Италија Серија А Прогнози

06 – 08 декември 2025


Sassuolo



Fiorentina

Италија • Serie A
📅 06.12
🕐 15:00
💡 Тип:
1X (Sassuolo да не загуби)

Sassuolo влегува во натпреварот од 10то место со 17 бодови, тим кој сезонава игра променливо, на домашен терен со две победи, реми и три порази по 6 одиграни меча. Во офанзивата најголеми закани се Berardi и Pinamonti, кои ја носат креативноста и завршницата, додека Lauriente обезбедува ширина и брзина. Тимот често игра агресивно во средниот ред, но знае да остави простор зад линијата при брза транзиција. Одбраната е нестабилна, но дома изгледа поцврсто и поподготвено. Sassuolo има доволно индивидуален квалитет да создава шанси, а формата на домашен терен може да биде одлучувачки фактор против противник во криза.

Fiorentina на 19тото место на табелата со само 11 бодови, со сериозни проблеми во играта и многу лош резултатски континуитет. Гостинската форма е особено слаба, без победа во седум натпревари и само четири постигнати гола. Одбраната често попушта под притисок, а средниот ред не нуди доволно контрола. Во нападот најзабележителни имиња се Mandragora, Gudmundsson и Kean, но целокупната офанзивна динамика не е доволно брза ниту креативна. Fiorentina има проблеми со реализацијата и со дефанзивни пропусти на гостински терен, што го намалува нивниот потенцијал да држат ритам и да се наметнат во вакви мечеви.

Sassuolo има предност поради подобрата домашна форма и поорганизираниот напад, додека Fiorentina продолжува со слабата форма, особено на гостински терен. Мечот може да биде израмнет, но моментумот е на страната на домаќинот. 1:1


Inter



Como

Италија • Serie A
📅 06.12
🕐 18:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Inter влегува во мечот од 3то место со 27 бодови, со многу силна офанзива и стабилен ритам на домашен терен, каде има пет победи од седум натпревари и импресивна гол-разлика 17:5. Тимот игра со брзи комбинации и голема зависност од Martinez и Calhanoglu, додека Thuram и Bonny го држат темпото и ја отвораат играта по ширина. Средниот ред има доминација во посед и контрола на темпото, што често ги турка противниците во дефанзива. Одбраната е стабилна, организирана и добро структурирана. Тековната форма и самодоверба им даваат голема предност пред противник кој игра одлично сезонава. После поразите од AC Milan и Atl. Madrid во Лигата на шампионите, последното коло ја совладаа Pisa.

Como на 5тото место на табелата со 24 бодови, тим кој игра изненадувачки силна сезона и се потпира на стабилна дефанзивна организација и ефикасни контранапади. На гостински терен имаат солидни резултати со две победи, три ремија и само еден пораз, но нивната игра е повеќе ориентирана кон дисциплина отколку доминација. Paz, Addai и Douvikas се главните офанзивни носители, играчи кои со ограничени шанси знаат да направат разлика, но против екипи со висок пресинг како Inter имаат тешкотии да ја изнесат топката. Средниот ред е борбен, но не секогаш доволно брз за да издржи темпо против врвни ривали. Дефанзивно Como покажува цврстина, но неретко попушта кога противникот одржува постојан притисок.

Inter има предност на домашен терен и подобра динамика во играта, додека Como може да се надева само на дисциплина и изненадувачки контранапади. Очекуваме изедначен дуел во кој двата тима ќе постигнат по најмалку еден гол. 2:1


Verona



Atalanta

Италија • Serie A
📅 06.12
🕐 20:45
💡 Тип:
2 (Победа на Atalanta)

Verona влегува во натпреварот од 20тото последно место со 6 бодови, со многу слаба форма и големи потешкотии во сите линии на игра. Тимот речиси и да нема офанзивна опасност, постигнувајќи само 8 гола во 13 кола, а на домашен терен уште повеќе се мачи, без победа досега и само 5 постигнати гола во шест натпревари. Giovane и Orban се обидуваат да внесат креативност, но тимот создава мал број шанси, а недостасува и стабилност во средниот ред. Одбраната често попушта во клучни моменти и прави индивидуални грешки под притисок. Тековната форма, серијата порази и слабата игра дома ја прават Verona еден од најранливите тимови во лигата.

