпријатно изненадување оваа сезона во Scottish Premiership. Со 17 победи, 6 ремија и само 3 порази на 26 натпревари, тимот демонстрира стабилност и шампионски карактер. Офанзивата е нивно најсилно оружје, со 48 постигнати голови, додека одбраната покажува импресивна цврстина со само 20 примени погодоци. Напаѓачкиот тандем Lawrence Shankland со 11 и Claudio Braga со 10 голови е клучен фактор за одличните резултати, но и остатокот од составот придонесува со конзистентни партии. Hearts играат дисциплинирано, со јасна тактичка поставеност и одлична транзиција меѓу линиите. На гостински терен бележат солидни резултати, иако на последното гостување претрпеа пораз од St. Mirren. Сепак, нивната форма и самодоверба ги прават главни фаворити во битката за титулата оваа сезона.
Се очекува офанзивен пристап од страна на двата тима, особено од Rangers, кој ќе сака да победи на овој натпревар и да ја намали предноста на Hearts, па сметаме дека двата тима ќе постигнат најмалку по еден гол на овој натпревар.


Avellino



Pescara

Италија • Serie B
📅 14.02.2026
🕐 19:30
💡 Тип:
1 (Победа на Avellino) Квота: 2.20
Avellino со 28 освоени бодови моментално се наоѓа на 14-тата позиција и нивниот главен приоритет до крајот на сезоната ќе биде обезбедување опстанок во лигата. На досегашните 24 натпревари забележаа по 7 победи и нерешени резултати, додека 10 пати беа поразени, што ја покажува нивната неконзистентност. Во офанзивата делуваат просечно со 29 постигнати голови, но главниот проблем лежи во одбраната, која досега прими дури 40 погодоци и е една од најслабите во првенството. Сепак, на домашен терен се забележува благо подобрување на формата, со две победи и едно реми на последните пет средби. Во првиот меѓусебен дуел оваа сезона против денешниот противник одиграа нерешено на гостински терен, што им дава дополнителна мотивација за позитивен резултат пред својата публика.
Pescara се наоѓа на последната позиција со само 15 освоени бодови и доколку не направат драстични промени, нивните шанси за опстанок ќе стануваат сè помали. На 24 одиграни натпревари во лигата имаат само 2 победи, дури 9 нерешени резултати и 13 порази, што јасно ја отсликува тешката сезона. Иако во нападот покажуваат одреден потенцијал со 27 постигнати голови, најголемиот проблем е одбраната. Тимот прими 48 голови, што е просек од два по натпревар, бројка што е превисока за екипа која се бори за опстанок. Недостатокот на стабилност во дефанзивата ги чини скапо во клучните моменти. Дополнително загрижува фактот што на гостински терен немаат ниту една победа оваа сезона. На последните пет гостувања забележаа три порази и две ремија, што дополнително ја влошува нивната позиција на табелата.
За Avellino ова е добра прилика на свој терен против најслабиот тим во лигата да дојдат до три бодови, како би се оддалечиле од опасната зона и го осигурале опстанокот во лигата за следната сезона.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)