Италија Серија А Прогнози

12 – 15 декември 2025


Lecce



Pisa

Италија • Serie A
📅 12.12
🕐 20:45
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)

Lecce е на 17-то место, со 13 освоени бодови досега. Тимот има проблеми со конзистентноста, постигнувајќи 10 и примајќи 19 гола, што укажува на ограничена офанзивна продуктивност и ранлива одбрана. Berisha, Coulibaly и Ndri се клучните играчи кои носат динамика во нападот, но тимот често се соочува со недоволно креативни решенија под притисок. Формата е нестабилна, со само две победи во последните осум меча, а одбраната претрпува падови во интензитет, особено во транзиција. На домашен терен имаат одиграно 7 натпревари, од кои една победа и три ремија, со гол-разлика 5:8, што покажува дисциплинирана, но не и доволно остра игра. Lecce создава солидни моменти, но недостасува завршница која би донела повеќе бодови.

Pisa е на 18-то место, со 10 освоени бодови досега. Тимот има тешка сезона, постигнувајќи 10 и примајќи 19 гола, што е идентично со Lecce, но со уште поголеми проблеми во стабилноста и резултатската конзистентност. Формата им е слаба, со само една победа во последните 15 меча и чести падови во темпо кога играат под притисок. N’Zola, Moreo и Cuadrado се најофанзивните точки, но тимот тешко креира шанси против поорганизирани одбрани. На гостински терен Pisa има одиграно 7 натпревари без победа, со гол-разлика 9:14, што укажува на солиден напад, но многу пропустлива дефанзивна линија. При транзиција губат компактност, а високиот пресинг не функционира доволно добро. И покрај тоа, офанзивните искри можат да создадат проблеми доколку добијат простор.

Двата тима имаат идентична гол-разлика и изразени дефанзивни слабости. Lecce има мала предност поради домашниот терен, но Pisa останува опасна во транзиција. Очекуван е тесен и неизвесен дуел со мал број на голови. 1:1


Torino



Cremonese

Италија • Serie A
📅 13.12
🕐 15:00
💡 Тип:
X2 (Cremonese да не загуби)

Torino е на 16-то место, со 14 освоени бодови досега. Тимот се соочува со сериозни офанзивни предизвици, постигнувајќи 14 гола и примајќи дури 26, што укажува на проблематична дефанзивна организација. Simeone, Adams и Vlasic се главните двигатели на тимот, но креативноста често е непостојана, а транзицијата спора. Формата е слаба, со три последователни порази, а претходно трипати ремизираа, и имаат забележливо опаѓање на интензитетот во вторите полувремиња. На домашен терен одиграа 7 меча, со скор 2-2-3 и гол-разлика 8:14, што сведочи за нестабилност и ограничен напад кој ретко создава доволно шанси за пресврт. Одбраната често паѓа под брзи противнички акции.

Cremonese е на 9-то место, со 20 освоени бодови досега. Тимот игра балансирано, постигнувајќи 18 и примајќи 17 гола, што ја истакнува нивната организираност и дефанзивна дисциплина. Во последните натпревари бележат подобра форма со победи против Lecce и Bologna, а Bonazzoli, Vardy и Baschirotto се главните закани напред. Екипата функционира добро во брзите транзиции и знае да ја диктира динамиката против послаби одбранбени линии. На гостински терен имаат 3 победи, 2 ремија и 2 порази со гол-разлика 9:8, што покажува солидност и зрелост на гостински терен. Тие влегуваат во овој дуел со поголема самодоверба и подобра структура.

Cremonese изгледа поконзистентно и постабилно од Torino, кој покажува забележлив пад во форма и ефикасност. Гостите имаат поголем потенцијал да го контролираат темпото, додека домаќинот ќе се потпира на моменти на индивидуална инспирација. 1:2


Parma



Lazio

Италија • Serie A
📅 13.12
🕐 18:00
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)

Parma е на 15-то место, со 14 освоени бодови досега. Тимот ја води сезоната со солидна дефанзивна структура, но ограничена офанзивна моќ, постигнувајќи 10 и примајќи 17 гола. Pellegrino, Bernabе и Benedyczak се носителите на креативноста и енергијата, но Parma често има проблеми со завршницата и одржување константен притисок. Формата последните недели е променлива, иако победите над Pisa и Verona носат одреден импулс. На домашен терен одиграле 7 меча со скор 3-2-2 и гол-разлика 10:17, што покажува дека примаат повеќе голови отколку што даваат. Тимот се потпира на компактна структура, но брзите напади не секогаш носат резултат.

