
Квалификации СП Европа Анализи
Czech Republic
–
Gibraltar
Чешка влегува во овој дуел како апсолутен фаворит, со многу поквалитетен состав, стабилна игра и далеку подобра резултатска форма. Тимот има одлична офанзива и редовно постигнува голови, особено против послаби селекции. Последните натпревари го покажаа нивниот напаѓачки потенцијал. Имаат сила, дисциплина, физичка доминација и разновидни решенија во офанзивата. Искусните напаѓачи како Patrik Schick и квалитетниот среден ред овозможуваат постојан притисок. Тимот речиси никогаш не дозволува резултатски изненадувања против ривали од најнизок ранг.
Гибралтар се соочува со огромни проблеми и ова натпреварување го играат без реални шанси за успех. Тимот има ограничен избор на играчи, слаб тактички квалитет и речиси никаква завршница во нападот. После седум одиграни натпревари имаат исто толку порази, а постигнале само три, а примиле 22 гола. Ретко успеваат да создадат шанса, а индивидуалниот квалитет не е на ниво да направи разлика. Одбраната често попушта уште во раната фаза од натпреварот, а физичката подготвеност е далеку под европскиот стандард. Гибралтар игра целосно дефанзивно, но и покрај тоа прима многу голови.
Чешка е далеку поквалитетен тим, со подобра форма, напад и физичка доминација. Гибралтар нема сила да се спротивстави и обично прима повеќе голови против селекции од овој ранг.
Germany
–
Slovakia
Германија влегува во овој дуел како првопласирана селекција, после пет одиграни меча имаат четири победи и пораз, со импресивна гол-разлика 10:3. Тимот игра убедливо и стабилно, особено на домашен терен каде што двата одиграни меча ги доби со 4:0 и 3:1, демонстрирајќи офанзивна моќ и дисциплинирана организација. Нападот функционира одлично, создаваат многу шанси и редовно постигнуваат голови, додека средниот ред има целосна контрола врз темпото. Одбраната е без поголеми грешки и дозволува многу малку шанси на противниците.
Словачка пристигнува на натпреварот со ист број бодови како Германија, но со скромна гол-разлика 6:2, што укажува дека имаат силен фокус на дефанзивна организација. Формата им е стабилна, четири победи и еден пораз, но на гостински терен имаат победа над Луксембург и пораз од Северна Ирска. Тимот игра цврсто во одбрана, но во напад создава помалку шанси и често се потпира на контра-напади и индивидуални решенија. Офанзивната ефикасност е ограничена, а против силни противници имаат проблем да задржат контрола. Доколку сакаат да дојдат до првото место ќе мораат натпреварот да го одиграат максимално фокусирано и без грешка.
Германија на домашен терен игра сигурно, агресивно и со висок ритам, што и носи голема предност. Словачка ќе се обиде да се брани компактно и да чека контри, но квалитетот, формата и индивидуалната класа се на страната на Германија.
Malta
–
Poland
Малта влегува во овој дуел како четвртопласирана селекција со пет бода и гол-разлика 3:14, што јасно го одразува ограничениот квалитет и проблемите на двата краја од теренот. Формата е променлива, со една победа и едно реми во последните три кола, но генерално Малта игра слабо против селекции од повисок ранг. На домашен терен играат храбро, но имаат дефанзивни пропусти. Нападот е скромен, и после седум одиграни натпревари овој квалификациски циклус имаат постигнато два, а имаат примено 16 гола. Иако понекогаш умеат да изненадат со борбена игра, како во претходниот натпревар кога ја совладаа Финска на гостински терен, најчесто тешко создаваат шанси за гол.
Полска влегува во овој натпревар како втора со 14 бода и солидна гол-разлика 11:5, што ја поставува како јасен фаворит. Формата им е стабилна, и после седум одиграни меча имаат остварено четири победи, две ремија и еден пораз. На гостински терен ја совладаа Литванија, ремизираа со Холандија, а во првото коло беа совладани од Финска. Нападот е далеку поквалитетен, со Lewandowski и Swiderski кои создаваат константна закана и имаат значаен учинок. Одбраната е организирана и прима малку голови, само пет во седум натпревари. Најчесто го контролираат поседот и темпото, особено против послаби селекции.
Малта има проблеми и во напад и во одбрана, додека Полска е далеку поконстантна, физички посилна и тактички поорганизирана. Со оглед на квалитетот на напаѓачите, гостите треба лесно да доминираат и да создадат повеќе шанси.
