Дневни Фудбалски Анализи

19 декември 2025


Bristol City



Middlesbrough

Англија: Championship
📅 20.12.2025
🕐 16:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) — Квота: 1.85
Bristol City влегува во овој натпревар како тим што ретко игра затворени мечеви, особено на домашен терен. По 21 одиграно коло, екипата има гол-разлика 28:24, што јасно укажува на натпревари со висок ритам. Тактички, тимот преферира директна игра со брзи вертикални напади и чести вклучувања на бековите, но токму тој пристап создава празнини во дефанзивната транзиција. Во фаза на напад, Mehmeti е најконстантната закана со добра завршница, додека Twine и Riis нудат креативност, движење меѓу линиите и секој од овие играчи има постигнато по 6 гола сезонава. Дефанзивно, често доцнат во враќањето на својата половина, што резултира со примени голови дури и против екипи со помал офанзивен потенцијал.

Middlesbrough доаѓа во одличен момент и со јасна офанзивна структура која функционира и на гостински терен. Се наоѓаат на 2-то место со 42 бода и тимот има постигнато 33 гола досега и покажува стабилност во креирањето шанси, без разлика на противникот. Напаѓачката линија е предводена од Whittaker, кој е постојана закана за противниците со 8 постигнати гола досега, додека Hackney и Conway обезбедуваат динамика, темпо и поддршка од втор план. Ретко играат дефанзивно и играат со висок пресинг во одредени фази од мечот. Таквиот пристап често резултира со отворени мечеви, особено против тимови кои не се дефанзивно дисциплинирани. Имаат 4 последователни победи, а на секој од последните 5 одиграни натпревари имало најмалку три гола.

Со оглед на офанзивните карактеристики на двата тима, слабостите во дефанзивната организација на Bristol City и напаѓачкиот квалитет на Middlesbrough, натпреварот има силен потенцијал за голови. Отворен фудбал и бројот на шанси кои ги креираат овие два тима ја зголемуваат веројатноста за најмалку три погодоци.


Paralimni



Chloraka

Кипар: Cyprus League
📅 20.12.2025
🕐 16:00
💡 Тип:
2 (Победа на Chloraka) — Квота: 1.70
Paralimni се наоѓа во исклучително тешка ситуација, закована на последното место со само еден освоен бод и убедливо најлоша гол-разлика во лигата 4:33. Тимот делува неорганизирано во сите линии, со посебен акцент на дефанзивните слабости кои се повторуваат. Одбраната често касни во реакциите, што резултира со голем број примени голови. Дополнително, немаат јасен напаѓачки идентитет и ретко успеваат да извршат континуиран притисок врз противничката одбрана. Индивидуалците како Cesco или Museliani немаат доволна поддршка од средниот ред, па нападите најчесто завршуваат без конкретна завршница. Домашниот терен не носи никаква предност: од 7 одиграни натпревари, имаат 7 порази и гол-разлика 2:13, што јасно покажува дека тимот е во многу лоша форма.

Chloraka влегува во овој натпревар со значително поголема стабилност. Се наоѓаат на 8-то место со 16 бодови, позиционирани во средината на табелата. Нападот функционира солидно, со 16 постигнати голови, а стилот на игра е прилагоден за искористување на слабости какви што ги има денешниот противник. Chatzivasiliadis е клучна фигура во завршницата, со добра реализација, односно 4 постигнати гола досега, додека Romo и Athanasiou носат динамика и директност во нападот. Знаат да играат трпеливо и постепено да го зголемуваат притисокот, што често резултира со голови во второто полувреме. На гостински терен тимот има солиден биланс од две победи, две ремија и три порази и очекуваме да ја оправдаат фаворитската улога.

Со оглед на огромната разлика во форма, квалитет и организација, Chloraka игра во далеку подобра форма и има шанса да се приближи до најдобрите 6 во лигата. Paralimni тешко ќе одолее на притисокот, а слабата дефанзивна организација се повторува секој натпревар.


Oss



De Graafschap

Холандија: Eerste Divisie
📅 20.12.2025
🕐 16:30
💡 Тип:
2 (Победа на De Graafschap) — Квота: 1.80
Oss се наоѓа на 18-то место со слаб вкупен учинок и сериозни проблеми со формата и континуитетот. Тимот има негативна гол-разлика од 24:34 и често прима голови во клучни фази од натпреварите, што укажува на нестабилна дефанзивна структура и пад на концентрацијата. Формата е променлива, но со повеќе порази отколку позитивни резултати, особено против екипи од горниот дел на табелата. Играта се базира на поедноставен пристап, со обиди за директни напади и индивидуални решенија, но без доволна поддршка меѓу линиите. На домашен терен по 10 одиграни меча оствариле две победи, три ремија и 5 порази, со ограничена ефикасност во нападот и чести дефанзивни пропусти, што го прави ранлив под постојан притисок од поквалитетни противници.

De Graafschap влегува во овој натпревар како еден од најстабилните тимови во лигата и кандидат за промоција. Досега имаат обезбедено 34 бода и се наоѓаат на третото место на табелата; тимот покажува јасна тактичка дисциплина, баланс меѓу напад и одбрана и способност да контролира темпо. Нападот е ефикасен и разновиден, со Boersma и Nmeijer како клучни офанзивни фигури, поддржани од организирана средина и сигурна дефанзива. Особено импресивен е гостинскиот учинок, каде по 10 одиграни меча имаат остварено 5 победи, две ремија и трипати се поразени. Формата е конзистентна, со серија победи кои ја зголемуваат самодовербата и ја нагласуваат разликата во квалитет во однос на денешниот противник.

Со оглед на моменталната форма, позицијата на табелата и разликата во квалитет, De Graafschap има јасна предност. Oss тешко ќе одговори на интензитетот и организацијата на гостите, па логичен избор е победа на гостинот.


Beveren



Beerschot VA

Белгија: Challenger Pro League
📅 20.12.2025
🕐 20:00
💡 Тип:
1 (Победа на Beveren) — Квота: 1.80
Beveren влегува во овој натпревар како лидер на табелата со 45 освоени бодови досега и е еден од најстабилните и најконзистентни тимови во лигата. Играат во одлична форма и јасно изразена доминација на свој терен, каде што играат со висок интензитет и контрола на поседот. По 17 одиграни меча сѐ уште се непоразени, со 14 победи и три ремија. Тимот покажува одлична рамнотежа меѓу напад и одбрана, со дисциплинирана линија во дефанзива и брзи транзиции кон офанзива. Клучна улога имаат Mertens и Van Hecke, кои носат стабилност и завршница, додека средниот ред добро ја диктира играта. Играат во победнички ритам, што дополнително ја зголемува самодовербата пред овој дуел за нови три бода на домашен терен.

Beerschot VA, иако е исто така високо позициониран, односно се наоѓаат на третото место со 33 освоени бода, има пад на формата и има низа од три порази, односно 4 вклучувајќи и еден натпревар од купот. На гостински терен имаат одиграно 8 меча, од кои 6 победи, едно реми и еден пораз. Тимот има офанзивен потенцијал, но прави грешки во одбраната, особено кога е под константен притисок. Во последните натпревари се забележува пад во дефанзивната организација и проблеми со контрола на ритамот, што против екипа како Beveren може да биде клучно. Иако Vula и van La Parra знаат да бидат опасни, тешко одржуваат стабилност во текот на сите 90 минути, особено кога противникот наметнува темпо.

Со оглед на моменталната форма, домашниот терен и тактичката стабилност, Beveren влегува со јасна предност. Очекуваме домаќинот да ја контролира играта и постепено да го скрши отпорот на гостите.

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)