Lazio е на 10-то место, со 19 освоени бодови досега. Сезоната ја играат во променлива форма, постигнувајќи 16 и примајќи 11 гола, што укажува на одлична дефанзивна стабилност, но послаб офанзивен интензитет во одредени делови од мечевите. Cancellieri, Zaccagni и Castellanos се клучните имиња во нападот, додека Guendouzi додава контрола во средниот ред. Формата во последниот период им е променлива со ремија и победи, но гостинската форма е проблематична: само една победа во 7 гостувања и гол-разлика 3:6. Тимот игра дисциплинирано, но често има тешкотии во пробивање на дефанзивата на противниците и создавање шанси на гости.

Иако Lazio има подобар квалитет и поискусна структура, Parma на домашен терен знае да игра компактно и да создаде тешкотии. Овој меч може да оди во насока на внимателен и тактички дуел со умерена реализација и потенцијално тесна завршница. 1:1


Atalanta



Cagliari

Италија • Serie A
📅 13.12
🕐 20:45
💡 Тип:
1 (Победа на Atalanta)

Atalanta е на 12-то место, со 16 освоени бодови досега. Тимот ја води сезоната со динамична офанзива, постигнувајќи 17 и примајќи исто толку голови, што укажува на непостојана дефанзивна стабилност. Scamacca, Krstovic и De Ketelaere се главните носители на напаѓачкиот импулс, а тимот често се потпира на брзи комбинации и висок пресинг. Формата е мешана, но победите во Лигата на шампионите и Купот носат позитивен моментум. На домашен терен имаат одиграно 7 меча со скор од две победи, 4 ремија и еден пораз и гол-разлика 9:7, што покажува дека создаваат шанси, но ретко доминираат резултатски. Одбраната знае да попушти против физички силни напаѓачи, но тимот генерално одржува контролирана игра преку посед и агресивен среден ред.

Cagliari е на 13-то место, со 14 освоени бодови досега. Тимот има умерена сезона, постигнувајќи 14 и примајќи 19 гола, што укажува на скромна дефанзивна сигурност. Esposito, Borrelli и Felici се клучните играчи во нападот, а тимот најмногу се потпира на транзиции и брзи напади. Формата е нестабилна со една победа во последните 10 меча, но победата над AS Roma минатото коло го одржува тимот конкурентен. На гостински терен имаат одиграле 7 натпревари со една победа, трипати ремизирале и трипати се поразени и имаат гол-разлика 6:9, што покажува борбеност, но и тешкотии да го контролираат мечот. Одбраната често се повлекува премногу, дозволувајќи простор за противнички шутери.

Atalanta има поквалитетен состав, подобар, посигурен напаѓачки потенцијал и домашна предност. Cagliari доаѓа со променлива форма и зависност од индивидуални моменти, сепак, знаат да бидат тврд противник. 2:1


AC Milan



Sassuolo

Италија • Serie A
📅 14.12
🕐 12:30
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

AC Milan е на првото место, со 31 освоен бод досега. Тимот игра во одлична форма, постигнувајќи 22 и примајќи 11 гола, со стабилен напаѓачки ритам и добро организирана дефанзивна структура. Pulisic и Leao се главните двигатели во офанзивата, додавајќи длабочина и брзина, додека Saelemaekers и Pavlovic носат константна поддршка. Milan на домашен терен има одиграно 7 меча и има остварено пет победи и гол-разлика 10:6, што покажува сигурност и контрола. Формата е позитивна, со три последователни победи во лигата и јасно дефиниран стил базиран на висок пресинг, вертикални напади и индивидуална креативност. Тимот ретко губи контрола во средината на теренот, а дефанзивниот блок функционира стабилно дури и против посилни противници.

Sassuolo е на 8-то место, со 20 освоени бодови досега. Тимот има солидна сезона, постигнувајќи 19 и примајќи 17 гола, со изразена офанзивна структура, но повремени падови во одбраната. Berardi е главната офанзивна сила со комбинација од голови и асистенции, додека Pinamonti и Lauriente носат ширина и динамика. Формата е добра и само еднаш се поразени на последните пет меча одиграни на гостински терен. Односно, од 7 одиграни меча како гости имаат гол-разлика 9:8, што укажува на способност да бидат опасни во транзиција, но и на ранливост при организиран притисок. Sassuolo често игра отворено, што им овозможува да креираат шанси, но и остава празнини зад крајните линии.

