Дневни Фудбалски Анализи

20 јануари 2026


Al Ahli SC



Al Khaleej

Саудиска Арабија • Saudi Professional League
📅 20.01.2026
🕐 18:30
💡 Тип:
1 (Победа на Al Ahli SC) Квота: 1.60
Al Ahli SC се наоѓа на 4. позиција на табелата со освоени 34 бодови, ист број како и второ- и третопласираните Al Nassr и Al Taawon, што јасно говори за жестоката борба при врвот. По 15 одиграни натпревари сезонава, тие забележаа импресивни 11 победи, едно реми и само три порази. Во тој период постигнаа 22 голови, додека примија само 11, што ги вбројува меѓу дефанзивно најцврстите екипи во лигата. Офанзивно Al Ahli создава многу шанси во текот на натпреварите, но реализацијата често знае да биде просечна и простор за напредок постои. Сепак, тимот не зависи од еден поединец, бидејќи повеќе фудбалери се запишаа меѓу стрелците, што им дава ширина и разновидност во играта. На домашен терен се особено сигурни, со серија од четири последователни победи, фактор кој ги одржува во сериозна конкуренција за висок пласман и борба за самиот врв оваа сезона.
Al Khaleej со освоени 24 бодови моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата, откако по слабиот старт на сезоната успеа значително да ја подобри својата форма. Во досегашните 15 одиграни натпревари, тимот оствари 7 победи, 3 нерешени средби и 5 порази, што претставува солиден учинок. Посебно се истакнува нивниот офанзивен стил на игра, бидејќи постигнаа дури 36 голови, но примија 23, што укажува на одредени проблеми во одбраната, особено на гостински терен. Најзаслужен играч во тимот е Joshua King, кој постигна 13 голови и додаде две асистенции. Голем придонес дадоа и грчките интернационалци Georgios Masouras со 8 голови и 2 асистенции, како и Konstantinos Fortounis, кој запиша 7 голови и импресивни 10 асистенции. На гостувањата, Al Khaleej конечно ја прекина лошата серија со победа на последниот натпревар, по два порази и едно реми на претходните средби надвор од домашниот терен.
Al Ahli SC игра одлично дома, нивната стабилна игра во одбрана и константноста во нападот треба да им донесат предност на овој натпревар и да дојдат до нови три бодови што ќе ги остават конкурентни за висок пласман.


Charlton



Derby

Англија • Championship
📅 20.01.2026
🕐 20:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) Квота: 2.00
Charlton моментално се наоѓа на 18. позиција на табелата со освоени 32 бодови, откако по солидниот старт на сезоната следуваше значителен пад во формата. Поради тоа, нивниот главен приоритет до крајот на сезоната ќе биде да ја задржат позицијата надвор од опасната зона. По 26 одиграни натпревари, тимот оствари 8 победи, 8 нерешени средби и 10 порази, што е показател за неконзистентност во резултатите. Во офанзива, Charlton настапува под нивото од претходните сезони, со само 26 постигнати голови, односно просек од еден гол по натпревар. Дополнително, одбраната често има проблеми, бидејќи досега примија 32 голови. Единствениот фудбалер кој се истакна со континуиран придонес е Sonny Carey, кој постигна 6 голови и забележа една асистенција. Сепак, на домашен терен Charlton покажува поголема сигурност, со 6 победи, 3 нерешени и 3 порази на 12 одиграни натпревари, што им дава надеж за подобар финиш на сезоната.
Derby моментално се наоѓа на 12. позиција на табелата со освоени 38 бодови и сè уште е во игра за едно од местата што водат во плеј-офот, иако конкуренцијата е исклучително силна. По 27 одиграни натпревари, тимот оствари 10 победи, 8 нерешени средби и 9 порази, што укажува на релативно стабилна, но неконзистентна сезона. Во напад Derby делува солидно и ефикасно, реализирајќи добар дел од создадените шанси, со вкупно 36 постигнати голови. Сепак, одбраната често изгледа неорганизирано, што се потврдува и со 35 примени голови досега. Најистакнат поединец беше Carlton Morris со 10 погодоци, но неговото отсуство поради повреда на глуждот претставува сериозен хендикеп. Затоа, големи очекувања се насочени кон Американецот Patrick Agyemang, кој има 7 голови и 3 асистенции. На гостински терен Derby прикажува добри партии, со 5 победи на последните 8 натпревари, што им дава дополнителен оптимизам во борбата за плеј-оф.
Со оглед на тоа што и двете екипи имаат проблеми со одбраната во досегашниот дел од сезоната, очекуваме и на овој натпревар двата тима да постигнат барем по еден гол.


