
Дневни Фудбалски Анализи
Altona
–
Jeddeloh
Altona влегува во овој дуел во многу слаба форма и со сериозни дефанзивни проблеми. Се наоѓаат на 16-тото место во зоната на испаѓање со 15 бода. Тие имаат пет порази на последните шест натпревари, а досега постигнале 23, а примиле 44 гола, што јасно го покажува падот во организацијата и стабилноста. На домашен терен се исто така во слаба форма со четири порази по ред, без постигнат гол на трите последни домашни дуели. Играат бавно во транзиција и премногу лесно им дозволуваат на противниците да создаваат шанси. Altona е во зоната за испаѓање и притисокот е голем, но моменталната форма не носи оптимизам.
Jeddeloh игра стабилна сезона и е во горниот дел од табелата, односно на четвртото место со 37 освоени бода досега. Тие се цврст и балансиран тим, кој добро ги комбинира дефанзивната организираност и брзите напади. Поразени се во последните две кола, но претходно имаа долг период без пораз. Како гостински тим изгледаат многу сигурно, еден пораз и четири победи на последните пет гостувања. Имаат одличен напад и имаат постигнато 42, а имаат примено 22 гола оваа сезона. Нападот е разновиден, брз и ефикасен, а средниот ред добро го диктира темпото.
Livorno
–
Ravenna
Livorno е во слаба форма оваа сезона и е во зоната на испаѓање со само 10 бодови по 13 одиграни натпревари. Формата е многу слаба, тимот има четири порази на последните пет меча, а нападот функционира лошо со само 8 постигнати гола, што е една од најслабите офанзиви во лигата. На домашен терен е во променлива форма и после шест одиграни меча има остварено две победи, едно реми и три порази. Одбраната дозволува лесни голови, тимот има проблем со организација и транзиција, а лошите резултати дополнително го намалуваат нивото на игра.
Ravenna е во далеку подобра форма и моментално се наоѓа на второто место со 33 бода, два бода помалку од првиот Arezzo. Тимот игра одлично оваа сезона, со 11 победи од 13 натпревари и гол-разлика 24:13. Формата е одлична, три победи по ред во лигата, плус една во рамките на Купот. На гости се исклучително цврсти, со пет победи од шест натпревари, односно имаат пет последователни победи на гостински терен. Нападот е ефикасен, а средниот ред на Ravenna го контролира темпото, ја диктира играта и создава континуирани шанси. Одбраната е добро поставена и ретко прави грешки.
Aurora F.C.
–
Xelaju
Aurora F.C. игра во променлива форма и се наоѓа на високото 4-то место со 27 бода. После 19 одиграни меча има 9 победи, 6 ремија и 4 порази. На домашен терен се една од најсилните екипи во лигата, 9 натпревари без пораз, со 6 победи и гол-разлика 13:7. Тимот игра дисциплинирано, со контрола во средината и добро организирана одбрана која ретко дозволува чисти шанси. Во напад се ефикасни токму дома, каде што темпото и интензитетот се значително повисоки. Формата на домашен терен е одлична, со неколку последователни победи и стабилни настапи.
Xelaju исто така е во променлива форма и со 22 бода се наоѓа на 7-мото место, но најголемиот проблем им е играта на гостински терен. Имаат одиграно 19 меча, од кои 6 победи, 4 ремија и 9 порази. На 9 натпревари како гостински тим имаат само две победи и дури шест порази, со негативна гол-разлика 9:15. Тимот често ја губи контролата во средината, а во одбраната се јавуваат индивидуални грешки кои ги чинат поени. Во последните гостувања формата им е во пад, четири порази на последните пет меча, што покажува недоволна стабилност под притисок.
Ferroviaria
–
Athletico-PR
Ferroviaria игра разочарувачка сезона, моментално е на 17-то место со 40 бода по 36 одиграни натпревари, во зоната на испаѓање. Тимот има само 4 победи на домашен терен, односно 9 ремија и 5 порази после 18 одиграни меча, а нема победа на домашен терен веќе осум меча. Оваа сезона има постигнато 41 гол, додека одбраната често попушта во клучни моменти, примајќи 48 гола досега. Нивната игра е нестабилна, премногу зависат од индивидуални потези и тешко создаваат чисти шанси. Психолошкиот притисок е голем, бидејќи секој бод е важен во борбата за опстанок, а формата воопшто не им дава позитивни сигнали.
Athletico-PR има одлична сезона и се бори за директна промоција, на 2-ро место со 59 бода, изедначен со Remo. Има само еден бод помалку од Criciuma, кој не е во топ 4, па затоа секој бод е исклучително важен. Тимот е комплетен, офанзивно силен со 50 постигнати гола, но и стабилен во одбраната со 42 примени гола. Формата е позитивна, со три важни победи во серија. Напаѓачката линија е брза и директна, создава многу шанси и ја користи слабоста на противничките одбрани. Како гостински тим има 8 победи и гол-разлика 28:27, што покажува дека знае да реши тежок натпревар и под притисок. Тимот делува мотивирано и со јасна цел – да обезбеди директна промоција до крајот на сезоната.