Milan е фаворит со оглед на формата, квалитетот и стабилноста, додека Sassuolo може да создаде шанси, но тешко ќе го издржи ритамот на домаќинот. Мечот ветува динамика и можност за повеќе голови, со очекувана предност за домаќинот. 3:1


Fiorentina



Verona

Италија • Serie A
📅 14.12
🕐 15:00
💡 Тип:
X (Нерешено)

Fiorentina е на 20-то, последно место, со 6 освоени бодови досега. Тимот ја има најлошата офанзивна и дефанзивна реализација во лигата, постигнувајќи 11 и примајќи 24 гола, што укажува на големи проблеми во сите линии. Mandragora, Gudmundsson и Kean се клучните играчи, но тимот создава малку шанси и често се соочува со недоволно квалитетни завршници. Формата е слаба, со три порази по ред, а играта покажува недостаток на организација. На домашен терен имаат само 2 освоени бода од 6 натпревари и сè уште се без победа, со гол-разлика 6:11, што ја нагласува нефункционалната одбрана и неспособноста да се искористи домашниот терен. Делуваат без идеја во транзиција и премногу зависни од индивидуални моменти.

Verona е на 19-то место, со 9 освоени бодови досега. Тимот има подобра структура од домаќинот, но сè уште страда офанзивно, постигнувајќи 11 и примајќи 21 гол. Giovane, Orban и Belghali се најопасните играчи, особено во брзи преодни акции. Формата е променлива, но победата над Atalanta со 3:1 донесе позитивна енергија. На гостински терен имаат освоено само три бода од 7 натпревари со гол-разлика 3:12, што покажува големи потешкотии во создавање и реализирање шанси. Одбраната често се повлекува премногу длабоко, оставајќи простор, а тимот често губи стабилност под притисок. По 14 одиграни меча имаат остварено само една победа, 6 ремија и 7 пати се поразени.

Verona моментално делува поорганизирано и поагресивно во транзиција. Fiorentina има квалитет на индивидуално ниво, но формата и резултатите се премногу слаби за да се смета за фаворит. Можен е тврд натпревар, со мала предност за гостите или нерешено. 1:1


Udinese



Napoli

Италија • Serie A
📅 14.12
🕐 15:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Udinese е на 11-то место, со 18 освоени бодови досега. Тимот игра солидна, но непостојана сезона, постигнувајќи 15 и примајќи 22 гола, што укажува на умерен напад и ранлива дефанзива. Davis, Zaniolo и Atta се клучните фигури кои носат креативност и агресија, но тимот често губи контрола во преодните фази. Формата им е подобрена со две победи во последните пет меча, но дефанзивните пропусти остануваат голем проблем. На домашен терен одиграа 7 натпревари со учинок од две победи, две ремија и три порази и гол-разлика 7:12, што укажува на ограничен завршен квалитет и ранливост под притисок. Udinese создава прилики, но тешко ги претвора во стабилни резултати.

Napoli е на 2-то место, со 31 освоен бод, со ист број бодови како и AC Milan, бележи силна сезона со 22 постигнати и само 12 примени гола. Тимот е балансиран и агресивен, поддржан од Hojlund и Anguissa како главни носители на темпото и креативноста. Формата е стабилна, со три победи во последните 4 натпревари во лигата, иако има моменти кога губат интензитет против физички тимови. На гостински терен одиграа 7 натпревари со биланс од 4 победи и три порази, гол-разлика 8:6, што покажува дека се опасни, но не и непобедливи. Napoli доминира во посед и транзиција, а индивидуалниот квалитет често го решава мечот во нивна корист. Во средата беа поразени од Benfica на гостински терен во групната фаза од Лигата на шампионите.

Napoli влегува како фаворит поради подобрата структура, поефикасен напад и подобра контрола во средината, но Udinese може да создаде проблеми со брзи напади. Очекуван е меч со умерено темпо, најверојатно со голови на двете страни и предност за поквалитетниот гостин. 1:2


Genoa



Inter

Италија • Serie A
📅 14.12
🕐 18:00
💡 Тип:
2 (Победа на Inter)

Genoa е на 14-то место, со 14 освоени бодови досега. Тимот има проблеми со стабилноста, постигнувајќи 15 и примајќи 21 гол, што покажува ограничена завршница и ранлива дефанзива во критични моменти. Ostigard, Colombo и Malinovskyi се клучните носители на играта, но тимот често паѓа во интензитет кога се брани подолго време. Формата во последниот период е во пораст, со две ремија и три победи во последните пет меча, но со слабости против поквалитетни ривали. На домашен терен одиграа 7 натпревари со само една победа, 3 ремија и 3 порази, гол-разлика 4:9, што укажува на недоволен офанзивен импакт и проблеми со создавање чисти шанси. Играат храбро, но често се потпираат на индивидуални моменти наместо на структурирана игра.

