
Италија Серија А Прогнози
Cagliari
–
Genoa
Cagliari влегува во натпреварот од 14-тото место со 10 бодови и гол-разлика 9:14. Формата е слаба, без победа последните 7 натпревари, од кои 4 порази, со јасен проблем во реализацијата. На домашен терен тимот има сериозни осцилации, последните три мечеви ги загубија и тоа од Sassuolo, Bologna и Inter, а играта често се сведува на индивидуални моменти. Belotti и Felici се најконстантните во нападот, но тимот создава премалку шанси. Средниот ред често губи дуели и дозволува лесни транзиции, што дополнително го оптоварува одбранбениот блок. Иако дома играат со повеќе интензитет, разликата во квалитет и стабилност останува проблем.
Genoa пристигнува од 18-тата позиција со само 7 бодови и гол-разлика 8:16. Исто така во слаба форма и после 11 одиграни меча оваа сезона имаат една победа, 4 ремија и 5 порази. На гостински терен тимот игра крајно нестабилно, имаа три последователни порази и тоа од Torino, Napoli и Bologna, а на последниот натпревар на гостински терен го совладаа Sassuolo. Генералниот проблем е одбраната, премногу празни зони, слаб дефанзивен распоред и бавни ротации при транзиција. Во напад зависат од Ostigard и Malinovskyi. Создаваат малку, завршуваат уште помалку. Екипата има енергија, но нема структура.
Udinese
–
Bologna
Udinese влегува во овој дуел од 10-тото место со 15 бодови и релативно стабилна форма. На домашен терен играат значително подобро, со три победи во последните четири натпревари, вклучувајќи ги триумфите над Atalanta, Lecce, а ремизираа со Cagliari. Davis, Zaniolo и Atta се клучните имиња во офанзива, играчи кои ја носат креативноста и завршницата. Тимот е физички силен, компактно поставен и добро реагира на средината на теренот. Одбраната знае да има слабости во транзиција, но дома Udinese генерално изгледа далеку постабилно и мотивирано. Формата е солидна и тимот влегува со самодоверба.
Bologna се наоѓа на 5-то место со 21 бод и е една од најконзистентните екипи сезонава. Немаат пораз веќе 8 меча во лигата, а на гостински терен покажуваат впечатлива цврстина, победи против Parma и Cagliari и реми со Fiorentina се доказ за силната тактичка организација. Во нападот Orsolini, Castro и Cambiaghi ја носат главната закана, со брзи напади создаваат многу проблеми за противничките дефанзиви. Bologna има добар баланс меѓу дефанзива и офанзива, поседува структура и зрелост, но понекогаш знае да падне под притисок против физички посилни тимови. Сепак, нивниот моментален ритам и офанзивна ефикасност се на високо ниво.
Fiorentina
–
Juventus
Фиорентина игра во очајна форма, последни на табелата со само 5 бода и гол-разлика 9:18. Дома редат порази, после пет одиграни меча имаат 4 порази, а само против Болоња извадија реми 2:2. Тимот прима лесно голови, а во напад создава малку и има слаба реализација. Иако во Европа Лигата се солидни, тоа не го менува трендот во Серија А каде се мачат тактички. Дури и кога поведуваат, тешко го држат темпото и често паѓаат во второ полувреме. Сите показатели се негативни, слаб напаѓачки учинок, пропустлива одбрана и пад на самодоверба. Единствен плус е што понекогаш дома знаат да притиснат во почеток, но тоа ретко носи резултат.
Juventus, иако не е во идеална форма, сепак е далеку поконзистентен и поквалитетен. Имаат 19 бода и позитивна гол-разлика 14:10, што покажува солидна дефанзива, но умерен напад. На гостувања имаат победа над Cremonese и Genoa, реми и два порази. Juventus игра цврсто, на резултат, без непотребни ризици и генерално држи ритам. На последните дуели против послаби ривали речиси секогаш дава барем еден гол, а често ги добива минимално. Vlahovic, Yildiz и Conceicao се главна закана. Тимот има повеќе квалитет во секоја линија, подобра физика и многу поголема стабилност во завршница.
