
Италија Серија А Прогнози
AC Milan – Pisa
AC Milan го презеде првото место со 16 бода, еден повеќе од Inter. По 7 одиграни натпревари имаат 5 победи, едно реми и еден пораз. Тимот нема пораз на последните 6 меча, од кои 5 се победи. Во минатото коло Milan ја совлада Fiorentina со 2:1 на „Сан Сиро“. Екипата има постигнато 11, а примено само 4 гола, што ја прави една од најдобрите одбрани во лигата. Тренер е Massimiliano Allegri, а најистакнати во нападот се Pulisic со 4 гола и 2 асистенции и Leao со 2 погодоци. Во средниот ред Fofana, Loftus-Cheek, Modric и Saelemaekers имаат по еден гол и значаен придонес во офанзивната игра. На домашен терен Milan има 3 победи и еден пораз, со гол-разлика 6:4.
Pisa се наоѓа на дното на табелата, на 20-тото место, со само 3 освоени бода. По 7 одиграни натпревари тимот сè уште е без победа — има 3 ремија и 4 порази. Во последното коло ремизираа со Verona на домашен терен во натпревар без голови. Pisa има постигнато само 3, а примено 10 гола, што ја открива нивната офанзивна немоќ и проблеми во реализацијата. Тренер е Alberto Gilardino, кој се обидува да го пронајде вистинскиот ритам на тимот. Од напаѓачите единствено Nzola има постигнато еден гол, додека во средниот ред се истакнува Lorran, исто така со еден погодок. Како гостински тим Pisa одигра 3 натпревари — едно реми и два порази. Тимот очајно бара прва победа за да се извлече од дното.
Parma – Como
Parma се наоѓа на 15-тата позиција со 6 освоени бода, три повеќе од екипите во зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари имаат една победа, три ремија и три порази. Во минатото коло одиграа 0:0 против Genoa на гостински терен, во натпревар со малку шанси. Тимот има постигнато само 3, а примено 7 голови, што укажува на солидна одбрана, но и проблеми во нападот. Тренер е Carlos Cuesta, кој настојува да го подобри офанзивниот дел. Најефикасен е Pellegrino со 3 гола, а Cutrone има еден погодок. Во средниот ред Keита и Bernabe се задолжени за креативноста и контрола на играта. На домашен терен Parma одигра 3 натпревари, од кои една победа, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 3:3.
Como се наоѓа на 6-то место со 12 освоени бода и е без пораз во последните пет натпревари. По 7 одиграни меча имаат три победи, три ремија и еден пораз. Во минатото коло тимот го совлада Juventus со 2:0 на домашен терен, што беше голем резултат за клубот. Como има постигнато 9, а примено 5 голови. Тренер е Cesc Fabregas, кој внесува стабилност и модерен стил на игра. Во нападот Addai и Douvikas имаат по еден постигнат гол, додека во средниот ред блеска Nico Paz со 4 гола и исто толку асистенции. Perrone и Rodriguez се исто така важни на средината на теренот. Како гостински тим Como одигра три натпревари — една победа, едно реми и еден пораз — а има постигнато три, а примено исто толку голови.
Udinese – Lecce
Udinese се наоѓа на 11-тата позиција со освоени 9 бода. По 7 одиграни натпревари имаат две победи, три ремија и два порази. Тимот ремизираше во последните две кола, а во минатото коло одигра 1:1 против Cremonese на гостински терен. Udinese има постигнато само 7, а примено 10 голови, што укажува на потреба од поголема ефикасност во нападот. Тренер е Kosta Runjaic, кој се обидува да внесе стабилност во резултатите. Најефикасен е Davis со два гола, додека Iker Bravo има еден погодок. Во средниот ред Zaniolo, Lovric и Arthur Atta ја предводат креативната линија. Како домашен тим Udinese има одиграно три натпревари и сè уште е без победа, со две ремија и пораз, при што постигна два и прими пет гола.
