💡 Тип:
2 (Победа на AC Milan)
Cagliari се наоѓа на 14-то место со 19 освоени бодови по 17 одиграни натпревари. Тимот има остварено 4 победи, 6 ремија и 7 порази, со гол-разлика 19:24, што укажува на нестабилна сезона и борба за средината на табелата. Формата е променлива, со две победи, два порази и едно реми во последните 5 меча, при што резултатите често зависат од индивидуални моменти. Офанзивно создаваат шанси, но реализацијата варира, додека дефанзивата знае да попушти под подолг притисок. Esposito, Borrelli и Gaetano се клучни играчи во завршницата и креацијата. На домашен терен Cagliari има учинок од две победи, три ремија и три порази, со гол-разлика 10:12, што покажува умерена сигурност. Стилот е борбен, со фокус на компактност и брзи транзиции.
AC Milan се наоѓа на 2-ро место со 35 бодови по 16 одиграни натпревари. Тимот има силен учинок од 10 победи, пет ремија и само еден пораз, со гол-разлика 27:13, што ја потврдува нивната конзистентност и квалитет. Имаат само еден бод помалку од првиот на табелата, Inter. Формата е добра, со веќе 15 последователни меча во лигата без пораз и со стабилна контрола на играта. Офанзивно Milan е разновиден и опасен по крилата, додека дефанзивата е меѓу најсигурните во лигата. Pulisic, Leao и Nkunku се главни офанзивни носители. На гостински терен имаат 4 победи и три ремија, со гол-разлика 12:5, што покажува дека се одлични и кога не играат пред својата публика. Стилот е доминантен, со висок посед и интензивен пресинг.
Cagliari ќе се обиде да игра компактно и да се брани длабоко, додека AC Milan ќе ја контролира играта и темпото. Разликата во квалитет и длабочина е очигледна, особено во нападот. Точен Резултат: 0:2
💡 Тип:
1 (Победа на Como)
Como се наоѓа на 6-та позиција со 27 освоени бодови. По 16 одиграни натпревари имаат остварено 7 победи, 6 ремија и три порази, со гол-разлика 22:12, што укажува на балансиран и стабилен тим. Формата е солидна, со неколку победи во последните кола и ретки падови, особено против директни конкуренти. Офанзивно Como делува организирано и ефикасно, со добра циркулација на топката и способност да креира шанси од позицион напад, додека дефанзивата е една од поцврстите во лигата и ретко дозволува отворени ситуации. Paz е клучна фигура во нападот, со поддршка од крилата и средниот ред. На домашен терен имаат 4 победи по 7 одиграни меча и гол-разлика 11:3, што ја потврдува нивната сигурност дома. Стилот на игра е контролиран, со висок посед и дисциплинирана поставеност. На овој натпревар, покрај повредените, ќе бидат без дефанзивецот Diego Carlos, кој е суспендиран поради акумулирани жолти картони.
Udinese е на 11-та позиција со 22 бодови по 17 одиграни натпревари. Имаат остварено 6 победи, 4 ремија и 7 порази, со гол-разлика 18:28, што покажува изразени дефанзивни слабости и нестабилност во резултатите. Формата е променлива, со неколку порази во последните кола и проблеми против екипи со подобра организација. Офанзивно зависат од индивидуални решенија и транзиција, но реализацијата не е конзистентна, додека одбраната често остава простор меѓу линиите. Davis и Zaniolo се најопасни во завршницата, со Atta како поддршка од втор план. На гостински терен Udinese има само три победи по 8 одиграни натпревари и гол-разлика 9:15, што ја нагласува нивната ранливост на гостински терен. Стилот е директен и реактивен, со фокус на контри. На овој натпревар дополнително ќе бидат без напаѓачот Bayo, кој е дел од Африканскиот куп на нации.
Como ќе се обиде да наметне посед и ритам, додека Udinese ќе чека шанси од транзиција. Се очекува контролирана игра од домаќинот и мал број шанси за гостинскиот тим. Очекуваме домаќинот да дојде до три бода. Точен Резултат: 2:0
💡 Тип:
1 (Победа на Genoa)
Genoa се наоѓа на 17-та позиција со 14 освоени бодови, веднаш над зоната на испаѓање. По 17 одиграни натпревари имаат oстварено три победи, пет ремија и 9 порази, со гол-разлика 17:27, што јасно укажува на сериозни проблеми во континуитетот и резултатската стабилност. Формата е слаба, со повеќе порази во последните кола и тешкотии во наоѓање ритам, иако повремено знаат да пружат отпор. Офанзивно тимот има ограничена креативност и често зависи од индивидуални решенија, додека дефанзивата е ранлива, особено при притисок и прекини. Ostigard и Colombo се меѓу поистакнатите имиња, со Malinovskyi како опција од втор план. На домашен терен Genoa има само една победа по 9 натпревари и гол-разлика 5:12, што покажува дека ни дома не успеваат да наметнат сигурност. Стилот е претпазлив, со ниска линија и обиди преку директна игра. За овој натпревар ќе бидат без Jean Onana, кој е дел од репрезентацијата на Камерун на AFCON.