Napoli
–
Atalanta
Napoli на 4-тото место со 22 бода, иако доаѓа по пораз од Bologna и три последователни натпревари без даден гол, на домашен терен игра далеку поконкретно и после 5 одиграни меча нема пораз, односно 4 победи. Тимот има стабилна одбрана и организирана игра во средината, со Anguissa и McTominay како клучни носители на баланс. Во офанзивата не се ефикасни како минатата сезона, но создаваат големи периоди на притисок и контролираат ритам. Последните домашни резултати, реми со Como, но победите против Inter и Genoa покажуваат дека дома ретко потфрлуваат и најчесто ја добиваат битката во средниот ред.
Atalanta на 13-тата позиција со 13 бода. Имаат пад на форма, со два порази во последните два меча, вклучително и тежок пораз од Sassuolo. На гостински терен играат нестабилно, со многу осцилации меѓу линиите, и после 5 одиграни меча имаат една победа, три ремија и пораз. Дефанзивно тимот се мачи, а средниот ред често губи дуели. Иако во напад имаат индивидуален квалитет преку De Ketelaere, Pasalic и Krstovic, транзицијата им е бавна, а создавањето на шанси често зависи од грешки на противникот. Во Европа се цврсти, но во Серија А на гостински терен играат послабо и тешко се носат со екипи што држат висок посед.
Verona
–
Parma
Verona влегува во овој дуел од 19-то место со 6 бодови, во многу слаба форма и без победа оваа сезона, односно после 11 одиграни меча имаат 6 ремија и 5 порази. Тимот има значајни потешкотии во нападот и само Orban, Serdar и Giovane носат минимална офанзивна закана. Реализацијата е ограничена, а играта во транзиција е бавна. На домашен терен Verona често паѓа во вториот дел и тешко задржува контрола, особено по загубени топки во средниот ред. Одбраната прави грешки во позиционирањето, а тимот генерално делува нервозно кога е под притисок. Со само шест постигнати гола оваа сезона, офанзивната линија е меѓу најслабите во лигата.
Parma е на 17-то место со 8 бодови, резултатски нешто подобра, но и понатаму со сериозни проблеми, особено на гостувања. На последните пет гостински настапи постигнаа само еден гол. Bernabe, Pellegrino и Cutrone имаат одредено влијание во нападот, но тимот често запаѓа во монотони напади без идеја. Дефанзивно Parma е покомпактна од Verona и подобро ги затвора просторите во средината, но недостасува константност, добри периоди се менуваат со падови во концентрација. Во завршницата тимот е недоволно директен, а нападите често завршуваат без вистинска закана. Сепак, во дуели со тимови од долниот дел често играат поцврсто и пореално.
Cremonese
–
AS Roma
Cremonese е 11-та со 14 бодови и игра цврсто, но во променлива форма. Поразите од Pisa и Juventus го истакнаа нивниот офанзивен пад, иако ремијата со Atalanta и Udinese покажуваат позитивни моменти во организацијата на игра. На домашен терен се нешто подобри, каде што немаат победа 4 меча, односно три ремија и пораз. Bonazzoli е клучен во нападот со неговите четири гола, а Baschirotto, Terracciano и Vardy додаваат важна поддршка во моменти кога тимот има потреба од брзи решенија. И покрај борбеноста, Cremonese често се мачи со конзистентност низ целиот меч.
AS Roma е втора со 24 бодови и влегува во овој дуел со многу повисока самодоверба, после 11 одиграни натпревари. Победите против Udinese, Parma и Sassuolo ја нагласија зрелоста во играта и континуитетот во резултатите. Единствен пад беше минималниот пораз од Milan. На гости Roma игра дисциплинирано, со силен импакт од играчи како Soule, кој комбинира голови и асистенции, како и Dovbyk, Pellegrini, Celik и Dybala кои носат стабилна офанзивна динамика. Тимот изгледа компактно, агресивно и далеку поквалитетно во сите линии.
Lazio
–
Lecce
Lazio влегува во мечот од 9-то место со 15 бодови и гол-разлика 13:9, со нестабилна форма, но значително подобри настапи дома. Победите над Cagliari и Juventus на „Олимпико“ ја потврдуваат силата на тимот на свој терен, каде што Zaccagni и Cancellieri имаат по три гола, а Castellanos со два гола и една асистенција дополнително придонесува во офанзивата. Често ја контролираат играта, но знаат да имаат падови, како ремито со Pisa и поразот од Inter. Сепак, има две победи во последните два меча на домашен терен, што им дава јасна предност пред дуелот со еден од најслабите гости во лигата.