Inter е на 3-то место, со 30 бодови и импресивни 32 постигнати и 13 примени гола, влегува како еден од најконзистентните тимови во лигата. Нападот е разновиден и моќен, предводен од Lautaro, Calhanoglu и Thuram, кои обезбедуваат динамика, креативност и директност. Формата е позитивна со четири победи во последните пет натпревари во лигата, иако тимот покажа ранливост во Лигата на шампиони каде во последното коло беше поразен од Liverpool на домашен терен со 0:1. На гостински терен Inter одигра 8 меча со биланс 6 победи и 2 порази, гол-разлика 11:8, што покажува офанзивна сила, но и повремени дефанзивни пропусти. Тимот доминира во посед, транзиција и пресинг, а квалитетот во последната третина го прави опасен против секој ривал.

Inter е далеку поконзистентен и посилен тим, со подобра структура, офанзивна моќ и поголема дисциплина. Genoa ќе се обиде да се брани компактно, но разликата во квалитетот е значајна. Очекуван е меч со контролирана игра на Inter и ограничени шанси за домаќинот. 1:2


Bologna



Juventus

Италија • Serie A
📅 14.12
🕐 20:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Bologna е на 5-то место, со 25 освоени бодови досега. Тимот игра организиран и стабилен фудбал, постигнувајќи 23 и примајќи 12 гола, што го прави еден од најбалансираните колективи во лигата. Orsolini, Castro и Odgaard се носителите на офанзивата, додавајќи директност и техничка креативност во последната третина. Формата е силна, со три победи и едно реми во последните пет меча, а тимот изгледа уверливо во контролата на поседот. На домашен терен одиграа 6 натпревари, од кои 4 победи, реми и пораз, и гол-разлика 10:4, што ја покажува цврстината во одбраната и високата ефикасност во завршницата. Bologna напаѓа со јасна структура, а стабилната дефанзивна линија им овозможува да диктираат темпо против повеќето ривали.

Juventus е на 7-то место, со 23 бодови и гол-разлика 18:14, ја има најнепредвидливата сезона во последните години. Тимот има индивидуален квалитет преку Yildiz и Kostic, но офанзивната игра често е недоволно поврзана, што резултира со падови во интензитет на клучни делови од мечевите. Проблемите во организацијата во средината и нестабилната дефанзива се видливи, и покрај неколкуте позитивни резултати. На гостински терен одиграа 7 натпревари со две победи, две ремија и три порази и гол-разлика 6:8, што покажува ограничена ефикасност и ранливост против тимови со агресивен пресинг. Доминираат во изолирани моменти, но тимскиот баланс не е на потребното ниво, односно на тоа ниво на кое сме навикнати да ги гледаме.

Bologna влегува во овој меч со подобра форма и силен домашен импакт. Juventus има индивидуални решенија, но недостасува стабилност за да го контролира дуелот доколку домаќинот го отвори темпото агресивно. 2:2


AS Roma



Como

Италија • Serie A
📅 15.12
🕐 20:45
💡 Тип:
1X & 2+ (Roma да не загуби & 2 или повеќе голови)

AS Roma е на 4-то место, со 27 освоени бодови досега. Тимот игра цврст и дисциплиниран фудбал, постигнувајќи 15 и примајќи 8 гола, што ја прави една од најквалитетните дефанзиви во лигата. Soule, Dovbyk и Pellegrini ја носат офанзивната креативност, додека структурата во средината овозможува стабилна контрола на темпото. Формата е променлива, со две победи и три порази во последните пет меча, но тимот генерално игра подобро дома. На домашен терен имаат одиграно 7 натпревари со биланс од 4 победи и три порази и гол-разлика 7:4, покажувајќи дека се дефанзивно цврсти, но со ограничена ефикасност во завршницата. Roma често гради игра низ позиција и притисок, но понекогаш се мачи против компактни противници.

Como е на 6-то место, со 24 бодови, и играат изненадувачки добро оваа сезона со стабилност и зрел пристап во играта. Тимот има 19 постигнати и 11 примени гола, што укажува на солидно балансирана структура. Paz, Addai и Douvikas се клучните фигури во нападот, додавајќи техничка острина и брзина во транзиција. Формата е позитивна, со две победи, две ремија и еден пораз во последните пет натпревари. На гостински терен одиграа 7 меча со биланс од две победи, три ремија и два порази и гол-разлика 8:8, што покажува дека се стабилни и ретко паѓаат под притисок. Como е тим кој игра одлично, со организирана дефанзива и брз пресврт кога има простор.

Roma е поквалитетниот тим и на домашен терен има мала, но значајна предност. Como е цврст ривал кој ретко капитулира, па се очекува натпревар со умерено темпо и ограничен број на гол-можности. 2:1

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)