Pisa е на 18-та позиција со 11 бодови по 17 одиграни натпревари. Досега имаат остварено само една победа, осумпати ремизирале и осумпати се поразени, со гол-разлика 12:24, што говори за сериозна офанзивна неефикасност и проблеми во завршницата. Формата е многу лоша, со долга серија без победа и чест пад во вторите полувремиња. Офанзивно создаваат мал број чисти шанси и зависат од поединечни акции, додека дефанзивата често попушта под континуиран притисок. Moreo и Nozola се главни закани напред, но без доволна поддршка од средниот ред. На гостински терен Pisa нема ниту една победа по 8 одиграни натпревари и гол-разлика 11:17, што ја нагласува нивната слабост на гостински терен. Стилот е реактивен и дефанзивен, со фокус на затворање простор. Дополнително ќе бидат без играчот од средниот ред Akinsanmiro, кој е дел од репрезентацијата на Нигерија.
Двата тима се борат со форма и самодоверба, па се очекува внимателен и затворен меч. Genoa има мала предност поради домашниот терен, но без доминација. Очекуваме тесен натпревар и минимална победа на домашниот тим. Точен Резултат: 1:0
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
Sassuolo се наоѓа на 9-та позиција со 22 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари имаат учинок од 6 победи, 4 ремија и 7 порази, со гол-разлика 22:21, што покажува тим со солиден офанзивен потенцијал, но без целосна резултатска стабилност. Формата е променлива, со мешавина од победи, ремија и порази во последните кола, што укажува на проблеми во одржување континуитет. Офанзивно Sassuolo знае да биде опасен преку брзи акции и игра по крилата, но реализацијата варира, додека дефанзивата често дозволува простор при транзиции. Berardi е главен креатор и реализатор, со Pinamonti и Lauriente како значајна поддршка во нападот. На домашен терен имаат три победи по 8 натпревари и гол-разлика 10:10, што укажува на умерена сигурност без доминација. Стилот на игра е отворен и динамичен, со акцент на офанзива. На овој натпревар дополнително ќе бидат без дефанзивецот Coulibaly, кој е дел од репрезентацијата на Мали.
Parma се наоѓа на 15-та позиција со 17 освоени бодови по 16 одиграни натпревари. Имаат остварено 4 победи, пет ремија и 7 порази, со гол-разлика 11:18, што укажува на ограничена офанзива и чести дефанзивни проблеми. Формата е нестабилна, со повремени позитивни резултати, но без серија што би донела сигурност. Офанзивно Parma создава мал број шанси и тешко доаѓа до голови од отворена игра, додека дефанзивата често попушта под притисок. Pellegrino и Bernabe се најважни офанзивни фигури, со Benedyczak како дополнителна опција. На гостински терен имаат две победи по 7 натпревари и гол-разлика 4:7, што покажува дека знаат да бидат конкурентни, но ретко доминантни. Стилот е претпазлив, со фокус на компактност и контри.
Sassuolo ќе се обиде да ја контролира играта преку посед и офанзивен притисок, додека Parma ќе бара шанси од затворена поставеност и транзиција. Се очекува израмнет меч со иницијатива на домаќинот и најмалку по еден гол од обете страни. Точен Резултат: 2:1
💡 Тип:
1 & T1 2+ (Победа на Juventus & 2 или повеќе голови)
Juventus се наоѓа на 5-та позиција со 32 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари имаат учинок од 9 победи, пет ремија и три порази, со гол-разлика 23:15, што укажува на стабилен тим со јасна резултатска конзистентност. Формата е добра, со серија победи во последните кола и само еден пораз по 13 одиграни меча на сите натпреварувања. Офанзивно Juventus игра рационално, без преголем ризик, но со солидна реализација кога ќе создаде шанса, додека дефанзивата е добро организирана и ретко дозволува многу простор. Yildiz е најкреативниот елемент, со Vlahovic како главна завршница во нападот. На домашен терен имаат пет победи и три ремија по 8 меча и гол-разлика 14:7, што ја потврдува нивната сигурност во Торино. Стилот на игра е контролирачки и тактички дисциплиниран.
Lecce се наоѓа на 16-та позиција со 16 бодови по 16 одиграни натпревари. Имаат остварено 4 победи, 4 ремија и 8 порази, со гол-разлика 11:22, што укажува на сериозни проблеми во офанзивната продукција и дефанзивната стабилност. Формата е слаба и променлива, со повеќе порази отколку позитивни резултати во последните кола. Офанзивно тешко доаѓаат до шанси и најчесто зависат од индивидуални потези, додека одбраната често попушта под континуиран притисок. Berisha и Coulibaly се меѓу поретките офанзивни закани, со Ndri како поддршка од средината. На гостински терен Lecce има две победи по 7 натпревари и гол-разлика 5:11, што ја нагласува нивната ранливост надвор од дома. Стилот е дефанзивен и многу често прават грешки во одбраната. На овој натпревар дополнително ќе бидат без играчот од средниот ред Lassana Coulibaly, кој е дел од репрезентацијата на Мали.
