Конференциска лига прогнози

23 октомври 2025

Samsunspor – Dinamo Kyiv

Европа • UEFA Conference League 📅 23.10 🕐 21:00
💡 Тип:
1 (Победа на Samsunspor)
Samsunspor го отвори настапот во Conference League со голема самодоверба. Победата од 0–1 против Legia на гостински терен ја потврди зрелоста на турскиот тим, кој одигра дисциплинирано, компактно и ефективно. Иако не создадоа многу шанси, Musaba го постигна победничкиот гол во 10-тата минута, а Marius ја водеше транзицијата од средниот ред. Со само 37% посед на топка успеаја да се одбранат и да не примат гол до крајот на мечот. Домашната публика ќе биде важен фактор, бидејќи тимот дома традиционално игра со висок пресинг во првите 20 минути. Во лигата се на 6-тото место со само еден пораз после 9 одиграни меча.
На спротивната страна, Dyn. Kyiv е во пад на формата и има психолошки товар по поразот од 0:2 против Crystal Palace во првото коло. Тимот нема реализатор во форма, а во првото коло не создаде сериозна шанса. Украинците ќе се обидат да го контролираат темпото преку Tymchyk и Shaparenko, но проблемот лежи во недоволната динамика и бавните транзиции. Во нападот се потпираат на Guerrero и Yarmolenko. Во лигата се на 3-тото место, а немаат победа веќе 5 меча на сите натпреварувања, од кои 4 пати ремизирале.
🔎 Очекувања: Очекуваме Samsunspor да ја искористи предноста на домашен терен и да бара рана предност, додека Dinamo ќе игра од втора линија, со надеж за контри. Прогноза резултат: 1:0

AZ Alkmaar – Slovan Bratislava

Европа • UEFA Conference League 📅 23.10 🕐 21:00
💡 Тип:
ГГ (Двата тима да постигнат гол)
AZ Alkmaar влезе во групната фаза со пораз, и тоа беа комплетно надиграни од AEK Larnaca на гостински терен со 4:0. Имаа сериозни проблеми во средниот ред, а и одбраната беше хаотична, а нападот целосно отсечен. Тимот го води Maarten Martens, кој мора да ги исправи грешките од првиот меч на домашен терен. Многу е веројатно дека ќе направи ротации, особено во дефанзива, додека од клучните играчи во нападот како Parrott и Sadiq се очекува многу повеќе. Публиката на „AFAS Stadion“ бара реакција, а притисокот ќе биде огромен. Во лигата врзаа две победи, а викендов одиграа одлично и го совладаа Ajax на гостински терен со 0:2.
Slovan Bratislava, иако беше поразен од Strasbourg на домашен терен со 1:2, покажа борбен дух и добра организација. Доминираа во посед и создадоа многу шанси, но не успеаја да реализираат. Ibrahim постигна гол во 64-тата минута, а Savvidis и Barseghyan беа одлични на теренот. Словаците играат директен фудбал со многу центаршутови и физичка борба во средината на теренот. Можат да бидат опасни од прекини, особено со високите дефанзивци кои често се приклучуваат напред. Во лигата се на 2-та позиција со само еден бод помалку од Zilina, а немаат пораз на 9 одиграни меча оваа сезона, од кои 6 победи.
🔎 Очекувања: AZ Alkmaar е фаворит и ќе влезе во натпреварот максимално фокусирано за да дојде до победа, но Slovan е опасен од контранапади и прекини и може да ги искористи грешките на противникот. Прогноза резултат: 2:1

Crystal Palace – AEK Larnaca

Европа • UEFA Conference League 📅 23.10 🕐 21:00
💡 Тип:
1 & 3+ (Победа на Crystal Palace & 3+)
Crystal Palace импресионираше во првото коло со убедлив настап во Киев. Победата од 0:2 беше резултат на контролирана и дисциплинирана игра. Munoz и Nketiah беа стрелци на головите, додека Wharton и Pino беа на ниво на задачата, покажувајќи креативност и зрелост во нападот. Тимот на Oliver Glasner игра дисциплинирано, со пресинг во вистински моменти и цврста одбрана. Англискиот тим има предност со поголем индивидуален квалитет и брзина. На домашен терен играат со брз ритам, а публиката создава дополнителен притисок врз противниците. Во Премиер лигата се на 8-мото место, немаат победа во последните два меча, а викендов ремизираа со Bournemouth.
AEK Larnaca, пак, е во извонредна форма по триумфот од 4–0 против AZ Alkmaar. Тимот изгледа офанзивно ослободен, и четворица играчи постигнаа гол – Bajic, Rohden, Ivanovic и Rubio. Таа разновидност е клучен фактор и покажува дека AEK не зависи од еден играч, туку има колективен напад што може да ја пробие секоја дефанзива. Тимот го води Imanol Idiakez, од кого се очекува многу на ова натпреварување. Во најдобрата кипарска лига се во променлива форма и се наоѓаат на 5-тото место.
🔎 Очекувања: Crystal Palace е апсолутен фаворит на домашен терен, има поголем квалитет и игра во посилна лига. AEK Larnaca има доволно самодоверба и ќе се надигрува со денешниот противник. Прогноза резултат: 2:1

