
Дневни Фудбалски Анализи
Grau
–
Sporting Cristal
Grau моментално се наоѓа на 13. место на табелата со 16 бодови, што јасно ја покажува нивната борба за стабилност во текот на сезоната. Дома играат далеку подобро отколку на гости, со биланс 3 победи, 3 ремија и 2 порази и позитивна гол-разлика 10:7. Иако во последните натпревари резултатите им се слаби, односно немаат победа веќе 6 меча, на свој терен редовно создаваат шанси и покажуваат поцврст пристап. Проблемите најчесто произлегуваат од дефанзивни пропусти и лесно примени голови во раните фази на мечевите. Тимот се потпира на брзи транзиции, но им недостига континуитет и концентрација, што многупати ги чини загубени бодови.
Sporting Cristal се наоѓа на силното 3-то место со 28 бодови. Нивните гостински настапи се стабилни, со 3 победи, 2 ремија и 2 порази, придружени со добра гол-разлика 11:7. Cristal има организиран и технички поткован среден ред што диктира темпо во најголем дел од мечевите. Иако и тие знаат да имаат падови во одбраната, посебно против екипи што играат директно и агресивно, квалитетот на нивната офанзива речиси секогаш ги покрива тие слабости. Тимот контролира посед и создава шанси, што им дава голема предност во вакви дуели.
Cristal е поквалитетен тим со подобра позиција и форма, додека Grau се потпира на предноста на домашен терен. Иако домаќинот може да создаде проблеми, разликата вo квалитет е очигледна.
Vila Nova FC
–
Volta Redonda
Vila Nova FC влегува во овој дуел од 15-та позиција на табелата со 46 бодови по 37 одиграни натпревари, но сепак обезбедија опстанок во лигата оваа сезона, со оглед на тоа дека ова е последно коло. Тимот игра нестабилно, особено во последните кола, каде што тешко успева да ја задржи константноста. Иако нивната гол-разлика е 32:42, на домашен терен се покажува многу посолидно. Во последните пет натпревари на домашен терен немаат пораз, а успеаја да забележат и 4 ремија и една победа, што укажува на цврстина пред своите навивачи.
Volta Redonda доаѓа на овој натпревар како последнопласиран тим на табелата, 19-то место со само 35 бодови и катастрофална гол-разлика 24:41, што ја прави една од најслабите екипи во лигата до овој момент. Тимот е во целосен распад, особено на гостински терен, каде што загуби пет натпревари по ред и притоа има проблеми и во одбраната и во нападот. Од следната сезона се во понизок ранг. Последните резултати покажуваат дека тимот прима просечно по два или повеќе гола по натпревар, а играчите се под огромен притисок поради серијата порази. Мотивацијата е на минимум, а тактичкиот план не функционира.
Мечот нема резултатско значење со оглед на тоа дека е последен натпревар. Предност за победа му даваме на домашниот тим, кој и онака беше подобар во текот на сезоната.
SA Bulo Bulo
–
Bolivar
SA Bulo Bulo во лигата заврши на 7-мо место со 31 бод и одигра во променлива форма. На последните 5 одиграни меча имаат само една победа, што јасно го одразува нивниот лимитиран потенцијал и нестабилна форма во текот на сезоната. Иако имаат моменти на цврстина на домашен терен, нивните резултати се премногу непредвидливи, со комбинација од тесни победи и тешки порази. Во оваа фаза на натпреварување дојдоа по победата над Always Ready. Проблемите во дефанзива се највидливи, и во последните 5 меча примиле 10 гола, а на секој од последните три одиграни натпревари имало најмалку три гола.
Bolivar во овој меч пристигнува како тим во далеку подобра форма, моментално на врвот на формата со серија убедливи резултати и значително повеќе квалитет од противникот. Имаат 8 последователни победи, а на овие 8 натпревари имаат постигнато дури 30 гола. Последните кола, со убедливи победи над The Strongest (5:3), Aurora (6:1) и Tomayapo (7:2), го покажуваат нивниот напаѓачки арсенал кој ретко кој може да го задржи. На гостински терен, исто така делуваат доминантно, со стабилна игра во средина и брзо кршење на противничките линии. Тимот функционира дисциплинирано, пресингот им е организиран, а завршницата е на елитно ниво за ова натпреварување.
Разликата во квалитет и форма меѓу двата тима е очигледна. SA Bulo Bulo знае да биде незгоден дома, но Bolivar игра фудбал на повисоко ниво. Очекувам ефикасен натпревар со најмалку три постигнати гола.
Gremio
–
Vasco
Gremio се наоѓаат на 14-то место на табелата со 40 бодови, позиција која совршено ја одразува нивната разочарувачка сезона, но сè уште имаат можност да обезбедат место во групната фаза од Copa Sudamericana. Тимот игра слабо и нестабилно, со само една победа во последните пет натпревари и серија резултати кои ја нагласуваат нивната офанзивна и дефанзивна немоќ. Дома се во подобра форма и на последните 5 одиграни меча имаат само еден пораз, односно три победи и едно реми. Немаат можност да испуштаат бодови доколку сакаат да направат нешто повеќе оваа сезона.
Vasco е на 11-то место со 42 бодови, само два бода повеќе од денешниот противник и е во покомфорна ситуација од својот ривал. Гостите имаат солидна гостинска форма и на 16 натпревари имаат 24 постигнати, а 26 примени гола. Имаат пад на формата и во последните три кола имаат три порази. Победите против Bragantino и Fluminense пред три кола покажуваат дека тимот знае да казнува грешки и дека поседува квалитет за да контролира темпо.
Меч важен за обата тима, предност за победа му даваме на Gremio, со оглед на тоа дека ја подигнаа својата форма во последниот период, особено на домашен терен.