Montenegro
–
Croatia
Црна Гора влегува во овој дуел на четвртото место во групата со 9 бодови и гол-разлика 6:14. Формата им е нестабилна, и после седум одиграни меча имаат три победи и четири порази, победија против Гибралтар, Лихтенштајн и Фарски Острови. На домашен терен играат солидно, со две победи и пораз. Нападот има проблем со конзистентност, бидејќи најопасните играчи како Jovetic и Krstovic постигнуваат мал број голови. Одбраната е голем проблем, примаат во просек два гола по натпревар и тешко реагираат против екипи со брза транзиција.
Хрватска пристигнува како првопласирана селекција со 19 бодови и одлична гол-разлика 23:2, што ја прави најдобрата одбрана, но и најдобриот напад во групата. После седум одиграни меча имаат шест победи и едно реми, а на гостински терен победија над Гибралтар, Фарски Острови и ремизираа против Чешка. Тимот игра зрел, контролиран фудбал, со доминација во посед и висока дисциплина во дефанзивната фаза. Нападот е одличен со Perisic, Ivanovic и Kramaric, што ја прави Хрватска постојана закана. Одбраната е исклучително цврста, примиле само два гола во целиот циклус.
Ова е дуел меѓу далеку поквалитетниот и поискусен тим на Хрватска и нестабилната селекција на Црна Гора. Разликата во класа, форма и тимска структура е значителна и очекуваме победа на гостинот.
Netherlands
–
Lithuania
Холандија влегува во овој дуел на првото место со 17 бодови и импресивна гол-разлика 23:4, што ја прави најофанзивната екипа во групата. На домашен терен играат доминантно, со убедливи победи против Малта 8:0 и Финска 4:0, а ремизираа 1:1 против Полска. Формата им е стабилна и после седум одиграни меча се без пораз, односно пет победи и две ремија. Располагаат со врвна офанзива, меѓу кои Memphis Depay, Gakpo и Malen. Создаваат огромен број шанси, играат со висок притисок и брза транзиција. Одбраната е исто така солидна, со само четири примени гола во седум натпревари. На домашен терен контролираат темпо од првата минута и ретко дозволуваат противникот да стигне до сериозна можност.
Литванија е на последното, петто место со само три бода и негативна гол-разлика 6:11. Формата им е исклучително лоша, и после седум одиграни меча имаат три ремија и четири порази. На гостински терен играат многу слабо, и имаат постигнато еден, а примено три гола на три одиграни меча, а поразите од Данска со 0:5 и Финска со 1:2 ги откриваат сериозните дефанзивни пропусти. Литванија има ограничен офанзивен потенцијал, ниту еден од напаѓачите како Cernych, Paulauskas или Jankauskas нема голгетерски учинок. Во играта често имаат проблем со задржување на топката, се повлекуваат длабоко и тешко издржуваат под висок пресинг. Контра-нападот им е најсилна страна, но ретко функционира против технички супериорни селекции.
Ова е дуел меѓу најсилната и најслабата репрезентација во групата. Холандија е доминантна дома и има убедливо посилен напад. Литванија тешко игра против вакви ривали, а голема разлика во резултат е реално сценарио.
Northern Ireland
–
Luxembourg
Северна Ирска влегува во овој дуел со 6 бодови и гол-разлика 6:6, но формата е променлива, со три порази и две победи на пет одиграни меча. Тимот игра многу подобро на домашен терен, каде што забележаа победа над Словачка и минимален пораз од Германија, покажувајќи цврстина на средината на теренот. Иако не се офанзивно моќни, успеваат да создадат доволно шанси, напаѓачите како Reid и Magennis немаат голем голгетерски учинок, но тимот генерално игра поорганизирано дома и ретко се предава тактички. Одбраната е солидна, но често прима голови во завршницата.
Луксембург се наоѓа на последното место без бодови и катастрофална гол-разлика 1:12, најслаба во групата. Формата е во слободен пад, со пет последователни порази, а тимот има огромни проблеми во реализација и во дефанзивата. На гостински терен се комплетно немоќни, со порази 0:2 од Словачка и 0:4 од Германија. Офанзивната линија речиси не постои, Sinani и Muratovic имаат мал придонес, додека тимот ретко кога стигнува до шанси. Одбраната лесно се пробива, особено по крилата и при висок пресинг, што доведува до рани примени голови.
Северна Ирска има јасна предност, играат цврсто дома, постигнуваат повеќе и примаат помалку од Луксембург. Домаќините се поквалитетни и поблиску до победа.










