💡 Тип:
1 (Победа на Al Wehdat) — Квота: 1.68
Al Wehdat се на 4-тата позиција со 30 бодови и се сериозен конкурент за највисок пласман, со оглед на малата бодовна разлика меѓу водечките екипи. Досега имаат 9 победи, 3 ремија и 4 порази. Во нападот делуваат организирано и на 16 натпревари постигнаа 19 голови, додека одбраната е нивната најсилна страна со само 10 примени голови. Тимот покажува стабилност и конзистентност во сите линии. На домашен терен се во одлична форма – на последните 10 натпревари немаат пораз, а славеа на 8 од нив. Таа сигурност пред своите навивачи им дава дополнителна самодоверба во борбата за врвот.
Al Salt со 19 бодови се на 6-тата позиција и нивен главен приоритет сезонава е опстанокот, бидејќи имаат само два бода предност пред опасната зона. Во досегашниот дел од сезоната запишаа 5 победи, 4 ремија и 7 порази. Нападот функционира солидно, со 19 постигнати голови на 16 натпревари, но одбраната е главната слабост со 20 примени голови. Недостатокот на стабилност во дефанзивата често ги чини бодови во клучни моменти. Дополнително, традицијата против денешниот ривал не им оди во прилог, бидејќи загубија на 8 од последните 10 меѓусебни дуели, а само двапати ремизираа.
Домаќините играат во одлична форма, особено на домашен терен, и со оглед на фактот што сè уште се во игра за висок пласман, очекуваме да ја имаат иницијативата во овој натпревар и да остварат уште една победа против тимот на Al Salt.
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол) — Квота: 2.10
Racing Club со 7 бодови се наоѓа на 10-тата позиција и по слабиот старт на сезоната очигледно ја пронајде вистинската форма, што се гледа од позитивните резултати на последните три натпревари. Досега имаат остварено 2 победи, едно реми и три порази, при што поразите беа на самиот почеток од првенството. Во нападот делуваат организирано и релативно ефикасно со 7 постигнати голови на 6 натпревари, но одбраната сè уште покажува слабости, со 8 примени голови. Потребна е поголема концентрација во дефанзивата за да се одржи континуитетот на добри резултати. Во меѓусебните дуели со денешниот противник одиграле три натпревари, при што двата тима имаат по една победа и едно реми, што најавува изедначен натпревар.
Independiente Rivadavia со 15 бодови се наоѓа на втората позиција, израмнети со лидерот Belgrano, кој има одиграно натпревар повеќе. Ова е одлична можност со позитивен резултат да се искачат на првото место на табелата. Досега забележаа 5 победи и само еден пораз, што потврдува стабилна форма. Во нападот создаваат многу шанси и на 6 натпревари постигнаа 10 голови, но одбраната покажува одредени слабости, особено по прекини, со 6 примени голови. На гостински терен се максимално ефикасни, со две победи од два натпревари, што им дава дополнителна самодоверба пред овој предизвик.
Со оглед на тоа што и двата тима играат ефикасно во нападот и создаваат голем број прилики за гол, сметаме дека ефикасноста ќе продолжи и на овој натпревар и очекуваме двата тима да постигнат најмалку по еден гол.
💡 Тип:
1 (Победа на MC Alger) — Квота: 1.73
MC Alger се наоѓа на првото место со 36 бодови и важи за најсериозен кандидат за титулата оваа сезона. Во досегашниот дел од првенството запишаа 11 победи, 3 ремија и само 2 порази, што говори за нивната конзистентност. Нападот е организиран и дисциплиниран, со 18 постигнати голови на 16 натпревари, додека одбраната е нивното најсилно оружје – со само 8 примени голови, најдобра во лигата. На домашен терен се вистинска тврдина, непоразени на повеќе од 20 натпревари. Дополнително, на последните 10 средби пред своите навивачи, во лигата, Купот на Алжир и Африканската Лига на шампиони, забележаа исклучиво победи, што ја потврдува нивната доминација.
Kabylie со 24 бодови се наоѓа на 11-тата позиција и по добрите резултати на последните пет натпревари значително се оддалечи од опасната зона. Во досегашниот тек од сезоната имаат 6 победи, 6 ремија и 4 порази, што покажува одредена стабилност. Нападот функционира солидно со 19 постигнати голови на 16 натпревари, но одбраната знае да покаже слабости, со 16 примени голови. Иако формата е во нагорна линија, проблем претставуваат гостувањата, каде загубија на 6 од последните 10 натпревари во сите конкуренции. За дополнителен напредок на табелата ќе мора да ја подобрат играта надвор од својот терен и да одржат континуитет во резултатите.
MC Alger се наоѓа во добра форма, особено на домашен терен каде има огромна поддршка од своите фанови. Така сметаме дека ќе ја искористат таа предност и на овој натпревар и со победа ќе се зацврстат на лидерското место.
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови) — Квота: 2.05
Santos се наоѓа на последното место со само еден бод по три одиграни кола во бразилската Серија А. На двете гостувања претрпе порази, 4-2 од Chapecoense и 2-1 од Athletico Paranaense, додека на домашен терен одигра 1-1 против Sao Paulo FC. Иако резултатите не се во нивна полза, нападот функционира солидно, со постигнат гол на секој натпревар досега. Главниот проблем е одбраната, која прими седум голови на три средби и покажува сериозни слабости. Сепак, позитивен сигнал е фактот што на домашен терен немаат пораз на последните 10 натпревари во сите конкуренции, што им дава надеж за пресврт.
Vasco има само еден бод по три одиграни кола оваа сезона, но благодарение на подобрата гол-разлика се наоѓа на 19-тата позиција, веднаш над денешниот противник. На гостувањето кај Mirassol FC беа поразени со 2-1, додека на домашен терен загубија од Esporte Clube Bahia со 0-1 во последното коло. Единствениот бод го освоија по ремито 1-1 против Chapecoense. Покрај настапите во Серија А, тимот игра и во шампионатот Кариока, каде во полуфиналето загуби од Fluminense FC со 0-1 во првиот натпревар. Интересно е што во меѓусебните дуели со денешниот ривал традиционално има многу голови, па на последните три средби биле постигнати дури 14 погодоци, што најавува отворен и динамичен натпревар.
Очекуваме и на овој натпревар двете екипи да пристапат офанзивно, со јасна намера да ги освојат трите бода. Со оглед на нивниот стил и динамиката од претходните меѓусебни пресметки, реално е да се прогнозира отворен дуел со висок ритам. Аналитички гледано, постојат сериозни предуслови за натпревар со најмалку три, а можеби и повеќе погодоци.