Juventus ќе ја контролира играта преку посед и позицион напад, додека Lecce ќе се брани длабоко и ќе чека ретки контри. Се очекува меч со минимален ризик од домаќинот, во кој ќе остварат победа и ќе постигнат два гола. Точен Резултат: 2:0
Atalanta се наоѓа на 10-та позиција со 22 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари имаат остварено пет победи, 7 ремија и пет порази, со гол-разлика 20:19, што укажува на тим со солиден квалитет, но без континуирана резултатска стабилност. Формата е променлива, со неколку важни победи во лигата, но и порази во клучни моменти, што им ја нарушува конзистентноста. Офанзивно Atalanta е агресивна, со добар интензитет и чести влегувања пред противничкиот гол, додека дефанзивата знае да биде ранлива при брзи транзиции. Scamacca е главна напаѓачка закана, со Krstovic како дополнителна опција во завршницата. На домашен терен имаат три победи, 4 ремија и два порази по 9 меча и гол-разлика 11:9, што покажува умерена сигурност. Стилот на игра е интензивен, со висок пресинг и темпо. На овој натпревар дополнително ќе бидат без Kossounou и Lookman, кои се дел од AFCON.
AS Roma е на 4-та позиција со 33 бодови по 17 одиграни натпревари. Имаат остварено 11 победи и 6 порази, со гол-разлика 20:11, што говори за силна дефанзивна структура и ефикасност во клучни моменти. Формата е солидна, иако повремено има осцилации против директни конкуренти. Офанзивно Roma не создава голем број шанси, но е клиничка кога ќе добие простор, додека одбраната е компактна и дисциплинирана. Soule е најкреативниот играч, со Wesley Franca како важна поддршка од втор план. На гостински терен имаат остварено пет победи по 8 натпревари и гол-разлика 9:6, што ја потврдува нивната добра игра и на гостински терен. Стилот е тактички, со контрола на ритамот и трпелива градба. На овој натпревар дополнително ќе бидат без Ndicka и El Aynaoui, кои се дел од AFCON.
Се очекува судир на интензитетот на Atalanta и тактичката дисциплина на Roma. Домаќинот ќе притиска, гостите ќе чекаат свои моменти. Очекуваме израмнет натпревар со мал број голови. Точен Резултат: 1:1
💡 Тип:
0-2 (Помалку од 3 гола)
Lazio се наоѓа на 8-ма позиција со 24 освоени бодови. По 17 одиграни натпревари има учинок од 6 победи, 6 ремија и пет порази, со гол-разлика 18:12, што укажува на солидна дефанзивна структура, но и недоволна офанзивна конзистентност. Формата е променлива, со серија ремија во последните кола и тешкотии да се затворат натпреварите во нивна корист. Офанзивно Lazio создава шанси, но често недостига завршница, додека дефанзивата функционира стабилно и ретко дозволува многу голови. Zaccagni и Cancellieri се најактивни во нападот, со Castellanos како класична „деветка“. На домашен терен имаат остварено 4 победи по 8 натпревари и гол-разлика 13:5, што ја нагласува нивната цврстина дома. Стилот на игра е балансиран, со контрола на поседот и трпелива градба. На овој натпревар дополнително ќе бидат без Dele-Bashiru и Boulaye Dia, кои се дел од AFCON.
Napoli се наоѓа на 3-та позиција со 34 освоени бодови по 16 одиграни натпревари и само два бода помалку од првиот на табелата. Имаат остварено 11 победи, едно реми и 4 порази, со гол-разлика 24:13, што говори за тим со висок квалитет и силна офанзивна моќ. Формата е добра, со повеќе победи во последните кола, иако имаа и неколку осцилации во дерби-натпревари. Офанзивно Napoli игра брзо и директно, со силен напад од втор план и добра реализација, додека дефанзивата е компактна, но знае да биде изложена при висок пресинг. Hojlund е главна напаѓачка закана, со Anguissa како важен фактор од средниот ред. На гостински терен имаат 5 победи по 9 меча и гол-разлика 10:7, што покажува дека знаат да бидат ефикасни и на гостински терен. Стилот е интензивен и офанзивен.
Се очекува тактички дуел меѓу контролираниот пристап на Lazio и интензитетот на Napoli. Домаќинот ќе се обиде да го забави ритамот, додека гостите ќе бараат подинамично темпо. Очекуваме натпревар во кој нема да има повеќе од два гола. Точен Резултат: 1:1