Lecce се наоѓа на 16-то место со 6 освоени бода, само три повеќе од тимовите во зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари имаат една победа, три ремија и три порази. Тимот е без пораз веќе три меча, а во минатото коло ремизираа со Sassuolo на домашен терен во натпревар без голови. Lecce има постигнато 5, а примено 10 голови. Тренер е Eusebio Di Francesco, кој се обидува да донесе стабилност и офанзивен баланс. Во нападот Camarda и Sottil имаат по еден гол, додека во средниот ред Konan Ndri и Coulibaly исто така имаат по еден погодок, а Berisha запиша една асистенција. Како гостински тим Lecce одигра три натпревари, од кои една победа, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 2:4.
Napoli – Inter
Napoli се наоѓа на 3-та позиција со 15 освоени бода, исто колку и Inter. По 7 одиграни натпревари имаат 5 победи и 2 порази. Тимот влезе во мини-криза, со два порази во последните три меча. Во минатото коло беа совладани од Torino со 1:0 на гостински терен. Napoli има постигнато 12, а примено 7 голови. Тренер е Antonio Conte, кој се обидува да ја врати стабилноста во играта. Најефикасен е Hojlund со два гола, а Lorenzo Lucca има еден погодок. Во средниот ред блеска De Bruyne со 3 гола, Anguissa има 2, додека Gilmour и McTominay придонесуваат со по еден. На домашен терен Napoli има максимални 3 победи со гол-разлика 6:3. Во Лигата на шампионите беа поразени од PSV со 6:2 на гостински терен.
Inter се наоѓа на 2-ро место со 15 освоени бода, исто колку и денешниот противник, но еден помалку од лидерот AC Milan. По 7 одиграни натпревари имаат 5 победи и 2 порази. Тимот е во одлична форма со четири последователни победи во лигата, а во минатото коло ја совлада AS Roma со 0:1 на гостински терен. Inter има постигнато 18, а примено 8 голови. Тренер е Cristian Chivu, кој успешно ја комбинира офанзивната сила со цврста одбрана. Во нападот Thuram, Martinez и Bonny имаат по три постигнати гола, додека во средниот ред Barella и Calhanoglu имаат по еден погодок и се клучни во креативниот дел, заедно со Sucic и Carlos. Како гости Inter одигра 3 меча, од кои две победи и едно реми, со гол-разлика 4:4. Во Лигата на шампионите го совладаа Royale Union SG со 0:4 на гостински терен.
Cremonese – Atalanta
Cremonese се наоѓа на 10-тата позиција со освоени 10 бода. По 7 одиграни натпревари имаат 2 победи, 4 ремија и еден пораз. Тимот е без победа во последните пет меча, со четири ремија и еден пораз. Во минатото коло ремизираа со Udinese 1:1 на домашен терен. Cremonese има постигнато 8, а примено 9 голови, што укажува на изедначеност меѓу нападот и одбраната. Тренер е Davide Nicola, кој се потпира на организирана игра и стабилност во средниот ред. Во нападот Bonazzoli има 2 гола, а De Luca еден. Terracciano и Vazquez, кој има и една асистенција, се активни во креирањето на акциите, додека Vandeputte досега запиша 3 асистенции. На домашен терен Cremonese има една победа и две ремија, со гол-разлика 4:3.
Atalanta се наоѓа на 8-мо место со 11 освоени бода и останува непоразена оваа сезона. По 7 одиграни натпревари имаат 2 победи и 5 ремија. Тимот ремизираше на последните три натпревари, сите со помалку од три постигнати гола, што укажува на внимателен пристап и цврста одбрана. Atalanta има постигнато 11, а примено само 5 голови. Тренер е Ivan Juric, кој ја води екипата со дисциплинирана и балансирана тактика. Во нападот Sulemana и Krstovic имаат по два гола, а Scamacca додаде еден. Средниот ред е продуктивен, односно De Ketelaere има 2 постигнати гола, а Pasalic, Samardzic и Zalewski по еден. Како гости одиграа 3 натпревари со биланс од една победа и две ремија, постигнувајќи 5 и примајќи 2 гола. Во Лигата на шампионите ремизираа 0:0 со Slavia Prague.
