Конференциска лига прогнози

11 декември 2025

Breidablik

Shamrock Rovers

Европа • Europa Conference League
📅 11.12
🕐 18:45
💡 Тип:
3+ (3 или повеќе голови)

Breidablik моментално е во променлива форма, со резултати кои покажуваат дека тимот има проблем со конзистентност. Се наоѓаат на 32-то место со само два освоени бода досега. На ова натпреварување сè уште немаат победа, два ремија и два порази, со гол-разлика 2:7, што покажува дека напаѓачкиот дел е ограничен, а дефанзивно се премногу ранливи. На домашен терен традиционално играат поофанзивно, но резултатите не го потврдуваат тоа, примаат лесни голови, често паѓаат во вториот дел од натпреварот и имаат потешкотии против физички посилни и организирани екипи. Единствени светли точки се Ingvarsson и Kristinson, кои успеале да запишат по еден гол, но генерално тимот има проблем со креативност и ефикасност.

Shamrock Rovers се на предпоследната 35-та позиција со само еден освоен бод досега, иако во слаба европска форма, изгледаат нешто поорганизирани и во подобар ритам во последните неколку натпревари. Имаат гол-разлика 3:9, што ја покажува нивната дефанзивна нестабилност, но барем напаѓачкиот дел има повеќе конкретност со тоа што создаваат повеќе шанси. Burke, Malley и Mandroiu се стрелци во групната фаза. Во домашното првенство имаат континуитет и подобра резултатска линија, што им дава психолошка предност. На гостински терен исто така имаат проблеми, но играат поагресивно од Breidablik.

Овој дуел носи две екипи со многу слабости, но Shamrock Rovers изгледаат поконкретни, физички посилни и со подобра транзиција. Breidablik играат на неутрален стадион, што дополнително им го одзема домашниот импулс. И двата тима примаат многу голови, што носи потенцијал за меч со повеќе погодоци. 1:2

Samsunspor

AEK Athens

Европа • Europa Conference League
📅 11.12
🕐 18:45
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)

Samsunspor моментално е во силна натпреварувачка форма и со 10 бодови се наоѓаат на врвот на табелата во групната фаза. Тимот игра организирано, со балансиран пристап и исклучително високо ниво на дисциплина во дефанзива, само 2 примени гола во 4 натпревари, што е најдобар дефанзивен учинок во групата. На домашен терен се силни и стабилни, гол-разлика 6:0, две убедливи победи и без примени голови. Нападот добро функционира, предводен од Marius, кој е во исклучителна форма, поддржан од Holse и Musaba, кои додаваат брзина и креативност. Формата е константна, со минимални падови и со продолжена серија на позитивни резултати.

AEK Athens, од друга страна, е солидна екипа, но нешто полабилна и нестабилна на европските настапи. Со само 7 бодови и гол-разлика 9:4, тимот покажува дека знае да постигнува голови, но често дозволува противникот да го контролира темпото. На гостински терен играат променливо, една победа и еден пораз, со тенденција да примаат голови во клучни моменти. Носители на офанзивата се Kutesa, Koita и Jovic, но тимот често се мачи со реализација под притисок и губи интензитет во второ полувреме. Иако формата во лигата е стабилна, во Европа покажуваат премногу осцилации.

Samsunspor влегува како посилен и постабилен тим. Нивната игра на домашен терен изгледа моќно, со компактна одбрана и ефикасен напад, додека AEK Athens има повеќе падови и потешкотии на гостувања, но има одличен напад. Очекуваме најмалку по еден гол од обете страни. 2:1

Aberdeen

Strasbourg

Европа • Europa Conference League
📅 11.12
🕐 21:00
💡 Тип:
2 (Победа на Strasbourg)

Aberdeen е на 33-тото место со само два освоени бода досега, и влегува во овој натпревар со слаба форма и многу ограничен учинок во европската кампања. Со само 1 бод и гол-разлика 3:10, тимот јасно се мачи да најде стабилност во двата правци. Иако резултатите во домашното првенство се подобрени, по неколку солидни настапи и победа против Dundee, на ова натпреварување Aberdeen изгледа безидејно во клучни моменти. Нападот создава мал број шанси, а најголем проблем е нестабилната дефанзива, која лесно дозволува простори. Devlin, Karlsson и Nisbet се единствените стрелци досега, што доволно говори за ограничената офанзивна продукција. Домашниот терен носи мала предност, но не доволна за сериозен пресврт.

