
Дневни Фудбалски Анализи
Juventus U23 – Campobasso
Juventus U23 сезонава одиграа 9 натпревари и со освоени 14 бодови моментално се на 10тото место. Овој натпревар е одлична шанса за нив со позитивен резултат да напредуваат на табелата. Тимот досега забележа 4 победи, 2 ремија и 3 порази, при што постигнаа 16 голови, а примија ист број. Играат офанзивно, но неретко имаат проблеми во дефанзивата, што ги чини подобар пласман.
Campobasso после 9 одиграни кола сезонава се наоѓаат на 13тото место со вкупно 12 бодови. Тимот има израмнет биланс од 3 победи, 3 ремија и 3 порази, при што постигнаа 14 голови, а примија 10. Овој натпревар ќе биде нивни прв меѓусебен дуел со младиот тим на Juventus, со оглед дека Campobasso до минатата сезона се натпреваруваше во Групата Б од Italy Serie C и ова е ново искуство за нив во тековната сезона.
Egersund – Moss
Egersund моментално се наоѓаат на 6тото место со 42 бодови, позиција која води во плеј-оф зоната, по 26 одиграни натпревари оваа сезона. Тимот има забележано 12 победи, 6 ремија и 8 порази, при што постигнале 46 голови, а примиле 37. Тие се наоѓаат во одлична серија против денешниот ривал, со три последователни победи — 2-1, 3-2 и 2-4 на гостински терен, што им дава дополнителна самодоверба пред овој дуел.
Moss моментално се на 12тото место со 26 бодови, имајќи само еден бод повеќе од Raufoss, кој се наоѓа на 14тата позиција што води во бараж за опстанок. Тимот сезонава забележа 7 победи, 5 ремија и 14 порази, при што постигна 38 голови, а прими 59, што ја открива нивната проблематична одбрана. Натпреварите со денешниот ривал секогаш биле возбудливи — на последните четири меѓусебни дуели беа постигнати дури 18 голови, што најавува уште еден ефикасен натпревар.
Konyaspor – Besiktas
Konyaspor моментално се наоѓа на 9тото место со освоени 11 бодови по 8 одиграни натпревари оваа сезона. Тимот има забележано 3 победи, 2 ремија и 3 порази, при што постигна 15 голови, а прими 12. Иако покажуваат солидна ефикасност во нападот, нивната одбрана често попушта во клучни моменти. Против Besiktas немаат најдобар биланс — загубија на четири од последните пет меѓусебни дуели, иако во последниот натпревар успеаја да слават со минимални 1-0.
Besiktas не ја започна сезоната според очекувањата и со освоени 13 бодови по 8 одиграни натпревари моментално се наоѓаат на 7тата позиција. Тимот има забележано 4 победи, 1 реми и 3 порази, при што постигна 13 голови и прими 11. Иако резултатите се нестабилни, квалитетот во тимот е присутен. На овој натпревар се очекува клучна улога да има Tammy Abraham во нападот, со силна поддршка од Cengiz Ünder во средниот ред.
Watford – West Brom
Watford по 10 одиграни натпревари сезонава се наоѓа на 16тото место со освоени 12 бодови. Тимот забележа по 3 победи и ремија и 4 порази, со гол-разлика 11:12. Иако резултатите се променливи, нивните настапи на домашен терен се солидни – на последните 5 натпревари имаат 3 победи, едно реми и еден пораз. Интересно е што на сите тие натпревари примиле гол, а на четири од нив и самите успеале да постигнат погодок.
West Brom се наоѓаат на 5тото место со освоени 17 бодови и според формата што ја прикажуваат, се сметаат за еден од сериозните кандидати за промоција во Премиер лигата следната сезона. На 10 одиграни натпревари, тимот забележа 5 победи, 2 ремија и 3 порази, со гол-разлика 11:11. Нивните дуели со денешниот ривал секогаш се ефикасни — на последните 6 меѓусебни натпревари двата тима постигнувале барем по еден гол, а на половина од тие средби биле постигнати по два или повеќе голови од двете страни.