Torino – Genoa
Torino се наоѓа на 14-тата позиција со освоени 8 бода. По 7 одиграни натпревари имаат 2 победи, 2 ремија и 3 порази. Тимот во последните две кола забележа позитивни резултати — најпрво ремизираше со Lazio на гостински терен, а потоа славеше против Napoli со 1:0 дома. Torino има постигнато 6, а примено 13 голови, што укажува на потреба од поголема ефикасност во нападот и стабилност во одбраната. Тренер е Marco Barони, кој се потпира на дисциплиниран пристап и брзи трансформации. Најефикасен е Simeone со 2 гола, а Ngonge и Adams имаат по еден погодок. Во средниот ред Nikola Vlasic и Asllani ја носат креативноста и ја диктираат играта. Како домаќини одиграа 3 меча, од кои по една победа, едно реми и еден пораз, со гол-разлика 1:3.
Genoa се наоѓа на предпоследното место со само 3 освоени бода и сè уште е без победа оваа сезона. По 7 одиграни натпревари тимот има 3 ремија и 4 порази. По трите последователни порази, во минатото коло Genoa ремизираше со Parma на домашен терен во натпревар без голови. Тимот има постигнато 3, а примено 9 голови, што укажува на слаб напаѓачки учинок и нестабилна одбрана. Тренер е Patrick Vieira, кој се обидува да го подигне тимот од кризата. Во нападот Ekhator и Ekuban имаат по еден постигнат гол, а во средниот ред Ellertsson исто така има еден погодок. Malinovskyi и Masini се задолжени за креирањето на играта. Како гости Genoa одиграа три натпревари, односно имаат едно реми и два порази, со постигнати 3 и примени 5 голови.
Sassuolo – AS Roma
Sassuolo се наоѓа на 9-тата позиција со освоени 10 бода. По 7 одиграни натпревари имаат 3 победи, едно реми и 3 порази. Тимот е без пораз во последните три кола, со две победи и едно реми. Во минатото коло ремизираа со Lecce на гостински терен во натпревар без голови. Sassuolo има постигнато и примено по 8 голови, што укажува на израмнет офанзивен и дефанзивен биланс. Тренер е Fabio Grosso, кој го гради тимот на основа на брз напад и креативен среден ред. Најефикасен е Pinamonti со 2 гола, а Fadera, Cheddira и Berardi имаат по еден. Во средината на теренот Iannoni, Kone и Lauriente, со по еден погодок, ја носат креативноста. На домашен терен Sassuolo има 2 победи и 1 пораз, со гол-разлика 4:3.
AS Roma се наоѓа на 4-тата позиција со 15 освоени бода, исто колку и Inter и Napoli. По 7 одиграни натпревари имаат 5 победи и 2 порази. Тимот беше во серија од три последователни победи, но во минатото коло загуби од Inter со 0:1 на „Олимпико“. AS Roma има постигнато 7, а примено само 3 голови, што ја прави една од најцврстите дефанзиви во лигата. Тренер е Gian Piero Gasperini, кој го гради тимот на цврста структура и ефикасна транзиција. Во нападот Matias Soule е најдобар стрелец со 3 гола, а Dovbyk има еден. Во средниот ред Cristante и Pellegrini имаат по еден погодок. Како гости Roma е максимална со 3 победи и гол-разлика 4:1. Во Лигата на Европа, во четвртокот одиграа натпревар против Plzen на домашен терен.
Verona – Cagliari
Verona се наоѓа на 17-тата позиција со освоени 4 бода, веднаш над зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари тимот сè уште е без победа, со 4 ремија и 3 порази. Во минатото коло ремизираа со Pisa на гостински терен во натпревар без голови. Verona има постигнато само 2, а примено 9 голови, што ја прави една од најнеефикасните екипи во лигата. Тренер е Paolo Zanetti, кој се соочува со предизвик да ја раздвижи офанзивната линија. Најефикасен е Orban со еден постигнат гол, додека Suat Serdar е автор на другиот погодок оваа сезона. Средниот ред не функционира на потребното ниво и тимот создава премалку шанси за погодок. На домашен терен Verona одигра 3 меча, односно две ремија и еден пораз, сè уште во потрага по првата победа.