West Brom



Norwich

Англија • Championship
📅 20.01.2026
🕐 20:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) Квота: 1.76
West Brom се наоѓа на 19. позиција со освоени 31 бод и моментално има четири бода предност над опасната зона, што ги држи на безбедно растојание, но со малку простор за опуштање. По 27 одиграни натпревари оваа сезона, тимот забележа 9 победи, 4 ремија и 14 порази, при што постигнаа 31 гол, а примија 38, што укажува дека главниот проблем се одбранбените слабости. Формата на тимот е особено лоша, со пет порази на последните шест натпревари во Championship. Најзаслужен играч сезонава е Aune Heggebo со 8 голови и 3 асистенции, додека Isaac Price со 6 голови и 2 асистенции исто така имаше значаен придонес. По одличната серија од седум натпревари без пораз на домашен терен, тимот на последните три натпревари пред своите фанови забележа два порази, што покажува дека и дома се соочуваат со проблеми и дека мораат да го подобрат нивниот фокус за да останат над опасната зона до крајот на сезоната.
Norwich со 27 бодови се наоѓа на 22. позиција на табелата, но последните победи даваат надеж дека тимот може да ја избегне опасната зона до крајот на сезоната. По 27 одиграни натпревари, тимот оствари 7 победи, 6 нерешени средби и 14 порази, постигнувајќи 30 голови и примајќи 40, што покажува проблеми во одбраната. Формата е во подем, со три значајни победи на последните пет натпревари, што дава мотив и самодоверба на тимот. Младиот Jovon Makama е најзаслужен за нападот со 10 постигнати голови, додека Американецот Joshua Sargent со 7 голови и 3 асистенции исто така беше значаен за резултатите. На гостински терен Norwich прикажува солидна форма, бидејќи на последните четири натпревари немаат пораз; по две реми средби против Preston и Sheffield United, следуваа две важни победи, кои го зголемија нивното самодоверба и им дадоа надеж за закрепнување во продолжението на сезоната.
И двата тима на последните натпревари покажаа напредок во формата во нападот, додека со одбраната проблемот е сè уште актуелен и кај двете екипи. Очекуваме офанзивен пристап од двете страни и сметаме дека и двата тима ќе постигнат најмалку по еден гол на овој натпревар.


East Fife



Inverness

Scotland League One – Round 16
📅 20.01.2026
🕐 20:45
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) Квота: 1.85
East Fife со освоени 25 бодови моментално се наоѓа на 6. место во Scotland League One, но по лошата серија на последните натпревари, шансите за пласман во плеј-оф фазата се значително намалени. По 19 одиграни натпревари, тимот забележа 7 победи, 4 ремија и 8 порази, при што постигнаа 20 голови, а примија 28, што укажува на проблеми во одбраната и недостаток на ефикасност во нападот. Бележат голем пад во формата, што се потврдува со 4 порази на последните 5 натпревари. Најзаслужни поединци досега се искусниот Andy Munro со 4 голови и една асистенција, како и Nathan Austin со 3 голови и една асистенција, кои даваат значаен придонес за резултатите на тимот. На домашен терен, по одличниот старт на сезоната, East Fife доживеа порази на последните два натпревари пред својата публика, што дополнително ја отежнува нивната позиција во борбата за плеј-оф и ја покажува потребата од подобрување и во дефанзивата и во нападот.
Inverness со освоени 34 бодови моментално се наоѓа на 2. место, само три бода зад лидерот Stenhousemuir, но со два натпревари помалку, што им дава шанса да ја преземат првата позиција со позитивни резултати. По 19 одиграни натпревари, тимот забележа импресивни 12 победи, 3 ремија и 4 порази, при што постигнаа 32 голови, додека одбраната се покажа како најцврста во лигата, со само 12 примени голови. Најефикасни во нападот се Chanka Zimba и Alfie Bavidge со по 5 голови, додека искусниот канадски интернационалец David Wotherspoon со 4 голови и 4 асистенции значително придонесе за силната сезона на тимот. Inverness игра ефикасно, искористувајќи го големиот број создадени шанси, а нивната цврстина во одбраната им овозможува да се борат за висок пласман. Сепак, на последните три гостувања прикажаа пад во формата, со два порази и едно реми, што ја покажува потребата за поголема стабилност надвор од дома.
Гостите се фаворити на овој натпревар по повеќе параметри, но со оглед што и тимот на Inverness бележи пад во формата, на овој натпревар очекуваме офанзивен пристап од двете екипи и да бидат постигнати три или повеќе голови.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)