Lecce на 15-то место со 10 бодови и гол-разлика 8:14, а гостинската форма им е променлива. После пет одиграни меча на гостински терен имаат две победи, реми и два порази. Тимот тешко создава шанси, а головите главно доаѓаат од Berisha, кој има постигнато два гола и една асистенција, како и Ndri со два постигнати погодоци. Честите падови во одбраната им создаваат проблеми, а дуелите против поквалитетни екипи како Udinese и Napoli покажаа дека тешко се носат со висок ритам и технички појаки противници.
Inter
–
AC Milan
Inter е лидер во Серија А со 24 бода и гол-разлика 26:12, убедливо најофанзивен тим во лигата. Формата на домаќинот е импресивна, пет победи на последните шест натпревари, а на домашен терен уште посилна, со серија од уверливи триумфи и контролирани изданија против Lazio, Fiorentina и Cremonese. Calhanoglu игра во врвна форма со 5 гола и 1 асистенција, Bonny и Martinez имаат по 4 постигнати гола и носат константна закана. Изгледаат стабилни и тактички зрели, речиси без слаб сегмент во играта.
Milan е трет со 22 бода и гол-разлика 17:9, но формата на гостување е поскромна, три ремија и две победи на пет гостувања, со проблеми во завршницата против Juventus. Pulisic е најконстантен со 4 гола и 2 асистенции, а Leao има ист учинок од 4 гола и 1 асистенција. Pavlovic е стабилен во дефанзива, а Modric со 1 гол и 2 асистенции носи искуство, но Milan често паѓа под притисок кога не ја контролира средината. Тимот е конкурентен, но не толку остар како домаќинот.
Torino
–
Como
Torino е на 12-то место со 14 бода и во последните кола делува цврсто. Тимот дома игра стабилно, немаат пораз на последните шест меча, од кои на 4 ремизирале. Ngonge и Coco постигнаа важни голови и асистенции во тие средби. Simeone со четири погодоци останува најсилната закана, додека Adams со неговите два гола дава дополнителна димензија. Сепак, нападот често запира во клучни моменти, па иако одбраната е солидна, тимот премногу се потпира на индивидуални моменти. Формата е во подем, но недоволно убедлива за посигурен чекор напред.
Como на повисока позиција, на 7-то место со 18 бода, формата им е променлива. Екипата на гости игра дисциплинирано, со ремија против Napoli, Atalanta и Parma. Paz со четири гола и четири асистенции е моторот на тимот, додека Douvikas и Kempf со по два погодоци носат стабилен придонес. Играта во транзиција им е најсилното оружје, а брзите отворања честопати создаваат разлика против поквалитетни ривали. Тимот делува поорганизиран од домаќинот и подобар во завршницата.
Sassuolo
–
Pisa
Sassuolo е осми со 16 бодови и на домашен терен ќе се обиде да ја поправи формата по двата порази од Roma и Genoa, иако убедливата победа над Atalanta со 3:0 покажува дека тимот сè уште има квалитет за убедливи настапи. Најконстантни се Berardi со четири гола и три асистенции и Pinamonti со четири гола, додека Lauriente придонесува со неговите две реализации и една асистенција. Тимот дома одигра одличен меч против Udinese. Во дефанзивата имаат пропусти, каде често недостига компактност. Средниот ред знае да го контролира темпото, но проблем се празните периоди кога тимот дозволува противникот да креира шанси.
Pisa е 16-та со осум бодови и во слаба форма, пет мечеви без победа на гостински терен. Ремизираа против Torino и Milan и покажуваат дека тимот знае да биде цврст, а Moreo и Nzola со по два гола се главните закани во нападот, додека Cuadrado и Toure имаат по една реализација. Проблемот е резултатската нестабилност, особено во гостинските настапи како поразите од Bologna со 4:0 и Napoli со 3:2, каде дефанзивната линија попушта под притисок. Иако повремено знаат да создадат солидни транзиции, недостига конкретност во последната третина и стабилност во завршницата од мечевите.