Cagliari се наоѓа на 13-тата позиција со освоени 8 бода. По 7 одиграни натпревари имаат две победи, две ремија и три порази. Тимот е без победа во последните три кола, а во минатото беше поразен од Bologna со 0:2. Cagliari има постигнато 6, а примено 8 голови, што укажува на потреба од поголема ефикасност во нападот. Тренер е Fabio Pisacane, кој се потпира на дисциплинирана дефанзива и брзи контранапади. Во нападот Belotti е најефикасен со два постигнати гола, а Borrelli додаде еден. Во средниот ред Felici има еден погодок, додека Gaetano и Palestra ја носат креативноста во играта. Како гости, Cagliari одигра три натпревари, од кои победа, реми и пораз, со гол-разлика 3:3.
Fiorentina – Bologna
Fiorentina се наоѓа на 18-тата позиција со само 3 освоени бода и моментално е во зоната на испаѓање. По 7 одиграни натпревари тимот сè уште е без победа, со 3 ремија и 4 порази. „Виолетовите“ загубија во последните две кола, а во минатото беа совладани од AC Milan со 2:1. Fiorentina има постигнато 5, а примено 10 голови. Тренер е Stefano Pioli, кој се обидува да го пронајде вистинскиот ритам на тимот. Во нападот Moise Kean е најефикасен со еден постигнат гол, додека Gudmundsson има една асистенција. Во средниот ред Mandragora има 2 гола, а Gosens додаде еден погодок. На домашен терен Fiorentina одигра 3 натпревари и претрпе 3 порази, постигнувајќи 3, а примајќи 7 голови. Во групната фаза од Конференциската лига, во четвртокот го совладаа SK Rapid на гостински терен со 0:3.
Bologna се наоѓа на 5-тата позиција со освоени 13 бода и е во одлична форма. По 7 одиграни натпревари имаат 4 победи, едно реми и 2 порази. Тимот е без пораз во последните четири меча, со три победи и едно реми. Во минатото коло Bologna славеше над Cagliari со 0:2 на гостински терен. Екипата има постигнато 11, а примено само 5 голови, што ја прави една од најстабилните во одбраната. Тренер е Vincenzo Italiano, кој успешно комбинира дефанзивна сигурност и ефикасен напад. Во нападот Odgaard има 2 гола, а Castro и Cambiaghi по еден. Во средниот ред Holm и Moro исто така имаат по еден погодок. Како гости одиграа 4 натпревари, од кои една победа, едно реми и два порази, со гол-разлика 4:4. Во групната фаза од Лигата на Европа, во четвртокот го совладаа FCSB со 1:2.
Lazio – Juventus
Lazio се наоѓа на 12-тата позиција со освоени 8 бода по 7 одиграни натпревари. Тимот има две победи, две ремија и три порази. Во последните пет меча запиша само една победа, а во последните две кола ремизираше. Lazio има постигнато 10, а примено 7 голови, што укажува на солидна одбрана, но недоволна ефикасност во нападот. Тренер е Maurizio Sarri, кој се обидува да ја врати препознатливата офанзивна игра на тимот. Најефикасен е Cancellieri со 3 гола, Castellanos има 2, а Dia еден погодок. Во средниот ред Cataldi и Guendouzi имаат по еден постигнат гол и придонесуваат за рамнотежата во играта. На домашен терен Lazio одигра 3 натпревари и има победа, реми и пораз, постигнувајќи 7, а примајќи 4 гола.
Juventus се наоѓа на 7-ма позиција со освоени 12 бода по 7 одиграни натпревари. Тимот има 3 победи, 3 ремија и еден пораз. Во минатото коло беше поразен од Como со 2:0 на гостински терен. Juventus има постигнато 9, а примено 7 голови, што покажува дека му недостасува завршница во нападот. Тренер е Igor Tudor, кој работи на враќање на константноста во резултатите. Најефикасен е Vlahovic со 2 гола, а Conceicao, David и Yildiz имаат по еден погодок. Во средниот ред Adzic и Thuram исто така имаат по еден гол, додека Locatelli се истакнува со својата креативност и контрола на темпото. Како гости, Juventus има победа, реми и пораз, со гол-разлика 3:3. Во Лигата на шампионите беа поразени од Real Madrid со 1:0 во Мадрид.










