Дневни Фудбалски Анализи
Farul Constanța
–
UTA Arad
UTA Arad се наоѓа на 7-то место со 28 бодови, што е малку подобра позиција, а во последниот период ја подигнаа својата форма и имаат 4 победи на последните 5 одиграни меча. Тимот има постигнато 23 голови, а примено 28, што укажува на дефанзивни слабости, особено во транзиција. Costache, Roman и Coman се најопасните офанзивни опции, но често се потпираат на директна игра и индивидуални решенија, наместо на организиран напад. Формата е променлива, со неколку важни победи, но и неочекувани порази. На гостински терен имаат 9 одиграни натпревари со 3 победи, 3 ремија и 3 порази, со гол-разлика 10:14, што покажува дека знаат да бидат конкурентни, но ретко се доминантни на гостински терен.
AEK Larnaca
–
Omonia
Omonia се наоѓа на 2-то место со 29 освоени бодови, само два бода помалку од првиот Pafos, и влегува во овој меч во многу добра форма. Тимот има силна офанзива со 29 постигнати и само 9 примени голови, што ги прави една од најкомплетните екипи во лигата. Semedo е главниот стрелец и лидер во нападот, поддржан од Mmaee и Chatzigiovanis, кои носат брзина и директност. Omonia игра агресивно, со висок пресинг и брзи транзиции, а формата е одлична со серија победи во домашните и европските натпревари. На гостински терен имаат 6 одиграни натпревари со 4 победи и два порази и одлична гол-разлика 13:5, што покажува дека знаат да играат резултатски и на гостински терен.
Unirea Slobozia
–
FCSB
FCSB е на 10-тото место, со 25 освоени бодови, но квалитетот на тимот е поголем од позицијата на која се наоѓаат моментално. Имаат постигнато 27, а примено 25 гола, што покажува поофанзивен стил на игра. Tanase, Thiam и Olaru се клучните офанзивни фигури и носат сериозна закана со својата индивидуална класа и искуство. Формата е променлива, но тимот често изгледа поорганизирано против послаби противници. На гостински терен имаат 10 одиграни натпревари со 3 победи, 4 ремија и 3 порази, што укажува на солидна стабилност и способност да освојуваат бодови надвор од дома. Минатото коло во Европа Лигата успеаја да го совладаат Feyenoord на домашен терен со 4:3.
Boulogne
–
Troyes
Troyes е лидер на лигата и се наоѓа на првото место со 32 освоени бодови, два бода повеќе од вториот St Etienne. Тимот игра многу зрела и балансирана сезона, со дисциплиниран пристап. Имаат постигнато 28 и примено само 15 гола, што ги прави еден од најстабилните тимови во лигата. Bentayeb, Adeline и Assoumou се клучни офанзивни фигури, со добра реализација и постојана закана по противничкиот гол. Troyes знае да ја контролира играта, да го диктира темпото и да казни грешки, особено против послабо организирани екипи. Иако формата е променлива во последниот период, на гостински терен имаат одиграно 7 натпревари со две победи, 4 ремија и само еден пораз и гол-разлика 7:6, што покажува дека знаат да играат тактички и трпеливо и надвор од дома.