Atalanta се наоѓа на 12то место со 16 бодови, но формата во последните натпревари покажува јасен напредок. Тимот изгледа поорганизирано, со подобрена транзиција и поагресивна игра. На гостински терен резултатите се мешани, една победа, три ремија и два порази, но офанзивниот квалитет со играчи како De Ketelaere, Krstovic, Lookman и Sulemana е значителен и може да направи разлика. Често ја контролираат играта преку средниот ред, користејќи брзи движења и ширина, иако знаат да остават простор при контранапади. Во групната фаза од Лигата на шампионите го совладаа Eintracht со 0:3, а минатото коло во Серија А издвојуваа рутинска победа над Fiorentina.

Atalanta е поквалитетниот тим во сите сегменти, а Verona покажува премал отпор и премалку офанзивна сила за да се спротивстави. Се очекува гостите да ја контролираат играта и да ги казнат слабостите на домаќинот. 1:2


Cremonese



Lecce

Италија • Serie A
📅 07.12
🕐 12:30
💡 Тип:
1X (Cremonese да не загуби)

Cremonese влегува во натпреварот од 11то место со 17 бодови, тим кој игра офанзивно, со јасно изразена динамика напред и креативност преку Bonazzoli и Vardy. На домашен терен резултатите им се нестабилни, една победа и три ремија, но тимот секогаш создава опасност, постигнувајќи 7 гола во шест натпревари. Средниот ред функционира со висок интензитет, но одбраната неретко попушта, особено во моменти кога ја губат топката во транзиција. Сепак, формата во последните кола е солидна, со убедлива победа над Bologna, што ја подигнува самодовербата. Cremonese генерално игра подобро дома отколку што покажува бодовниот биланс и останува тим што може да создаде проблеми и на посилни противници.

Lecce доаѓа како 14ти на табелата со 13 бодови, тим кој игра борбено, но со ограничена офанзивна продукција. На гостувања имаат променлива форма, две победи, еден реми и три порази, со само пет постигнати гола. Lecce се потпира на компактна одбрана и брзи вертикални напади преку Berisha, Ndri и Coulibaly, играчи кои се меѓу најефикасните во тимот. Средниот ред е агресивен, но понекогаш премногу се повлекува, оставајќи противникот да доминира. Им недостасува завршница и подобра организација, но сепак умеат да бидат опасни кога добиваат простор. Lecce има цврстина, но недоволно квалитет за долготрајно диктирање ритам.

Cremonese е подобар во создавање шанси, додека Lecce се потпира на дисциплина и контри. Мечот делува израмнет, но домаќинот има малку повеќе квалитет во завршницата. 1:1


Cagliari



AS Roma

Италија • Serie A
📅 07.12
🕐 15:00
💡 Тип:
2 (Победа на AS Roma)

Cagliari на 15то место со 11 бодови, во слаба форма и проблеми во одбраната, која примила 19 гола во 13 кола. На гостувања имаат само една победа, со три порази и три ремија и гол-разлика 6:9. Borrelli и Esposito се најконстантни во нападот, но тимот создава ограничен број шанси и често се потпира на индивидуални потези. Средниот ред тешко задржува контрола под притисок и често се повлекува предолго, оставајќи празнини. Тимот има дисциплиниран пристап, но многу потешкотии со ритам и стабилност, а и традицијата против Roma е исклучително негативна, со долг низ порази и минимална офанзивна закана.

AS Roma влегува во натпреварот од 4то место со 27 бодови, со стабилна форма и тим кој покажува зрелост во организираниот напад и дисциплина во дефанзивната структура. На домашен терен Roma има четири победи од седум натпревари и гол-разлика 7:4, што ја нагласува цврстината во одбраната и способноста да контролира ритам. Soule е клучниот офанзивен носител, додека Dovbyk и Pellegrini носат сигурност во завршницата и создавањето шанси. Тимот умее да ротира интензитет во средниот ред, задржувајќи го поседот и темпото, но понекогаш има проблеми против физички силни ривали. Сепак, формата во последните натпревари, вклучувајќи добри изведби во Европа, ја поставува Roma како фаворит.