Häcken – Rayo Vallecano

Европа • UEFA Conference League 📅 23.10 🕐 18:45
💡 Тип:
2 (Победа на Rayo Vallecano)
Hacken ја отвори групната фаза со реми без голови 0–0 против Shelbourne на гостински терен. Одиграа стабилно во одбрана, но беа ограничени во нападот. Тимот има солидна организација, но му недостасува креативност во последната третина. Шведскиот шампион обично се потпира на високи топки и физичка борба, што може да биде неефикасно против технички посилни противници. Во лигата, иако немаат пораз последните 3 меча, играат во променлива форма и се наоѓаат на 4-тата позиција.
Rayo Vallecano оствари лесна победа над македонскиот претставник Shkendija на домашен терен со 2:0 и делуваа одлично на теренот. Lopez и Perez ги постигнаа головите уште во првото полувреме и практично го решија натпреварот. Шпанците играат брз, модерен фудбал со високи крила и брзи додавања во простор. Тимот го води Inigo Perez и има на располагање одлични индивидуалци. Во Ла Лига остварија победи во последните две кола, но претходно имаа период на слаба игра. Се наоѓаат на 11-тата позиција.
🔎 Очекувања: Rayo Vallecano ќе се обиде да ја контролира средината на теренот. Hacken, иако во слаба форма, ќе се обиде преку контри да не остане без бодови на домашен терен. Rayo има подобар баланс меѓу напад и одбрана, а технички е надмоќен. Прогноза резултат: 0:2

Rijeka – Sparta Prague

Европа • UEFA Conference League 📅 23.10 🕐 18:45
💡 Тип:
2 (Победа на Sparta Prague)
Rijeka ја започна кампањата со тесен пораз на гостински терен од 1:0 против ерменскиот претставник Noah. Тимот одигра дефанзивно добро, но речиси и да не создаде шанси во овој натпревар. Нападот изгледа статичен, а креативноста во средината е ограничена. Тренерот Victor Sanchez најави промени во формацијата за да се добие повеќе длабочина во нападот. На домашен терен, Rijeka традиционално игра со висок интензитет, но против ваков противник ќе мора да даде максимум за да дојде до победа. Слабата форма оваа сезона е очигледна и според играта во лигата, каде се наоѓаат на 7-мото место со само две победи во 10 одиграни меча.
Sparta Prague беше еден од најимпресивните тимови во првото коло. Со висока победа од 4:1 го совлада Shamrock Rovers. Покажа разновидност во нападот и самодоверба на теренот. Тимот го води Brian Priske, а во нападот располага со Haraslin, кој постигна гол на претходниот натпревар, а покрај него во листата на стрелци се запишаа и Sorensen, Suchomel и Sadilek. Тоа сведочи за тим што може да напаѓа од сите страни, со огромна динамика во движењето и одлична конекција меѓу линиите. Во лигата се на првото место, а главниот конкурент за титулата Slavia Prague има само еден бод помалку.
🔎 Очекувања: Sparta е поквалитетен тим и ќе се обиде да наметне доминација во играта уште од почетокот на натпреварот. Rijeka ќе се обиде да го забави ритамот, но без доволна брзина и физичка сила тешко ќе се спротивстави. Прогноза резултат: 1:3

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)

Тикет на денот 31.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 Denmark U21 – Wales U21 Европа: Euro U21 – Qualification 📅 31.03.2026 🕐 18:00 💡 Тип: 3+ (3 или

Тикет на денот 30.03.2026

Тикет на денот 30 март 2026 CSR Espanol – Lugano Аргентина: Primera C 📅 30.03.2026 🕐 20:30 💡 Тип: 2+ (2 или повеќе голови) —

Тикет на денот 03.04.2026

Тикет на денот 03 април 2026 Kortrijk – Gent U23 Белгија: Challenger Pro League 📅 03.04.2026 🕐 20:00 💡 Тип: 1 (Победа на Kortrijk) —

Тикет на денот 02.04.2026

Тикет на денот 02 април 2026 Schoningen – Meppen Германија: Regionalliga North 📅 02.04.2026 🕐 19:00 💡 Тип: 3+ (3 или повеќе голови) — Квота:

Тикет на денот 01.04.2026

Тикет на денот 01 април 2026 MC Alger – USM Alger Алжир: Ligue 1 📅 01.04.2026 🕐 17:00 💡 Тип: 0-2 (Помалку од 3 гола)