Strasbourg е на втората позиција со 10 бодови, со ист број на бодови како и првиот Samsunspor и игра далеку поконзистентно оваа сезона. Тимот има 10 бодови во групата, со одлична гол-разлика 7:4 и силни партии на гостински терен, две победи од два натпревари. Формата во Лига 1 е променлива, но на ова натпреварување делуваат организирано и тактички зрело. Strasbourg има брза транзиција и квалитетни индивидуалци како Godo, Enciso и El Mourabet, кои креираат континуирана опасност. Тимот знае да игра компактно, да чека моменти и да ја казнува секоја грешка на противникот. Во споредба со Aberdeen, Французите изгледаат поквалитетно, поагресивно и со поголема завршница во последната третина.

Strasbourg влегува како јасен фаворит, со посилна форма, подобар тимски баланс и далеку поуспешни настапи во групата. Aberdeen ќе се обиде да се брани и да чека грешка, но квалитетот и моменталниот интензитет се на страна на гостите. 0:2

Lech Poznan

Mainz

Европа • Europa Conference League
📅 11.12
🕐 21:00
💡 Тип:
1X (Lech Poznan да не загуби)

Lech Poznan е на 16-тото место, со 6 освоени бода досега. Влегува во овој натпревар со стабилна форма и солидни резултати во последните натпревари. На ова натпреварување, после четири одиграни меча, има остварено две победи и двапати е поразен. Тимот игра цврсто на домашен терен и од два меча има две победи, со гол-разлика 6:1, што јасно покажува колку силно функционираат пред својата публика. Играта им е организирана, со брзи транзиции и силни крилни напади. Palma, Ishak и Ismaheel се носители на офанзивата и заедно имаат постигнато значаен дел од головите. Во домашната лига исто така се во подем, со неколку позитивни резултати по ред. Тимот дефанзивно делува стабилно, а во нападот создаваат доста шанси, што им дава сериозна предност пред овој дуел.

Mainz доаѓа со многу послаба моментална форма, порази во повеќето од последните натпревари, а одбраната изгледа нервозно и нестабилно. Се наоѓаат на 5-тата позиција со 9 бодови, односно после четири меча имаат остварено две победи и две ремија. На гостински терен имаат победа и пораз, а тимот има само еден постигнат и еден примен гол во два меча на гостински терен, што укажува дека тешко создаваат прилики и уште потешко реализираат. Иако поседуваат индивидуален квалитет преку играчи како Lee Jae-Sung и Amiri, целокупната игра е премногу променлива и без јасен ритам. Последните резултати во Бундеслигата дополнително го покажуваат падот во формата, порази и многу примени голови.

Lech Poznan е во подобра форма, силен е на домашен терен, има поорганизирана игра и поконстантна офанзива. Mainz може да биде опасен во моменти, но моменталната разлика во стабилност и ефикасност оди силно на страната на Полјаците. 1:1

SK Rapid

Omonia

Европа • Europa Conference League
📅 11.12
🕐 21:00
💡 Тип:
X2 (Omonia да не загуби)

SK Rapid е на последното 36-то место и моментално ја има една од најслабите форми во натпреварувањето, со резултати што укажуваат на сериозна неконзистентност и тактички проблеми. После четири одиграни меча имаат четири порази и загрижувачка гол-разлика 2:12. Нападот е неефикасен, создава малку конкретни акции, а дефанзивата е најкритична, примаат голови лесно и често губат организација уште во првиот дел. На домашен терен немаат вистинска предност, со три последователни порази, од кои два меча од лигата, и со слаба организација во средината на теренот. Единствените позитивни моменти се индивидуалните голгетерски обиди на Antiste и Radulovic, но тие се премалку за да ја поправат целокупната слика.

Omonia се наоѓа во многу подобра состојба од својот ривал и со пет освоени бодови е на 21-то место. Екипата има балансирана гол-разлика 4:3 и покажува поорганизирана игра од SK Rapid. Во домашното првенство се во солиден ритам, што им дава дополнителна самодоверба. На гостински натпревари Omonia игра компактно, дефанзивно стабилно и чека моменти за брза транзиција. Клучни имиња во офанзивата се Neofytou, Masouras и Semedo, кои носат повеќе динамика и конкретност од противничките офанзивни линии. Екипата ретко паѓа под притисок и знае да го контролира темпото против послаби дефанзиви. После четири одиграни меча на ова натпреварување имаат еден пораз, две ремија и една победа.

SK Rapid се мачи со структура, самодоверба и физичка компактност, додека Omonia изгледа зрело, дисциплинирано и тактички подготвено. Иако Rapid игра дома, нивната форма не покажува вистинска предност и очекуваме гостинот најмалку да освои бод на овој натпревар. 1:2

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)