Roma е поконзистентна, поквалитетна и тактички многу поорганизирана, додека Cagliari нема доволно дефанзивна сигурност да издржи долг притисок. Очекуван е меч во кој гостинот ќе доминира. 0:2


Lazio



Bologna

Италија • Serie A
📅 07.12
🕐 18:00
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Lazio влегува во натпреварот од 6тото место со 19 бодови, со силна домашна форма која носи четири победи од шест натпревари и гол-разлика 12:4. Тимот игра организиран напад со брза циркулација и агресивен пресинг, предводен од Zaccagni и Cancellieri, кои ја даваат главната офанзивна продукција, додека Castellanos нуди мобилност во завршницата. Lazio дома ретко дозволува противникот да контролира ритам, со стабилна одбрана која прима малку голови и среден ред што одржува баланс во транзицијата. Иако имаат слабости против физички поцврсти тимови, генерално на свој терен покажуваат зрелост, сигурност и добар интензитет.

Bologna на 5тото место со 21 бод, тим кој игра зрело, со тактичка дисциплина и разновиден напад предводен од Orsolini и Castro, кои носат голема офанзивна закана. На гостински терен резултатите им се позитивни, три победи и два ремија, со гол-разлика 12:7 која открива дека често влегуваат во отворени и динамични натпревари. Средниот ред им е силен, со Cambiaghi кој креира и ја врзува играта, но одбраната понекогаш попушта при брзи транзиции и индивидуални грешки. Bologna е тим што може да се прилагоди на темпо, но ќе има проблеми да го задржи поседот и да го сопре интензитетот на Lazio, особено на гостување.

Дуелот носи израмнето темпо, но Lazio има јасна предност поради домашниот интензитет и поконзистентната одбрана, додека Bologna ќе се потпира на контранапади. Очекуваме динамичен меч во кој ќе видиме најмалку три гола. 2:2


Napoli



Juventus

Италија • Serie A
📅 07.12
🕐 20:45
💡 Тип:
1 (Победа на Napoli)

Napoli влегува во натпреварот од 2то место со 28 бодови, со одлична форма и силен напад кој комбинира брзина, пресинг и техничка надмоќ. На домашен терен тимот е феноменален, пет победи и едно реми, со гол-разлика 12:5 и многу стабилни изведби во одбраната. Anguissa носи баланс и физичка моќ, додека David Neres и Hojlund придонесуваат со брзина и завршница. Napoli има одлична транзициона игра и лесно создава шанси против дефанзивно ориентирани ривали. Тимот изгледа стабилен тактички, со добра ротација во средниот ред и голема самодоверба поради серијата победи во Serie A и во Лигата на шампионите. Домашната форма и офанзивниот квалитет се главниот адут против Juventus.

Juventus влегува во овој натпревар како 7ми на табелата со 23 бодови, со резултатска стабилност, но нешто поскромна игра на гостувања, каде има само две победи од шест натпревари и негативна гол-разлика 5:6. Тимот се потпира на дисциплина, силна дефанзивна линија и острината на Vlahovic и Yildiz во завршницата. Средниот ред создава креативност, но често играат претпазливо во одбрана, што им ја намалува контролата во посед против посилните ривали. Имаат проблем со константноста при висок притисок и понекогаш премногу се повлекуваат на гостински терен, оставајќи го нападот изолиран. Иако тимот е искусен и сериозно организиран, падовите во формата во дерби-средби и слабата офанзивна динамика на гостувања им претставуваат проблем.

Napoli овој период делува посилно, побрзо и тактички стабилно, додека Juventus ќе се потпре на цврста одбрана и контри. Предност за победа му даваме на домаќинот. 2:1


Pisa



Parma

Италија • Serie A
📅 08.12
🕐 15:00
💡 Тип:
X2 (Parma да не загуби)

Pisa влегува во овој натпревар од 18тото место со 10 бодови, со скромна форма и офанзива која тешко создава шанси. На домашен терен имаат само една победа од седум натпревари и гол-разлика 1:4. Nzola и Moreo се најопасните играчи, но тимот често останува изолиран напред поради недоволно организирана игра во средината. Одбраната знае да одработи солидно во делови, но неретко попушта под притисок, особено кога противникот игра со брзи крила. Иако Pisa ретко губи со голема разлика, нивниот проблем е немоќта да го контролира темпото, што директно им го намалува бројот на освоени бодови на домашен терен.

Parma на 17то место со 11 бодови, но со нешто поцврста структура и подобра транзиција од противникот. На гостински терен имаат само една победа и гол-разлика 3:7, што покажува дека во офанзивниот дел им фали завршница, иако Bernabe и Pellegrino носат одредена закана. Тимот е борбен, добро организиран во дефанзивната линија, но често прима голови поради индивидуални грешки и недоволно цврсто покривање во средниот ред. Parma игра подобро кога има простор за контри, но тешко создава игра против дефанзивно ориентирани тимови. Сепак, физичката сила и поголемата стабилност во одбрана во споредба со Pisa им дава мала предност.

Ова е дуел на тимови во слаба форма, но Parma делува поконзистентно и подобро организирано. Pisa дома е тврд тим, но со премалку офанзивен квалитет. 1:1


Udinese



Genoa

Италија • Serie A
📅 08.12
🕐 18:00
💡 Тип:
1X (Udinese да не загуби)

Udinese на 9тото место со 18 бодови, во солидна форма и со стил кој комбинира силен физички интензитет, компактност и брзи транзиции. На домашен терен имаат две победи од шест натпревари и гол-разлика 6:10, што покажува дека одбраната знае да има проблеми против противници со интензивен пресинг. Сепак, тимот игра организирано, со јасна структура во средниот ред и офанзива што зависи многу од Davis и Zaniolo, кои се најконкретни во креирање и завршница. Udinese најсилно изгледа кога ја контролира средината, но понекогаш им недостига стабилност и концентрација во клучни моменти. Трендот на резултати покажува дека тимот е опасен на домашен терен.

Genoa доаѓа како 16та со 11 бодови, но со форма што неодамна се подобри со победите против Verona и Sassuolo. На гостувања, сепак, тимот е во слаба форма, само една победа од шест натпревари и гол-разлика 9:11, со серија од четири порази по ред. Genoa игра борбено, со цврст среден ред и напаѓачка линија предводена од Ostigard и Colombo, кои се најконкретни во завршницата. Тимот често игра на контри и има добар физички момент, но има проблеми во дефанзивната транзиција, каде остава премногу простор зад линијата. Иако тимот понекогаш знае да одигра на потребното ниво, стабилноста е нивниот најголем проблем, особено надвор од свој терен.

Udinese е поквалитетниот и поконзистентниот тим, со подобра структура и поголема офанзивна креативност. Genoa ќе се обиде да преживее преку контри, но дефанзивните слабости им се премногу големи. 2:1


Torino



AC Milan

Италија • Serie A
📅 08.12
🕐 20:45
💡 Тип:
2 (Победа на AC Milan)

Torino на 13тата позиција со 14ет бода, во последниот период се во слаба форма, со два последователни порази, односно немаат победа веќе пет меча. Одбраната е нестабилна и прави пропусти и оваа сезона имаат постигнато 12, а имаат примено 23 гола. Во последните две кола примија 7 гола. Напаѓачката линија не е на ниво на задачата, тешко постигнуваат гол. На домашен терен според формата немаат голема предност, од шест одиграни натпревари, две победи, две ремија и два порази со гол-разлика 6:11. Simeone и Adams придонесуваат офанзивно, но тимот генерално нема офанзивна конзистентност.

AC Milan влегува во мечот во одлична форма, со три победи во последните пет кола и немаат пораз веќе 12 меча во лигата. Се наоѓаат на првата позиција со 2 бода предност, а оваа сезона имаат постигнато 19, а имаат примено 9 гола. Екипата игра зрело, често победува со минимална разлика, но контролирано. На гостински терен се многу стабилни, три победи и три ремија, без пораз, гол-разлика 9:3, што е најдобар одбранбен учинок во лигата како гостински тим. Pulisic и Leao носат најголем дел од опасноста, со по пет постигнати голови. Тимот генерално игра самоуверено, го контролира темпото, игра на резултат и ретко дозволува отворени мечеви.

AC Milan победил на четири од последните пет меѓусебни средби. Torino ќе се обиде да ја затвори играта и да чека грешка. Сепак, разликата во квалитет, форма и самодоверба е значителна. 0:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)